PDA

Види ја целата верзија : ПАРТИЗАНСКИ песни во функција на политиката

lofdzijata
15-06-13, 11:46
BAO3-h0qtps

marsovec
15-06-13, 13:13
BAO3-h0qtps

:aplauz::aplauz::aplauz:Покрај Ла бела чао и оваа...и Ел команданте ...море и онаа По шумама и горама...Такви времиња се ближат...:)

ubermensch
15-06-13, 13:51
Што е работата со комуњарскиве песни се обидувате да одвратите народ ? или ?

marsovec
15-06-13, 14:00
Што е работата со комуњарскиве песни се обидувате да одвратите народ ? или ?

Ne breeee, Taksim ke go uvezuvame...:D

Ченто
15-06-13, 14:14
Што е работата со комуњарскиве песни се обидувате да одвратите народ ? или ?
Комуњарски???
Ај дефинирај КОМУЊАРСКИ песни ако не ти е тешко!

N.C.D.
15-06-13, 14:18
..da,definiraj ??

ubermensch
15-06-13, 15:24
Комуњарски???
Ај дефинирај КОМУЊАРСКИ песни ако не ти е тешко!

Нагалено од комунистички :D :D

Ченто
15-06-13, 15:33
Нагалено од комунистички :D :D
Тогаш КОМУНИСТИЧКИ песни дефинирај!

lofdzijata
15-06-13, 15:34
da ne bea komunistite u Italja u toa vreme, sea , imeto kje ti beshe Benito

N.C.D.
15-06-13, 15:34
..jas se otkazuvam od baranjeto za obrazlozhenie.....

ubermensch
15-06-13, 15:36
Со српот и чеканот ... па и петокраката :) Мене ми сметаат комунистите степен помалце од фашистите...

C-4
15-06-13, 15:39
На грбот на Италија и денес има петокрака, а на знакот на армијата на Австрија има срп и чекан.

Django
15-06-13, 15:41
А на знамето на УСА пун qрац петокраки

Ченто
15-06-13, 15:41
Со српот и чеканот ... па и петокраката :) Мене ми сметаат комунистите степен помалце од фашистите...
Срп и чекан има на видео-клипот... Ти ЗА ПЕСНИТЕ се побуни...
Сериозно те прашувам... Што виде комуњарско во тие песни, кога поимот ’комунизам’ воопшто не се спомнува... Песните се за БОРБА ПРОТИВ ФАШИЗМОТ...
Што е тоа што ти пречи во таквите песни?

Што е работата со комуњарскиве песни се обидувате да одвратите народ ? или ?

batadjango
15-06-13, 16:32
Антикомуњарииииииииии!
(испуњавам услов за фаца на прозор у Центар?)

ubermensch
15-06-13, 17:59
Срп и чекан има на видео-клипот... Ти ЗА ПЕСНИТЕ се побуни...
Сериозно те прашувам... Што виде комуњарско во тие песни, кога поимот ’комунизам’ воопшто не се спомнува... Песните се за БОРБА ПРОТИВ ФАШИЗМОТ...
Што е тоа што ти пречи во таквите песни?

Не се случајно такви клиповите ;) Црвено знаме сигурно не пее за Турција ,а ел виво комунизмо ќе да е тоа тоа ?

@Ц-4 И кај нас имаше до пред малце шо да праиме ...

Ченто
15-06-13, 18:08
Не се случајно такви клиповите ;)
Па не се... Комунистичкото движење во многу држави беше носител на борбата против фашизмот... Исто беше и кај нас... Песните не се за оние комунисти ПОСЛЕ ВОЈНАТА (период кога комунизмот се карактеризира со многу негативности), туку токму за она време (2-рата св. војна) кога светот се здружи во еден заеднички отпор против фашизмот...
Да ја земам за пример песната Бела Чао... Таа нема врска со комунизам и е песна на италијанските партизани кои што од 1943 до 1945 година се вклучиле во движењето против фашизмот...
Зошто ти пречи таквите песни?

п.с. Не мора во секој твој одговор на моиве прашања да ставаш смајлиња... Муабетов не е никаква заебанција!

