PDA

Види ја целата верзија : Дали ќе му покажете лична карта на припадник на приватно обезбедување?


AVATAR
04-12-12, 02:16
ВИДЕО: Станковиќ: ВМРО-ДПМНЕ создава паралелна војска (http://www.plusinfo.mk/vest/69396/VIDEO-Stankovikj-VMRO-DPMNE-sozdava-paralelna-vojska)
Објавено: пред 7 часа

Ова прашање го поставувам на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Дали сметате дека овој закон треба да се носи на ваков таен начин и дали некој од вашите деца знаат дека после усвојувањето на ваквиот закон, припадник на приватна агенција ќе може да ги идентификува и да побара од нив лична карта и доколку тоа не се случи, може да постапи согласно со овластувањата кои ги има.
Ова е прашањето кое пратеникот на СДСМ, Емилијан Станковиќ им го упати на пратениците од владејачката партија, во врска со предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за личната карта.
- Ова е преседан. Немаше јавна расправа, а ниту министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска е во парламентот. Нејзиниот заменик, за да го одбрани решението, од расположивите 15, потроши едвај пет минути. Да беше добар законот, таа заедно со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието ќе се обидеше да печали политички поени - рече Станковиќ.
Според него, чудно е што власта овојпат не ги употреби познатите пи-ар алатки, кампањи, реклами, затоа што, како што рече, сака законот набрзина и незабележливо да се усвои.
Станковиќ смета дека законот и е потребен на власта поради внатрепартиските пресметки со партиските агенции за обезбедување, за што доказ е акцијата „Детонатор“.
- Дали агенцијата за обезбедување СГС, за која се зборува дека е на шефот на тајната полиција Сашо Мијалков, инаку братучед на премиерот Никола Груевски, треба да добие дополнителни ингеренции со ова езаконско решение - праша Станковиќ.
Неговото излагање во целот можете да го погледнето на видеото.

sG0aRt_nXnE

Што кажува сегашниот закон (http://www.mvr.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=5&tabid=187&parent=100):

ЌЕ ПЛАТИТЕ ГЛОБА ВО ВИСИНА ОД 30 ЕВРА ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВВРЕДНОСТ АКО:

Не ја носите личната карта со себе и ако одбиете да му ја покажете на службено лице на Министерството за внатрешни работи кое е овластено со закон да Ве легитимира (да побара да му покажете лична карта).

Ако се усвои законот, лична карта ќе може да ви побара и некој со бричена и празна глава, а вие ќе морате да му ја покажете. Дали сме спремни на ова???

трендафил
04-12-12, 10:16
Сигурно е дека вработените во агенциите за обезбедување нема да смеат да побараат лична карта било каде и во било која прилика. Но не гледам причина зошто во случај на кражба, штета врз објектот што се обезбедува или насилство врз луѓе на локација обезбедувана од приватно обезбедување да немаат право тоа да го прават од криминалецот штои го извршува делото. ОСА, на пример, ќе го има истото право. Иако е под контрола на СДСМ и најголема приватна агенција за обезбедување, односно, ако е Станковиќ во право, најголемата партијска војска е под команда на Црвенковски.

ohridmkd
04-12-12, 11:06
што се однесува за барањето на лична карта или било какава идентификација пред се зависи за која локација или објект се работи, пример ако се работи за влез во ноќен клуб или бар е најнормално, тука нема спорно освен обид за манипулација .....

politikant
04-12-12, 12:08
што се однесува за барањето на лична карта или било какава идентификација пред се зависи за која локација или објект се работи, пример ако се работи за влез во ноќен клуб или бар е најнормално .....

Да.

Виктор Л
04-12-12, 13:03
Privatno obezbeduvanje nema pravo da ti pobara licni podatoci na ulica! Niti pa bi mu dal licna karta dokolku mi pobara. Druga rabota e koga vleguvas vo privaten objekt. Togas obezbeduvanjeto na objektot smee da ti pobara licna karta i smee da evidentira check in i check out od objektot. Taka e u Anglija, pretpostavuvam deka e taka i u kontinentalna Evropa. Isto vazi i za noken klub ili bar, istoto vazi za na stadion...U Anglija postoi crna lista na fudbalski huligani koi ne smeat da se pojavat na stadionite. Obezbeduvanjeto na stadionite go pravat privatni agencii za obezbeduvanje...Oni ne samo sto smeat i baraat licni karti nego i imaat baza na podatoci za da mozat da napravat proverka dali e nekoj na crnata lista ili ne e. Istoto e i na stadionite u Amerika(Americki fudbal)...Ne sto pravat sve sto pravat Englezive nego i ima pravo da te pretrese, metal detektori zaebancii...opremeni se ko na Aerodrom.
So mi bese zborot....Obezbeduvacite tuka u amerika i u Anglija SE ISTI!!!! Po default se isto ne bas mnogu obrazovani, isto izgledaat( bez vratovi i so briceni glavi) i imaat plus ili minus 5% isti ovlastuvanja.

king
04-12-12, 13:26
Ова прашање го поставувам на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Дали сметате дека овој закон треба да се носи на ваков таен начин и дали некој од вашите деца знаат дека после усвојувањето на ваквиот закон, припадник на приватна агенција ќе може да ги идентификува и да побара од нив лична карта и доколку тоа не се случи, може да постапи согласно со овластувањата кои ги има.
Ова е прашањето кое пратеникот на СДСМ, Емилијан Станковиќ

Хе хе хе ...што му знае бојлерот на тој Е.Станковиќ....
.... вака ко ќе го чуеш ова, одма се гледа дека нешто не е во ред... со законот или со него..
.. не/намерно испуштил или не знаел каде би важеле тие овластувања, се стекнува дојам дека тие права би важеле насекаде.

..дури и да ти дојде дома пред врата и ти побара да се легитимираш..:D

... но на мислење сум дека тоа намерно го изоставил.. од добро познати причини..

Баба Ванѓа
04-12-12, 18:02
Problem e sho ovie kje se izzhivljavaat. Tie i sega se ponashaat ko sherifi a ne pa togash koga i zakonski kje smeat da go pravat toa.:molitva:

ABC
04-12-12, 19:06
Problem e sho ovie kje se izzhivljavaat. Tie i sega se ponashaat ko sherifi a ne pa togash koga i zakonski kje smeat da go pravat toa.:molitva:

Едноставно ќе ги тужиш, доколку мислиш дека ги надминале овластувањата поголеми и од полициските службеници во моментов.Абе има “сус“ да им играте дури и на оние кој не знаат правилно да прочитаат лични исправи.:hoho:

AVATAR
04-12-12, 19:28
Едноставно ќе ги тужиш, доколку мислиш дека ги надминале овластувањата поголеми и од полициските службеници во моментов.Абе има “сус“ да им играте дури и на оние кој не знаат правилно да прочитаат лични исправи.:hoho:

А ти што ќе играш, топтан топтан кисело млеко???

concrete
04-12-12, 19:40
Кога влегуваш на вратата на Железара. иако внтре во кругот сега има 350 фирми, кои една со друга немаат врска..мораш..за да влезеш да покажеш лична карта, дури и да ја оставиш и да си ја земеш на излегувње....Тој вратарот , ам ич нема право на ниедно друго место во светот вон кругот , да те праша ни кој ден е денес... ,
Има ли некој информаација дека ќе биде подруго нешто после усвојување на законот.., а да не е булазнење на оној сдсмовски заштитар...???

zverka
04-12-12, 20:31
Кога влегуваш на вратата на Железара. иако внтре во кругот сега има 350 фирми, кои една со друга немаат врска..мораш..за да влезеш да покажеш лична карта, дури и да ја оставиш и да си ја земеш на излегувње....Тој вратарот , ам ич нема право на ниедно друго место во светот вон кругот , да те праша ни кој ден е денес... ,
Има ли некој информаација дека ќе биде подруго нешто после усвојување на законот.., а да не е булазнење на оној сдсмовски заштитар...???




И не само во Железара ,многу брзо приватните агенции ќе ги обезбедуваат и ДКП во Македонија.Се разбира надворешно ,наместо МВР.Само не е познато која агенција ќе биде тоа.:cool:

concrete
04-12-12, 20:46
И не само во Железара ,многу брзо приватните агенции ќе ги обезбедуваат и ДКП во Македонија.Се разбира надворешно ,наместо МВР.Само не е познато која агенција ќе биде тоа.:cool:

u amerika e isto, duri toa se profitni..PRIVATNI KOMPANII .. zatvor e golem bisnis u svet...., a aj so prst pokazi koj go donese toj svet ovde...:)

zverka
04-12-12, 20:51
Извини ,мислев на амбасадите и конзулатите.Знам дека е така во светот ,само не верувам дека само една агенција доминира.

Реален_07
04-12-12, 21:02
.. не/намерно испуштил или не знаел каде би важеле тие овластувања, се стекнува дојам дека тие права би важеле насекаде. Ај ти кажи ни king до каде би важеле овластувањата на оној кој ја обезбедува Триумфалната капија...или оној кој ја обезбедува фонтаната?

Реален_07
04-12-12, 21:06
Има ли некој информаација дека ќе биде подруго нешто после усвојување на законот...Обезбедувањето ќе ги има истите овластувања како и полицијата.

AVATAR
04-12-12, 21:14
http://images.plusinfo.mk/commercials/GOLEMA(85).jpg

zverka
08-12-12, 01:01
http://images.plusinfo.mk/commercials/GOLEMA(85).jpg



Прес 24: СГС ви го проверува багажникот пред да се паркирате кај Музејот на холокаустот!

Објавено: пред 3 часа
Прочитано: 929
Печати

Сподели со твоите пријатели!

Обезбедувачите од агенцијата СГС, ангажирана да го чува Музејот на холокаустот во Скопје, вршат претрес на секое возило кое влегува да се паркира во подземната гаража, објави Прес 24, претпоставувајќи дека Музејот стравува од терористички напад. Пред да го паркирате автомобилот на паркингот под објектот, мора да поминете на проверка.


Меѓутоа, ваквата активност на обезбедувачите (проверка на багажот, при влез на територија што се обезбедува) е предвидена во новиот закон за приватно обезбедување, кој во Собранието беше предмет на жестоки критики од опозицијата, поради тоа што, како што рекоа нејзини претставници - им дава на обезбедувачите овластувања небаре се полицајци.


Пратеникот Емилијан Станковиќ смета дека законот ѝ е потребен на власта поради внатрепартиските пресметки.


- Дали агенцијата за обезбедување СГС, за која се зборува дека е на шефот на тајната полиција Сашо Мијалков, инаку братучед на премиерот Никола Груевски, треба да добие дополнителни ингеренции со ова законско решение? - праша Станковиќ од собраниска говорница.


Предлог законот може да се погледне на веб-страницата на МВР.



Во членот 45 каде се наведени овластувањата на приватните обезбедувачи, пишува: „Во вршењето физичко обезбедување, работникот за обезбедување е овластен да: врши проверка на идентитет на лица при влез во имотот што го обезбедува; предупреди лице да се оддалечи од имотот што го обезбедува, ако лицето неовластено се задржува во него, односно да го предупреди лицето кое со своето однесување или пропуштање да стори нешто ја загрозува сопствената или безбедноста на другите или може да предизвика оштетување на имотот што се обезбедува; не дозволи влез на неповикано лице, како и да забрани неовластено снимање или внесување на средства и опрема за таа намена во имотот што го обезбедува; задржи и предаде на полицијата лице затечено во вршење на кривично дело за кое се гони по службена должност, до доаѓањето на полицијата; врши преглед на лица, предмети, возила и багаж и да употреби средства за присилба“.