ПРОЕКТ: Повраток на ДДВ за секој граѓанин - страна 7 - Форум Воденица
Форум Воденица

ВМРО-ДПМНЕ СДСМ ЛДП Достоинство Гром НСДП Обединети за Македонија ВМРО - Народна партија Демократски сојуз ЛПМ ДОМ ПЕП 21 Македонска Алијанса ПОДЕМ СДУ ВМРО-ДП СПМ НДМ ПЕИ ДПСМ ПЦЕР ДУИ НДП ДПА

MHRMI Виножито ОМО „Илинден“ - ПИРИН Мак. Алијанса UMD AMHRC Туѓино Јабано Нова Зора Н. Волја Мак. Глас PrespaSky Pelagon

Плус Инфо Слободен печат Курир Буре Весник 24 Вести Press 24 MKD News Бриф - Нешто повеќе! A1 on Либертас Нова ТВ

Радио Слободна Европа Утрински Весник Вест Нова Македонија Дневник Вечер Алфа ТВ Канал 5 ТВ Сител ТВ Телма ТВ Фокус
....
Врати се назад  Форум Воденица > Политика и историја > Македонска политичка арена

Македонска политичка арена Политички дебати, економија, медиуми

Реплика
 
Алатки за тема Мод за приказ
Старо 10-10-13, 18:07   #121
Тосе
Master of Puppets
 
Аватарот на Тосе
 
Регистриран: Feb 2012
Мислења: 8,674
Номинално

Абе саде Марии сте упм..
Тосе is offline  
Одговори со цитат
Старо 10-10-13, 18:33   #122
batadjango
Млаѓи референт
 
Аватарот на batadjango
 
Регистриран: Feb 2013
Мислења: 1,468
Номинално

Џабе везеш...ништо не ти е јасно!
Као за почеток, прочитај го уше еднаш она шо горе
ти го објаснив.
Ај, ќе пробам уште еднаш:.
1. Никој не вели и не смее да вели дека не треба да се плати ДАНОК.
Значи, со ова се сложуваме.
Цитат:
Напишано од concrete Види го мислењето
секој кој ќе потроши нешто треба да плати данок за тоа...
2.Овде си грешка
Цитат:
Напишано од concrete Види го мислењето
собираш ДДВ сметки, твои или ги откупуеш за некоја пара, попунуеш папирологија и одиш у УЈП да ти вратат 15% од донсените сметки.
Не! Со големо НЕ!
НЕ, да ти вратат 15% од сметките туку
а ти вратат 15% од ДДВ-то што си го платил за тие сметки!

3. И овде си грешка.
Цитат:
Напишано од concrete Види го мислењето
Овие у УЈП отвараат 10 шалтера и запослуваат 50 нови УЈП-аши да процесираат сето тоа.
А зошто? Си чул за пребивање? Плаќаш радиодифузна такса, плаќаш данок на имот, плаќаш персоналец, плаќаш прекршочна казна, плаќаш сметка за комуналии, плаќаш сметка за вода?...и сеа следи нешо слично на компензација...ние не ти ги враќаме парите од делот ДДВ-то шо ти го должиме за возврат ќе ти ја платиме радиодифузната такса за 3 месеци, едно погрешно паркирање, две сметки за вода и данокот на имот за 1 година ....о.к. моќе и да ти ги вратиме парите само остави трансакциона сметка на која да ти го уплатиме износот.

4. И овде си грешка.
Цитат:
собираш ДДВ сметки, твои или ги откупуеш за некоја пара
А од кого да ги откупуваш? Од тој што треба да си ги добие назад оние 15% од ДДВ-то? Зошто тој тебе би ти ги продал за 2 денари кога од нив може на крајот од годината да добие 27?

Ах бре concrete ме разочаруеш.
Нели ти е тебе јасно дека проблемот но и решението на сето ова е во оние
2 милијарди евра "СИВИ ПАРИ"??

Кога на тие пари ќе се плати 18% или 5%(у прехраната) данок
државата ќе инкасира мин. 300 мил. евра.

Епа, разликата од 300 мил. со планираниот поврат на 15% од ДДВ-то кое се планира да биде околу 130 милиони евра е 170 милиончичи. Во државниот буџет би се слиле 170 мил. евра + ти е шо се воведува фискален ред во државата (вака би изглеало тоа: дај ми бе брат фискална да не ти опнам една меѓу рогои зошо сакам да си ги вратам оние 15% од ДДВ-то).

Јас го поддржувам проектот во целост.
__________________
Tемел на оптимизмот е потполниот страв.
batadjango is online now  
Одговори со цитат
Старо 10-10-13, 18:36   #123
Тосе
Master of Puppets
 
Аватарот на Тосе
 
Регистриран: Feb 2012
Мислења: 8,674
Номинално

Бато, па и он стиска палци така да биде, ама не смее да напише. Мора вака..
Тосе is offline  
Одговори со цитат
Старо 10-10-13, 18:50   #124
Django
пуца први
 
Аватарот на Django
 
Регистриран: Jan 2013
Мислења: 8,632
Номинално

Бато, он појма нема што е предлогот и следствено на тоа, појма нема шо збори. Не за џабе една негова небулоза погоре ја прогласив за пост на денот.
(До тамо, он си мислеше целото ДДВ требе да се врати на крајниот потрошувач. Да видиме сеа со твоево школо дали ќе укапира)
Django is offline  
Одговори со цитат
Старо 10-10-13, 18:57   #125
concrete
alteEsel
 
Аватарот на concrete
 
Регистриран: Mar 2008
Мислења: 14,905
Номинално

Цитат:
Напишано од Django Види го мислењето
Бато, он појма нема што е предлогот и следствено на тоа, појма нема шо збори. Не за џабе една негова небулоза погоре ја прогласив за пост на денот.
(До тамо, он си мислеше целото ДДВ требе да се врати на крајниот потрошувач. Да видиме сеа со твоево школо дали ќе укапира)
Занимливо...а за што се работи...вундеркиндеру????
Пробај да ме просветлиш мастер-мозгу, мене оваков небулостичен...кој појма нема што збори
__________________
BL522: FuckEU
concrete is offline  
Одговори со цитат
Старо 10-10-13, 19:06   #126
Django
пуца први
 
Аватарот на Django
 
Регистриран: Jan 2013
Мислења: 8,632
Номинално

Цитат:
Напишано од concrete Види го мислењето
Занимливо...а за што се работи...вундеркиндеру????
Пробај да ме просветлиш мастер-мозгу, мене оваков небулостичен...кој појма нема што збори
Ја се откажав од тебе. Бато уште гаи некои илузии.
Django is offline  
Одговори со цитат
Старо 10-10-13, 19:17   #127
patriot984
Портпарол
 
Регистриран: Jan 2013
Мислења: 1,825
Номинално

Така било тоа, ке дадеме предлог на форум и од утре сите ке си враќаме данок....
Воведувањето на ДДВ во Македонија е меѓу најуспешните воведени даноци во овој дел на Европа,
заради што и Груевски беше советник во српската влада баш по ова прашање...
И сега некои *експерти* овде ке не учат како да се правело...
Него ајде, демократија...
Вакви идеи сигурно не ви текнуваа на бц да му ги шепнете до 2006,
туку сега оддеднаш и доаѓа наплив на инспирација...
Ние овде може да си муабетиме и да си пишуваме за се и сешто, но за разлика од нас некој има одговорност да ја води оваа земја...
Таман работа да се обрнува кон секоја фикс идеја...
__________________
alexandro диневски-‘Атентат на Мијалков 91‘,доаѓа Фрчко за министер, паѓа експертската Влада, СДС се враќа на власт.‘- http://makedon.blog.mk/2006/03/25/koj-go-ubi-jordan-mijalkov
patriot984 is offline  
Одговори со цитат
Старо 10-10-13, 19:22   #128
concrete
alteEsel
 
Аватарот на concrete
 
Регистриран: Mar 2008
Мислења: 14,905
Номинално

Цитат:
Напишано од batadjango Види го мислењето
Џабе везеш...ништо не ти е јасно!
Као за почеток, прочитај го уше еднаш она шо горе
ти го објаснив.
Ај, ќе пробам уште еднаш:.
1. Никој не вели и не смее да вели дека не треба да се плати ДАНОК.
Значи, со ова се сложуваме.


2.Овде си грешка

Не! Со големо НЕ!
НЕ, да ти вратат 15% од сметките туку
а ти вратат 15% од ДДВ-то што си го платил за тие сметки!

3. И овде си грешка.

А зошто? Си чул за пребивање? Плаќаш радиодифузна такса, плаќаш данок на имот, плаќаш персоналец, плаќаш прекршочна казна, плаќаш сметка за комуналии, плаќаш сметка за вода?...и сеа следи нешо слично на компензација...ние не ти ги враќаме парите од делот ДДВ-то шо ти го должиме за возврат ќе ти ја платиме радиодифузната такса за 3 месеци, едно погрешно паркирање, две сметки за вода и данокот на имот за 1 година ....о.к. моќе и да ти ги вратиме парите само остави трансакциона сметка на која да ти го уплатиме износот.

4. И овде си грешка.

А од кого да ги откупуваш? Од тој што треба да си ги добие назад оние 15% од ДДВ-то? Зошто тој тебе би ти ги продал за 2 денари кога од нив може на крајот од годината да добие 27?

Ах бре concrete ме разочаруеш.
Нели ти е тебе јасно дека проблемот но и решението на сето ова е во оние
2 милијарди евра "СИВИ ПАРИ"??

Кога на тие пари ќе се плати 18% или 5%(у прехраната) данок
државата ќе инкасира мин. 300 мил. евра.

Епа, разликата од 300 мил. со планираниот поврат на 15% од ДДВ-то кое се планира да биде околу 130 милиони евра е 170 милиончичи. Во државниот буџет би се слиле 170 мил. евра + ти е шо се воведува фискален ред во државата (вака би изглеало тоа: дај ми бе брат фискална да не ти опнам една меѓу рогои зошо сакам да си ги вратам оние 15% од ДДВ-то).

Јас го поддржувам проектот во целост.
ХА,ХА , ХА ...која моронштина, демек народ ќе похрли масовно да зема и инсистира кај неиздавачите на фискални да му даваат сметка и да ги спречуе да кријат данок....свашта...
...терај даље...опнуј меѓу рогои, враќај си оние 15% од ДДВ-то
__________________
BL522: FuckEU
concrete is offline  
Одговори со цитат
Старо 10-10-13, 19:32   #129
ROMA
Супер модератор
 
Регистриран: Sep 2013
Мислења: 12,904
Номинално

Цитат:
Напишано од patriot984 Види го мислењето
Т
заради што и Груевски беше советник во српската влада баш по ова прашање......
Заради тоа што убаво ги советувал сега и Божа Дерикожа , Динкиќ, Хамовиќ, Лазаревиќ и останатите се под истрага за малверзации од стотина милиони евра.......
ROMA is offline  
Одговори со цитат
Старо 10-10-13, 20:30   #130
Ченто
Методија Андонов - Шило
 
Аватарот на Ченто
 
Регистриран: Dec 2007
Локација: Daytona Beach, Florida
Мислења: 38,746
Номинално

Цитат:
Напишано од Django Види го мислењето
Бато, он појма нема што е предлогот и следствено на тоа, појма нема шо збори...
Не е само Конкрит... Јас сум 102,3% убеден дека ниту еден од тие што ја напаѓаат идејата, ниту прочитале што точно предлага СДСМ, ниту па имаат појма дали е тоа добро или не... Битно е да се напаѓа...
Од друга страна, според постовите што ги читам, се гледа дека многумина од оние што се против оваа власт сме се обиделе добро да проучиме што е предложено и сме направиле каква-таква (не мора да е експертска) анализа пред да почнеме да дебатираме на темава!
__________________
.
Функционер во ДПБНЕ: Јас мислам дек...
Член на ДПБНЕ: Се согласувам!!!


