PDA

Види ја целата верзија : Стевчо Јакимовски: Бројки и факти ... СДСМ контра ВМРО - ДПМНЕ

Ченто
15-05-12, 12:21
Нешто како вовед:
Поминува шестата година од владеењето на ВМРО - ДПМНЕ. Секоја поединечно заслужува анализа, ама сега е добро да направиме една ваква споредба:нивните шест наспроти нашите 3,5 години. Поточно, управувањето на државата од СДСМ од 1 ноември 2002 година до 5 јули 2006 година, и владеењето на "портокаловите преродбеници" од 2006 година до мај 2012 година.

Бројки и факти бр. 1:
Според податоците на Фондот на ПИОМ, во 2002 година кога СДСМ ја презеде власта од ВМРО-ДПМНЕ бројот на осигуреници, т.е. на вработени во државата беше 335.000. Тоа е периодот непосредно по затворањето на 37 големи компании, на кои се стави клуч со аранжманот ФЕСАЛ 2, кој го потпиша тогашниот министер за финансии, Никола Груевски, своерачно. И со кој 34.450 лица останаа без работа. Најголемиот дел од нив беа од црната и обоената металургија, од текстилната индустрија, рудниците...
Во 2006 година кога ВМРО - ДПМНЕ, пак, ја презеде власта од СДСМ бројот на вработени беше 394.000. Ова јасно говори дека за 3,5 години владеење, нашата власт ги зголеми вработувањата за 60.000 нововработени.

Бројки и факти бр. 2:
Но, поважно дури и од тоа е каде се вработија овие луѓе.
Според аранжманот со ММФ и со Светска банка што го склучи нашата влада, во 2003, 2004 и во 2005 година имавме обврска да го намалиме бројот на вработени во администрацијата за четири отсто. Така и се случи.
Значи факт е дека СДСМ не само што не "пумпаше" администрација, туку во согласност со преземените обврски кон меѓународните финансиски институции - ја намалуваше. Впрочем, ваквите процеси беа една од главните причини што ја загубивме власта во 2006 година.

Бројки и факти бр. 3:
За разлика од нас, Никола Груевски, уште првиот ден кога седна во премиерската фотелја, па се до денес, вработува исклучително во администрацијата. Немаат кутрите кај да седнат, па некои од нив седат дома и им течат плата и придонеси. Како резултат на ваквиот препород, сега имаме 467.000 вработени, зголемување од наше време за речиси 70.000 лица. Речиси ниту еден од нив не е вработен во реалниот сектор, туку сите во администрацијата и на грбот на доночните обврзници и на немоќното стопанство. Токму затоа во 2008 година наваму БДП им е во "слободен пад". Затоа што со ова Груевски си стави "оловни нозе" па секое излегување во јавност мора само да лаже и да лаже.

Бројки и факти бр. 4:
Е тоа е суштинската разлика на концептите во вработувањето меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Нашиот беше државнички, а нивниот е тој на Тодор Живков во Бугарија:
"Сички ќе работиме за по 200 левчета платичка".

И да не се посомнева некој во тоа од кај знам дека сите се вработени во администрација, а не во стопанство, е фактот што во стопанството вработеноста рапидно паѓа. Еве само неколку примери: Во ОХИС денес има 1.000 вработени помалку од 2006 година, во ЕМО - Охрид има 1.850 помалку вработени, а во "Еврокомпозити" и во "Тутунскиот комбинат" од Прилеп 370 помалку работнци, итн.
Или што вели народот: "Ако баба лаже - трап не лаже". Бројките и фактите зборуваат кој е кој, кој што знае и умее, кој лаже и троши за реклами, а кој мисли државнички.

Boge
15-05-12, 12:29
Samo vo brojkite na Stevche mozhe vo isto vreme brojot na nevraboteni da raste a istovremeno brojot na administracija enornmno da se zgolemuva :nemiseveruva:

Ченто
15-05-12, 12:34
Samo vo brojkite na Stevche mozhe vo isto vreme brojot na nevraboteni da raste a istovremeno brojot na administracija enornmno da se zgolemuva :nemiseveruva:
Или не си разбрал, или (пак) манипулираш...
Каде прочита дека според Стевче бројот на невработени расте?