C-4
15-06-13, 18:12
Имено, Италија и Австрија очигледно не се срамат од позитивната улога на комунистите во борбата со фашистите, иако нивната држава не била создадена од комунисти. Првата модерна македонска држава ја создадоа антифашисти, предводени од комунистите и комунистичката партија и тоа ниедно ретуширање на историјата не може да го промени.

king
15-06-13, 18:21
Па не се... Комунистичкото движење во многу држави беше носител на борбата против фашизмот... Исто беше и кај нас... Песните не се за оние комунисти ПОСЛЕ ВОЈНАТА (период кога комунизмот се карактеризира со многу негативности), туку токму за она време (2-рата св. војна) кога светот се здружи во еден заеднички отпор против фашизмот...
Да ја земам за пример песната Бела Чао... Таа нема врска со комунизам и е песна на италијанските партизани кои што од 1943 до 1945 година се вклучиле во движењето против фашизмот...
Зошто ти пречи таквите песни?

п.с. Не мора во секој твој одговор на моиве прашања да ставаш смајлиња... Муабетов не е никаква заебанција!

По таа логика ...па ич не одговараат за денешниве комуњари ... на кои повоените комунисти ни вода не се да им носат....;)

C-4
15-06-13, 18:30
Тие повоените што комуњарите од ДПМНЕ ги исфрлија од просториите?

ubermensch
15-06-13, 18:55
Тоа движење е негативно, било позитивно во борбата против фашизмот океј... Но и самите фашистички движења кога се појавиле и во Италија и во Германија ја извадиле државата од кал и на некој начин биле позитивни тоа време луѓето си ги сакале, па ќе кажам НА ПОЧЕТОК... Така да ....

На пример јас кога ќе видам дека некои протести се организираат против што и да е и дека луѓето со петокраката и со вакви песни најавуваат протест си викам ебете си мајката не ви доаѓам... иако можеби се значајни.

C-4
15-06-13, 19:08
With all due respect Uber, ама аргументацијава у случајов малку ти подзаличуе на онаа на Саше Политико.

Ченто
15-06-13, 19:52

Убер, три прашања за тебе (се извинувам за третото прашање, ама мислам дека е многу битно за нашиов муабет)...

1. Дали ти отпорот на италијанските партизани од 1943 до 1945 година против фашизмот го сметаш за позитивно или за негативно движење?
2. Дали борбата на македонските комунисти во НОБ за ослободување на Македонија од окупаторот го сметаш за позитивен или за негативен процес?
3. Дали Бугарите биле ОКУПАТОРИ во Македонија во периодот од 1941 до 1943 година (44-та со причина ја изоставувам)?

Il Presidente
15-06-13, 19:55
1. pozitivno
2. pozitivno
3. okupatori celo vreme

ubermensch
15-06-13, 20:35
With all due respect Uber, ама аргументацијава у случајов малку ти подзаличуе на онаа на Саше Политико.

Тоа се поентите нормално е дека ќе подзаличуваат...

@ Ченто

Играле позитивна да, против фашизмот ама истиот фашизам/нацизам играл позитивна улога во соодветните држави своевремено, истото е и со овие движења затоа јас не ги сакам(песниве и симболиве) и за мене ќе останат симбол за нешто не-позитивно... За Бугарите е малце комплсно ама биле окупатори да.

Зарија
15-06-13, 20:38
Играле позитивна да против фашизмот ама истиот фашизам/нацизам играл позитивна улога во соодветните држави своевремено, истото е и со овие движења затоа јас не ги сакам и за мене ќе останат симбол за нешто нетака позитивно...
Не го разбирам болдираново... ако може малце да го образложиш.

---
Бела чао на Таксим :D

QZfu_qagC7c

C-4
15-06-13, 20:40
Тоа се поентите нормално е дека ќе подзаличуваат...

@ Ченто

Играле позитивна да, против фашизмот ама истиот фашизам/нацизам играл позитивна улога во соодветните држави своевремено, истото е и со овие движења затоа јас не ги сакам(песниве и симболиве) и за мене ќе останат симбол за нешто не-позитивно... За Бугарите е малце комплсно ама биле окупатори да.