Е ще се правя че съм глупав, но не признавам че си прав...
САМО ГРУЯ МОЙ ДА БЪДЕ НА ВЛАСТ, па ако трябва ще го целувам задника на Ахмети, ако трябва и български върховист ще стана, ако трябва и децата ми дългове от Груя ще връщат, ако трябва и корени ще ям, па ако трябва и овца ще бъда... Абе живота ще дам ако трябва за Груя!
.
MHRMIВиножитоОМО „Илинден“ - ПИРИНМакедонска АлијансаНародна ВолјаМакедонски ГласНова ЗораТуѓино ЈабаноМакедонски градови
Ченто is online now  
Одговори со цитат
Старо 10-10-13, 23:42   #131
concrete
alteEsel
 
Аватарот на concrete
 
Регистриран: Mar 2008
Мислења: 14,905
Номинално

Цитат:
Го нарековме: “Проект за повраток на ДДВ на секој граѓанин“.

Нашиот предлог е: на секој граѓанин, или попрецизно, на секој краен потрошувач да му се враќаат 15 проценти од платениот ДДВ.

Какви ќе бидат ефектите од примената на оваа економска мерка:

- со враќањето на 15 проценти од ДДВ-то, на граѓаните ќе им бидат вратени 8 милијарди денари (околу 130 милиони евра) годишно;

- На пример, на фискална сметка од 10.000 денари, за која се плаќа ДДВ во износ од 1.800 денари,15-те проценти од ДДВ-то што им се враќаат на граѓаните изнесуваат 270 денари;

- ова значи помеѓу 20 и 30 илјади денари годишно*** за секое семејство во Република Македонија кое поседува фискални сметки;

- Со можноста за повраток на 15 проценти од платениот ДДВ, секој граѓанин ќе има мотивација да инсистира на издавање фискални сметки. Всушност, така сите граѓани би ја имале улогата на „даночни инспектори“;

- Преку тоа, ќе се избегне криењето на вистинскиот промет и плаќање данок и сериозно ќе се намали таканаречената „даночна евазија“ која сега, според последните податоци на Управата за јавни приходи изнесува 35 проценти, а деновиве беше објавено дека непријавувањето данок изнесува дури 60 проценти;

- Управата за јавни приходи ќе нема основ за заплашување и затворање на фирми и дуќани заради даночна недисциплина;

- На ваков начин се зголемува потрошувачката моќ на граѓаните;

- Враќањето на ДДВ-то кон граѓаните ќе се прави квартално, на секои три месеци;

- По враќањето на целокупниот износ на ДДВ кон граѓаните, во буџетот на Република Македонија ќе останат околу 2 милијарди денари, (или над 30 милиони евра) повеќе пари отколку сега.
...ти нормално , без окце да ти трепне се заебааш со нас, кои знаеме дека зајаците имаат црвени очи????

...ако е 130 милиони евра... 15% од 18%-те, колку ли пара врти просечно Македонско сиромашно , на просјачки стап доведено семејство???????
__________________
BL522: FuckEU
concrete is offline  
Одговори со цитат
Старо 11-10-13, 00:42   #132
mileg
Пратеник
 