N.C.D.
15-05-12, 12:34
..citajte vmrovci i placete...ne dozvoluvajte retardiraniot gujo da vi go pere mozokot...

defo
15-05-12, 12:50
За факт 1 ДПМНЕ ке речат економска криза со која успешно се справуваат како не лично знам фирми во кој имаше 7-15 вработени сега има 5-7 тоа е мегу 40 до 60% отпуштање.
Сиромаштија имаме од скоро 30%. Куповната мок дирекно влијаје на сите и на газдите на фирмите, бидејки го немаат својот кар.
За факт 2 само не ми е јасно до кога ДПМНЕ ке може да испумпува пари за државната администрација од мртвото стопанство????
Пошо реално од странските инвестиции држават нема кар, бидејки купуваат ефтино место 100% од инвеститорите и имаат бенефиции во првите 5 години а за понатака ке видиме.

трендафил
15-05-12, 13:02
Бројките што ги спомнува купениот играч на СДСМ од ЛДП не зборуваат ама баш ништо. Не се спомнува на пример никаква бројка во врска со паушалното тврдење дека е намален бројот на вработени во фирмите, а дека е зголемен во администрацијата. Нема ни споредба во однос со други земји. Ни за времето на СДСМ ни за времето на ВМРО.
Испумпувањето на пари од стопанството сега е помало отколку порано. ЗБорувам за фирмите кои работат законски. Тие што не ги плаќаа даноците сега плаќаат повеќе.

N.C.D.
15-05-12, 13:08
75% od naselenieto vo Makedonija na prashanjeto koj sakaat da im bide gradonacalnik odgovorile : STEVCE JAKIMOVSKI....
...do nego ravni se gradonacalnicite na Ohrid,Strumica i Kumanovo...posle ima 100 mesta prazni pa gradonacalnik od dpm(s)ne..
...kako da e Stefco Jakimovski e so svetlosni godini podobar i od najdobriot (ako ima takov) gradonacalnik od dpm(s)ne....

Boge
15-05-12, 13:18

Koj gradonacalnik vo Ohrid be?! Pa toj ne e gradonacalnik, toj e ZGRADONACALNIK! Uste malku zgradi vo enzerono kje pochni da stava...Go upropasti kompletno centralniot del na Ohrid, sekoja shupa stana 10 spratna zgrada (a toj ima po 1 stan vo sekoja zaedno so glavniot arhitekt na Ohrid)

Toj chovek koga ke go stavat vo zatvor cel ohrid kje slavi...

mileg
15-05-12, 13:28
Почитувани господа членови салкам да кажам нешто во врска со Јакимовски дека тој човек ја уништи опШтина Карпош во овие 3 години.Бројките Што се споменуваат од страна на Јакимовски не зборуваат ништо.Сакам да истакнам дека не се споменати бројки дека е намален бројот на вработени,а се зголемува бројот на административци во општина Карпош,но тоа на Јакимовски не му одговара.Јакимовски ја оштетил касата на општината,јас тоа го осудувам и го повикувам јавно за тоа да си понесе морална одговорност.И деоста се замајува јавноста со пресови на Јакимовски дека општината не доклжела ниту еден денар.

трендафил
15-05-12, 13:34
75% od naselenieto vo Makedonija na prashanjeto koj sakaat da im bide gradonacalnik odgovorile : STEVCE JAKIMOVSKI....
...do nego ravni se gradonacalnicite na Ohrid,Strumica i Kumanovo...posle ima 100 mesta prazni pa gradonacalnik od dpm(s)ne..
...kako da e Stefco Jakimovski e so svetlosni godini podobar i od najdobriot (ako ima takov) gradonacalnik od dpm(s)ne....Да поставеле истите тие анкетари прашање дали сакате Бранко Црвенковски да биде премиер и ако истите тие ги броеле гласовите, би излегло дека го сакаат 102%.
Да напоменам и дека ММФ и СВетската банка на сегашната влада не и поставуваат услови, затоа што нема потреба од тоа.
Иначе не сакам ни да помислам како ќе изгледаше Македонија ако во услови на криза не водеше влада на СДСМ.

defo
15-05-12, 13:40
@Милег Трендафил Боге даjте некое конкретно бројче фактче не само плукајте по опозицијата.

трендафил
15-05-12, 14:19
Стевче ги даде бројките. Кои очигледно само на него му се познати. Па спомнува неколку фирми кои банкротираа во време кога тој беше министер за економија, а кои отидоа во ликвидација подоцна. Не многу повеќе новоотворени фирми. Ако сега има 70 илјади вработени повеќе отколку порано, јасно е дека невработеноста не е смалена само врз основа на бришење на невработените во агенцијата за вработување со административни мерки, како што тврдеше, да не кажам лажеше, опозицијата.

Ченто
15-05-12, 14:22
Ако сега има 70 илјади вработени повеќе отколку порано.
Да, го објаснува Стевче тоа:
За разлика од нас, Никола Груевски, уште првиот ден кога седна во премиерската фотелја, па се до денес, вработува исклучително во администрацијата. Немаат кутрите кај да седнат, па некои од нив седат дома и им течат плата и придонеси.

Arhimed
15-05-12, 17:56
Според податоците на Фондот на ПИОМ, во 2002 година ...бројот на осигуреници, т.е. на вработени во државата беше 335.000
Според ДЗС, бројот на вработени за Април.2011 е 639 340
http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=98

Boge
15-05-12, 18:14
Според ДЗС, бројот на вработени за Април.2011 е 639 340
http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=98

Ete, gi fati pak komunjarite kako lazhat...Abe usta da otvorat laga kazhuvaat ova komunjarive!

Samo Grujo e sposoben za 6 godini brojot na vraboteni da go zgolemi za duplo! Shto ti pravat stranski investicii!

lofdzijata
15-05-12, 18:19
P o S

novace
15-05-12, 20:51
Слушам... дека ептен неупешното чившо министерче Стевче викан и БЕЛА МЕЧКА..ќе се кандидира(л) на следните Избори за крадоначелник на град Скопје..контра Коце(то) викан ...се по кроце :D
И после Изборите кои (ни) се доста наближија...ќе видиме ...кому ќе му се посреќи.
Односно КОМУ скопјани ќе му ја „дадат„ довербата..за иден и прв скопјанец :hoho:

:hmmm:

intel
15-05-12, 20:55

Се знае драчевци и остали за Коцета, Скопјани за г-дин Стево, разбира се.

Тосе
15-05-12, 20:57
За Коце ни тие од Бутел нема да гласаат

Mirko
15-05-12, 22:10
Нормално дека за Коце нема да гласаат, после тоа позлатеното карши собрание.
Стевчо, сумљив ми е он, бар таков впечаток остава.

шематика
15-05-12, 22:41
Како и да е кај вас у СК барем има поголема можност за вработувања ова во помалите средини е катастрофа освен таксисит и келнер друго работа нема, срека што трошоците за живот се помали па се живее некако ,а што е друго финтава што во помалите градови Грујо добива убедливо како од шала а ништо не се вложува -купување гласови манипулации барање 20-30 гласови и се по ред незнам денеска ако не си Вмро како да си граганин од 2 ред .
Драги Грујо и неговите верни следбеници ништо нема да траје вечно па ни твоето владење така да .....чорба

N.C.D.
15-05-12, 22:56

..bravo care,bravo...:aplauz::aplauz::aplauz:
p.s. ima eden tuka od Prilep ABC,spremen e i korenja da jade ama Skopje 2014 da se gradi...
...no najsmeshno od se e toa deka vo opshtina Centar kade shto najveke se gradi gujo pominuva najlosho..lani vo juni izgubi so 3000 glasa razlika vo korist na SDSM...

шематика
15-05-12, 23:33
ke vidime za toa ABC nego druga rabota e ovaa vie sto go podrzauvate VMRO tuka sto korist imate od vladata i koi se vasite motivi
- mozebi ste vraboteni vo administracija pa dolznost vii e :P
- mozebi vasite roditeli imaat nekoja pozicija pa morate da branite vlada :P
- mozebi cekate sansa za vrabotuvanje pa morate da bidete aktivni vo sekoe pole :)
-vie ste nemi sledbenici na grujo pa ako treba i vo bunar ke skoknete :)
-ja podrzuvate ispravna politika na valdata vi se sviga gradenjevo ete Skopje PARIZ stana (uste kulata ni fali )
- vie ste narednite sto ke se vrabotat vo ovie firmi so ke gi otvoraat Kinezive (ako gledate sitel sekoj den po 5 fabriki otvarat Kinezi toa cudo e :)
Сево ова повеке е со сарказам така да не замерувајте :(
а еве да не биде дека сум комуњар ке кажам дека граданачалникот на Прилеп бил добар и дека сигурно ке добиее го фалит многу добар бил кога добро си работи човеко зш да го сменуваат а сс

ABC
15-05-12, 23:41

За кое ќе видиме бе, и кој вели дека ние имаме некаква корист од владата, или од Грујо?Дури и градењето лично мене не ми се допаѓа, а и Скопје го направија како Темишвар, не како Париз.Јас лично морав да ја затворам фирмата пред две години, од моронски давачки кон државата, а ја затворав речиси година дена, како да сум фирма со 50 000 вработени, што ме чинеше цело богатство.Градоначалникот не е баш добар, ама СДСМ нема никогаш да најде подобар противкандидат, предлагаат се “мој до мојега“.:(

шематика
16-05-12, 00:02

Друже по оваа што го напиша ти јас незнам како си уште подржувател на Грујо :dosaden:
друго една работа е многу битна зошто СДСМ се на вакво ниво : имаше луѓе во СДСМ кои навидум учени онака баш елита да ги наречам или незнам како кои на времето дојдоа на позиција украдоа што можеја и сега баш за ништо не ги интересира ниту партии ниту ништо . и сега постојат снобовски луѓе во СДСМ кои мислам дека би го сториле истото но гледај од другата страна Мијалко ја има Македонија на дланка сега и Урко му падна под команда и шо сака тоа прави да сака да убие човек ке убие (ете на брат љубе што му сторија) и некој ништо не му може ова со детонатор беше премесметка со Урко а не нешто друго некои градоначалници како на пр Радовиш , Битола .милјонеро од Паланка и др ама баш за ништо не ги бива но сепак се градоначаци цела поента што премногу станаа мокни ВМРОВЦИВЕВЕ, стана сега ако не си нивен како што викаат тие човек немаш никави шанси за проспиритет, џаабе ти дипоми џабе се кога те сечаат во корен ,а нивните членови оние што беа тепачи и насилници на времето купија дипломи и стана малтене газди .

N.C.D.
16-05-12, 00:02
.bez nervoz ABC,bez nervoza..kako da e ke go primite kako pop sarma..mislam na vmrovcite...

ABC
16-05-12, 00:14
.bez nervoz ABC,bez nervoza..kako da e ke go primite kako pop sarma..mislam na vmrovcite...

Нема нервоза бе, само му кажувам на пријателов дека Скопје ви го направија како Темишвар, а не како Париз.

N.C.D.
16-05-12, 00:17
..kako Temishvar..ne vikash kako Stara Zagora....
..zatoa tie od Karposh kade shto Stevce e gradonacalnik se custvuvaat kako da ne ziveat vo Skopje...

ABC
16-05-12, 00:21
..kako Temishvar..ne vikash kako Stara Zagora....
..zatoa tie od Karposh kade shto Stevce e gradonacalnik se custvuvaat kako da ne ziveat vo Skopje...

А зар живеат?

N.C.D.
16-05-12, 00:24
..tie ziveat ,najmalku 5 pati podobro od site ostanati vo Makedonija....

Andrej
16-05-12, 00:42
Кај си видел ти во Темишвар и Париз двокатни автобуси .... Ова е Лондон од брзонзано доба ...

novace
16-05-12, 08:19
..kako Temishvar..ne vikash kako Stara Zagora....
..zatoa tie od Karposh kade shto Stevce e gradonacalnik se custvuvaat kako da ne ziveat vo Skopje...

Веќе е преименуван де....за да се разликува од останатите делови на Скопје...во ПОДРЖИКОЊ I II III IV..
Се мисли на Карпош некогашен :D
:zbunet:

N.C.D.
16-05-12, 09:35
..shto ti e "intelekt" od Dracevo....e so vakvi vladee gujo retardiraniot...

ABC
16-05-12, 12:36
Веќе е преименуван де....за да се разликува од останатите делови на Скопје...во ПОДРЖИКОЊ I II III IV..
Се мисли на Карпош некогашен :D
:zbunet:

Добро е што не им текнало да го преименуваат во ПОДРЖИКОЗА.:D

Arhimed
16-05-12, 15:53
Вработени 2006 - 394000 , 2011 - 639000

Во 2011 се регистрирани вкупно 297986
невработени. Истата година, за 12 месеци преку приватни трансфери во МК влегле 1.416,2 милиони евра. Или 118.013 милиони евра месечно.
На секој регистриран невработен, во 2011 во МК месечно некој на некого му праќа 396 евра, пари Што не подлежат на оданочување. Додека некои други рмбаат

за 100 евра нето (плус плаќаат даноци и придонеси).

Далеку од тоа дека овие пари (кои се приватни трансфери) се делат по невработените подеднакво, некои невработени едвај врзуваат крај со крај, други возат бесни коли и живеат во огромни куќи. Трети протестираат пред Влада заради приведувањата од "Монструм".

шематика
16-05-12, 16:20

незнам јас тоа ама знам дека Македонија има најголема невработеност во Европа и најголемо ниво на сиромаштија -добро сега ако се споредиме со Африка супер сме закон сме најака држава сме и то
државата ни е супер и владата секако ,а скоро секој Македонец сака да избега од државата по бољи живот логика но сенс

Arhimed
16-05-12, 18:25
а скоро секој Македонец сака да избега од државата по бољи живот логика но сенссите што скоро се доселија во Канада (вклучително јас) беа вработени во МК

незнам јас тоа ама знам дека Македонија има најголема невработеност во Европа
Колку се невработени?
Тие што го тепаа полицаецот во Гостивар, (загинаа двајца), дали тие беа невработени?
А тие што носеа знамиња на Албанија во овој и минатиот петок, колку од нив се невработени?

шематика
16-05-12, 19:33
сите што скоро се доселија во Канада (вклучително јас) беа вработени во МК

епа друже што си се одселувал во Канада тогаш ?ако е убава кај нас .
ке ти кажам јас по подобар живот братче. значи не е убаво кај нас да се живее освен ако немаш стекнато некое големо богатство тука на ваков или на онаков начин па да се понашаш како бос :P
и да со келнерска плата или незнам каква помала од 15 000 денари особено во главниот град , не се живее ниту пак со споменициве
за вториот дел некако не мие поврзан од кај јас да знам дали се вработени или не ама познавам многу луѓе кои не се вработени вклучувајки и мене позз до ледена Канада

Arhimed
16-05-12, 20:40
Kirilica converter is out of service :(
за вториот дел некако не мие поврзан од кај јас да знам дали се вработени или не ама познавам многу луѓе кои не се вработени вклучувајки и мене позз до ледена Канада
Vtoriot del ukazuvam na nelogicnosta na nekoi raboti vo MK. Lugje primaat pari od stranstvo, tuka se socijalni slucai, gradat divogradbi (i ne plakjaat komunalii zasto se socijalci), a opstinata nema pari da mu izgradi kanalizacija i vodovod.
Dali tie lugje po tebe se siromasni ili mozes da gi smetas za nevraboteni?
Zatoa i te prasav, od sto ziveat tie lugje. Bidejki znam deka vo 2001 vojuvavme protiv golem del od niv ;).

епа друже што си се одселувал во Канада тогаш ?ако е убава кај нас.
ке ти кажам јас по подобар живот братче. значи не е убаво кај нас да се живее освен ако немаш стекнато некое големо богатство тука на ваков или на онаков начин па да се понашаш како бос :P
и да со келнерска плата или незнам каква помала од 15 000 денари особено во главниот град , не се живее ниту пак со споменицивеApsolutno, koga se kaciv vo avionot ic ne mi bese bitno kolku vraboteni ili nevraboteni ima vo MK.
Ama temata e za brojki i fakti, SDSM protiv VMRO-DPMNE.
SDSM nastapuva so edni brojki za vrabotenite, VMRO so drugi. Jas dadov izvor DZS, tamu ima prethodni soopstenija i tabeli, pa bujrum toa da diskutirame.

Ченто
16-05-12, 22:07
Kirilica converter is out of service :(
Just temporary... Сега треба да е во ред!

dedelesi
17-05-12, 01:04
Почитувани господа членови салкам да кажам нешто во врска со Јакимовски дека тој човек ја уништи опШтина Карпош во овие 3 години.Бројките Што се споменуваат од страна на Јакимовски не зборуваат ништо.Сакам да истакнам дека не се споменати бројки дека е намален бројот на вработени,а се зголемува бројот на административци во општина Карпош,но тоа на Јакимовски не му одговара.Јакимовски ја оштетил касата на општината,јас тоа го осудувам и го повикувам јавно за тоа да си понесе морална одговорност.И деоста се замајува јавноста со пресови на Јакимовски дека општината не доклжела ниту еден денар.

pocituvan cleni mileG,ajde ,ako ne ti tesko,obrazlozi go boldiranovo?!
te mola, moze da kazes koga posleden pat si priparil vo opshtina Kaposh?:nemiseveruva: