АСНОМ - Форум Воденица
Форум Воденица

ВМРО-ДПМНЕ СДСМ ЛДП Достоинство Гром НСДП Обединети за Македонија ВМРО - Народна партија Демократски сојуз ЛПМ ДОМ ПЕП 21 Македонска Алијанса ПОДЕМ СДУ ВМРО-ДП СПМ НДМ ПЕИ ДПСМ ПЦЕР ДУИ НДП ДПА

MHRMI Виножито ОМО „Илинден“ - ПИРИН Мак. Алијанса UMD AMHRC Туѓино Јабано Нова Зора Н. Волја Мак. Глас PrespaSky Pelagon

Плус Инфо Слободен печат Курир Буре Весник 24 Вести Press 24 MKD News Бриф - Нешто повеќе! A1 on Либертас Нова ТВ

Радио Слободна Европа Утрински Весник Вест Нова Македонија Дневник Вечер Алфа ТВ Канал 5 ТВ Сител ТВ Телма ТВ Фокус
....
Врати се назад  Форум Воденица > Политика и историја > Историски книги и документи

Затворено
 
Алатки за тема Мод за приказ
Старо 12-08-12, 16:19   #1
Македонско Национално Братство
Градоначалник
 
Аватарот на Македонско Национално Братство
 
Регистриран: Jan 2008
Мислења: 880
Номинално АСНОМ

ПРВОТО ЗАСЕДАНИЕ на АСНОМ

По објавувањето на одлуката за свикување на АСНОМ, се пристапи кон избирање на делегатите за Собранието. Самиот начин на кој се избирале делегатите за АСНОМ не е сосема јасен. Во „Зборникот на документи од АСНОМ", издаден од Институтот за национална историја, има еден спис на ЦК КПМ од кој се гледа дека „електорскиот процес" се опишува вака - обласните комитети треба да ги избираат пратениците за "Прохор Пчински" на местни конференции од по 5-6 лица.

Првото заседание на АСНОМ е одржано на 2 август 1944 година во манастирот Св. Прохор Пчински. Заседанието започна со изведување на песната „Изгреј зора на свободата“. На заседанието, кое во 17.15 часот го отвори најстариот делегат, учителот Панко Брашнаров од Велес, со присуство на делегати од сите краишта на Македонија и на претставници на големите сили учесници во антифашистичката војна - САД и Велика Британија.

Панко Брашнаров го отвори заседанието со следните зборови:
„Другарки и другари народни претставители,
Во овој момент, во ова историско место „Св. Отец Прохор Пчински“ и на овој историски ден - ИЛИНДЕН -, кога објавувам да е отворено Првото Антифашистичко собрание на народното ослободуење на Македонија, душата ми е преполнена со радост и пред премрежените очи гледам како се раздвижиле сите реки од Пчиња и Вардар до Места и Бистрица, заплускујат е целата македонска земја, сакајќи да измијат од македонскиот народ десетвековниот ропски срам од пропасти на Самуиловата држава, за да се роди денеска нова, светла и слободна македонска држава.

Во овој момент, земјата на нашите покојници - многубројни народни герои, паднали и посејали коските си по цела Македонија, им станује по лека и они во мир веќе го гледаат изгревот на нашата слобода, гледат идеална дружба на старите Илинденци - на Гоце Делчев и денешните Илинденци - младата македонска војска, и поставените темели за остварението на идеалот на две поколенија, на две епохи - слободна, обединена Македонија. Во знак на почитание спрема падналите јунаци, ја ве поканувам да им ја изразиме со еден минут молчание нашата вечна, бескрајна признателност (при помен на жертвите одава се минутно молчение). Вечна слава на падналите герои за слободата на Македонија! Другари народни претставители, жив сум свидетел на два Илиндена - 1903 и 1944 година. Во моите спомени се нижат безброј моменти за илиденската народна епопеја и Крушовската република. Бескрајни беа напорите на вооружениот македонски народ, огромна беше жаждата му за слобода, борбата го дари со слободна Крушовска република. Но разјарениот башибозук и турската регуларна војска се нафрлија и го затрупаја оазисот на слободна Македонија - Крушовската република го потушија востанието и го стегнаја искрвавениот македонски народ во ново ропство. Животворениот извор на слободата не секна. Македонија ја поделија, ропствата се менија, но борбата на македонскиот народ не престана. Кога сите поробени народи на Југославија се дигнаја против денешниот непријател на целото човечество фашизмот, и македонскиот народ се нареди во таја борба. Тој во неа виде возможност да ја помогне општата борба на сите поробени народи и целото слободољубиво човечанство и да го оствари својот вековен национален идеал. И ете како резултат на тригодишни крвави борби, македонскиот народ ја врза својата судбина со судбината на сите југословенски народи, помогна со крф и борба да се дојде до нова, братска, демократска и федеративна Југославија. Денеска на фториот, славен Илинден, последен Илинден на неослободена Македонија, се стават темелите на македонската држава во која да се обедини и заживее нашиот народ онаков среќен живот каков го заслужува по своите претрпени ропски маки и петвековни борби. Да е жива нашата мила македонска федерална држава! Да е жива федеративна, демократска Југославија, заеднички покрив на братските јужнословенски народи!“


На Првото заседание на АСНОМ се донесени неколку важни решенија:
Решението за прогласување на АСНОМ за врховно законодавно и извршно народно претставничко тело и највисок орган на државната власт на демократска Македонија
Декларација на АСНОМ за основните права на граѓаните на демократска Македонија
Решение на АСНОМ за воведување на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава
Решение на АСНОМ за прогласување на Илинден – 2 август за народен и државен празник на македонската држава.

Покрај овие одлуки на ова заседание се прифатени решенијата од Второто заседание на АВНОЈ, одобрена е работата на Главниот штаб и Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ, формирана е Комисија за испитување на воените злосторства направени од окупаторите и нивните слуги, како и друга комисија задолжена за изработување на законски проекти. Избрани се и 40 претставници на македонскиот народ во АВНОЈ и во неговиот Президиум. За претставници во Президиумот на АВНОЈ се избрани: Димитар Влахов, Методија Андонов - Ченто, Михаило Апостолски, Лазар Колишевски, Бане Андреев, Венко Марковски и Мара Нацева.

Од заседанието до македонскиот народ е упатен Манифестот на Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ, како и Прогласот од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание на АСНОМ.

Првото заседание на АСНОМ формира свој Президиум, кој фактички претставува прва македонска влада. Покрај претседател, Президиумот имал двајца потпретседатели, двајца секретари и 17 члена. За претседател е избран Методија Андонов - Ченто, за потпретседатели Панко Брашнаров и Емануел Чучков, а за секретари: Љупчо Арсов и Владимир Полежиновски.



ВТОРОТО ЗАСЕДАНИЕ на АСНОМ

По ослободувањето на Македонија од 28 до 30 декември 1944 година во Скопје се одржува Второто заседание на АСНОМ, или поточно, Првото вонредно заседание на АСНОМ. Покрај делегатите на заседанието присуствуваат и: потпретседателот на Националниот комитет за ослободување на Југославија Едвард Кардељ, Димитар Влахов, Светозар Вукмановиќ – Темпо, претседателот на Отечествениот фронт на Бугарија Добри Трпешев и претставници на советската и англо-американската воена мисија.



ТРЕТОТО ЗАСЕДАНИЕ на АСНОМ

Третото заседание на АСНОМ се одржува од 14 до 16 април 1945 година. На ова заседание се извршени измени во надлежностите на Президиумот на АСНОМ, кому му се одземени извршните функции. Тие и се предадени на Владата на НР Македонија, која е избрана на 16 април, на чело со Лазар Колишевски. Во склоп на Собранието се формирани неколку одбори, а согласно новите прилики, АСНОМ продолжува да работи работи како Народно Собрание на Македонија.
Македонско Национално Братство is offline  
Старо 12-08-12, 16:21   #2
Македонско Национално Братство
Градоначалник
 
Аватарот на Македонско Национално Братство
 
Регистриран: Jan 2008
Мислења: 880
Номинално

ЗНАЧЕЊЕТО НА ПРВОТО ЗАСЕДАНИЕ НА АСНОМ

Првото заседание на АСНОМ претставува државно конституирање на македонскиот народ и народностите во Македонија. На него се донесени повеќе решенија, меѓу кои се решението за конституирање на антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија АСНОМ во врховно законодавство и исполнително тело на Македонија и заведување на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава, решение за донесување декларација за основните права на граѓаните во демократска Македонија.

Во есента 1943 година беше формиран Иницијативен одбор за подготовка за создавање на АСНОМ. Во март 1944 Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ донесе одлука за избор на градски, селски, околиски и окружни народноослободителни одбори, како и за избор на делегати за Првото заседание на АСНОМ.

Во писмото на Иницијативниот одбор (од 14 март 1944) се укажува дека кандидатите за собранието без оглед на нивната верска или политичка припадност треба да бидат луѓе што на дело ја покажале преданоста кон НОБ, што се согласуваат со политичката концепција изложена во манифестот на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија, од октомври 1943 година.

Во пролетта и летото 1944 година во Македонија се одржаа селски, градски и окружни конференции на кои се избрани раководствата на органите на народната власт на повеќе од 500 народноослободителни одбори и делегати за Првото заседание на АСНОМ.

На 2 август 1944 во манастирот Прохор Пчињски, почна Првото заседание на АСНОМ за кое беа избрани 116 длегати. На Заседанието е избран Президиум во состав: претседател Методија Андонов-Ченто, и двајца потпретседатели - Панко Брашнаров и Мане Чучков и 18 членови, од кои два секретара - Љупчо Арсов и Владо Полежина, потоа претставници од Македонија за АВНОЈ, како и повеќе помошни тела на Президиумот.

Заседанието на АСНОМ за својата работа објави прокламација до македонскиот народ, во која, меѓу другото, стои: "Од тешките борби и пролеаната крв на најдобрите македонски синови излегува денеска првото народно собрание, тој симбол на твојата слобода и изразител на твојот суверенитет... Вековниот идеал на македонскиот народ се постигна".

Заседанието на АСНОМ претставуваше потврда за постигнатите политички цели, а едновремено и повик за општа мобилизација на македонскиот народ и народностите за конечна победа - за истерување на окупаторите.

Со Првото заседание на АСНОМ како врвно достигнување на НОБ на Македонија се обележува почетокот на постоењето на Социјалистичка Република Македонија во федерација со југословенските народи. На 28 декември 1944 година во Скопје во ослободена Македонија започна со работа првото вонредно заседание на ССНОМ, познато како Второ заседание.

Президиумот на АСНОМ по Првото заседание ја презеде грижата околу развитокот на културата и просветата. Така, уште пред Македонија да биде ослободена, се организира широка мрежа училишта од различен вид и различен степен. Потоа се донесе решение основната настава да трае седум години, а средната - пет. Беа разгедувани и можностите за формирање на некои институти. Се преземаат мерки за отворање гимназии во Скопје, Битола, Штип, Куманово, Прилеп, Струмица, Тетово, Велес и Охрид.

На 1 декември 1944 Президиумот на АСНОМ решава во Скопје да се организира музичка академија, уметничка и учителска школа и други средни школи. По ослободувањето на Скопје, во декември 1944, се организира посебна офицерска школа за усовршување на старешинскиот кадар. Во овој период се раѓа првата повоената генерација македонски поети и писатели, ликовни и музички уметници.

- Во почетокот на есента 1944 година, културно-просветната група „Кочо Рацин" создава јака театарска група и дава драмски претстави во џамијата во село Горно Врановци.
- По ослободувањето на Скопје, во културно-просветната група „Кочо Рацин" од составот на единиците се вклучуваат извесен број артисти кои почнуваат да градат професионален македонски народен театар со драма, опера и нешто подоцна балет.
- Во октомври 1944 година во Врановци се формира машки хор при Главниот штаб, кој по ослободувањето израсна во хор на Армијата во Скопје.
- Во октомври 1944 година во село Горно Врановци станува место каде што се воспоставува повоената македонската наука, култура и уметност.
Македонско Национално Братство is offline  
Старо 12-08-12, 16:22   #3
Македонско Национално Братство
Градоначалник
 
Аватарот на Македонско Национално Братство
 
Регистриран: Jan 2008
Мислења: 880
Номинално

ОДГЛАСОТ НА ИСТОРИСКИТЕ ОДЛУКИ НА АСНОМ СРЕД НАШИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ ВО СОЕДИНЕТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ

Најсветлиот историски настан за македонскиот народ одржувањето на Првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година во манастирот Прохор Пчински, најде силен одглас сред сите македонски иселеници во светот, зошто беше настан што на македонскиот народ му донесе слобода и сопствена држава во рамките на Демократска Федеративна Југославија по тешките и крвави вековни борби.

Водејќи сметка за своите сонародници што поради различни причини, пред сé економски и политички, биле принудени да ја напуштат својата родна земја, делегатите на АСНОМ им испратија посебни телеграми на македонските иселеници и сонародници во Бугарија и во Америка, зошто во овие земји нашата емиграција беше најмногубројна. Значи, свеста за новоформираната македонска држава и за сите придобивки што им ги донесе слободата и државноста на Македонците уште од почетокот се ширеше многу брзо.

Од многубројните телеграми, ртадиограми иписма што делегатите на Првото заседание на АСНОМ ги имаат упатено до одделните личности, организации, институции и сл. посебно внимание заслужува телеграмата до македонската емиграција во Америка, во која меѓу другото се вели:

“Исрорическото народно собрание на македонскиот народ, кое тржествено се откри денес - Илинден, 1944 година - и со тоа сиболично (го ) соедини духот на Илинденската епопеја и делата на денешната крвава борба на македонскиот народ, прокламирајќи ја Македонија за слободна федерална држава, во нова демократска и федеративна Југославоја, ви праќа топли, братски и борбени поздрави". Во телеграмата потоа се повикуваат иселениците да ја поткрепат морално и матерјално Народноослободителната борба на македонскиот народ, да земат учество во неа и еден ден да се вратат во татковината “за да изградиме среќна иднина на нашиот народ.“

Поради важноста и решавањето на еден вековен проблем на Балканскиот Полуостров - прогласувањето на првата македонска држава - исрориските одлуки на АСНОМ се ширеа брзо не само во Македонија и Југославија туку насекаде во светот. За нив добро е известена и американската воена мисија, а пак делегатите му испратиле телеграма на претседателот на Соединетите Американски Држави Франклин Рузвелт.

Во овој прилог ќе ги разгледаме искрените патриотски заложби на македонскиот иселеник Стојан Христов, кој е една од оние личности што многу придонесуваат за ширењето и афирмацијата на историските одлуки на АСНОМ и на АВНОЈ сред нашите сонародници за Соединетите Американски Држави и во Канада. Неговите патриотски заложби за ширењето на вистината за Македонија во светот можат да се сметаат и како особено показателен пример за непосредното разраснување на македонскиот патриотизам веднаш по создавањето на македонската држава.

Стојан Христов е роден во 1898 година во село Кономлади, Костурско, Егејска Македонија, и уште како дете заминува во Америка. Во текот на својот напорен и тежок печалбарски живит тој успева да се издигне до многу плоден и ценет американски писател, кој поради квалитетот на своите неколку објавени книги на англиски јазик, денеска е застапен во повеќе американски литературни и други енциклопедии. Во своите книги Стијан Христов речиси целосно тематски е свртен кон историјата на македонскиот народ, кон неговите револуционерни борби и Илинденското востание, или пак, кон едно психилошко претставување на судбините на македонските печалбари и иселеници во Америка

Можеме со восхит да подвлечеме дека тој со голем пиетет ги следел сите револуционерни борби на македонскиот народ, а за славната и крвава Народноослободителна борба зборува со големо воодушевување поради извојуваната слобода, рамноправност и демократија на југословенските народи. Впрочем, историските одлуки донесени на Второто заседание на АВНОЈ и на Првото зааседание на АСНОМ нему му биле мошне добро познати, зашто во текот на Втората светска војна тој бил задолжен да го следи одблизу отпорот на грчките патриоти против фашистичките и нацистичките окупатори на Балканот.

Своите возвишени идеи и размислувања за борбата на македонскиот народ и за веќе извојуваните придобивки со одлуките на АСНОМ, тој најцелосно ги изнесува во еден свој говор поднесен во Детроит пред делегатите на Собранието на Македонско- американскиот народен сојуз, одржан на 2 септември 1945 година, а потоа објавен и како одделна брошура под наслов Нова Македонија. Кон брошурата е приклучен и Предговор од секретарот на Сојузот Џорџ Пирински, кој истакнувајќи ги околностите во кои бил поднесен говорот на Христов и давајќи основни податоци за него, меѓу другото истакнува дека “Македонско- американскиот народен сојуз им го препорачува неговиот говор на сите оние што се интересираат за борбата на македонскиот народ за слобода и за национална независност.“

Многу возбудливи чуства и длабоки размислувања зрачат од овој говор на Стојан Христов, но ноговата голема гордост што е Македонец како да излегува на површина, иакопоради конкретните животни услови во родната земја, заедно со многу други Македонци, тој морал да се вгради во тековите на американското општество. “Ние овде дојдовме како сираци, - вели тој, - би можело да се рече - луѓе со татковина, но без држава. Америка ни стана држава. Нејзе и ја должиме нашата прва верност. Никој нема потреба да бара доказ за нашата крв во оваа војна, таму течеше и македонска. Ако биде погребан во Арлигтонските гробишта еден незнаен војник од оваа војна, како што беше погребан од минатата, кој може да биде сигурен дека тој можеби не е роден од македонска мајка?“

Со потесни зборови тој ги изнесува основните причини за напуштањето на родната грутка од голем број Македонци, но истовремено збрува со восхит и со длабоко почитување за оние што останаа во татковината, што ги реализираа идеалите од минатото. “Ние сме Македонци по раѓање, - вели тој, - а Американци по избор. Повеќето од нас дојдоа овде, бидејќи Македонија не беше слободна, а беше толку многу економски експлоатирана, што моравме да бараме политичка слобода и економска сигурност во Америка.“ Меѓутоа, подвлекува тој : “Сите Македонци не емигрираа во Соединетите Држави, во Канада и во Австралија. Повеќето останаа во татковината за да ја продолжат борбата да се создаде слободна Македонија, така што Македонците во иднина да не мораат да одат пет илјади милји подалеку од своите огништа за да бараат политичка слобода и економска сигурност.“ Овој чувствен говорник е полн со длабока почит кон безбројните борци за слободата на Македонија.

“Тие останаа таму,- извикува тој,- за да се сретнат в лице со страдањата и да ја заштитат и овековечат Македонија. Тие се бореа, тие страдаа, многумина од нив загинаа. Ним им изразуваме почит. Ги наведнуваме главите пред благородниот дух на илјадниците што загинаа и им подаваме братска рака на оние што преживеаја и што сега ја градат онаа Македонија што загинатите си ја замислуваа во моментот на својата смрт“.

Колкаво е воодушевувањето на Стојан Христов од извојуваната слобода и од прогласувањето на првата држава на македонскиот народ, најубаво може да се види од овие негови зборови:

“Една или две недели по 2 август 1944 година, секое утро по разбудувањето морав да застанам и да си речам дака сега има слободна македонска држава. Тоа ми изгледаше како чудо, па морав да се принудувам себеси за да верувам во неговата вистина.“ И потоа: “Но наскоро новата македонска држава ми стана втора природа. И сега ми се чини како отсекогашда да постоела македонска држава.” Стојан Христов воопшто не ја крие својата безгранична радост поради историските настани што се случија на Балканот во полза на Македонија. ”Пријатели мои, - извикува тој чувствено пред македонските иселеници во Детроит, - сега има слободна македонска држава, таа е најслободна држава на Балканот.”

Од говорот на Стојан Христов, исполнет со длабок патриотизам кон родната земја, може недвосмислено да се заклучи дека тој бил наполно објективно и сестрано запознат со водечките идеали и со извојуваните придобивки на нашата Народно ослободителна борба, односно дека бил добро запознат со содржината на јавно прокламираните документи и одлуки на Првото заседание на АСНОМ и на второто заседание на АВНОЈ, па токму затоа овој негов текст би можело да се определи и како нацрт за манифест што им го предлага на иселениците во Америка на свечената прослава во чест на новата македонска држава. Во него, речиси програмски, тој ги сумира и ги пропагира понатаму историските придобивки на македонскиот народ, и тоа не само сред Македонците туку и сред пошироката американска јавност.

Средно уверливо и мошне образложено Стојан Христов ги надоврзува своите мисли и идеи, па на релативно мал простор успева да даде богат историски преглед на македонските револуционерни борби и на почетните општествено- политички успеси во слободна Македонија, една од шесте републики на Демократска Федеративна Југославија, особено во областа на јазикот, литературата и културата. Во дадена политичка констелација, се разбира, тој зборува со болка и загриженост за судбината на неослободените Македонци во Егејска Македонија, што во тоа време се подложени на силен грчки монархофашистички терор. Од друга страна, за грчкиот народ и за борбата на грчките патриоти против фашистичките и нацистичките окупатори тој зборува со голема љубов. Ослободувањето на сите Македонци и обедувањето на Македонија во мигот на свеченото произнесување на својот говор за него представува света желба. Сепак неговите поводи се возвишени и логично образложени во докажувањето на потребата од тоа обединување.

"Мирот и единството на Балканскиот Полуостров се поврзани со единството на Македонија. Балканското единство е невозможно со распарчена Македонија", - вели тој и подвлекува: "Ако нема друга причина, трите дела на Македонија треба да бидат обединети поради балканското пријателство и единство."

Значи, клучот кон остварувањето на возвишените идеали во заедничкиот живот на балканските народи - мирот, единството и пријателството - Стојан Христов визионерски го гледа во Македонија. Оваа негова тогашна желба и натаму останува како визија на иднината.

Силата и иднината на новоформираната македонска држава Стојан Христов недвосмислено ја гледа во федеративното уредување на Југославија, во братсвото и рамноправноста на југословенските народи и народности, извојувани во текот на Народно ослободителната борба. Но корените на желбите за федеративен живот на балканските народи навлегуваат во минатото.

"Често беше подвлекувано во минатото од страна на верните македонски претставници, - вели Стојан Христов,- дека македонското прашање не е изолирано прашање, дека тоа е составен дел на едно поважно прашање - на прашањето за ослободување на сите балкански народи и за нивната федерација. Кога еднаш ќе се постигне тоа, слободата и независноста на Македонија ќе станат природен и неминовен споредбен проблем.”

Иако според него “никој не може да ја намали епската борба на Македонците за својата слобода и независност”, сепак “не смее да се заборави дека Македонија ја издвојува својата слобода со помош на федерацијата на јужнословенските народи”. Така уследи и нејзино признавање како одделна држава, на нејзиниот народ како посебна јужнословенска нација.