Аватарот на mileg
 
Регистриран: Feb 2011
Мислења: 2,101
Номинално

Почитувани господа од СДСМ тоа какошто ви тргнало програмата да ја направите како детска сликовница тогаш незнам дали и воопшто ке добиете на избори.Имено сакам да истакнам дека СДСМ и нивните членови си играат мајтап со народот па сега измислија тема за повраток на ДДВ на граѓаните,а сите неие сме свесни дека во периодот 2002-2006 кога СДСМ беше на власт го зголеми ДДВто од 18 на 19%,тоа може да го потврди секој член на овој форум.Јас ве разбирам дека сте нервозни што 7 пати губите на избори,но оваа што сте го измислиле за да собирате политички поени не држи вода.Именио господинот членн економист Ченто и Герасим а и повекето членови го бранат овој приоект на СДСМ.Со тој проект ке с еуништи македонската економија,со тој проект Мкедонија ке банкротира,тоа ви е целта на вас членовите од СДСМ кои го бранат оваа решение овде на форумот.Имеено моите поддржувачи велат деак оваа е катастрофално решение за СДСМ бидејќи ако дојдат на власт ке дојде до крах на македонската економија.Ке го цитирам конкрит кој подобро ги разбира работите од мене дека ако е 130 130 милиони евра... 15% од 18%-те, колку ли пара врти просечно Македонско сиромашно , на просјачки стап доведено семејство?Не се свесни со вој проект каква шетета ке направат СДСМ во економијата голема штета,и тоа огромна ке ја уништат македонската екиномија.Знам дека нивниот лидер е економист,но сега треба да се извини јавно пред медиумите дека тоа е голема грешка од нивна страна бидејќи ако се прифати такво решение повторувам уште еднаш македонската економија ке доживее крах.
__________________
јас сум претставник на народот.
mileg is offline  
Одговори со цитат
Старо 11-10-13, 01:16   #133
ABC
Претседател
 
Аватарот на ABC
 
Регистриран: Sep 2009
Локација: Microsoft
Мислења: 19,697
Номинално

Цитат:
Напишано од Ченто Види го мислењето
Не е само Конкрит... Јас сум 102,3% убеден дека ниту еден од тие што ја напаѓаат идејата, ниту прочитале што точно предлага СДСМ, ниту па имаат појма дали е тоа добро или не... Битно е да се напаѓа...
Од друга страна, според постовите што ги читам, се гледа дека многумина од оние што се против оваа власт сме се обиделе добро да проучиме што е предложено и сме направиле каква-таква (не мора да е експертска) анализа пред да почнеме да дебатираме на темава!
Сигурно во анализите ги пресметавте и 15% од 5% ДДВ на некои производи, па ќе имаме “хистерично“ барање на сметки од трговци со храна, за враќање на 0,2 денари на пример?
__________________
® Macedonia ®
ABC is online now  
Одговори со цитат
Старо 11-10-13, 01:48   #134
hunter
Знаменосец
 
Регистриран: Sep 2013
Локација: all around you
Мислења: 162
Номинално

Цитат:
Напишано од ABC Види го мислењето
Сигурно во анализите ги пресметавте и 15% од 5% ДДВ на некои производи, па ќе имаме “хистерично“ барање на сметки од трговци со храна, за враќање на 0,2 денари на пример?
tie 0,2 denari ke odat za skopje 2014
hunter is offline  
Одговори со цитат
Старо 11-10-13, 02:03   #135
ABC
Претседател
 
Аватарот на ABC
 
Регистриран: Sep 2009
Локација: Microsoft
Мислења: 19,697
Номинално

Цитат:
Напишано од hunter Види го мислењето
tie 0,2 denari ke odat za skopje 2014
Ајде бе, сакате од граѓаните на државава да направите кодоши ебаго, туку што ќе правиме со оние кој немаат обврска за фискализација, берберите ќе им пикаат по некој ситен денар во џеб на муштериите на пример, наместо да плаќаат паушални даноци?
__________________
® Macedonia ®
ABC is online now  
Одговори со цитат
Старо 11-10-13, 02:07   #136
hunter
Знаменосец
 
Регистриран: Sep 2013
Локација: all around you
Мислења: 162
Номинално

Цитат:
Напишано од ABC Види го мислењето
Ајде бе, сакате од граѓаните на државава да направите кодоши ебаго, туку што ќе правиме со оние кој немаат обврска за фискализација, берберите ќе им пикаат по некој ситен денар во џеб на муштериите на пример, наместо да плаќаат паушални даноци?
Eve ima ubav primer i za berbernicite
hunter is offline  
Одговори со цитат
Старо 11-10-13, 02:08   #137
hunter
Знаменосец
 
Регистриран: Sep 2013
Локација: all around you
Мислења: 162
Номинално

za bebrbernicite
http://www.utrinski.mk/?ItemID=D552F...64DF27FC762BFE
hunter is offline  
Одговори со цитат
Старо 11-10-13, 02:40   #138
Прч
Претседател на собраниска комисија
 
Аватарот на Прч
 
Регистриран: Jul 2009
Мислења: 3,233
Номинално

Цитат:
Напишано од concrete Види го мислењето
Ако ПЛАВИРАДИОН ГО ИЗВЕЗЕ производот, ДРЖАВАТА го враќа ДДВ-то. Само тоа е повраќај на ДДВ ...
Ова не ми личи дека има некаков смисол, зашто е во колизија со начелото:

Цитат:
Напишано од concrete Види го мислењето
VAT..Value Added Tax илити по нашки ДДВ..Данок на Додадена Вредност.
ГО ПЛАЌА КРАЈНИОТ КУПУВАЧ.
За извезениот производ, крајниот купувач ќе биде некојси поданик на некој друг калиф, па така платениот ДДВ ќе биде депониран во азното на дотичниот суверен. Извозникот не смее да пресметува ДДВ кога му дава фактура на купувачот од странство. Ако во Скопје купиш телевизор Самсунг, ДДВ не и плаќаш на владата на Јужна Кореја, туку на овдешната. Обратно, за стоките извезени од Мк, нашата држава никогаш не зема ДДВ. Како може сега домашните собирачи на арач да враќаат пари што не се нивни, и што не се во нивната каса?

Би било интересно ако би можело некој што се занимава со бизнис да објасни во што е проблемот со невраќање на ДДВ.
Прч is online now  
Одговори со цитат
Старо 11-10-13, 08:00   #139
Django
пуца први
 
Аватарот на Django
 
Регистриран: Jan 2013
Мислења: 8,632
Номинално

Прч,

Еве практичен пример на ниво на физички лица. Грција на пример. Одам во ИКЕА во Солун. Купувам што купувам и земам сметка. Се враќам назад. Кога ќе преминам грчка граница, тоа значи дека ИКЕА го извезла тој производ во странство. Во меѓуграничната зона (во случајов тоа е грчкиот фришоп во кој има шалтер на грч. мин.) со приложените сметки ми го враќаат целото ДДВ што сум го дал на грчката држава.

(Некои предавници ома купуваат Узо и глупости за тие пари, а патриотите Мастика во Струмица. Ја лично, ги оставам у Мрзенци и плус патриотски додавам екстра.)

На нашата држава не и е платено ништо во форма на данок, но затоа постои царина.

Ова што погоре го кажав НЕМА ВРСКА со предлогот на СДСМ. Тоа и досега функционираше на ниво на извоз. Само што тоа што го споменувате важи во случај ако постои меѓудржавен договор и се вика „избегнување на двојно оданочување„. Да не се плаќа ист данок два пати, во секоја држава посебно.

Ако има некој стручен во оваа област, бујрум. ја толку знам од општа култура.
Django is offline  
Одговори со цитат
Старо 11-10-13, 14:53   #140
Ченто
Методија Андонов - Шило
 
Аватарот на Ченто
 
Регистриран: Dec 2007
Локација: Daytona Beach, Florida
Мислења: 38,746
Номинално

Цитат:
Зоран Заев: Повратот на ДДВ на граѓаните ќе ја искорени сивата економија

Апелирам уште еднаш власта да размисли за имплементирање на повратот на 15 отсто ДДВ на граѓаните, но доколку тоа не го направи, СДСМ кога ќе ја добие честа да ја води Македонија, веднаш во целост ќе ја имплементира оваа мерка, рече денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање за идејата на СДСМ за воведување поврат на ДДВ за граѓаните при што би се зајакнала средната класа во Македонија.
- Многу е лошо за луѓе кои вршат функција заменик премиер за економија, па дури и самиот премиер, директно, неуко да ја напаѓаат мерката за поврат на ДДВ за граѓаните тврдејќи дека сепак треба да создадеме фискална дисциплина и фискална организација за спроведување на таа мерка, а тоа се случува во моменти кога на големо се затвораат дуќани ширум Македонија и само по себе потврдува колку е успешна фискалната организација на системот на државата. Дефинитивно оваа мерка е многу пофер, подемократска, мерка со која што секој граѓанин ќе биде заинтересиран да придонесе во зголемувањето на својот сопствен буџет за 20 до 30 илјади денари годишно, мерка која што ќе пушти 130 милиони евра годишно пари кон граѓаните, директно секој граѓанин ќе биде заинтересиран, ќе биде на еден начин инспектор, човек кој што ќе бара фискални сметки преку која мерка повеќе ќе се изгуби потребата од затворање на дуќаните и секако со тоа губење на работни места – објаснува тој.

Повикувајќи се на искуството во други земји, каде оваа мерка е спроведена, тој истакнува дека таа придонесува за силно отстранување на нелојалната конкуренција при што никој нема да купува производи од оние кои што не даваат фискални сметки, што додава тој, само по себе ќе го урамнотежи, ќе го направи фер пазарот за сите и со тоа нема да има црни пари како влез во која било фирма.
- Ако нема црни пари за влез во фирмите тоа ќе значи дека газдите нема да можат да даваат плата на црно, ќе мора да ги пријават сите работници со придонеси здравствени и социјални, а секако има одлични позитивни ефекти и врз царините и акцизите кои што се наплаќаат на производите заради тоа што секој производ буквално ќе биде оданочен со ДДВ и дефинитивно мерката е многу подемократска, дала свој резултат во земји во кои што е применета, како Турција, Португалија, Шпанија и слични и помогнала многу во вакви тешки циклични периоди на, би рекол, силна економска криза, која што е присутна и ја чувствуваат сите во државата – додава Заев.
http://www.plusinfo.mk/vest/109385/V...vata-ekonomija


__________________
.
Функционер во ДПБНЕ: Јас мислам дек...
Член на ДПБНЕ: Се согласувам!!!


Е ще се правя че съм глупав, но не признавам че си прав...
САМО ГРУЯ МОЙ ДА БЪДЕ НА ВЛАСТ, па ако трябва ще го целувам задника на Ахмети, ако трябва и български върховист ще стана, ако трябва и децата ми дългове от Груя ще връщат, ако трябва и корени ще ям, па ако трябва и овца ще бъда... Абе живота ще дам ако трябва за Груя!
.
MHRMIВиножитоОМО „Илинден“ - ПИРИНМакедонска АлијансаНародна ВолјаМакедонски ГласНова ЗораТуѓино ЈабаноМакедонски градови
Ченто is online now  
Одговори со цитат
Реплика

Алатки за тема
Мод за приказ

Правила на пишување
You may not post new threads
You may not post replies
МОЖЕШ да поставуваш приврзоци
You may not edit your posts

BB code е вклучен
Емот-иконите се вклучен
[IMG] кодот е вклучен
HTML кодот е исклучен



Часовите се според зоната GMT +2. Времето сега е 01:30.


E-MailRSS FeedFacebookTwitterYouTube





































Форумот е лиценциран софтвер на vBulletin
Copyright ©2000 - 2014, Jelsoft Enterprises Ltd.