А бе ај не зае*аај!

marsovec
15-06-13, 20:41
Па како не...нели она со логорите, ликвидациите на слободоумните, ХОЛОКАУСТОТ, популизмот и насилието...сето тоа белки смета дека било позитивно???
Додуша, гледам дека дупенковците , тука, тоа би го подржале...овде де, нели како и хуѕлиганите пред центар, па убиства и тепање по плоштади...ПОЗИТИВНОООООО....оф...оф ....ОФ МОРИ МАЈКО...САКАМ СЛОБОДАААА!

ubermensch
15-06-13, 20:47
Италија и Германија биле пред распад пред да стапи на сцена фашизмот тој ги дигнал на нозе...економија пуцала поготово за Германија е ова карактеристично. Марсо не зборувам за тоа си зборам за позитивните страни коишто биле на почетокот кога стапиле на сцена овие движења ,а инаку и јас сакам слобода затоа несакам комунизам :)

Зарија
15-06-13, 20:50
Ама како дошло до тоа? Преку запленување на богатството на другите народи, а не на нормален начин.

marsovec
15-06-13, 20:52
Италија и Германија биле пред распад пред да стапи на сцена фашизмот тој ги дигнал на нозе...економија пуцала поготово за Германија е ова карактеристично. Марсо не зборувам за тоа си зборам за позитивните страни коишто биле на почетокот кога стапиле на сцена овие движења ,а инаку и јас сакам слобода затоа несакам комунизам :)

А што е ТОА комунизам???,,,некое државно уредување???Или така го нарекуваа некои диктатори:::ТОА се две различни работи, кои некој ги подразбира како едно...Нешто како Библијата...нели христијанство а секоја црква си ја толкува како што и одговара...
Комунизмот треба да се сфати како ослободување на трудот и рамноправност на единките...не белки капитализмот, па и либералниов, го ослободи човекот???

Ченто
15-06-13, 20:52
Вацлав Хавел: ‘Само антикомунистите се полоши од комунистите’!

marsovec
15-06-13, 20:57
Антикорпоративните и движења и протести, низ целиот свет...што значат???Подршка на глобализацијата???
Ианку она за антикомунистите е сосема точно...а и САМО комунистите се решение за фашистите...

ubermensch
15-06-13, 21:03
Прва работа да се задржиме на реалноста и да не летаме со паметот , комунизмот како што е пропишан е нереален, а реалноста што ја претставува е гнасна и полна со гулази.

Втора работа арно што кажал Хавел така ама јас не се гледам себеси како антикомунист повеке како либерал или либертаријанец што само по себе ми ги прави фашистичките и комунистичките движења негативни па сеа ти како сакаш.

lofdzijata
15-06-13, 22:08
8mCwn_ZVjNo

sho pesna e ova, m?

C-4
15-06-13, 22:14
Асли комуњарска, „проклети фашисти“ се спомнуваат.

novace
15-06-13, 22:19
Па како не...нели она со логорите, ликвидациите на слободоумните, ХОЛОКАУСТОТ, популизмот и насилието...сето тоа белки смета дека било позитивно???
Додуша, гледам дека дупенковците , тука, тоа би го подржале...овде де, нели како и хуѕлиганите пред центар, па убиства и тепање по плоштади...ПОЗИТИВНОООООО....оф...оф ....ОФ МОРИ МАЈКО...САКАМ СЛОБОДАААА!

Абе Матракчи (шаш`рдисан сезнајко)...де кажи ни ШТО БИЛ:

ГОЛИ ОТОК после 1946 година!?.

- Логор
- за Ликвидација на слободоумните
- Холокауст комунистички
- Популизам комунистички
- Насилие врз СИТЕ слободни граѓани и селани
:zbunet:

lofdzijata
15-06-13, 22:48
CvHClQn0VuU

sho pesna e ova?

Django
15-06-13, 22:55
Абе Матракчи (шаш`рдисан сезнајко)...де кажи ни ШТО БИЛ:

ГОЛИ ОТОК после 1946 година!?.

- Логор
- за Ликвидација на слободоумните
- Холокауст комунистички
- Популизам комунистички
- Насилие врз СИТЕ слободни граѓани и селани
:zbunet:

Сега само ме занима ЕДЕН вмровец да ми посочиш, кој бил на Голи Оток. Заради вмро. И да сјебеме дискусија.

N.C.D.
15-06-13, 22:56
...zaradi vmro nema ni eden..imalo za kradenje tepisi,kradenje zejtin..kradenje drva,ama za vmro nemalo ni eden....

C-4
15-06-13, 23:03
Од Македонија главно сталинисти биле на Голи Оток, да не се лажеме сеа.

чучулига
15-06-13, 23:15
Од Македонија главно сталинисти биле на Голи Оток, да не се лажеме сеа.