Овие изводи од говорот на Стојан Христов најочевидно говорат дека тој бил силно надахнат од документите на АСНОМ и од програмските постулати на ова највисоко македонско претставничко тело. Во говорот на Стојан Христов е особено интересен и важен делот во кој се искажува за македонскиот јазик, а јасно се гледа дека му била добро позната не само една од најважните одлуки на АСНОМ за заведување на македонскиот јазик како службен во македонската држава”туку и нејзините плодни резултати, иако не е одминато многу време од завршувањето на Втората светска војна. ”Јазикот на Македонците, - подвлекува Стојан Христов,- сега е признат со официјална декларација како одделен и различен словенски јазик и како таков тој се предава во училиштата и весници се печатат на него, и раскази се пишуваат на него, и официјални државни документи се пишуваат на него- со сите оние зборови со кои нашите мајки ни ги раскажуваа старите народни приказни и со кој ги пееја старите македонски приспивни песни”.

Творештвото на Стојан Хрисов јасно покажува дека тој живо ги следел сите историски, економски, политички и културни случувања во Македонија, а неговиот интерес продолжува во текот на НОБ и по ослободувањето. Така, во времето кога го поднесол својот говор пред македонските иселеници, се гледа дека бил информиран за работата на втората Правописна комисија, којашто само два три месеци пред ова негово јавно истапување, ја донесе македонската азбука на 5 мај 1945 година и првиот Македонски правопис на 7 јуни 1945 година. Имено, тој вели: “Бидејќи образованите Македонци го зборуваа литературниот јазик на Бугарија или на Србија, а вистинскиот јазик на Македонија беше зачуван кај обичните селани што зборува без да знаат каква и да е граматика, сосема природно немаше македонска граматика. Една група од компетентни и непристрасни словенски филолози сега ги формулираа граматичките правила на македонскиот јазик. А вие можете да бидете сигурни дека овие правила се диктирани и определени од генијот на македонскиот јазик, а не од поткрепата на бугарските националисти или на српските шовинисти.” Споменувањето на “комисија од компонентни непристрасни словени филолози”може да се поврзе со неуспехот на првата Правописна комисија, назначена од Президиумот на АСНОМ, што работеше во ноември и декември 1944 година, но што не даде конечни резултати, односно која, - подвлекува Блаже Конески, - “изнесувајќи во своето образложение до Поверенството на народната посвета, на 20 јануари 1945 година, која го дава предлогот не во дефинитивна форма, ами крајно решение за нашето јазично прашање треба да се земе дури кога ќе дојделе да ни помогнат некои руски научници. Се разбира дека ова беше сосем наивно и погрешно мислено”, зашто всушност руски филолози никогаш не пристигнаа во Македонија, па втората Правописна комисија успешно ја доврши веќе започнатата работа.

Стојан Христов е полн со убави зборови за развојот на македонскиот јазик и за создавањето на младата македонска литература:“ Словенската филологија, - подвлекува тој, - наскоро ќе биде орнаментирана со убавината на македонскиот говор, а словенската литература ќе биде збогатена со мудроста и со многустраноста на македонскиот ум.”

Говорот на Стојан Христов, произнесен на свечениот собир пред македонските иселеници во Детроит во 1945 година, и тоа само неколку месеци по завршувањето на Втората светска војна, секако е само еден од многубројните светли примери што го покажуваат брзото прифаќање и натамошно афирмирање на првата македонска држава, основана по долги и крвави борби во рамките на Демократска Федеративна Југославија. Токму за тоа, топлите и патриотски зборови на овој познат американски писател, кој со своето творештво речиси целосно е свртен кон Македонија и македонските иселеници во прекуокеанските земји, ќе останат како трајно сведоштво за силниот одглас на историските одлуки на АСНОМ сред нашите иселеници во далечна Америка.
Македонско Национално Братство is offline  
Старо 12-08-12, 16:24   #4
Македонско Национално Братство
Градоначалник
 
Аватарот на Македонско Национално Братство
 
Регистриран: Jan 2008
Мислења: 880
Номинално

ВОЗОБНОВУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА

Пред да се спомне средбата на Македонскиот иницијативен одбор со Националниот комитет за ослободување на југославија во јуни 1944 година на Вис, која е од посебно истириско значење за создавање на македонската држава, во меѓувреме се одигруваат значајни воени операции на подрачјето на Македонија. По борбите водени во текот на ноември 1943 година и јануари 1944 година, во Мариово, во Тиквешко, во Гевгелиско и во Меглен се создадоа сите објективни услови операциите да можат од реонот на Кожув да се пренесат во Централна и во Источна Македонија.

Пролетната офанзива што ја зафати Македонија ќе заврши некаде до втората декада на јуни 1944 година, со последната битка на Петрова Гора.

Правниот континуитет за создавање македонска држава се обезбедува и со одржувањето состанок помеѓу Иницијативниот одбор за свикување македонско Собрание, од една страна и Националниот комитет за ослободување на Југославија, од друга страна. Тој состанок се одржа на 24 јуни 1944 година на островот Вис. Што сé е договорено на спомнатиот состанок, најверодостојно потврдува записникот од одржаниот состанок, во кој буквално стои:

"Присутни:
Претседателот Јосип Броз Тито, маршал на Југославија; Потппетседателите: Едвард Кардељ и Владислав Рибникар;
Поверениците: Влада Зечевиќ, Иван Милутиновиќ, Едвард Коцбек, д-р Владимир Бакариќ;
Александар Ранковиќ и Милован Ѓилас, членови на Президиумот на АВНОЈ;
Членовите на Иницијативниот одбор за свикување на македонското собрание: Методија Андонов Ченто, Мане Чучков и Кирил Петрушев;
Инструкторот на Врховниот штаб на НОВ и ПОЈ во Македонија, генерал- мајор Светозар Вукмановиќ -Темпо.

Со седницата претседава председателот на НКОЈ Јосип Броз Тито, записникот го води д-р Владимир Бакариќ.

Дневниот ред (прифатен):
1. Реферат на делегацијата на Иницијативниот одбор за свикунање Антифашистичко собрание за народното ослободување на Македонија.
2. Дискусија за македонското прашање.
3. Разно.

Ад. 1) Извештајот го започнива Мане Чучков, кој најпрво во името на македонскиот народ го поздравува другарот Тито со надеж дека македонскиот народ во текот на оваа борба ќе ги оствари своите национални права.

Тито се заблагодарува за поздравот и го изнесува ставот на Националниот комитет за некои актуелни прашања во Македонија.

Андонов Ченто и Петрушев го дополнуваат рефератот на Чучков. Андонов Ченто ги чита записниците од двете седници на Иницијативниот одбор (од 30.04.1944 и 06.05.1944) и ги предава копиите (се прилага со овој записник).

Ад. 2) Се донесува заклучок во поглед на општата политичка линија на Иницијативниот Одбор: и кога ќе биде избран, на Антифашистичкото собрание на народнотто ослободување на Македонија. Тоа се формулира:

1. Македонскиот народ го изразува својот историски стремеж за обединување на сите негови делови, тоа е негово национално право и затоа , овој сремеж, останува како негово постојано барање.

2. Со оглед на сегашната меѓународна состојба, потоа на внатрешната положба на Македонскиот народ и во соседните земји, како и степенот на развој на оружената борба на македонскиот народ, би било прерано поставувањето на неговиот национален стремеж во форма на акционо барање, било да е од страна на врховните претставници на Федеративна Југославија, или пак од страна на раководните органи на македонскиот народ. Таквото поставување во денешно време би го кочело единството на антихитлеровскиот фронт на Обединетите народи, што би ја довело во неповолна меѓународна положба и Југославија во целина и македонскиот народ посебно.

3. Патот кон ослободување и самоопределување на сите делови на македонскиот народ води денес преку развивање на широко ослободително народно движење против фашистичките окупатори на чело со Хитлер и преку организирана решителна оружена борба против овој главен негов непријател. Во рамките на тоа движење и на борбата на македонскиот народ надвор од границите на стара Југославија, може да се постави барање за национално самоопределување и за демократски права.

4. Македонскиот народ во Југославија сака развивање на Народноослободителната борба против фашистичките окупатори во сите негови делови, свесен дека токму со таа и со таква борба, стекнува право на ослободување и самоопределување на целата своја земја. Во согласност со таа желба, тој ќе ги помага сите слични ослободителни движења без оглед каде се појавуваат тие.

Освен ова, заклучено е што побргу да се свика основачко Собрание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија и да се пристапи кон организирано формирање на народноослободителниот фронт на Македонија.

По заседанието на АСНОМ, Андонов Ченто треба да се врати во Националниот комитет.

Завршно,

Записничар
д-р В. Бакариќ с. р.

Претседател
Маршал на Југославија Ј.Б. Тито с.р.

Автобиографски запис на ЧЕНТО
Македонско Национално Братство is offline  
Старо 12-08-12, 18:40   #5
Македонско Национално Братство
Градоначалник
 
Аватарот на Македонско Национално Братство
 
Регистриран: Jan 2008
Мислења: 880
Номинално

Од списанието Илинденски пат, Април 1944 година


ПРЕД СВИКУВАЊЕТО НА НАРОДНОТО СОБРАНИЕ

Македонскиот народ е исправен пред судбоносно сабитие. Тој се најдува пред свикувајнето на првото во својата историја Народно Собрание (Антифашиското Собрание на народното ослободување на Македонија — АСНОМ) тој символ на народниот суверенитет и национална слобода, спечален со тешки борби и неброени жертви.

Историјското Народно Собрание не се јавува случајно. Него го претходат векови исполнети со борби и напреженија. Последните 50 години од нашата историја се преломни години и по засиленос на борбата и по определност на принципите, поставени во незината основа.

За да се види големото историјско значение на ова сабитие. ќе ги изложиме условијата под кои узреваше политичката мисла и борбите кои ги доведоја до највисоката точка национално политичките идеали на нашиот народ — до свикувајнсто на првото народно собрание, како предвесник на слободата.

Во условијата на еден брз распад на феудалната отоманска империја од околу 1890 год.. почнува во Македонија да се засилува народно-ослободителното движение. Македонскиот селанец. стегнат во обрачот на бегово-спахијскиот систем. Се гушеше под тежината на уголемениот грабеж и беше осуден на формален глад за земња. Деспотизмот на Султан Хамида, со засилување на безобзирната експлоатација и со зголемениот политички и национално-потапкувачки терор, не ги намали, ами токму наопако ги зголеми и инаку големите противречја натре во турската империја. и надвор, меѓу неја и балканските држави.

Македонското прашајне, како едно од главните натрешни противречја. дојде на прв план поради силината па распламтената борба и решеноста на народот да го отфрли еднаш за секогаш националното робство.

Започнува една славна епопеја на борби во кои Илинденското востание и Крушовската република го манифестираат пред очите на цел свет нивниот општо-народен и демократско-прогресивен карактер. Делчев, Сандански, Ѓорче Петров, Влахов и др. по својата доследност израснаја од таја епоха како прави и истински народни водачи.

Фалсификациите на империјалитите од комшијските балкански држави ништо не можеја да им земат на тија борби од нивниот македонски национално-ослободителен карактер. По принципите легнати во основата на борбите, по целта што го подигна во борба македонскиот народ по личностите на истинските водачи на масите. Тија борби си останаја национално ослободителни и демократски.

1912 година пропаднува гнилата отоманска империја. ама македонскиот народ бидува изгиран во своите вековни идеали. Македонија беше поделена меѓу империјалистите на балканските држави. Во 1918 г. беше со мали измененија, потврдена неправдата направена во 1912 г. – Најголемиот дел на Македонија подпадна во канџите на великоспрската хегемонија. Последната не чекаше многу да си ги покаже поробувачките намери.

Се почна со денационализацијата. Македонскиот народ не се призна како народ. Тој стана јужносрбијански дел на српскиот народ. Народниот јазик се забрани во училиштата, канцелариите и печатот. Тој се забрануваше дури и во приватниот живот. Во Скопје, пак во духот на денационализацијата, се основа филозофски факултет со интимната мисла да служи за фалсифицирањето на нашата историја и за претставувајне на македонскиот јазик како српско наречие. Во школите учениците требаше да ги знајат најневажните подробности од животот на Душана. Караѓорѓе и др. Во исто време, ним заб не им се обелуваше за Илинденската епопеја, во која нивните татковци пролеја реки крв за да осигурат на својата челад поарен живот.

"Просветната" политика се правеше во истата поробувачка кујна на хегемонијата, таја беше посестрима на денационализацијата и со ништо не се разликуваше од последната. Неколко факти ќе го осветлат прашајнето. -1929 година од 9 гимназији беја укинати - 6. Цела Македонија со едно население од 1 и 1/2 милион жители остана само со 3 гимназии. Левата страна на Вардар со население над 1/2 милион жители остана без полна гимназија. Од 10 нижи гимназии беја укинати токмо - 10. Останаја за утеха нижите, деградираните гимназии во Прилеп, Куманово и др. - Политиката со основните училишта не се разлкуваше од таја со гимназиите. - Можи ли тогај фактот што и јпосле 23 години живот под окрилието на хегемонијата, 70% од македонското население е апсолутно неписмено?

23 години во Македонија царуваше културна празнина. Просветата беше прогласена за антидржавна дејност. Имаше и зашто: колку просветно позаостанал народ, толку посигурен предмет за економски грабеж и политичко бесправие, толку посигурно упориште за борба против другите поробени народи.

Рака до рака со денационализацијата врвеше колонијалната економска експлоатација. Монополната пљачка рашири крила над македонската привреда, а тутунот стана златниот мадем на експлоататорите. Монополизираниот тутун од една страна ја полнеше секоја година касата на хегемонистичките влади со 1-1, а милијарди динари, а од друга страна ниските одкупни цени кои се спуштија до 4 динари кгр. ги осудуваја тутунопроизводителите на глад и мизерија. Во исто време, тутунот "одкупуван" по 4 динари кгр. се пролеваше, преработен во цигари, на неговите сопственици од 200 до 1000 динари кгр. И афионот не куртули од монополниот грабеж. Место 1000 до 1500 динари кгр. колку се продаваше при слободната трговија, "Призад" наложи една цена од 140 динари кгр. Фаталните резултати излегоја брзо на видело: Иљадници производители на афион беја формално упропастени. Колонизацијата му зададе уште еден тежок ударец на македонскиот селанец. Ослободената од спахии земја не беше дадена на македонскиот селанец кој со векови се топеше со својата пот и крв, ами на најрасипаните хегемонистички елементи, разни четнички разбојници и полицејски кодоши. Македонскиот селанец, остана пак бел во очите.

Надворешниот капитал без пречки навлегуваше во македонската привреда и по тврдата логика на капитализмот, немилосрдно ги рушеше занатчиите и малите трговци. Подлогата на која стоеше еснафот беше уништена и тој пропаѓаше бензадежно.

Занатите пропаднаја, ама на нивните рушевини не изникнаја фабрики. Македонија не смееше да биде индустријалзирана дека тоа значеше создавајне на едно силно работништво во кое хегемонијата гледаше главен непријател и организатор на народно-ослободителните борби.

Еден колонијален гребеж од вакви размери не би можел да виреји без да биде поткрепен од политички терор. Слободата на македонскиот народ беше поставена на 12.000 жандармеријски штикои "Дискреционите" (тајните) кредити на министерството на натрешни работи определени за "умирувајне" на Македонија растеја секоја година. "Умирувајнето" на Македонија почна скромно - исчезнувајат без трага најдобрите синови народни, а затворите од Скопје, Ниш и Пожаревац до Митровица и Лепоглава се полнеја со најдоследните борци на Македонија. - Овие акции "на детаљ" не дадоја резултати: Македонија не сe умируваше. Хегемонијата захвати тогај пошироко: целото население одредица села (штипско, св. николско) беше исправено пред умирувајтелните картешници и покосено. Крвожедниот бес на великоспрската хегемонија тргна накај физичкото истребувајне на македонскиот народ.
Хегемонистичката политика не поштеди ни еден слој во Македонија работништвото, селаните, еснафите и интелегенцијата, с# беше впренатата во економско и политичко ропство. Беше ударен целиот македонски народ како народ.

Но во тој факт беја создадени условијата за обединение на сите слоеви, на целиот македонски народ за борба против општиот поробител: великоспрската хегемонија. Народот се обедини. Се создаде општонароден фронт, македонскиот народен покрет со основниот принцип: борба за национална слобода. Конкретизирано на новите условија, това значеше остварувајне на братски сојуз со сите народи од Југославија, за рушејне на хегемонијата и создавајне на федеративна Југославија во која македонскиот народ влегува како равноправен член со гарантирана национална слобода.

Почнува нова епопеја од борби кои исфрлуваат во првите редови нови борци. Борбата зеде нови форми, но во основата таја си остана тесно поврзана со принципите на Илинденското востание и Крушевската република и се јави како нивно продолжувајне.

1941 година е преломна година во историјата на македонскиот народ. Великосрпската хегемонија беше заменета со големобугарска фашиска окупација. Тоа беше третото ропство за 30 години. Настанаја најтешки години за македонскиот народ.

Новиот окупатор си ги откри брзо уште во началото, грабежливите намеренија. Курсот на динарот од 2,40 лева беше "нормиран" на 1,60 лева за еден динар. Други 20% од сменетите пари беја грабнати за "отбраната". Со ова проста маневра од двата залака на македонскиот народ беше еден гангстерски грабнат од устата.

За сметка на големобугарскиот фашиски господар - Хитлера, целата македонска селска привреда беше стегната во обрачот на тоталната експлоатација. Реквизицијата кладе рака на сите селски производи. Ни житото, ни млекото, ни волната, ни добитокот, ни кожите, ништо не куртули од арамијачката рака на "дирижираната стопанска политика" - пљачка. - Се зеде житотоји млекото - македонскиот селанец остана гладен. - Се грабна волната - тој остана бос. Се реквизира јадрио добиток - тој остана без раце, неспособен да ја обработува земјата. На македонскиот народ само едно не му се зеде: ропската работа за другото, тој беше принуден да работи како волот за сламата.

Малата индустрија изгасна сосема. Немало суровини. Суровини вистина немаше. Тие одеја во Германија, кај фашискиот разбојнички ортак. Фабричките оџаци престанаја да чурат. Работниците беа исфрлени на улица. Во куќите им зацарува беда и глад.

Полумртвите занати беја дотепани сосема. "Немало заире", се извинуваат окупаторите. И заирето одеше во арамијското седело на Хитлера. Кепенците на занатчијските дуќани се затворија, а занатчијските се чудеја кој пат да фатат. Насекаде зацарува беда и шпекулација, и незапамтена скапотија.Новото положение створи огромна безработна маса која е употреби фашизмот за работа по мадемите за пљачка на најдрагоцените богатства кои се наоѓаат во утробата на Македонија: злато, сребро, лискун, хром и разни друруди.

Денационализаторската политика пак почна со докажувајне оти македноска нација немало, оти Македонија била "лулката" на блгарштината, а Македонците асли-Бугари. Целиот бугаро-фашиски пропаганден апарат докажуваше и докажува само едно. Македонија е бугарска. Денационализаторската политика на големобугарскиот окупатор е надмина великосрпската.

Не изостана ни политичкиот терор. По цела Македонија изникнаја полицејски участоци, а кодошкиот апарат од агенти ги надмина сите дотогашни претстави за фашиска гестапоска држава. Од единечни арести, окупаторите преминаја брзо со блокадите (терористичко средство до тогај, непознато во Македонија) на масовно затварајне. Политичките процеси станаја јкатадневна појава. Десетки народни синови беја обесени, стотици осудени на тешки затвори, иљадници испратени во концетрациони лагери. - Крвожедниот бес на окупаторските бандити не можеше ни со тоа да се угасни. Масовните стрелања во редица села (Дабница, Ваташа) станаја пак актуелни.

Сенката на физчкото истребуење на македонскиот народ пак нависна над Македонија со целата своја сериозност. "Нашествие на новите Хуни", така беше крстена големобугарската окупација на фашискиот терор.

Македонскиот народ не можеше да остани со скрстени раце пред хладнокрвното истребувајне во кое го постави фашискиот окупатор. Овие три години ропство, фашиски терор и борба го издигнаја македонскиот народ толку политички, колку не са го издгинале 30 години мирен политички живот.

Се разби најголемата закоренелата заблуда македонскиот народ разбра еднаш засекогаш оти големобугарскиот окупатор не му донесе слобода, ами најцрно и незапаметено ропство.

Тој разбра потака, оти со другите народи од Југославија го сврзува не само истата судбина на ропството, ами и 23јгодини заедничка борба за општи идеали. Во општата борба против заедничкиот фашиски окупатор и во братско соработувајне за утрешен живот, тој го гледаше спасоносниот пат.

Македонскиот народ разбра оти за да се спечали слободата има само еден пат: борба! Во условијата на крвавата фашиска окупација борбата може да има само една форма: општо оружано народно востание.

Најпосле, во условијата на општата световна војна, кога на дневен ред идат сите национални, политички и социјални прашајна, македонскиот народ го виде преломниот момент за остварувајне на својата национална слобода. "Сега или никога", така се поставива прашајнето за неговата национална слобода и равноправност.

Това беја основни принципи на народната борба. Нивната правилност го обедини целиот македонски народ. Нивната револуционерна конструктивност ги воодушеви широките народни маси за борба против фашискиот окупатор и за изградвајне на нова федеративна, демократска и равноправна Југославија. Тие принципи беја усвојени од целиот народ и тие станаја негово крвно дело.

Овие принципи, во основата не се разликуваја од принципите на Илинденското востание и Крушовската република. Тие не се ралзикуваја ни од началата на борбите против великосрпската хегемонија. Тие беја само конкретизирани во новите условија. На тие принципи започна светата, до тогај, по својте размери невидена борба за ослободувајне на македонскиот народ.

Македонскиот народ, во перспективите на блиска победа и сигурна слобода е исправен пред судбоносни решенија. Зато тој треби да ги испрати во своето Народно Собрание најдостојните синови од својата среда.

Од друга страна, и првото македонско Народно Собрание е поставено пред историјска одговорност. Надахнато од безгранична љубов спрема својот народ, изникнало од неговите вековни идеали и борби за слобода, вооражено со државничка далковидност и смисал за реализам, то треба да ја оправда историјската надеж полагана во него.

Ние сме убедени оти и макеоднскиот народ и неговото Народно Собрание ќе покажат нужната дорасналост за да одговорат на историјските задачи поставени пред ниф од судбоносните моменти што ги преживувавме и 50-годишните крвави борби".

Како резултат на крвавите борби, неброени жртви и надчоешки напреженија се јави првото во историјата на македонскиот народ - Народно Собрание (Антифашиското собрание на народното ослобдоувајне на Македонија - АСНОМ). Како символ на националната слобода, тоа претставува кулминациона точка и преломен момент во историјата на нашиот народ од кои ќе почни една нова епоха; епоха на слободен национален живот, епоха на твореческа работа, епоха на напредок.
Што му дава на првото македонско Народно Собрание това историјско, судбоносно значение?