Ne.

Imalo i poinakvi. Na pr. striko mi. Zaklal choek i zavrshil na Goli Otok. e ne e deka zavrshil.... izbegal, i vo Tuzla go nashle/se predal.

чучулига
15-06-13, 23:19
Muabetot mi e deka lupate gluposti na kvadrat,

Ova za striko mi e fakt, ama jas ne ni znam koj toj zaklal zoshto go zaklal...

C-4
15-06-13, 23:29
А како единечен случај - стрико ти - докажува дека јас „лупам глупости на квадрат“ кога велам дека главно сталинисти од Македонија завршувале на Голи Оток?!

чучулига
15-06-13, 23:36
Muabetot mi e deka ako bil striko mi, sigurno drugi bile osuduvani za slichni dejanija... ovde si davam za sloboda da interpreteriam (oti i toa za striko mi ne e najjasno, nikoj ne zboruva za toa) pa ima prostor za pedofili, i sl.....

Ova se' jas prepostavuvam vrz sluchaj za koj nikoj ne zboruva.

Тосе
15-06-13, 23:38
Претпоставките се мајка на сите грешки. Особено кога врз единечен случај изведуваш правило/законитост.

N.C.D.
15-06-13, 23:39
..ah Orce.Orce...ah....

чучулига
15-06-13, 23:41
@ C-4

Pa i shti se' razbirate lichno?

Jas dadaov lichen primer, a Vie? Deka Goliot Ostrov ne bil samo politichki mi beshe poentata....

Osven ako kriminalot ne bil so politichka zadnina, a jas sega za sega se trudam da razberam... I ne e lesno!!!

чучулига
15-06-13, 23:45
Претпоставките се мајка на сите грешки. Особено кога врз единечен случај изведуваш правило/законитост.

A imate poinakvi iskustva za da iskluchime pretpostavki?

татататира
15-06-13, 23:48
Абе Матракчи (шаш`рдисан сезнајко)...де кажи ни ШТО БИЛ:

ГОЛИ ОТОК после 1946 година!?.

- Логор
- за Ликвидација на слободоумните
- Холокауст комунистички
- Популизам комунистички
- Насилие врз СИТЕ слободни граѓани и селани
:zbunet:

Стварно Новаце, де леба ти дообјасни ова за Голи Оток.

Она што мене ми е познато е дека на Голи Оток комунистите кои навивале за Тито ги праќале поголемите комунисти (оние на кои комунизмот на Тито не им бил доволен, туку барале комунизам на Сталин).

Какви црни слободоумни!? Каков популизам!? Какви слободни граѓани и селани!? Што се мене тиче, можеле сите до еден да се испотепаат меѓусебно таму.

Пак си ги помешал таблетите, Новаце. Или си заборавил да ни спомнеш дека длабоко во душата си Стаљинист :) Кое е од овие две? :)

C-4
15-06-13, 23:52
Чучулига воопшто не те сфатив лично, само ти посочив, има многу луѓе кои биле таму, има сведоштва, има и јавно објавени бројки. За криминал или неполитички мотивирани убиства имало помалку луѓе, и тие живееле во далеку подобри услови. Спорни се политичките затвореници, од кои, Македонците во најголем број биле сталинисти.

татататира
15-06-13, 23:56
Убер, три прашања за тебе (се извинувам за третото прашање, ама мислам дека е многу битно за нашиов муабет)...

1. Дали ти отпорот на италијанските партизани од 1943 до 1945 година против фашизмот го сметаш за позитивно или за негативно движење?
2. Дали борбата на македонските комунисти во НОБ за ослободување на Македонија од окупаторот го сметаш за позитивен или за негативен процес?
3. Дали Бугарите биле ОКУПАТОРИ во Македонија во периодот од 1941 до 1943 година (44-та со причина ја изоставувам)?

Ченто (и екипа),

Постов е избран случајно за реплика.

Она што од некоја причина не можете да го прифатите е дека постојат луѓе кои едноставно не ги сакаат комунистите и сето тоа што тие го носат: вредностите, идеите, начинот на практикување на власта. И тука не зборувам за ликови како Новаце и Трендафил, кои пробале да направат нешто во СКМ, ама им било објаснето дека не ги бива. Зборувам за луѓе кои ИСКРЕНО се гнасат од таа празна идеологија. Од утопистичкиот поглед на светот, кој однапред е осуден на неуспех.

Зошто? Поради тоа што длабоко во човечката психа е да не прифати сите да се еднакви. Луѓето (најголем број од нив) се водат од својата благосостојба. Е сега, едни до неа доаѓаат со труд, а другите се ушалтуваат во политика. Она што ми е лицемерно во комунистичкиот/социјалистичкиот принцип на работа е тоа што оние на врвот зборуваат за еднаквост на сите, а во суштина се елита. Водно и Дедиње (како поблиски до нас) се жив пример за тоа.

Ќе повторам: од некоја причина ти е далечно да веруваш дека има луѓе кои кога ќе кажат дека комунизмот и социјализмот се зло, искрено го мислат тоа.

чучулига
16-06-13, 00:00
Чучулига воопшто не те сфатив лично, само ти посочив, има многу луѓе кои биле таму, има сведоштва, има и јавно објавени бројки. За криминал или неполитички мотивирани убиства имало помалку луѓе, и тие живееле во далеку подобри услови. Спорни се политичките затвореници, од кои, Македонците во најголем број биле сталинисти.

Da,

Kako shto ima i svedoshtva za toa kolkavi bile tie oddeli... I was not there, I have not seen it.

I ako umri striko mi denovive sho praime?

C-4
16-06-13, 00:05
@ татататира
Фактичката нееднаквост меѓу луѓето е признаена од Карл Маркс и од повеќето значајни левоориентирани мислители. Маркс дава и мноштво примери за тоа. Муабетот е како да се постави општество кое ќе ја отсликува таа нееднаквост (во физичките квалитети, умот, способностите, склоностите) без да дискриминира и да третира некои луѓе како нижа раса/класа, нешто пониско од другите.
Начинот на којшто комунистите во Источна Европа и другаде ја практицирале власта, секако, направил на мноштво луѓе да им се згади од самата идеја и од сите нејзини асоцијации, ама тука воопшто не дискутираме за тоа, имено, во тоа беше грешката на репликата на Убер.

@cuculiga
Извини, не те разбрав најдобро за последново.

чучулига
16-06-13, 00:12
Ченто (и екипа),

Постов е избран случајно за реплика.

Она што од некоја причина не можете да го прифатите е дека постојат луѓе кои едноставно не ги сакаат комунистите и сето тоа што тие го носат: вредностите, идеите, начинот на практикување на власта. И тука не зборувам за ликови како Новаце и Трендафил, кои пробале да направат нешто во СКМ, ама им било објаснето дека не ги бива. Зборувам за луѓе кои ИСКРЕНО се гнасат од таа празна идеологија. Од утопистичкиот поглед на светот, кој однапред е осуден на неуспех.

Зошто? Поради тоа што длабоко во човечката психа е да не прифати сите да се еднакви. Луѓето (најголем број од нив) се водат од својата благосостојба. Е сега, едни до неа доаѓаат со труд, а другите се ушалтуваат во политика. Она што ми е лицемерно во комунистичкиот/социјалистичкиот принцип на работа е тоа што оние на врвот зборуваат за еднаквост на сите, а во суштина се елита. Водно и Дедиње (како поблиски до нас) се жив пример за тоа.

Ќе повторам: од некоја причина ти е далечно да веруваш дека има луѓе кои кога ќе кажат дека комунизмот и социјализмот се зло, искрено го мислат тоа.

Jas sum komunist.

ubermensch
16-06-13, 01:04
Од Македонија, а и од секаде на почеток озогласениот остров бил за сталинисти расправано е на форумов и предходно... понатаму бил за се и сешто.

@Ц-4 Не сум го читал Маркс ама од тоа што го знам неговата е идеја е тотално нереална ако се земе природата на луѓето и да за мене тие симболи ќе останат нешто негативно затоа што таква дамка оставиле врз човештвото, ги претставуваат сивите режими и ништо поиште. Поим за тоталитаризам ... :D

чучулига
16-06-13, 01:24
od onaka ljubopitnost prochitaj go Kapialot.

Mislam deka vredi.

concrete
16-06-13, 02:18
Jas sum komunist.