Најважниот акт со кои првото македонско Народно Собрание ќе излези, пред нашиот народ, ќе биди историјската прокламација на полната национална слобода на Македонија. Со други зборои, то ќе стане радосен весник на вековниот идеал за слобода. Ако не се заборави оти цели поколенија искрвавија во борбата за тој велик идеал, јасно е оти неговото исполнувајне прокламирано од првото македонско Народно Собрание, ќе претставува епохално решение во политичкиот живот на нашиов народ.

Со таја историјска прокламација не се исцрпува, ами баш почнува одговорната работа на првото Народно Собрание. Тој станува и останува истински и единствен носител на народниот суверенитет, кои оди до правото на самоопределение, отцепувајне и присодинувајне. Здобиено со вакви неограничени права решенијата на првото македонско Народно Собрание стануваат по своето значение историјски и судбоносни.

Од неговиот карактер како единствен носител на полниот народен суверенитет, произлегува дека првото македонско Народно Собрание ќе ја претставува највисоката и единствената власт во Македонија, која преку својте органи ќе ги решува сите горуќи прашајна на нашиот натрешен живот, тргвајќи везден од интересите на најшиорките маси кои са дале и уште дават најмного во оваја света народно-ослободителна борба. Претставувајќи ја единствената и највисоката власт во Македонија значението на првото македонско Народно Собрание станува уште поголемо.

Првото македонско Народно Собрание изникнало од оганот на крвавата народно-ослободителна борба, избрано по најдемократски начин од најшироките народни маси, составено од моралниот и борчески цвет на нашиот народ, едино ќе биди компетентно да говори во името на македонскиот народ, едино ќе има право да го претставува нашиот народ, едино ќе биди верен тумач на неговата истинска воља, историјски идеали, сегашни и утрешни негови нужди. - Со други зборои, низ устата на првото македонско Народно Собрание за прв пат ќе проговори слободна, отворено и одлучно целиот македонски народ, факт кои од своја страна уште еднаш ги подвлечува неговото историјско значение.

Во течение на 23 години борби против великосрпската хегемонија, македонскиот народ судбински се сврза со другите братски народи во Југославија. Во последните три години под крвавата фашиска окупација, тие врски станаја поцврсти, а единството и братството меѓу народите во Југославија беше еден од одлучните фактори што го мобилизираја и крепеја македонскиот народ во борбата против фашискиот окупатор. - Најпосле како резултат на народно-ослободителната борба во Југославија дојде образувајне на АВНОЈ: неговата втора историска скупштина со принавајне правото на секој народ на самоопределувајне до отцепувајне или присоединувајне, му даде најшироки возможности на македонскиот народ сам да си е определува својата судбина. Гарантирајќи му во исто време полна национална слобода и равноправност во нова федеративна Југсолавија. АВНОЈ уште појќе го засили желанието на нашиот народ свјата судбина да не ја дели од судбината на другите братски народи во Југославија.

Ползувајќи се со правото на самоопределение гарантирано во решенијата на II скупштина на АВНОЈ, базирајќи се на историјската, на судбинската и крвната - славјанска поврзаност меѓу народите во Југославија, тргвајќи од една државничка далековидност и политички реализам - првото Народно Собрание ќе ја прокламира тврдата воља на македонскиот народ да влези како националнио слободен и политички равнопрвен член во една од најдемократските државни формации - федеративна Југославија. - По тој начин, првото Народно Собрание ќе ја прокламира слободата на македонскиот народ на базата на веќе признатото право на национална слобода. Тој факт уште појќе го засилува значението на историјските одлуки на нашето прво Народно Собрание.

Имајќи полен суверенитет во решавајнето на натрешните прашајна и уредувајнето на натрешниот живот во Македонија, македонското Народно Собрание, преку делегираните членови во АВНОЈ, ќе земи участие во решавајнето на важните натрешни прашајна за цела државна заедница. Со това значенеито на македонското Народно Собрание ги надфрлува тесните национални рамки и станува важен фактор во донесувајне на крупните решенија за цела државна заедница.

Македонскииот народ знае оти участието на братскиот Совјетски Сојуз во оваја војна е одлучен фактор во борбата на народите во Југославија за полна национална слобода и равноправност. Во моментите на најтешки испитанија во оваја народно-ослободителна војна, тие са најдували сили во длабокото сазнание оти во Совјетскиот Сојуз и неговата славна Црвена армија имаат најсилен и најискрен сојузник, кои нема никога да дозволи плодовите од неговата крвава борба да бидат исползувани од народните узурпатори. - Првото македонско Народно Собрание ќе биди тумач на длабоката љубов и благодарност на нашиот народ спрема братскиот Совјетски Сојуз, великот заштитник на славјанските народи.

Ќе кажиме најпсоле неколку зборои за натрешните и надворешните историјско-политички условија кои доведоја до свикувањето на првото македонско Народно Собрание, кои го покажуваат неговото историјско значение и прават од него една реалност од прво значение за нашиот народ.

Првото Народно Собрание на Македонија изникна непсоредно од оганот на светата народноослободителна борба против фашизмот уопште и специјално против големобугарската окупација.Во овие три години борби бурно се разбиваја закоренелите заблуди, брзо узрешваше политичката мисал и масовно го ангажираше македонскиот народ во борбата која секој ден добива се појќе карактер на општо народно востание. - Првото македонско Народно Собрание е директен резултат баш од овие политички најважни борби во историјата на македнскииот народ.

Народно-ослободителната борба доби широк и организиран замах тогај, кога малите партизански одреди и диверзански групи нарастнаја толку да можеше да се образува првата во истиријата на нашиот народ - Народно-ослободителната војска на Македонија. Со своите смели удари и крупни успехи, нашата војска ја подигна силно верата во народот во скорото ослободувајне. Со ослободувајнето и осигурувајне на една пространа слободна територија, нашата војска даде реална подлога за свијувајнето на Народното Собрание во полниот состав. - Така првото македонско Народно Собрание е непосреден резултат од успешните борби на нашата СЛАВНА НАРОДНО-ОСЛОБОДИТЕЛНА ВОЈСКА, гордоста на македонскиот народ и најсигурен гарант за неговата слобода.

Во течение на борбата по цела Македонија се организираја народно-ослободителни одбори. Тие одбори ги обединуваја најчесните сили на нашиот народ во тилот и беја основни органи на народната власт, изникнали под тешките условија на борбата; тие одбори го организираја тилот и го помогнаја фронтот. Израснало од народно-ослободителните одбори и нивните политички тежненија - првото македонско Народно Собрание ќе ја претставува највисоката форма на народната власт и ќе биди изразител на народните идеали пројавувани низ народно-ослободителните одбори.

Корените на денешните преломни сабитија лежат много подлабоко и се најдуваат во трите последователни ропства, кои ги ангажираја силите и животите на три генерацији и ја исполнија една епоха со крвави борби и над чоешки напреженија. Принципите кои ги покренува и одушевљаваја над половина век народните снаги, си останаја во својата основа исти: борба за национална слобода и демократски права. - Првото Народно Собрание, реализирајќи ги тие свети начала, ги уједини во себе си идеалите и принципите на три поколенија и е одлучен резултат од нивните борби.

Во првото Народно Собрание учествуваат хероите од Илинденската епопеја како Димитар Влахов и други. Во него влегуваат народните првоборци против великосрпската хегемонија како Цветко Узуноски, Бано Андреев, Страхил Гигов, Мара Нацева и др. Во него се најдуваат најновите борци, младите војници - делегати на нашата славна војска како Борка Темелков - Љиљакот, Чеде Филипоски - Даме и др. - По тој начин, првото народно Собрание и по својот личен састав ќе биде жив символ на идејната и борбена поврзанос на три генерации.

Со учаството на делегатите од трите делови на Македонија (југословенскиот: Апостолски, Ченто, Узуноски и др: грцкиот: Димитар Влахов; бугарскиот: Владимир поп-Томов) - првото македонско Народно Собрание ќе ја символизира вољата на целиот македонски народ да се најди цел, слободен и обединен. Во решенијата на ИИ скупштина на АВНОЈ на дело се даде класичен пример за решавајнето на националните прашајна. Изражавајќи го одушевлението со политичката далековидност садржана во тие решенија, првото македонско народно Собрание ќе го изрази своето и на целиот македонски народ желание да тргнат и другите братски балкански народи по тој правилен пат инспирисани од историјскиот пример даден од АВНОЈ и народите во Југославија. Но, при това не смеје да се превиди фактот оти борбата против фашизамот си останува најважното условие за стекнувајне правото на национална слобода, какошто показа јасно и на дел од борческиот пиемонт на македонскиот народ - југославјанска Македонија.

Најпосле не треби да се заборави уште еден факт. Македонскиот народ заедно со другите народи од Југославија, исцело се ангажира во борбата протиф фашизмот и безрезервно се определи за големиот фронт на демокрациите. Нашите народи така си ги спечалива правото на слободно натрешно уредувајне. Во перспективите на Атлантическата карта, историјските решенија на Москвоската и Техеранската конференција и во момент на блиска победа над фашискиот окупатор - Народното Собрание ќе ја прокламира слободата на македонскиот народ во согласие со општите политички тенденции на силите победителки. - Решенијата на првото македонско Народно Собрание ќе претставуваат една стварност и од гледиште на решителните воено-политички сили и тенденции во меѓународни размери.


Списанието „Илинденски пат“ кое ги објавувало текстовите, јули-август 1944.

Македонско Национално Братство is offline  
Старо 12-08-12, 22:46   #6
Македонско Национално Братство
Градоначалник
 
Аватарот на Македонско Национално Братство
 
Регистриран: Jan 2008
Мислења: 880
Номинално

П Р О Г Л А С
ОД ПРВОТО ЗАСЕДАНИЕ НА АСНОМ ДО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЗА ОДРЖАНОТО ЗАСЕДАНИЕ НА АСНОМ

Август, 1944 г.


Удрени се темелите на македонската федерална држава во нова демократска и федеративна Југославија На 2 август 1944 година - Илинден - се свика првото историско Антифашиско собрание на народното ослободуење на Македонија - АСНОМ. 122 полноправни представители, синови и ќерки на македонскиот народ, испитани низ маките и искушенијата на Народно-ослободителната борба, собрани на своето прво заседание во манастирот “Св. Прохор Пчински“, во присаствие на делегатите: од Врховниот Штаб на Маршал Тито, војните сојузнички мисии и на Главниот штаб на Србија, ја изразија суверената воља на својот народ и ги донесоја следните решенија:

Македонија ја прогласи за федерална држава, во нова демократска федеративна Југославија. Народното собрание се конституира во врховно законодателно и исполнително представителство на македонската федерална држава.

Се донесе декларација, со која се гарантира слобода и равноправност на секој граѓанин и граѓанка во Македонија, без разлика на вера, националност и политичка припадност, право на секој граѓанин и граѓанка над 18 години да избира и да биде избран, слобода на совеста и вероисповеданието, право на бесплатна просвета, итн.

Се формира Президиум на АСНОМ со функции на привремено народно представителство на македонската федерална држава.

Македонскиот народен јазик се воведува како службен јазик.

Илинден, 2 август, се прогласува за народен и државен празник во Македонија.

Се формира комисија за испитување војните злодејствија, направени од окупаторите и нивните слуги.

Се формира комисија за изработување законски проекти на македонската федерална држава.

Се избраја 40 представители на македонскиот народ за Антифашиското веќе на народното ослободување на Југославија и неговиот Президиум.

Македонски народе!

Со овија основни историски решенија се удрени темелите на македонската федерална држава. Това се први плодови на твојата тригодишна народно-ослободителна борба, това се првите плодови на братството и единството со другите народи на Југославија. Овија плодови претставуваат остварување на вековните идеали на нашиот народ.

Македонски народе!

Антифашиското собрание на народното ослободување на Македонија е одржано во најжестокиот бој во оваја војна, кога се кинат фашиските синџири, кога геројската Црвена армија настапува кон Берлин, а мошните сојузнички армији настапуваат од запад и југ на Париз и Германија, кога нашата јуначка Народно-ослободителна војска на Југославија навлегува во последен бој со фашиските окупатори. Во оган и крв на развихрената и решавашта битка, во зората на победата, македонскиот народ преку своето Антифашистко народно собрание си ја кажа думата за својата судба.

Фашиските окупатори и нивните слуги се пред пропаст, ами ги превземаат сите мерки како би го одложиле своето пропаѓање. Оние изнајдуваат нови трикови, како би го задржали македонскиот народ мирно да (го) поднесува фашискиот јарем. Ванчо Михајлов и неговата група издајници и крвници на македонскиот народ готват платени банди да по истеглувањето на бугарските фашиски војски ја завладејат Македонија за сметка на Хитлер или некој друг господар. Од друга страна, това исто се готви и од најголемиот издајник и слуга на Хитлера Милан Недиќ, кој се токми да умаршува во Македонија и да го обнови големосрпското ропство.

Македонски народе! Родољуби и родољубки!

Слободата е на прагот! Темелите на нашата федерална држава се удрени! Ама баш није сите треба да бидеме на штрек. Сега баш треба да се прибериме сите во Народно-ослободителниот фронт на Македонија во нашата Народно-ослободителна војска, за да (ги) сачуваме придобивките на досегашната борба. Краен е час за секој еден Македонец да го отфрли секое колебание и тргне во последен бој за слобода на нашиот вековно поробен народ.

Во името на новата македонска држава, во името на нејното изградување, ние ви викаме:

Уште повеќе зацврснете го единството на целокупниот македонски народ преку Народно-ослободителниот фронт на Македонија - единството, кое ти овозможи создавање на македонската држава, единството, које ќе ти ја сочува таја држава!

Стани целиот на воражено востание и навлези во својата Народно-ослободителна војска на Македонија, војската која ти создаде држава и која ќе знае да ти ја сочува! Разрасни ги што по скоро своите бригади во мошни дивизии и корпуси!

Уште посилно пристапите кон формирањето на народно-ослободителните одбори, органите на новата народно-демократска власт, преко која треба да се соберете за изградувањето на новата македонска држава!


ДА Е ЖИВА СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА ВО ДЕМОКРАТСКА И ФЕДЕРАТИВНА ЈУГОСЛАВИЈА!

ДА Е ЖИВО АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА.



ПРЕЗИДИУМ НА АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА


Претседател:
МЕТОДИ АНДОНОВ - ЧЕНТО, трговец од Прилеп.

Потпретседатели:
ПАНКО БРАШНАРОВ, учител од Велес
ЕМАНУИЛ ЧУЧКОВ, директор на гимназија од Штип

Секретари:
ЉУБЧО АРСОВ, банкарски чиновник од Штип
др. ВЛАДИМИР ПОЛЕЖИНОВСКИ, правник од Кичево

Членови:
ВЕНКО МАРКОВСКИ, поет од Скопје;
ЦВЕТКО УЗУНОСКИ, работник од Преспа,
БОГОЈА ФОТЕВ, земљоделец од с. Бистрица (Битолско);
генерал-мајор МИХАИЛ АПОСТОЛСКИ, командант на НОВ и ПО на Македонија, од Штип;
СТРАХИЛ ГИГОВ, началник на персоналниот отдел на Главниот штаб, од Велес;
ПЕТРЕ ПИРУЗЕ, адвокат од Охрид;
КИРИЛ ПЕТРУШЕВ, работник од Скопје;
ИВАН ЈОРГОВ, свештеник од с. Дреново (Кавадарско);
ЕПАМИНОНДА ПОП-АНДОНОВ, професор од Струмица;
ГЕНАДИЕ ЛЕШКОВ, земљоделец од с. Дреново (Бродско);
ЌЕМАЛ АГОЛИ, студент од Дебар;
ЛАЗАР СОКОЛОВ, економист од Куманово;
ВЕРА АЦЕВА, домаќинка од Прилеп;
КАМБЕР ХАСАН, земљоделец од с. Д. Дисан (Неготинско);
АЦО ПЕТРОВСКИ, кројач од Скопје;
МЛАДЕН ГЕОРГИЕВ ЧЕЛОПЕЧКИ, земљоделец од с. Челопек (Кумановско);
ЉИЉАНА ЧАЛОВСКА, студент од Битола.


ЧЛЕНОВИ НА АСНОМ:

Тетово:
Тодор Ципоски, работник
инж. агр. Јордан Блажевски

Кичево:
Злате Кленовски, земљеделец
Д-р Владо Полежиновски, јурист

Галичник:
мајор Тихомир Милошевски командант на III-та македонска бригада
Јелисије Поповски, банкарски чиновник
Мино Минов, работник
Живко Брајковски

Гостивар:
Чедо Филиповски, работник
Александар Георгиев, градежен инженер
Видоје Смилевски, банкарски чиновник

Дебар:
Киро Стојанов, свештеник

Ресен:
подпоручник Наум Веслиевски, заменик командант на III-та бригада
Јонче Трпевски, работник
Георги Ивановски, учител
Илија Божиновски, чиновник

Битола:
др. Киро Миљовски, ветеринарен лекар
вазд. мајор Вангел Чукаловски командант на I-ва ударна бригада
капетан Коста Јашмаков, началник на штабот на III ударна бригада
Петар Манговски, адвокат
Васил Карангеловски, заменик командант на IV-та македонска бригада
Нафи Сулејман, земљоделец
Илија Илијевски, адвокат

Крушево:
Томо Кутурец, чиновник
Наум Наумовски, полком на II-та ударна бригада
Злате Билјановски, заменик политички комесар на III ударна бригада

Велес:
Бано Андреев Ронков, политички комесар на Главниот штаб на Македонија
Благој Х. Панзов, адвокат
Благоја Левков, адвокат
Мино Богданов, чиновник
Маца Карбева, домаќинка
Стоилко Иванов, учител

Неготино:
поручник Лазар Калајџиев
Најдо Стаменин, работник
Лазо Мојсов, студент права
Боро Чаушев, работник

Струмица:
Благоја Минков, работник
Борис Поцков, типографски работник

Радовиш:
Багоја Тошевски, чиновник

Штип:
Кирил Глигоров, адвокат
Исак Сион, чиновник
Димче Беловски, чиновник

Кочани:
Никола Вражиловски, канд. адвокат

Виница:
Киро Михајловски, политички комесар на IV-та македонска бригада

Берово:
Страхил Бајовски, учител

Скопие:
потполковник Панче Неделковски, заменик командант на Главниот штаб
Петар Богданов-Кочко, композитор
Милева Сабо, работничка
Ќемал Сејфула, занатчија
Асен Симитчиев, канд. адв(окат)
д-р Димитар Миовски, лекар
Тодор Стојанов Звездин, суд. п. пуковник
Душан Лукаров, работник
инж. агр. Славко поп-Антовски
Борис Атков, чиновник

Прешево:
Абдула Алија, работник

Охрид:
Лазар Гиновски, земљоделец
Кирил Чаулев, студент

Струга:
Владо Малески, студент
Васил Калајџоски, судија

Прилеп:
инж. арх. Кирил Георгиевски
Борко Темелков, работник
Димче Миревски, професор
Милан Стефанов, земљод(елец)
поручник Методи Поповски, командант на II-та бригада
Тодор Ношпал, трговец
Петар Михајлов, Тиквар, работник
Кирил Крстев, работник

Св. Николе:
Ванчо Бурзевски, чиновник
Лазар Кулишев, работник

Кавадарци:
Никола Минчев, банкарски чиновник
мајор Димче Туриманџовски, пом. началник на Главниот штаб на Македонија
Иван Радњански, земљеделец
Методи Џунов, земљеделец

Гевгелија:
Ристо Бајалцалиев, чиновник
Димитар Зафиров, журналист
пор. Иван Танев, аѓутант на Главниот штаб
Олга Петрушева, домаќинка
Јанко Шопов, техник
Атанас Бојков, командант на Струмичкиот одред
Никола Пеев, работник
Димитар Теменугов, политички комесар на Струмичкиот одред

Куманово:
Мара Нацева, работничка
Веселинка Малинска, чиновник
Гојчо Стефков, работник
Вазд. поручник Боро Равњански,
Борис Чушкаров, политички комесар на III-та ударна бригада
Стојан Тодоровски, чиновник

Кратово:
Др. Никола Мицев, ветеринарен лекар
поручник Боро Милевски, командант на IV-та бригада

Крива Паланка:
Трајко Цветанов, студент
Боро Арсов, адвокат

Петрич:
Атанас Атанасов, работник
Васил Василев, работник

Костур:
Димитри Манџовски, земјоделец
Васил Ивановски, работник

Кукуш:
Димитар Влахов, публицист
Македонско Национално Братство is offline  
Старо 12-08-12, 23:04   #7
Македонско Национално Братство
Градоначалник
 
Аватарот на Македонско Национално Братство
 
Регистриран: Jan 2008
Мислења: 880
Номинално

Манастирот Св. Прохор Пчињски во кој што е одржано Првото Заседание на АСНОМ, 02.08.1944 г.





Свечената сала во која е одржано Првото Заседание на АСНОМ, 02.08.1944 г.





Решение на Првото Заседание на АСНОМ, 02.08.1944 г.





Говорот на генералот Михајло Апостолски на Првото заседание на АСНОМ, 02.08.1944 г.





Поздравни телеграми испратени од Првото заседание на АСНОМ, 02.08.1944 г.





Решение за воведување на македонскиот јазик за службен јазик во македонската држава, 02.08.1944 г.





Декларација на АСНОМ за основните права на граѓанинот на Демократска Македонија, 02.08.1944 г.





Записник од првата седница на Президиумот на АСНОМ, 06.08.1944 г.





Записник од петтата седница на Президиумот на АСНОМ, 14.10.1944 г.





Решение за правописот на македонскиот јазик, 04.06.1945 г.





Печати, прогласи и Манифестот од АСНОМ

Македонско Национално Братство is offline  
Старо 12-08-12, 23:30   #8
Македонско Национално Братство
Градоначалник
 
Аватарот на Македонско Национално Братство
 
Регистриран: Jan 2008
Мислења: 880
Номинално

Двете песни испеани пред почетокот на Првото Заседание на АСНОМ, 02.08.1944 г.


ИЗГРЕJ ЗОРА НА СВОБОДАТА

Изгреј, зора на свободата,
Зора на вечната борба.
Изгреј в душите и срцата
на всички роби по света!

Тирани, чудо ште направим,
Ниј чуждо иго не трпим,
С јунашка крв ште ви удавим,
И пак ште се освободим!

Јунаци смели пак развиха
Окрвавени знамена,
Комити нови забродиха
Из македонската земја.

Тирани, чудо ште направим...

Ечат гори, полја, балкани
От бојни песни и Ура,
Сноват борците-великани:
Напред, готови за борба!

Тирани, чудо ште направим...

Нас ништо веч не ште уплаши,
И т'ј живеем ден за ден...
Свештени са горите наши,
Из тех свободни ште измрем!

Тирани, чудо ште направим...


ХЕЈ СЛОВЕНИ

Хеј Словени, јоште живи,
Реч наших дедова,
Док за народ, срце бије,
Њихових синова.

Живи, живи, дух словенски,
Живеће веков'ма,
Залуд прети, понор пакла,
Залуд ватра грома.

Нек' се сада и над нама,
Буром све разнесе,
Стена пуца, дуб се лама,
Земља нек' се тресе.

Ми стојимо, постојано,
Кано клисурине,
Проклет био, издајица,
Своје домовине!
Македонско Национално Братство is offline  
Старо 13-08-12, 07:26   #9
Македонско Национално Братство
Градоначалник
 
Аватарот на Македонско Национално Братство
 
Регистриран: Jan 2008
Мислења: 880
Номинално

Напишано од Јордан Цеков – Дане
29.07.2011 г.


На патот до АСНОМ

За Куманово и за слободарската Козјачија претставува особена чест во историјата што на кумановското подрачје, во пазувите на Козјак Планина, на 2 август 1944 година, во просториите на новиот конак на манастирот „Св. Прохор Пчински“ се одржа Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ). Како резултат на успешниот развој на народното востание во втората половина на 1943 година беа формирани три крупни жаришта на Народноослободителната борба во Македонија - славната Дебарца, Тиквешијата и кумановското подрачје, слободарската Козјачија.

На 2 август 1943 година беше формиран Кумановскиот партизански одред. Во текот на септември-ноември Одредот успеа целосно да ја уништи бугарската власт во селата на Козјак, Козјачијата и во селата на јужните падини на Руен. Како резултат на 20 акции и пет борби против бугарската власт и Вардарскиот четнички корпус беше создадена слободна територија од 300 квадратни километри. Оваа слободна територија се надоврзуваше на слободната територија на јужноморавските партизани источно од Врање.

Применувајќи ја правилно партизанската тактика, Кумановскиот партизански одред на 1 декември 1943 година прерасна во кумановски баталјон „Јордан Николов“, прва регуларна единица на македонската војска во Источна Македонија. Во координација и содејство со Вториот јужноморавски партизански одред и Косовскиот српско-црногорски баталјон, баталјонот „Јордан Николов“ успеа да создаде силно и неугасливо жариште на НОБ во Источна Македонија.

Во почетокот на февруари 1944 година баталјонот „Јордан Николов“ израсна во респектабилен воен фактор и броеше 200 храбри, искусни и добро вооружени борци. Еден дел од оружјето на баталјонот го снабди британска воена мисија на чело со капетанот Мостин Дејвис, капетанот Томас Френки и капетанот Дагмар. Тројцата капетани со двајца радиотелеграфисти, обезбедија со падобрани да бидат спуштени и други пратки во оружје, муниција и воена опрема. Брмчењето на британските авиони, што спуштаа воена помош и се враќаа во некоја авиобаза во Италија, беше голема радост за партизаните и селаните. Тоа брмчење на авионите влеваше страв на бугарските окупатори во Куманово и Скопје и беше осведочен доказ дека Велика Британија е сојузник на македонскиот народ и ефикасно го помага партизанското движење.

По кобниот 7 февруари 1944 година кога во борбата против бугарската полиција во селото Биљача загина славниот командант Христијан Тодоровски-Карпош, на 20 февруари во селото Бајловце, се формира вториот кумановски баталјон „Христијан Тодоровски-Карпош“. Два кумановски баталјона, три баталјони на Вториот јужноморавски партизански одред и Косовскиот српско-црногорски баталјон послужија како оперативна основа Главниот штаб на НОБ на Македонија, делегатот на Врховниот штаб на НОВ и ПОЈ на Југославија и на ЦК на КПЈ, да донесат историска одлука военото и политичкото раководство на НОБ на Македонија, во Февруарскиот поход на македонската војска, јужно од Кожуф Планина, Караџова-Меглене, да се премести на Козјак Планина.

При донесувањето на оваа стратегиска одлука единиците на главнината добија задача и тоа:

1. Првата македонско-косовска ударна бригада да изврши продор во централна Македонија Азот-Поречје и да го разгори народното востание.
2. Втората македонска ударна бригада да го разгори народното востание во Тиквешијата и Повардарието.
3. Групата баталјони „Стив Наумов“ и „Христо Ботев“ да ја мине реката Вардар, јужно од Гевгелија и преку Источна Македонија да стигне на Козјак Планина. По 24 деноноќија, марширајќи по планинските беспаќа, завеани со длабок снег, двата баталјони на 25 февруари стигнаа на Козјак Планина. На 25 февруари, во селото Кокино на Козјак Планина пристигнаа генерал Светозар Вукмановиќ Темпо, генерал Михајло Апостолски, Страхил Гигов, член на ЦК на КПМ и Методија Андонов-Ченто, претседател на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ и членови на Иницијативниот одбор д-р Владимир Полежиновски и други. На 26 февруари 1944 година, во селото Жегљане, беше формирана Третата македонска бригада, која набргу беше прогласена за ударна. Во состав на Бригадата влегоа баталјоните „Сив Наумов“, „Христијан Тодоровски Карпош“ и „Јордан Николов“.

На 29 февруари Третата македонска бригада, Вториот јужноморавски партизански одред (три баталјони), Косовскиот српско-црногорски баталјон и бугарскиот партизански баталјон „Христо Ботев“, во текот на шестчасовна жестока борба кај селото Сејаце на Руен Планина го уништија Вардарскиот четнички корпус, со околу 800 четници. Со уништувањето на корпусот беше создадена слободна територија во големина од 2.000 км2.

Самиот факт што на слободната територија Козјачијата, со военото и политичко раководство на НОБ на Македонија пристигна и Методија Андонов-Ченто со членовите на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ, покажува дека слободната територија во Козјачијата беше најпогодна за извршување на историската одлука донесена на Преспанското советување одржано на 2 август 1943 година. Со оваа одлука беше поставено да се формираат баталјони и бригади, редовни единици на македонската војска и да се пристапи кон подготовките за свикување на Првото заседание на АСНОМ.

Во текот на март и на април Иницијативниот одбор презеде конкретни мерки за свикување на Првото заседание на АСНОМ. Во првата половина на април Иницијативниот одбор престојуваше во селото Стајовце близу Трговиште заедно со Главниот штаб на Македонија и со делегатот на Врховниот штаб на НОВЈ и на ЦК на КПЈ. Со оглед на познатиот факт дека Иницијативниот одбор и ЦК на КПМ ја координираше сета работа за свикување на Првото заседание на АСНОМ, на 14 март беше испратено циркуларно писмо до пет обласни комитети, преку народноослободителни одбори да извршат избор на делегати за АСНОМ. Народноослободителни одбори беа задолжени да извршат избор на делегати според предвидениот број, за секоја изборна единица. Притоа, во писмото се нагласува дека делегати можат да бидат луѓе што цврсто стојат на линијата на Народноослободителната борба и кои целосно го прифаќаат Манифестот на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија.

Престојувајќи во селото Стајовце, Иницијативниот одбор во состав: Методија Андонов-Ченто, Емануел Чучков-Мане и Киро Петрушев донесе одлука преку слободната територија во Јабланица, западно од Лесковац, со авион да отпатуваат за Бари, а потоа со брод да се префрлат на островот Вис, каде што требаше да го извести Јосип Броз Тито и Националниот комитет на Југославија за својата досегашна работа и да изврши консултации за натамошната работа на Иницијативниот одбор. Заедно со делегацијата за островот Вис отпатува и Светозар Вукмановиќ-Темпо, да поднесе извештај за својата партиска работа во Македонија.

На 25 април почна Пролетната офанзива на Петтата бугарска армија со седиште во Скопје против нашите единици во североисточна Македонија и во југоисточна Србија. Во текот на 54-деноноќија, водејќи 32 борби од Кратово до Црна Трава на север и во историскиот марш-маневар на југ за Македонија, нашите баталјони „Христијан Тодоровски-Карпош“, „Јордан Николов“, еден јужноморавски баталјон и Косовскиот српско-црногорски баталјон во составот на „Осоговска група“, под команда на генерал Михајло Апостолски водеа жестоки борби против бугарските баталјони и полкови кај Знеполе, во југозападна Бугарија, на Дукат, Герман, Осогово, Плачковица, Огражден и Беласица до Круша Планина, североисточно од Кукуш во Егејска Македонија и назад на север за Козјачки масив и Петрова Гора, источно од Врање.

На 19 јуни нашите единици ја завршија Пролетната офанзива победоносно и во својата корист, ја зачуваа својата борбена сила. Бугарските баталјони и полкови доживеаја целосен воен и политички неуспех и се вратија во своите гарнизони. Командантот на Петтата бугарска армија поднесе оставка.

По успешно завршената Пролетна офанзива беа создадени сите поволни услови да се свика и да се одржи Првото заседание на АСНОМ. На 22 јули на Козјак Планина се врати делегацијата на Иницијативниот одбор на АСНОМ. Со делегацијата се врати и Светозар Вукмановиќ-Темпо. Избраните делегати, со полномоштва, преку Куманово пристигнуваа во селата на слободната територија во Козјачијата. Користејќи редовни врски, во втората половина на април, преку Куманово, на слободната територија пристигнаа делегатите Киро Глигоров, Лазар Соколов, д-р Димитар Миовски, д-р Кирил Миљовски и други. Во средината на јули, на слободната територија во Козјачијата, пристигна Панко Брашнаров, илинденец и учител од Велес. Оваа значајна задача успешно ја извршија Окружниот комитет на КПМ - Куманово, градскиот народноослободителен одбор и познатите партизански курири Милутин Ѓуровски-Уте, Тоде Саздовски-Мали, Војо Давитковски и Киро Никуљски.

Прифаќањето на делегатите во Куманово и нивното испраќање на слободната територија во Козјак Планина и во Козјачијата, во придружба на партизанските курири, функционираа беспрекорно. Познато е дека ниту еден делегат не падна во рацете на бугарската полиција, иако со поставувањето заседи во текот на ноќта, таа будно ги контролираше сите пристапи источно и јужно од Куманово. До крајот на јули на Козјак Планина пристигнаа и делегатите од југоисточна и од југозападна Македонија, од Прилеп и од Битола. Заедно со делегатите пристигна и Четвртата македонска ударна бригада, со задача да учествува во обезбедувањето на Првото заседание на АСНОМ.

Во сите дадени услови и околности, манастирот „Св. Прохор Пчински“ со древните и новоизградените конаци нудеше најпогодни простории и сместувачки можности за одржување на Првото заседание на АСНОМ, а самата поставеност на манастирот во котлина, оградена со Руен Планина на запад и со Козјак Планина на исток, даваше многу погодни и поволни услови за обезбедување на околните височини и главните патни планински правци.

На 30 јули утрото, Третиот баталјон на Третата македонска ударна бригада доби задача да се постави во селото Пелинце со задача да го затвори правецот Пелинце-клисура-манастирот „Св. Прохор Пчински“. За да ја изврши оваа задача баталјонот беше задолжен да испрати зајакнати патроли во насока на селото Акгуња, од каде што се очекуваше да се појави бугарската војска, обезбедувајќи се притоа со зајакнати патроли во насока на селата Карловце и Жегљане, од каде што, исто така, се очекуваа појака бугарска војска и полиција.

На позиција кај селото Пелинце, Третиот баталјон остана речиси до пладне на 2 август. За ова време непријателот не се појави. Кога се зборува дали членовите на штабот на баталјонот знаеја за одржување на Првото заседание на АСНОМ, треба да се подвлече дека не им беше кажано каков историски настан претстои во манастирот. Одржувањето на Првото заседание на АСНОМ беше држано во голема тајност и за тоа знаеја само најодговорните раководители.

На 2 август, некаде околу пладне, штабот на баталјонот доби задача да го напушти селото Пелинце и да се врати во манастирот. Кога Третиот баталјон пристигна во манастирскиот двор и ливадите околу него, дворот на манастирот и ливадите беа исполнети со младинците од блиските села, кои дојдоа да присуствуваат на манастирската слава „Свети Илија“.

Главниот штаб на МОВ и ПО на Македонија и Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ, свесно и на височината на историската задача, вложија големи организаторски усилби самиот тек на одржувањето на Првото заседание на АСНОМ да биде добро обезбеден од сите можни непријателски изненадувања и напади. За непосредно обезбедување на Првото заседание на АСНОМ Главниот штаб на Македонија располагаше со силите на Третата македонска ударна бригада, Четвртата македонска ударна бригада, Осмата јужноморавска ударна бригада и Косовскиот српско-црногорски баталјон. Сите штабови добија конкретна борбена задача во случај бугарската војска да го нападне манастирот.

Пространата сала на историскиот манастир „Св. Прохор Пчински“ свечено беше украсена со македонски и југословенски знамиња, слика на Рузвелт, Черчил, Сталин, Тито и Гоце Делчев и паролите:

- Да живее слободна Македонија во нова Демократска Федеративна Југославија;
- Да живее Антифашистичкото собрание на Народното ослободување на Македонија;
- Да живеат нашите големи сојузници Англија, Советскиот Сојуз и Америка;
- Да живее врховниот командант маршалот Тито;
- Да живее младата и славна Народноослободителна војска на Македонија;
- Слава на Гоце Делчев - првоборец на македонската народноослободителна борба;
- Да живее Илинден и неговата славна Крушевска Народна Република;
- Вечна слава на паднатите херои за слободата на Македонија“.

Салата е полна со народните претставници и народ од околијата. Голем број од народот останува надвор од просторните чардаци на манастирот, збиени еден до друг. Од една и од друга страна на бината построена е почесна чета на Народноослободителната војска на Македонија. Сите се возбудени.

Во 5 часот попладне влегуваат делегатот на Врховниот штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Југославија, генерал-мајорот Светозар Вукмановиќ-Темпо, делегатот на Главниот штаб на Србија Живоин Николиќ-Брка, американската и англиската воена мисија. Почесната чета оддава почит на народните претставници и народот срдечно ги поздравува. По нив влегува Методија Андонов Ченто и членови на Иницијативниот одбор. Откако стивнаа овациите во салата одекна химната – „Изгреј зоро на слободата“.

Точно во 5.15 часот попладне, при полна тишина, најстариот по годините член на Иницијативниот одбор Панко Брашнаров, учител од Велес со тивок и растреперен глас, го отвори Заседанието со следните зборови:

„Другари и другарки народни претставители

Во овој момент, во ова историско место ’Св. Прохор Пчински‘ и на овој историски ден Илинден, кога објаснувам дека е отворено Првото антифашистичко собрание на Народното ослободување на Македонија, душата ми е преполна со радост и пред премежните очи гледам како се раздвижиле сите реки од Пчиња и Вардар до Места и Бистрица, заплускујат е целата македонска земја, сакајќи да го измијат од македонскиот народ десетвековниот ропски јарем од пропаста на Самоиловата држава за да се роди денеска нова, светла и слободна македонска држава.

Во овој момент, земјата на нашите покојници - многубројните родни херои, паднали и посејали коските си по цела Македонија, им стануе полесно и они во мир веќе го гледаат изгревот на нашата слобода гледаат идеална дружба на старите илинденци на Гоце Делчев и денешните Илинденци - младата македонска војска и поставените темели за остварениот идеал на две поколенија, на две епохи слободна, обединета Македонија.

Другари народни претставители, жив сум свидетел на два илиндена 1903 и 1944 година. Во моите спомени се нижат безброј моменти на илинденската епопеја и Крушовската Република. Бескрајни беа напорите на вооружениот македонски народ, огромна беше желбата за слобода, борбата го дари за слободна Крушовска Република. Но, разјарениот башибозук и турската регуларна војска се нафрлија и го затрупаја оазосот на слободна Македонија. - Крушовската Република, го потушија востанието и го стегнаја искрвавениот македонски народ во ново ропство.

Животворниот извор на слободатга не секна. Македонија ја разделија, ропствата се менија, но борбата на македонскиот народ не престана. Кога сите поробени народи на Југославија се дигнаја против денешниот непријател на целото човештво, и македонскиот народ се нареди во таа борба. Тој во неа виде возможност да ја помогне борбата на сите поробени народи и целото ослободољубиво човечанство и да го оствари својот вековен национален идеал.

И ете, како резултат на тригодишна крвава борба, македонскиот народ ја врза својата судбина со судбината на сите југословенски народи помогна со крв и борба да се дојде до нова братска демократска и федеративна Југославија. Денес е вториот славен Илинден. Последен Илинден на неослободена Македонија, се стават темелите на македонската држава, во која да се обедини и заживее нашиот народ онаков среќен живот, каков го заслужува по своите претрпени ропски маки и петвековни борби.

Да е жива нашата мила македонска федерална држава!

Да е жива Федеративна Демократска Југославија, заеднички покрив на братските југословенски народи“.

По речта на Панко Брашнаров се читаат поздравни телеграми испратени од Првото заседание на АСНОМ. До Првото собрание на АСНОМ поздравна телеграма испрати и Јосип Броз Тито, претседател на Националниот комитет за ослободување на Југославија.

По читањето на телеграмите претседавачот Панко Брашнаров го поздравува делегатот на Врховниот штаб генерал Светозар Вукмановиќ Темпо, делегатот на Главниот штаб на НОВ и ИО на Србија Живоин Николиќ-Брка, а и мајор Дикинсон и мајор Сричка, делегати на англиската и американската воена мисија.

Светозар Вукмановиќ Темпо беше бурно поздравуван и често прекинуван во говорот. „Онака ударнички како што ја создадовте својата војска, создавајте ја и својата национална држава“, рече Темпо. Од името на американската и англиската воена мисија, со кратка реч, отпоздрави мојорот Сричка: „Големите и херојските борби во Југославија под водството на Маршал Тито, познати се на англискиот и американскиот народ. Исто така, познато е оти македонскиот народ под водството на Главниот штаб на чело со генерал Апостолски зазема важно место во овие борби“.

По поздравот од мајорот Сричка, од името на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија, Собранието го поздрави генерал-мајор Михајло Апостолски.

Откако поздравните говори беа одржани претседавачот Панко Брашнаров објави дека се минува на втората точка од дневниот ред: Избор на работното Претседателство на Првото заседание на АСНОМ. За Претседателството беа предложени следните лица:

За претседател на Претседателството Методија Андонов-Ченто, трговец од Прилеп, прв потпретседател Панко Брашнаров, учител од Велес, втор потпретседател Емануел Чучков-Мане, директор на гимназија од Штип, прв секретар Киро Глигоров, адвокат од Штип, втор секретар Веселинка Малинска, чиновник од Куманово; членови генерал-мајор Михајло Апостолски, командант на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија, Бане Андреев-Ронката, политички комесар на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија, Киро Петрушев, типографски работник од Скопје, Тодор Ѕвездин, потполковник на бившата југословенска војска и Тихомир Милошевски мајор, командант на Третата македонска ударна бригада.

Предложената листа беше усвоена со акламација.

По изборот на верификациска комисија претседавачот Панко Брашнаров објави дека свечениот дел на Првото заседание на АСНОМ заврши и со работа ќе продолжи по завршена вечера. Свечената сала одекнува со химната „Хеј Словени“. Сите се на нозе и целата сала пее заедно со хорот.

По завршената вечера Претседателството на АСНОМ продолжи со работа. Салата се исполни со делегати и публика. На бината се појавија и ги заземаа своите места членовите наработниот Президиум. Првото заседание на АСНОМ беше отворено и раководено од претседателот на Президиумот Методија Андонов Ченто.

Првото заседание на АСНОМ делегатите усвои девет државотворни решенија:

1. Решение на Антифашистичкото собрание на Народното ослободување на Македонија, како врховно законодателно и исполнително народно претставително тело и највисок орган на државната власт во демократска Македонија;
2. Декларација на АСНОМ за основните права на граѓаните на демократска Македонија;
3. Решение на Антифашистичкото собрание на Народното ослободување на Македонија за заведување на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава;
4. Правилник за работа на Антифашистичкото собрание на Народното ослободување на Македонија;
5. Решение на АСНОМ за образување на законодавната комисија при Президиумот на АСНОМ;
6. Решение на АСНОМ за образување на Државна комисија за утврдување на престаплението на окупаторите и нивните помагачи;
7. Решение на АСНОМ за одобрение решенијата, заповедите и задолженијата, земени од Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија и Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ;
8. Решение на АСНОМ за одавање признание и благодарност на Народно ослободителната војска и
9. Решение на Првото заседание на АСНОМ за избор на Президиумот на АСНОМ.

Првото заседание на АСНОМ донесе и два историски документи и тоа:

- Манифест на Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ, народностите во Македонија и до македонската емиграција;
- Проглас на Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ дека се удрени темелите на македонската федерална држава во нова Демократска и Федеративна Југославија.

Со усвојувањето на девет државотворни решенија и двата државотворни документи, делегатите на Првото заседание на АСНОМ ја конституираа македонската држава Федерална Република Македонија, во рамките на Демократска Федеративна Југославија.

Самиот факт што Првото заседание на АСНОМ беше одржано непречено и без какви било вознемирувања недвосмислено говори дека сите подготовки биле успешни и добро извршени.

На 2 август 1944 година се оствари визијата на Димо Хаџи Димов, еден од првите соработници на македонскиот великан Гоце Делчев „Народ кој даде еден Илинден ќе даде и втор“.

Во конаците на „Св. Прохор Пчински“ Президиумот на АСНОМ престојуваше до 10 септември, потоа го напушти манастирот. Движејќи се на југ кај селото Довезенци ја минува Крива Река. На 14 септември попладне, Президиумот на АСНОМ, заедно со 11. Македонска бригада влегува во ослободено Свети Николе. Во градот се задржува три дена. На 16 септември беше одржан митинг. На митингот говори одржаа Методија Андонов Ченто, генерал Михајло Апостолски и Бане Андреев.

По тридневен престој во градот Президиумот на АСНОМ, заедно со 11. Македонска бригада (без еден баталјон) вечерта на 17 ноември ја минува реката Вардар кај селото Новочани, северно од Велес и на 18 септември, преку селото Баљица, се упатува за Горно Врановци.

Во селото Горно Врановци, каде беше седиштето на военото и политичкото раководство на НОБ на Македонија, Президиумот на АСНОМ беше и на 13 ноември, кога беше ослободено Скопје, главниот град на Федерална Република Македонија.

На 17 ноември 1944 година Президиумот на АСНОМ, срдечно пречекан од многубројните ослободољубиви граѓани на Скопје, свечено пристигна во ослободено Скопје и ја продолжува својата државотворна работа.
Македонско Национално Братство is offline  
Затворено

Алатки за тема
Мод за приказ

Правила на пишување
You may not post new threads
You may not post replies
МОЖЕШ да поставуваш приврзоци
You may not edit your posts

BB code е вклучен
Емот-иконите се исклучен
[IMG] кодот е вклучен
HTML кодот е исклучен



Часовите се според зоната GMT +2. Времето сега е 02:38.


E-MailRSS FeedFacebookTwitterYouTube





МРТ 1МРТ 2МРТ Собраниски каналМРТ Сат 1МРТ Сат 2


































Форумот е лиценциран софтвер на vBulletin
Copyright ©2000 - 2014, Jelsoft Enterprises Ltd.