...и јас и уште поише, по лево и од тоа...т.е фашист :)... инаку Маркс ми е алфа и омега, ама не у онаа смешна интерпретација која забега со коминтерната и целата советска игранка... но идат времиња, идат времиња....капитализмот нема иднина, профитот од една и каматите од друга страна се чума за човечкиот род и живиот свет на планетата Земја....ако не луѓето..природата ќе ги среди;)

чучулига
16-06-13, 02:46
hmmm.. fashist....

ok, togash jasno e deka sme na sprotivnata strana...

i deka dum spiro kje se boram protiv vas.

A so takvi mladinci, i seniori zad niv... kje mi bidi zadovolstvo! ne, zabava verojatno?

C-4
16-06-13, 03:26
@ Uber
Јас и погоре во постот како одговор на татататира реков дека начинот на практицирање на власта создал таква атмосфера во одредени кругови и кај одредени луѓе има одбивност кон целата идеја. Ама да ми кажеш дека не си го читал Маркс, а неговата идеја ти е целосно нереална и спротивна на природата на луѓето... едноставно, да не навлегуваме во изворната Марксова философија, подобро за тебе, а и не е тема тоа.
Concrete, се слагам за Маркс, ама дека фашизам е полево од комунизам, малку ти се помешал политичкиот спектар.
За иднината на капитализмот, ќе видиме, рано е сега, за 20-30 години ќе бидат почисти работите.

concrete
16-06-13, 08:28
hmmm.. fashist....

ok, togash jasno e deka sme na sprotivnata strana...

i deka dum spiro kje se boram protiv vas.

A so takvi mladinci, i seniori zad niv... kje mi bidi zadovolstvo! ne, zabava verojatno?

.....хммм не сме на спротивните страни..., туку буквално еден до друг, не дели само една тенка..скоро невидлива нитка.., некој ја гледа, некој кој не препознава црвено..не, па се сопиња постојано...;)

Il Presidente
16-06-13, 20:23
Fashist/komunist:
Komushist? Fashunist?

C-4
16-06-13, 20:52
Нјама такова животно.

Il Presidente
16-06-13, 22:58
Shoznam, pocnaa tuka taka bladaat cinam

concrete
16-06-13, 23:51
..кој сватил сватил , кој не.....не е страшно...:)
http://i662.photobucket.com/albums/uu341/seavo/TEOD_09_01_zps01258188.png

King_Stone
18-06-13, 20:27
Ченто (и екипа),

Постов е избран случајно за реплика.

Она што од некоја причина не можете да го прифатите е дека постојат луѓе кои едноставно не ги сакаат комунистите и сето тоа што тие го носат: вредностите, идеите, начинот на практикување на власта. И тука не зборувам за ликови како Новаце и Трендафил, кои пробале да направат нешто во СКМ, ама им било објаснето дека не ги бива. Зборувам за луѓе кои ИСКРЕНО се гнасат од таа празна идеологија. Од утопистичкиот поглед на светот, кој однапред е осуден на неуспех.

Зошто? Поради тоа што длабоко во човечката психа е да не прифати сите да се еднакви. Луѓето (најголем број од нив) се водат од својата благосостојба. Е сега, едни до неа доаѓаат со труд, а другите се ушалтуваат во политика. Она што ми е лицемерно во комунистичкиот/социјалистичкиот принцип на работа е тоа што оние на врвот зборуваат за еднаквост на сите, а во суштина се елита. Водно и Дедиње (како поблиски до нас) се жив пример за тоа.

Ќе повторам: од некоја причина ти е далечно да веруваш дека има луѓе кои кога ќе кажат дека комунизмот и социјализмот се зло, искрено го мислат тоа.
Нема врска тоа,тоа само кај нас се зборуваше така пред распадот на Југославија.Но еве сеуште постојат такви системи во светот,и со ништо не се загрозени.Значи кога можеше добро да се живее во 20 век со социјалистичкото управување,сега во 21 век уште повеќе може со напредокот на технолошкиот напредок.Југославија можеше да се рамни со големите сили во производството почнувајќи од основните суровини па до сопствена нуклеарна централа,а додека сега сме условени само да бидеме потрошувачи на нивните добра,а тоа еден вид на модерно економско ропство.

concrete
18-06-13, 20:49

Југославија само беше проценета како добра дестинација за гусарска пљачка.....и ја опљачкаа...до гола кожа. Југословените сега се само раја под штикла на локалните вазали...:sarkazam:
..истото им се случи на Ирак и Либија, ја работат Сирија и го меркаат Иран...:cool: