PDA

Види ја целата верзија : Бокиеви гурмански рецепти - кујната на Борче Трајковски!

Страни : [1] 2

Трајковски Борче
16-01-11, 15:25
Овде, на оваа тема, ќе се обидам да објаснам во поединости, над стотина рецепти од мојата кујна, всушност да ги прераскажам во мој стил, а се направени од маестро Боки, значи, лично од мене и директно од мојата кујна, па поаѓајќи од начелата на теоријата дека кујната е бесконечен простор на иновации, технички унапредувања, импровизации и модификации, тогаш, ги повикувам и сите оние кои мислат дека имаат уникатен рецепт, дека се гурмани и уживаат во готвењето, нека ги пренесат и своите лични сознанија и искуства.

Значи, ќе ви ја откријам тајната, како Боки ја прави највкусната плескавица у свет, најквалитетната мекица, пастрмајлија, највкусниот бурек, специјалитети Жуле ала Боки, сезонски Макала ала Боки, Баба Ески салата ала Боки, Калајџиско мезе ала Боки, Доолма сарма ала Боки, месо на скара у најнеобични варијации на саламури ала Боки, Шашлик ала Боки, сезонска лутеница, летна Манџа ала Боки, Сом, Пастрмка, Ослич, Октопод, Лигњи, Шкампи на кинеско македонски варијации, па домашно лепче, симит и погача ала Боки и мнооогу други рецепти ала Боки...

Значи, темава е наменета за гурмани, ала Боки, па ако даде Господ здравје, летоска ќе се организираме и ќе направиме пикник ала Боки, на локација и место одредено според желби и вкусови на Воденичари, и ќе ја наречеме летна Воденичарска дружба... Сега за сега, толку, поздрав ала Боки...!!!

factotum
16-01-11, 16:02
Супер идеја!

neven
16-01-11, 17:50
Трајковски, ај стави ме и мене у мени! За што? Како бе за што? Не за храна, за пиење мислам. Еве на пример, коктел, ала Невен. Многу едноставен - прво зимаш три деци ж’та од конкрит, после уште три деци бела од татко ми, па ги пиеш у мали чашки од по нулатри на гладно на тераса на температура не поголема од 23 степена целзиусови и... после си пијан ко Невен.

Ченто
16-01-11, 18:02
Овде, на оваа тема, ќе се обидам...
Дали да отвараме нова тема за рецепти доколку некој друг сака да понуди нешто, или може да ни се отстапи простор овде (со што би си платиле кирија, се разбира)? Како ти е замислено?

Трајковски, ај стави ме и мене у мени! За што? Како бе за што? Не за храна, за пиење мислам. Еве на пример, коктел, ала Невен. Многу едноставен - прво зимаш три деци ж’та од конкрит, после уште три деци бела од татко ми, па ги пиеш у мали чашки од по нулатри на гладно на тераса на температура не поголема од 23 степена целзиусови и... после си пијан ко Невен.
:dobarpost:

Трајковски Борче
16-01-11, 18:47
*************************
МИЛИБРОД АЛА БОКИ...!!!
*************************

Ај да почнам со тесто, а овој благ рецепт го посветувам на Зарија, Никита, Оса и Билјана, верувам дека се по благите работи...

Тоа што треба да го знаете за брашното, квасецот и водата, кога ќе ги искомбинирате соодветно, и откако добро ќе ги измешате, или измесите, добивате тесто. Да, наочиглед добивате една густа маса која во зависност од количеството вода е помека или потврда, но, НИКОГАШ не заборавајте дека токму во таа смеса сте создале нов живот.

Тестото е живо суштество, се раѓа, зрее, живее, созрева и умира, исто како човекот, па токму затоа, со тестото треба многу да се внимава, затоа што сиот период на негово созревање е под вашите дланки, и само од вас ќе зависи дали доволно ќе го созреете, дали на време ќо го премесите и дали точно пред да падне, пред да умре, ќе го ставите во фурна за да го осетите сиот благодет на тој живот, или, недајбоже ќе претерате со месењето и едноставно ќе го убиете. Тогаш тестото нема да ви го пружи задоволството кое го очекувате...

Невештите домаќинки често се оправдуваат на неквалитетот на брашното, па на староста на квасецот, па фурната не била доволно загреана и тоа што го измесиле испаднало, ѓон, тврдо или никакво за јадење... Затоа уште еднаш ќе повторам, тестото е живо и со него внимателно, многу внимателно...!!! Всушност додека го работите, месите, тоа самото ви зборува, ви кажува кога му е доста...

Милибродот вообичаено го правам од брашно тип 400, значи, екстра бело брашно, а во последно време го користам таквото брашно кое има исто име како Форумов, “Воденичар“, некоја приватна мелница, иако и другите мелници, како, Жито Лукс или Жи-Ва, не се воопшто со лош квалитет... Добро, покрај тоа ги користам и следниве работи, 250 грама суво грозје, (бело), пола тегла џем од модри сливи, еден литар пресно млеко, може и пастеризирано или свежо сварено, разбирасе, три супени лажици шеќер, коцка квасец, обавезно битолкси, проверен квалитет, маргарин кристал, исто така проверен, а ако сакате милиброд со таканаречен поаристократски вкус, тогаш употребете путер наместо маргарин, две жолчки од јајце и сосема малку масло за јадење Брилијант...

Како го подготвувам?

Брашното го ставам во пластичен сад, доволно широк за да можам внатре да го измесам, ама за килограм брашно и големината на садот не смее да биде преголема, од причина што при месењето со рака, тестото треба да удара на ѕидовите од садот... Млекото го загревам на температура да биде подносливо топло на допир на усните, никако жешко, малку повеќе од млако... Во помал сад, лонче од три деци, го ставам квасецот и врз него сипам од млекото. Со прсти го разводнувам квасецот во млекото додека се растопи...

Во истото лонче ставам три супени лажици шеќер и една жолчка од јајце, а половина коцка од стопениот маргарин го исипувам во истото лонче на крај, и мешам додека сето тоа не стане жолтеникава масна течност со млака температура... Го земам лончето во левата рака, а десната ја ставам врз брашното. Сипам врз дланката од лончето за да прво јас ја почувствувам температурата на млекото и другите тракатанци кои ги измешав таму, па ако температурата е поднослива почнувам да го размесувам брашното и смесата од лончето...

Од овој момент никако не смеете да престанете со месење. Дури и сосема кусо застанување може да доведе до згрутчување на тестото... Вообичаено, течноста во лончето ми е доволна, а ако не е, дотурам млако млеко, за да ја постигнам посакуваната густина на тестото, во овој случај малку потврдо тесто, а тоа би значело отприлика цврстина на пластелин... Колку и да ви личи на почетокот невозможна мисија, не престанувајте да месите...

Притискајте на средината, на почетокот повнимателно, додека течноста се измеша со брашното, а потоа се посилно, додека температурата на тестото не ја достигне телесната температура, а тоа би значело дека и хомогеноста на смесата, тестото е видлива, што значи, дека тестото и на око ја покажува еднаквоста секаде... Ќе почне да се одлепува при месењето од дното на садот заедно со дланката...

Тогаш извлечете го на рамна подлога и продолжете да го притискате, собирајте го нежно со двете дланки од краевите према внатре, и тука притиснете, и така неколку пати... Откако ќе забележите дека тестото навистина е хомогено, пресечете со нож и ќе видите дека внатре е мазно..., а, ако не е, продолжете да месите... тогаш, направете топка и вратете го во пластичниот сад...

Јас обично навлекувам пластично ќесе и во овој период на прво стасување, пијам ракиијка, мезам, дуфтам никотин, па откако ќе видам дека тестото сака да ми излезе од садот, не мерам време туку надгледувам, ама го вадам од садот откако ќе покаже на површината ситни нерамнини, пори... Го ставам на маса, мислам тестото, врз малку брашно и го размесувам неколу пати.. Сега месењето, мислам притискањето е понежно и правам ролна од која целото тесто го делам на три дела, значи, сечам три парчиња од тестото и ги оставам така најмногу две минути да одмори, пред да почнам од секое парче да правам топка... Пекарите овој дел од месењето го нарекуваат вирклање, ама битно е да се врти тестото на мазна површина во круг, вртејќи го со раширена шепа, а со палецот се турка на внатре, додека не се измазни... Откако ќе ги извирклам топките, ги притискам со рака и ги сплеснувам, ги попрскувам со брашно, ги прекривам со платнена крпа и чекам петнаесетина минути...

Сукање, полнење, ролување и плетење...

Секое тесто го рассукувам со сукало до димензија на тепсијата во која ќе го печам милибродот, или го носам на дебелина од околу два три милиметри, го премачкувам со слаткото од сливи и го посолувам со суво грозје... Од едниот крај почнувам да го замотувам тестото додека не направам ролат или цилиндрична ролна и ја тргам настрана... Истото го правам и со останатите две теста, по што следи плетење плетенка од три конци... Поедноставно здравје, ама тука секогаш над глава ми стои Тањушка и ми го кажува редоследот..., нејсе, ќе се снајдете...

Тепсијата е стандардна, мислам на онаа од домашните рерни, и е намачкана со зејтин, па во неа внимателно ја ставам плетенката... Со другата жолчка ја премачкувам плетенката и оставам да го живее последниот дел од својот живот... Овде повторно не гледам во часовник но сигурно не е помалку од 40 минути, ама мене ми се знак повторно нерамнините на површината од тестото кои стануваат очигледни и го означуваат почетокот на крајот... Пекарите велат, ако успеете да го ставите тестото на печење, неколку секунди пред да падне, пред да престаса, имате најдобар прозивод, а овие порички го кажуваат токму тоа...

Фурната треба да е загреана на 180 степени и се пече отприлика триесетина минути... Чекајте горниот дел од милибродот да стане со чоколадно кафеава боја, ама тестото, не жолчката, таа со бојата може да ве измами, побрзо потемнува, затоа гледајте во краевите од тестото каде нема жолчка... ОК, доаѓаме до крајот... ја вадам тепсијата го премачкувам горниот дел со ладна вода, за да му дадам глазура на горниот дел од милибродот, ќе свети, и го прекривам со крпа... Не го сечете топол, стрпете се , издржите, оставете да се олади и, се знае, коси кришки, скалесто наредени во овал, и крканац...Хмммм... добар апетит...!!!

factotum
16-01-11, 19:18
...после си пијан ко Невен.

Па тебе требале да те крстат Зокум....

Трајковски Борче
16-01-11, 19:28
Дали да отвараме нова тема за рецепти доколку некој друг сака да понуди нешто, или може да ни се отстапи простор овде (со што би си платиле кирија, се разбира)? Како ти е замислено?

Никако не ми е замислено. Онака ми дојде, без везе. Правев бурек за ручек, абе прсти да излижеш, и ми текна, па си реков чек да им кажам како тоа го прави бато Боки гурманот, и така...!!! :D:D:D

concrete
16-01-11, 21:20
aj sea recept za burekot......:) ne zaebaaj.... imas li ti nesto od mevce???? go znaes ona...tri najdobri raboti na svetot??? da jades meso, da javas meso i da butas meso u meso...ostaj ti testa i slicno ...:)

Трајковски Борче
16-01-11, 21:52
***********************
ЖУЛЕ - АЛА БОКИ ...!!!
***********************

Специјално за Невен, Фактотум, па да, и за Конкретниот, као и остало весело друштво. За првиов знам, а за вториов мислам дека е тип кој јаде љута везена пиперка, ем сува, е оваа птичуринава метална, ме збунуе, ама ко шо изглеа може ќе го напраи со благи пиперки...

Пази сеа шо праам... У месара зиам пола кило свинска кртина, ама пошо касапот, месарот, ми е пријател, ми сецнуе од внатрешниот дел на бутот... најбољше мевце за ражњичи и слично, (пробано со гаранција), а посебно за жулево... Доаџам дома и у еден подлабок сад со капак, стаам вака, маслинов зејтин два прста, лимон исечен на четири сосе кора, пешес гранчиња магдонос, попрскуем сув рузмарин, вегета една кафена лајчка, исто толку сол и една супена лајчка сенф, (горчица), мешам со лајца, сецкам месото на коцки ко за ражњичи, малку помали, посолуем, стаам у саламурава, затварам капак и дуууур утре, коа че ми дое ќејфот или редот за макалово, праам следечи неколку кораци...

Зиам друга помала посуда, стаам прст маслинов зејтин, љупам сто грама ф’стак, го дробам лајца у лајца на покрупни парчиња и стаам у зејтин, зиам три суви везени пиперки, ам љути, ги сецкам исто на крупни парчиња и нив ги стаам кај ф’стакот у зејтин, па бутам една мала лајца бел бибер, две чешњиња лукче на покрупни парченца, бутам малку вегета и сол, и мешам..., затварам посуда, стаам у фрижидер и вадам месо од саламура...

Стаам тефлонска таа на шпорет и фрлам месо да фати боја и пушти сокои, и тамам че фати од сите страни боичка, вадам везенките со сите други марифети и истурам у мефцето, пржам до моменат коа че ми влегуе виљушка у месо, ко шо треба да влегуе, значи меко, док сува пиперка не светне и омекша кожа, подмешуем одвреме навреме и, тамам помислуам дека е готово, дробам двеста грама овчко сирење, (најбоље испаџа со козја урда), фрлам и сирење у таа, абе само шо че почне да пушта конци сирењето, ко у топеница, сосе таа сервирам на маса, и разбирасе, нема прибор, макање со тазе лепче... Черка да гледа мајка да једе на черку да не даје, да цркнам, да полудиш, пробајте... и нек ви е наздравје...!!!

Трајковски Борче
16-01-11, 22:13
aj sea recept za burekot......:) ne zaebaaj.... imas li ti nesto od mevce???? go znaes ona...tri najdobri raboti na svetot??? da jades meso, da javas meso i da butas meso u meso...ostaj ti testa i slicno ...:)

Полека птичурино, Боки и јахо, и сурфо и јео и преје.о..., мислам, месо, и т’мно и т’мнопуто, и ж’то и бело, реков, преку стотина Бокијеви рецепти че добиете, па и за бурек и за лепче и за погача и за баничка, и за кифла, и за мекица, абе се’ шо ви душа сака, ама напраено дома...!!! :D:D:D

Трајковски Борче
20-01-11, 09:23
********************
БИФТЕК АЛА БОКИ
********************

Поедноставно, и поквалитетно подготвување на бифтек барем овде во Македонија нема да најдете. Всушност секогаш кога сум нарачувал бифтек по овие нашиве ресторани, ми го сервирале у форма на некаква шницла, па бидејќи помеко и повкусно месо нема, вака или така, ќе го изедеш, а дали бил бифтек или внатрешен дел од бут, треба да си гастроном за да откриеш. Е сеа, коа ќе прошеташ малку низ светот па коа ќе видиш како и што значи сервирање или спремање на бифтек доаѓаш до заклучок дека овде кај нас или има некаква друга традиција за послужување и подготвување на бифтек, или не знаат, ама, ова второво не ми е за верување. Како и да е, бифтекот секаде во светот го послужуваат во цилиндрична форма, со пречник од околу седум осум сантиметри и висина од некои четири пет сантиметри, па во зависност од тоа дали ќе го нарачате, лесно печен, средно печен или тврдо печен, секогаш има крвав прстен во средината на висината од бифтекот...

За него велат месарите, дека е доволно да го фрлиш на оган да го превртиш и можеш да го јадеш, минутка преку сила, значи, сосема малку му треба за да се испече, и да се послужи за јадење... Арно ама ние Балканциве, кога месо е во прашање, си го сакаме испечено, може да биде сочно испечено или тврдо испечено, ама во секој случај да биде испечено, за разлика да речам од Јапонците кои јадат и живо месо, но, за тоа друг пат... Овој начин на подготвување на бифтек ми го кажа другар ми Таше, дете наше, и откако неколку пати го пробав го стаив у специјалитети ала Боки, заради само една единствена промена во печењето, пржењето..., а тоа е доволно за да се разликува и да биде мој специјалитет..., хе хе хеее, извини Таше...

Сите знаеме дека бифтекот се пече или пржи на путер, ама не секаков путер, па затоа ви го препорачувам путерот на Мегле, со златна обвивка, само малку е поскап од оној со сребрена обвивка... За да добиете квалитен бифтек, пак е потребно да имате свој пријател по месариве, затоа што ретко се наоѓа, и да го замолите за некоја од следните тури на бифтеци да ви чува една рибица. Бифтекот уште кога ќе го фатиш свеж во рака препознаваш дека ова мевце не е џабе најскапото, кревко, меко, мислиш во рака ќе ти се стопи... Рибицата се сече на цилиндри во висина од четири пет сантиметри и без никакви додатоци зачини солење и што било друго се потопуваат целите во маслинов зејтин, ко подморници, во кој има кафена лажичка сол и три до четири крукчиња краставица со лушпа, ништо друго, а маслото се разбира не оној нерафиниран зејтин од Пустец... Цилиндрите од бифтекот треба да одлежат во маслото најмалку 24 часа, а на тефлонската плотна или тава растопувате путер, го фрлате на маслото и гледате како потемнува нагору... Во зависност од тоа колку сакате да биде испечен одбирате момент кога ќе го превртите. Тука нема играње, подместувања, па ѕиркање, чекај да видам дали е исцрвен од оздола, значи, откако го ставата на путер нема чепкање... Со шпакла го превртувате, никако вилушки, и истото го правите од другата страна, со тоа што на оваа жешкава страна од гору, ставате малку од путерот да се растопи... Никако враќање во смисла чекај да го допечам од оваа страна... Од останатиот путер земате едно парче и му додавате изрендано чешње лук кое го мешате со путерот, на плотна печете кришки лепче, па на топлата страна од лепчето мачкате од путерот со лукчето... Немам друго што да ви кажам... Кога ќе мислите дека бифтекот е доволно испечен, извадете го со шпакла, сервирајте го, пробајте во комбинација со овој таканаречен “гарликбред“, и евентуално помфрит, па јавете ми се да ми кажете што сте пробале... Наздравје...

Трајковски Борче
20-01-11, 09:25
********************************
ЗИМСКА ПЛЕСКАВИЦА - АЛА БОКИ
********************************

Иста е ко летната само што оваа е зимска, и се разликуе у една работа..., да цркнам ако ве лажам...!

Сеа, вие сите само мислите дека сте јаделе плескаици и преку таквоето ви е од нив, башка коа ги јадете у кафана поим немате шо се’ има стаено у тоа месото, а месо најмалку, па некои ви се вкусни, некои не, ама ја ви тврдам дека не сте јаделе праа плескаица, никад... И таа шо сте ја прогласиле за најбоља е тапа у одношење на оваа такозвана плескаица Ала Боки... Прво мал историјат...

Боки дошол до рецептов, по дугогодишњни истражуања и гастрономски акања и анализи на лицу места по ресторани и кафани, ама не за да бара рецепти туку таква му била судбината, па ко меџурепублички сервисер за бивши Бирострој из Марибора, од бивша држаа, у рок од 7 години, секој ден бил на пут од Ниш до Гевгелија, укључујучи Косово... Период од 1983 до 1990 година...

И сеа вака че ви кажам: Ако ве носи пут, и ако сте мераклии на скара, посебно на специјалитети до мелено, тогаш еве ви карта Ала Боки... Ниш –“Јоцо и Нена“ и “Код Тровача“, Лесковац – “Свиња“, Приштина – “Чаглавица“ и “Код Црногорца“, Косово поље – “Фонтана“ и “Монте Негро“ , Призрен “Сарајево“, Пеќ – “Черга“, Митровица – “Златиборац“, Скопје ќе го прескокнам, откако затворија “Музеум“ и “Чатма“ не сум сретнал добра плескаица. Велес – морам да го спомнам Џипунот и ресторанот “Саат“, имаше доообра шарска, ама затоа во Велес има најбољи ќебап, кај “Олимпик“ и кај “Јаворот“ у центар, Прилепчани се Цареи за мелено, па кај и да седнете ама без умишљај нарачујте “Македонка“, какви ширдени ѓаоли бесои, со бело макало, Битола кај “Ајчо“ обавезно на кајмак, и одма идеме у Гевгелија попрецизно Мрзенци, каде без конкуренција ја праат најбољата плескаица после оваа мојава разбирасе, а ресторанот е надалеку познат по името “Јавор“, Струмица има само еден шо го држи стариот дооообар рецепт за надалеку познатиот струмички ќебап, на пазарчето, не му го памтам името ама кај шо ќе видите редица од луџе, таму е, гарант... Штип, “Мал Одмор“ и нарачуеш “Шиш-Миш“, и чути си, нека јадат другите пастрмјлии, угоре, мислам од Облешево до Кочани, Виница, Каменица, Пехчево, Берово, кркајте чисто месо, баталете плескаици..., Кратово и Пробиштип не застануј, а Крива Паланка, у “Ловец“ нема шанси да не нарачате уштипак, ни под разно... Куманово, че одите или куде “Црногорца“ или куде “Снежану и синови“ и ваму и таму обавезно наручуеш калајџиска... Запад искључуем, не од причини шо таму нема праа плескаица, туку, заради тоа шо у њихов рецепт нема свињетина. Толку...

Вака така, полека, дојдовме до најдобрата плескавица у цел свет на Република Македонија, до плескавицата Ала – Боки...!!!

(продолжува)

Трајковски Борче
20-01-11, 16:19
Чекам бато Интел да ги пушти двете продолженија за плескаицата ала Боки, и да ви кажам како Боки спрема “Шашлик“, звани, Шашлик ала Боки...

Шашликот е турски израз, ама поим неам шо значи. Да ви кажам прао, ниту ме интересира, затоа шо многу добро знам шо значи у мојот кулинарски речник, а тоа, колку за загревање, ќе ви кажам дека значи следново: Стануе збор за комбиниран продолжен ражњич, нареден на т’нка сабја, отприлика околу четириесетина сантиметри, сос триста марифети кои на свинското му даваат еден специјален, еден специфичен, еден единствен и неповторлив вкус... Коа че пробате “Шашлик“ ала Боки, че речете, ова е крај на бескрајноста, ова е тоа и после ова тачка, море три тачки, еве вакви... Затоа г’лтајте лиги у уста, док не стигнат продужењава од плескаицата...!!! Хе хе хеее...

intel
20-01-11, 17:09
se sto imav ti pustiv cedo :)

Трајковски Борче
20-01-11, 17:39
*********************************
ЗИМСКА ПЛЕСКАВИЦА АЛА БОКИ (2)
*********************************

И одма да се разбереме, нема мрдање лево десно од рецепат кој сеа че го читате. Пробани се хиљаду варијации и нишани сос разни сакалмети, ама ова е тој једини рецепат шо никад у живот не го мењам, док кај другите варирам плус минус 3 посто..., значи, не мерам у грамои, не користам ваги и други заебанции па секој продукт ми е нова креација у исто издање... И, одиме од кај месарот, па да, тука почнуе све...

Добар ден, добар ден. Повелет... Види вака ортак, ќе ми изгуљиш кило јунешки ребра и два пути ќе ми ги смелеш у машина. Нема проблем, еве ова парче Ви е од јунешки ребра, тазе тазе...! Слушај ортак, моеш ли ти тука пред очи да ми изгуљиш ребра или не моеш? Нема проблем, можам... Е па шом нема проблем гуљи... И че ги изгуљи до коска... Ич да не му ја мислите коа глеате масно на јунешки ребра, или коа че излезе од машина за мелење поише бело него розе, такво треба да е... Нејсе, ај сеа да видам исчити тоа шо имаш у машина и пуштај ми го парчево два пута... И го пушта... Стај на страна и фачај свински пафлак, исто кило, ама у тоа парче че барате поише месо, а има, само да не е преише масно... Ај сеа, му викам на ортакот, и ова пушти ми го два пути низ машина, и ортаков го пушта... Сега...? Е сеа, стај ги двете у машина и пуштај ми ги задњи пут..., овој се чуди, и нек се чуди, ама мора, иначе нема плескаица ала Боки..., двете ги пушта задњи пут у машина, пакуе мелено и сеа му вик ам, ортак, 300 грама сланина, чадена..., помасна подобро, ама не мења многу рецепат и да е попосничка... И, на крај ако има, зиам и 350 грама чварци,
ако нема, барам на друго место...кај шо има чварци, и, никако не забраајте пол кило марамица, значи никако без марамица не се врачајте дома..., иначе пак нема зимска плескаица ала Боки... Зиам и чварци и марамица, и трк дома, мијам руки, засукуем рукави и чистам астал... Почнуе магијата на Боки...

Месото го стаам у суд довољно голем да го собере у комоција, попрскуем со зејтин, и го стискам со рука удоле, го измазнуем... Зиам даска за сецкање и сос остриот нож на даската за сечење, хе хе хеее, сецкам сланина и чварци у ситни коцкички, ама ситни најситни, али, немојте да ве излажал ѓаол да ги мелете, мислам, сланината и џимиринките, значи, ситно сецкање, нишо друго, па ги редам врз смеса од мелено и ги распоредуем по површина. Послем, зиам сол, е тука сеа има една сол шо ја рекламираат, незнам каква е, ама ја му стаам од онаа јодирана шо се продаа у кеса, демек, морска, не онаа тузланскана камена, и покриам цело месо со сол, стануе бело, па стаам две кафени лажички црн бибер, стануе црно, и пази сеа, стаам две чашки тиквешка Ж’та, и, почнуем да го месам месото со рука, по малку стаам зејтинче да ми биде полесно за месење, па откако че измешам убаво пак притискам со рука, измазнуем, покривам смеса, затварам посуда сос капак и стаам у фрижидер...,
и се поздравуем, довиџењ а до сутра у ово време...

Се врачам на астал, и прво зиам две глаици кромид, средња големина, мада може и поголеми нема зијан од кромид, доктурине викат дека ја врзуел водата у крвта, па помали биле шансите за запушуење крвни судои, и го сецкам на најситни могучи коцкички... Го стаам у посебна посуда, па зиам тачно четири чешњиња лук, и ги рендам, па и него го стаам врз сецкан кромид... Пази сеа, иде веома важни моменат... Ако имаш стискалка за цедење добро, ак немаш земи у руки и кромид и лук, и стискај док не му исцедиш сокои..., док не му извадиш зврцки, послем го измешуеш сос две капки маслинов зејтин, и го наросуеш со бел бибер, затвараш херметички и стааш у фрижидер..., па да, му викаш довиџења до сутра у ово време...

(продолжува)

Трајковски Борче
20-01-11, 17:43
*********************************
ЗИМСКА ПЛЕСКАВИЦА АЛА БОКИ (3)
*********************************

И сеа ќе речеме дошло утре... Прво шо праиме отвараме фрижидер и вадиме лонец со месо, отвараме, миришнуеме, треба највише да се осеча мирис на бибер, па зиаме пола леб, каков било, тазе или бајат, му вадиме средина, а корката ја покиснуеме у вода, док не се разлигаи... Ја стискаме у топка, ја исцедуеме водата, и ја стааме у месо, и пред да замесиме бутаме, ни мање ни више, тачно две лажички сода бикарбона, и сеа замесуеме цела смеса док не добие ист састав... Вадиме од фрижидер и кромид и лук, сипаме у лонец со смеса и пак месиме док не стане исто... Притискаме смеса скроз надоле, да избиеме ваздух, и зиаме една шака од смеса. Тука може да мачкаме рука у зејтин, а овалот кај че ги стааме топките мора да е премачкан со зејтин исто така... праиме топки, толку, колку че излезат од смесата и ја стааме у дубоко, значи у ДУБОКО, да се стврдне смеса довољно...

На страна рендаме пол кило качкаваљ, ја користам Идеал шипка мешан, а може и кравји, помек е од осоговскиот, и го бутам у пол кило краљевачки кајмак, мешам со лажица док стане исто, и го стаам на страна... Отварам марамица, ја распостелуем на астал и сечам парчиња за завиткуење на плескаица ала Боки...

Отприлике тука арчам толку време колку смеса да се стврдне у дубоко и вадам овал со топки..., доаџа фаза плескање. Ја ги плескам у рамна чинија за пица, намрсена... Зиам топка и ја стискам у чинија на довољна дебелина, околу четири милиметра, па зиам качкаваљ и кајмак стаам у стред на плескаица и ја затварам, преклопуем кајмак и качкаваљ. Пак притискам со рука да добијам облик на праа плескаица... У друг ист тањир распостилам парче марамица и таму ја стаам плескаицата, ја затварам секаде и више имам речиси готов производ плескаица ала Боки... Така и со сите други, и откако че наредам плескаици ала Боки, пак ги стаам у фрижидер и ги остаам док не дојде време за печење или пржење... А пошо оваа е зимска плескаица ала Боки, ќе ја пржиме у тефлонска тава на шпорет... Полека, не брзајте, бавно сосема малку зејтин зашо таа сама че си пушти масни сокои уффф мори мајко..., и на тројче..., а шом фати кафена боичка сос шпакла одма заврти ја на грб... Тука треба една работа да запамтите, кога е мелено у питање..., значи, шо поише пути ја свртиш плескаицата, остануе посочна и поубаво се испекуе, ама ич не се сакалдисуајте ако коа че ја извадите видите дека у нутра некаде ви останало розево, демек живо, кркајте слободно, таму се сите сокои... Е сеа, ако ви кажам што се случуе коа че пуштиш нож на плескаица ала Боки, че ме убиете од пцуење..., па да, од нутра истекуе една лава од кајмак и качкаваљ, пропратена со вкус на чварак и димена сланина, а за оној осечај коа че ти прснат сокои у уста коа ја гризнуеш, хе хе хееее, замислете, ај доста...??? Наздравје...

П.С. Летната плескавица ала Боки, нема само чварак и се пече на скара, се’ друго е исто, а за тоа како се праи жар за печење мелено, летоска...!!! Е тоа е веч нешо друуугооо!!! Скара си е скара...

ФАЛА ТИ ИНТЕЛ...шо си го сочувал овие две продолженија, иначе никад не ги праам исто, гарант или ќе додаев нешто или ќе скратев, ха ха хааа!!!

Ченто
20-01-11, 17:50
Сега нешто не ми е јасно...
Ако треба да спремиш три плескавици, зошто ти се три рецепти?
Направи ги сите три на ист начин и завршена работа, ЕТБЕЏ...

Ми текна на еден виц сега...
Некој копал дупки со длабочина од 1,50 метри... Па поминува некој и го прашува:
- Зошто бе ги копаш дупките?
- Абе треба да се сликам за лична карта, па требало само главата да ја има на сликата!
- Па зошто копаш две дупки?
- Епа требало две слики!

Така и Боки... За три плескавици, ТРИ РЕЦЕПТИ!:)
Замисли да работеше во некој голем ресторан и да требаше за 400 сватови на свадба да направиш 400 плескавици... Кој ќе читаше 400 рецепти овде!?:)))

Трајковски Борче
20-01-11, 18:01

Шило, си станал ко брат ми НЦД, или не читаш или се праиш дека не читаш... Тој е истиот рецепт и е еден, ЕТБЕ, не се три, само шо го пуштав у три продужења, а од две кила месо се праат десет комада плескаици ала Боки... Пробај напраи таму на тоа комшиите коа идете не домаќински пикник, (не ко оној албанскион), па да вииш шо е плескаица...!!!

Ченто
20-01-11, 18:12
А кога подобро ќе размислам, можеш и поинаку да направиш...
Направи само една, ама ГОЛЕМА плескавица...
И после поделија истата на три и сите три дела обликувај ги во форма на плескавици...
Нели е така полесно???:)

Ченто
20-01-11, 18:18
А може и вака...
Направи дупла доза, па едната половина стави ја во фрижидер за длабоко замрзнување...
Така ќе имаш два пати по три плескавици, ЕТБЕЌ!:)

Трајковски Борче
20-01-11, 18:28
А може и вака...
Направи дупла доза, па едната половина стави ја во фрижидер за длабоко замрзнување...
Така ќе имаш два пати по три плескавици, ЕТБЕЌ!:)

Ете ти детска работа... Ја му кажуем како да се рани, а тој се заебаа...!!! Ембашка ми ја дупчи книгата, мислам, мојава најнова книга у обид, ’Бокиеви гурмански рецепти“... У таа книга нема обични рецепти, у стил две кафени лажички од тоа, една од тоа, па триесетипет грама сол, малку бибер, дрн дрн дрн..., кај Боки, секој рецепат си има и прикаска, ЕТБЕ... И ај ѓитла од тука, иди најди си го Невен и опраајте надворешноунутрашњи ситуации...Шилооо!!! Ме нервира на нервна база..., да цркнам, ако не ве л’жам...!!!

Ченто
20-01-11, 18:40
*************************
ПЛЕСКАВИЦИ АЛА ШИЛО...!!!
*************************

Му се јавуваш на телефон на Боки и му викаш: Бато Боки, вечер ти доаѓам на гости... А ептен сум гладен и ми се јадат плескавици...
За останатиот дел од рецептот ќе се погрижи лично Боки!

Трајковски Борче
20-01-11, 18:50

За да му ги јадеш на Боки :D:D:D рецептите, мораш да напраиш најава од најмалку 24 саати, нема импровизации од типот, шо сакаш, ај ова, не. Кај Боки има крчкање на секој рецепат, а посебно на плескаица... :D:D:D Ти реков не се закачкај сос мене, ти пак продужуеш... и гарант ќе прекрстам еден мој рецепат у “ШИЛО АЛА БОКИ“, например... иам еден рецепат кој е дугачок и се вика вака: “РАЗДРНКАНИ БОКИЕВИ КЛИСИ СОС ПРАС У СОС ОД СКОПСКИ ЈАБУЧАР“ - од сеа скратено че си го викам “ШИЛО АЛА БОКИ“, пооригинално здравје...ЕТБЕ!!!

Трајковски Борче
21-01-11, 09:58
Значи, спремајте се да го пробате најбољиот ражњич у цел свет на Република Македонија - “Шашлик ала Боки“... Ммммм... Отидов на пазар по намирници!!!

Трајковски Борче
21-01-11, 11:10
************************
ШАШЛИК АЛА БОКИ (1)
************************

Ортак, има ли парче мевце од унутрашњи бут на свиња..? За тебе комшо не смее да нема... Сечи едно 2 кила... Од тука право кај Мила на пазарче... Четири глаици црвен кромид, две глаици лук, китка магдонос, четири портокали, четири мандарини, четири киви, два лимона, и пет бабурки, широки пиперки... Од тука у СП маркет... Две канчиња кисела павлака, туба сенф, (горчица), пола литро маслинов зејтин, зачин Кари, кеса суви лисичарки, (печурки), бел бибер, црн бибер, ловоров лист, оригано и суво нане... Од тука дома...

На астал вадам длабок лонец и почнуем да стаам састојки за саламура... Два прста маслинов зејтин, шака сецкан магдонос, две лифчиња ловор, малку попрскуем нане, и ептен малку оригано, четири чешњиња лукче засечени од една страна да пуштат жица и остаам. Зиам цедалка и цедам, пола лимун, една кива, пола портокал и пола мандарина, и го стаам сокот у лонец, па две лажички бел бибер, три лажички сол, една супена лажица сенф, една иста таква лажица кисела павлака и на крај попрскуем малку сос Кари, да даам ориентал жичка на саламура, затварам лонец и го зиам мевцето...

На даската сос оштриот нож сечам саглам парчиња за ражњич ама у правоугаона форма више, него у коцкаста... Ги попрскуем само сос сол, не многу, и ги бутам у саламура. Мешам док не се покрие месо сос саламура... Стаам у фрижидер и остаам да кисне до утре, разбирасе...

(продолжува)

factotum
21-01-11, 12:46
Боки аман успори малку! Макар еден рецепт неделно, за да можеме сите да ги проследиме со внимание и за да ги искоментираме....http://sportsdegenerates.com/vBBB/images/smilies/JoesCustom/smiley30x20eating.gif

Трајковски Борче
21-01-11, 13:23
************************
ШАШЛИК АЛА БОКИ (2)
************************

И сеа викаме дошло утре, така... Вадам сабјите, (може да искористите и дрвени стапчиња за ражњичи ама мора да бидат подугачки, за да собере на еден околу 250 грама месо), овие моиеве ги дигнав ко сувенир од ресторанот кај шо работев и навистина личат на мали сабји, ептен се добри, ко вистински сабји у минијатура, со убаа дршка и так даљше... Ги чистам убо, ги стаам на маса, а на даската за сечење, пак со оштриот нож сечам глаица црвен кромид на четири, кврц кврц... Вадам парчиња од кромидоа кошуља и ги стаам на страна, ако ми се малку сечам и друга глаица црвен кромид ... Од печурки зиам половина и ги сецкам на половинки, уствари у зависност од големина на лисичарка вадам ленти, две или три... и ги стаам на страна... од бабурки вадам дршка и семе, ги сечам вертикално од дршка надоле, па и од нив вадам ленти и ги стаам на страна...

Почнуе редење... Прво забодуем на сабја кромид, па печурка па пиперка па пак кромид и сеа стегам со парче саламурено мевце, и пак од почетак, продужуем така до крај на сабја у исти редослед и убо стегам, и на крај, увек мора да завршуе као што сум почнал, значи, сос парче кромид... Праам четири сабји, ги стаам у фрижидер и почнуем да спремам макало...

Цедам низ сито комплетен сок од саламура и остаам на страна... Стаам тефлонска таа на шпторет, пуштам на тројка, (овој мојов има до шеска), значи на пола, пуштам троа маслинов зејтин да подмачка таа, и фрлам друга полоина од сецкани печурки... Откако ќе фатат боја им фрлам у друштво крупно сецкан црвен кромид, цела глаица, и продужуем да пржам док не омекне кромид. Тука мора да ви кажам дека никако не смее да се случи да ми поцрни кромид, печурки да, ама кромид не... Коа че омекне кромид, све шо има у таа сипам у цедена саламура и врачам на шпорет на единица, полека да крчка... Вадам Шашлик од фрижидер и носам на плотна, на плинска скара... Ако ги прајте у лето тогаш палите ќумур, нема мислење, ќумур си е ќумур, ама за тоа како се праи жар за Шашлик, друг пат, сеа чистам плотна од стари маснотилаци... Пуштам плин до даска и фрлам вински оцет на загреана плотна, и сос шпакла чистам р’џа и маснотии... Ако треба оваа процедура на чистење плотна ја праам поише пути, док решам да стаам маслинов зејтин да ја подмачкам.. Спуштам потенциометар на пола и редам шашлици... Ручката мора да е надвор од плотна за да може ем да се вртат шашлици ем да не си горите прсти... Све док виљушка не влегуе у месо ко у путер стоите тука и превртуете... Кромид, печурка, пиперка може да поцрнат од вручо, ама шашлик не вадите од скара док виљушка не каже доста...

И викам готово, шашлик е печен и може да се сервира.. Вадам од сабја мевца и само тоа шо останало читаво од печурки, кромид и пиперка сервирам у тањир... Одам на шпорет да видам како крчка макало, појачуем на тројка, и коа че почне да шушка, сипам цела павлака... Мешам, мешам, и коа че стане иста боја, сос кутлача сипам врз мевца, толку колку што сакам... Знаете ли што че ви потече у уста коа че гризнете мевце од Шашлик ала Боки... Ехе хехееее, ај наздравје...

Трајковски Борче
21-01-11, 13:36
Боки аман успори малку! Макар еден рецепт неделно, за да можеме сите да ги проследиме со внимание и за да ги искоментираме....http://sportsdegenerates.com/vBBB/images/smilies/JoesCustom/smiley30x20eating.gif

А бе вие читајте полека, од овде никој нема да ги избрише рецептиве, а коментари коа некој ќе проба, јес да овие моиве специјалитети и напишани се јадат, ама пак, знаеш како е коа чоек ќе проба и ќе рече е ова е тоа...!!!:haha::haha::haha:

concrete
21-01-11, 15:38
Мислам дека се избриша постот..па по сеќавање:
Боривое..батали се . земај под кирија лименката, среди малку тоа вецето, па кујната мааалку, амбиент и така и така, 1 маса за 6, две за 4 и три за двајца...напрај листа на 100 рецепта кои можат да се нарачаат..со препорука на комплетен твој предлог на комбинации за ручек,вечера,итн., закажување минимум 3 дена порано , време за на маса не подолго од 4 саати ....за вонредни: време+рецепт аранжмани...јебига..секогаш има ајкули 40%...... плус на цена, и седни после калапи пара.....ем се забављаш ем заработуеш......ко радодајка у јавна куќа.....нема бољи бизнис....

Трајковски Борче
21-01-11, 18:51
Најверојатно се избришал и мојот одговор на овој твој пост... Имав таква шанса, и тамам ги навлеков странчугиве од амбасади, дури и од Бондстил доаѓаа, за да ги пробаат специјалитетите на Боки, го срушија ресторанот преку ноќ... Сигурно се сеќаваш на “Бон Бон“, на ул Железничка, под МВР, кога идеш накај Љуц, едно триста метара од левата страна, сега градат нешто таму... Нејсе, дури имав понуда да гостувам во Норвешка во некој ресторан ко готвач, ама ебиго друже судија коа те напушта к’сметот и тоа шо го знаеш не поминуе ко шо треба... Ама ништо не се знае... има уште живот, се надевам...!!!

СЕГА САКАМ ДА ВЕ ПРАШАМ ШТО ОД СЛЕДНОВО ДА ВИ СПРЕМАМ ЗА УТРЕ?

1) СИМИТ И ПОГАЧА
2) БУРЕК,
3) БАНИЧКА,
4) ПАНЦЕРОТИ,
5) ПИЦА,
6) ЗЕЛНИК,
7) МЕКИЦА,
8) ДОМАШНО ЛЕПЧЕ,
9) ПОЛНЕТ ГЕВРЕК,
10) ИЛИ ГИБАНИЦА...?

СИТЕ СЕ АЛА БОКИЕВА ГУРМАНСКА НАПРАВИЈА..., Ж’ИМИ ХАМЗА ОД Р’ЖАНИЧИНО, А ТОА ЗНАЧИ, МАЈКА ДА ЈЕДЕ, ЧЕРКА ДА ГЛЕДА, НА ЧЕРКУ ДА НЕ ДАЈЕ...!!!

marsovec
21-01-11, 20:53
I jas dosta dobro gotvam a i mesam...Zatoa BUREK a la Boki???
Ako nekogas sedime vo limenki...nesto pravam i nosam od mene...
Inaku kromidot za da omekne pobrgu i da ne podgori...malku solca...??

Трајковски Борче
21-01-11, 21:03
***************************
СИМИТ и ПОГАЧА АЛА БОКИ
***************************

Со еден стар скопјанец влеговме во муабет за вкусот на правата симит-погача, за феноменот на неповторливиот рецепт на вистински и калоричен појадок на лебче во лебче, за тајната на наутли тестото од кое се правеа симитките, за маслото со кое се преливаше погачата, за фурната на чичко Диме лоцирана во старата скопска чаршија, на кејот од реката Серава, на опојниот утрински мирис од нискиот оџак, кој ги повикуваше минувачите, и чираците од дуќаните на занаетчиите, укажувајќи дека е време да фатат ред пред шалтерот на фурната, од чие стаклено окно со дрвена рамка излегуваше топол бран на тазе извлечени симити и погачи во големи бакарни тепсии, кои сеуште крчкаат во зовриеното масло со единствен и специфичен вкус, како кај најскапите путери кои денес се сервираат во полуксузните хотели, за молкот во редицата пред шалтерот кој на возрасните им удараше во колена, а гласно говореше за нетрпението за што поскоро да се дојде до симит-погача, а чичко Диме и сопругата се качуваа на неколку скалила за да дојдат до него од другата страна, да ги навлечат другите, почистите кецели и да почнат да ги служат муштериите, кои, само до прееска беа закочени, стаписани во редицата и без збор ѕиркаа низ замаглените стакла и гледаа како чичко Диме ги извлекува првите тепсии од окното на фурната која се загреваше со дабови дрва, па влеговме во муабет за тој специфичен момент кога ќе го гризнеш првиот залак, а во усната шуплина почнуваат да ти се мешаат вкусовите на наут и топло масло од тенките кори на погачата, се еден сосема специфичен киселкаст вкус, небаре во погачата има чудно сирење, кои масни сокови се пробиваа низ краевите од усните, а со крајот од симиотот брзаш ем да се избришеш ем да не им дозволиш да паднат и со следниот залак ги враќаш во устата, за на крај да заклучиме дека можеби најдобро ќе биде за утре да ви го кажам начинот како и со што самите да се обидете да направите симит и погача барем приближно со вкусот на симит-погачата на чичко Диме, на правата скопска симит-погача... И да ми верувате дека е таква... Хмммм

Ченто
21-01-11, 21:12
СЕГА САКАМ ДА ВЕ ПРАШАМ ШТО ОД СЛЕДНОВО ДА ВИ СПРЕМАМ ЗА УТРЕ?

1) СИМИТ И ПОГАЧА
2) БУРЕК,
3) БАНИЧКА,
4) ПАНЦЕРОТИ,
5) ПИЦА,
6) ЗЕЛНИК,
7) МЕКИЦА,
8) ДОМАШНО ЛЕПЧЕ,
9) ПОЛНЕТ ГЕВРЕК,
10) ИЛИ ГИБАНИЦА...?
Може да одберам три работи (за следните три дена)?
Фала in advance...

ДОМАШНО ЛЕПЧЕ
БАНИЧКА
СИМИТ И ПОГАЧА

Редоследот не ми е битен!

Пиповски
21-01-11, 22:06
Поховани зденки, со павлака мајонез и похован кромид со кригла свежо пово...тоа знам да го приготвам совршено, практикувам барем еднаш неделно со туборг мх мх.. :)

Thunderbird
22-01-11, 02:46
Може да одберам три работи (за следните три дена)?
Фала in advance...

ДОМАШНО ЛЕПЧЕ
БАНИЧКА
СИМИТ И ПОГАЧА

Редоследот не ми е битен!

Не можам да ја дочекам Неделата да дојде... мама слетува преку барата... а листат ми е однапред дефинирана:

домашен леб, зелник со праз, пишии, брашнени пиперки, баница, кашамак, матеница, компируша, кифли, лутеница, селско месо, итн итн...

Ченто
22-01-11, 03:11
домашен леб, зелник со праз, пишии, брашнени пиперки, баница, кашамак, матеница, компируша, кифли, лутеница, селско месо, итн итн...
Уф, уф, мераци!:)

Thunderbird
22-01-11, 03:16
Уф, уф, мераци!:)

Праќај адреса на прајват, и чекај пакетче :)
Сериозен сум!

Трајковски Борче
22-01-11, 13:50
*********************************
СИМИТ и ПОГАЧА АЛА БОКИ...! (1)
*********************************

***
Пред да почнам, морам да ви кажам дека тоа што сте го пробувале низ скопскиве фурни како симит-погача, нема благе везе со вистинскиот рецепт и со вистинскиот вкус и на симитот и на погачата. Тоа што денес се нуди како таков производ е повеќе лоша копија со несоодветни суровини, кои за жал, повеќе се претворени во праење пари одошто во пренесување на стара традиција. Вчера ви напишав нешто во смисла на тоа. Овој рецепт на симит-погача таканаречен Ала Боки, морате да го испочитувате до максимум, за да го добиете вистинскиот вкус на правата симит-погача...

***
Логиката на ноншалантно отфрлање на ваквите производи како дел од менито во кој било временски период на денот, најчесто за појадок, со констатацијата, “А бе ај, симит-погача? Лепче во лепче, тесто со тесто, шије ми га Џура...!!!“, и демек, имате вистинско образложение за да го одбегнете, не е вистинска одлука, па и покрај драстично сментитот рецепт на дененшниве мајстори во нашиве пекари... Не е така. Сигурно секој од вас се дави во појадок од тазе лепче намачкано со квалитетен путер, малку солца и чај или млеко, а може и без други додатоци. Сигурно е и тоа, дека квалитетниот путер, не може да се најде на секоја трпеза во дененшно време, па на лепчето мачкаме разни видови на маргарини и сме задоволни од таквиот појадок или вечера, сеедно...

***
Симит-погачата не е ништо друго туку комбинација на две теста, лепче (симит), и погача, (шест преклопени тенки кори залиени и испечени во квалитетен путер), што во суштина е комбинација од погоре споменатите менија кои секојдневно ги имаме на нашите трпези, но, со единствена разлика дека оваа комбинација на симит и погача, ја нуди најсовршената варијанта на употребата на путерот со лепчето...

***
Тоа што јас го користам за изработка на овој рецепт, од кој се добиваат 20 до 22 симит погачи Ала Боки, е следново: два килограми брашно Тип 400 од Жито Лукс, една коцка квасец, сол, малку зејтин и половина килограм путер, но, сега внимавајте. Путерот секогаш го набавувам од едно исто место. Додуша сега во скоро време имам слушнато дека синот на женичкава која со години продава сирења, кајмаци и разни масла на Бит Пазар, отворил специјална продавница за млечни производи и на пазарчето во Чаир, па верувам дека и таму може да се добие истиот путер за симит погача, а и за мачкање, како сакате. Еден килограм од овој путер чини 160 денари..., што би рекле дека е поднослива цена... Значи, побарајте масло за симит погача рефус, или на Бит пазар или на пазарчето во Чаир, а за сите оние кои не се од Скопје можат истото да го побараат на своите пазари, а за оние кои се преку барата, нека користат германски путер, од кој било производител. За нив барем знам дека не утнале во квалитетот. И, пред да почнам да ја правам симит-погачата ала Боки, ќе ви кажам дека истовремено се работи и на погачата и на симитите, но, вие ќе ги добиете рецептите посебно, прво за симитот, хммм...

(продолжува)

factotum
22-01-11, 14:12
Ајде пошто и јас имам коњ, да се промешам во гужвата. Ми остана од вчера тавче-гравче па ќе направам омлет (кајгана) и ќе го турам гравчето во неа, а потоа ќе ја затворам како палачинка, или поточно како калцоне. Свежа зелка за додаток, годинава старата не го погоди расолот. Ама утре подварок, за подварок не е лош...

Трајковски Борче
22-01-11, 17:29
*********************************
СИМИТ и ПОГАЧА АЛА БОКИ...! (2)
*********************************

***
Брашното обично го претварам во тесто во пластичен сад, посебно зимно време, заради температурата на садот, мислам, заради тоа што станува збор за изолатор, не проводник на топлина, што во многу ми помага и при месењето и при стасувањето на тестото кое сум го замесил... Покрај тоа, бирам повисок сад, за да можам при месењето да го добијам ефектот на притискањето на тестото од ѕидовите на садот, (двоен ефект), што значи покрај притисокот на дланката, тупаницата, истовремено ја користам и реакцијата од притисокот на тесниот сад...

***
Еден килограм брашно истурам во садот и го прекривам со тенка подлога од сол. Солта е побела од брашното и точно се препознава каде имам пропуштено сол... Брашното или тестото ја впиваат солта и не треба да има страв од пресолување, кој факт, пак, не треба да значи и претерано солење, туку, токму вака како што ви кажав, прекријте ја горната површина на брашното со сол, и без гајле... Понатаму, загревам вода во мало тенџерче на температура поднослива за допирот на задниот дел од дланката... Во помало лонче, мислам дека е од три деци, сеедно, го ставам квасецот и три супени лажици брашно, за на крај, да му исипам од загреаната вода полнејќи го до половината. Ја мешам таа содржина додека не стане хомогена, еднаква.. Потоа го замотувам во платнени крпи и го прекривам... Чекам отприлика десет минути да почне квасецот да се развива, по што го откривам лончето и повторночекам до момент кога речиси ќе сака да претече, да излезе од лончето..(е, заради ова, ова тесто се вика тесто со скиснат квасец, или скиснато тесто), и, го ставам во насоленото брашно. Истоврмено тука ми е и загреаната вода, па со левата рака сипам врз десната дланка која веќе со раширени прсти ми е во брашното и почнувам да месам. Еднаш ви кажав дека штом ќе почнете да го месите брашното, квасецот и водата, НЕМОЈТЕ да прекинувате ниту за момент... Ова треба добро да се запамети...

Бидејќи од ова тесто сакам да направам симитки, (лепчиња), потребно е тестото да ми биде помеко, што, пак, подразбира повеќе вода, а тоа јас го разбирам на овој начин: Штом тестото почне да ја добива својата прва хомогеност, која најнапред се чувствува помеѓу прстите, дотурам сосема по малку водичка додека не го натерам да ми се залепи на целата дланка, и од напред и од назад, и продолжувам “крвнички“ да го притискам , и, кога ќе решам да престанам всушност тоа е моментот кога сум притиснал во дланката тесто, а тоа, како густ флуид, ми поминува низ прстите без да забележам дека има грутчиња, значи, тоа ми е знакот дека тестото за симиткиве е добро измесено, ми поминува мазно низ прсти... Ја вадам дланката, со нож го симнувам залепеното тесто од дланката, онолку колку можам, ги влажнам прстите во млаката вода од тенџерчето и ја измазнувам површината на тестото во садот, собирајќи го од ѕидовите на садот надолу... Го покривам со најлонска кеса и го оставам да стаса, значи да нарасне речиси до пукање на горната површина... Ова прво стасување отприлика трае некаде околу 25 до 30 минути...

На мазна површина посипувам брашно, овој пат малку повеќе и го распоредувам... Врз него го исипивам стасаното тесто и почнувам да го месам, работам по втор пат.. Овде со тестото се однесувам како се бебе.. Го диплам и внимателно го притискам, значи со усул, што би рекле старите. Откако ќе осетам дека целото тесто е повторно хомогено, го попрскувам со брашно, го прекривам со платнена салфетка и го оставам да расте уште ај да речам 15 минути... Ова јас го правам од око, мислам, одредувам кога ќе почнам да го сечам, ама сега, отприлика морам да ви кажам колку време го оставам под салфетката... Мене ми е знак, моментот кога ќе видам дека почнало тестото да расте и да се шири низ масата...

Сега, го попрскувам со брашно и останатиот дел од масата, таму ќе ги редам пресечените парчиња тесто, по што почнувам да го сечам... Сечам со нож, парченца со големина, поим неам колкави, ама толку големи за да направам мало топче од тесто кое ми го собира со усул у шака, значи, помало од тениско топче, а поголемо од пин-понг топче, па сеа и да згрешите, не е страшно... Нејсе, треба да извадам од тестото отприлика 15 парченца... Откако ќе го исечам целото тесто, веднаш се враќам на првото исечено парченце и го ставам на брашно и почнувам да го вирклам... Ич немојте да се нервирате кога ќе ви се залепи за прсти, за дланка, додека го сечете, така треба... Вирклање го нарекуваат мајсторите, а всушност значи, да го вртите тестенцето на едно место, додека од него не направите што е можно помазно топче... Јас тоа го правам зимајќи го парчето тесто во дланка, го спуштам на брашното пред мене и сосема нежно притискајќи со дланката и туркајќи со палецот, го вртам во круг, се’ додека не направам мазно топче... Може и на друг начин, значи, кој како се снајде, на кого како му е полсено, битно е да направиме што е можно помазно топче... Го враќам топчето на местото од кај сум го земал и веднаш го попрскувам со брашненце и го притискам за да го сплескам до дебелина од околу еден сантим, и, продолжувам на истиот начин со останатите парченца тесто...

Откако ќе ја завршам оваа процедура, го зимам ножот и веднаш се враќам на првото тестенце и внимателно го сечам на половина, значи по дијаметар... Добивам полумесечинки, всушност такви изгледаат и симитите во кои се полни погачата, така... Сите триесетина половинки внимателно ги редам во две тепсии (овде мислам на оние домашнине стандардни црни тепсии за во рерна), кои се претходно намачкани со сосема тенок слој зејтин, па откако ќе ги наредам во тепсиите, со готварска четка ги премачкувам на горната површина со зејтинче... Доаѓа период на четврто стасување на симитите пред печењето... Ова стасување трае отприлика 40 минути.. Тука да не заборавам да ви напоменам дека помеѓу секоја полумесечинка од тесто, кога ги редите во тепсија, треба да оставате барем по еден сантим простор, затоа што во последното стасување, тие сигурно ќе се спојат една со друга, такво е тестото... Е, дури кога ќе се спојат полумесечинките и кога на горната страна каде се намачкани со зејтин ќе забележите нерамнини, пори, веднаш ставајте ги во загреана рерна на 250 степени, што значи рерната треба да ја вклучите порано... Печењето трае отприлика 14-15 минути, всушност, тоа е слободна проценка... Јас ги вадам штом фатат златна боичка на површината... Штом ги извадам од рерна, обавезно ги премачкувам со вода, па внимателно ги редам на чиста платнена салфетка и со иста таква ги прекривам... Само после две до три минути, да ги допрете од озгора веднаш ќе осетите што е прав симит, а тек кога ќе ги помирисате, или кога ќе ги пробате, душичка од лепче...

Погачата утре, ебиго друже судија, дојде Царот на гости, мислам, на внукот Максим... Нема заедбанција мора да пуштаме Бумба на јутјуб... ха ха хааа

(продолжува)

Ченто
22-01-11, 23:48
Једва чекам да недеља доѓе,
и да ми погача у загрљај доѓе!

Твој верен читател,
Шило

Thunderbird
23-01-11, 05:26
Једва чекам да недеља доѓе,
и да ми погача у загрљај доѓе!

Твој верен читател,
Шило

Е тоа е... од каменчич на каменчич та ф ѓоло ! :)

concrete
23-01-11, 09:59
Е тоа е... од каменчич на каменчич та ф ѓоло ! :)

уф ѓоло!!! :)

Трајковски Борче
23-01-11, 10:13
*********************************
СИМИТ и ПОГАЧА АЛА БОКИ...! (3)
*********************************

Погача...

***
Сега ќе ви објаснам како да ја направите погачата на начин како што јас ја правев на почетокот, кога се’ уште не знаев да ги вртам корите како бурекџиите, демек преку глава, а башка и Тањушка не го преферира тој начин на развлекување кори за погача во домашна атмосфера, многу прскам со зејтинот, но, затоа има еден друг полесен начин, со речиси ист ефект, а тоа е со тегнење на корите... Ајде прво да го замесам тестото...

***
Преостанатото брашно исто така го ставам во пластичен сад за месење, и површината на брашното ја прекривам со тенок слој сол... Во тенџерчето загревам вода, доволно топла за да се допира, нешто повеќе од млака, и со лончето сипам врз дланката во садот со брашното и почнувам да месам... Приметивте, нели...? Во тестото за погача нема квасец, затоа што не треба... , значи, брашно, сол и вода, ништо друго... Ова тесто го замесувам на потврдо... Еднаш ви објаснив, дека густината на тестото, неговата цврстина, тврдост, зависи од количеството вода, што подразбира, помалку вода потврдо тесто, повеќе вода помеко тесто, највеќе вода или млеко во тесто за палачинки, кое е речиси течно и се мати со миксер.. Добро, значи, затоа водата се додава постепено во секое тесто, за да месејќи ја осетите и потребната густина на тестото, а во овој случај тоа ќе го забележите кога тестото нема да ви се лепи на раката со коај месите, ќе се одлепува, а исто така ќе почне да се одлепува и од дното на садот. Тоа што овде не треба да го заборавите е следново... Првото месење на ова тесто треба да трае подолго од вообичаено, заради тоа што само од доообро размесено тесто, можете да очекувате квалитетна и хомогена кора за погача... Можете слободно да го извадите тестото на мазна површина и да продолжите да го месите со двете дланки, се додека не видите дека се измазнува, станува очигледно дека е добро измесено, по што правите цилиндер од кој, ќе пресечете шест приближно исти парчиња од тестото... Кога ќе го пресечете тестото, веднаш ќе видите дали добро сте го измесиле... Внтаре, тестото мора да биде мазно, и такво ќе биде...

***
Шесте парчиња тесто ги оставате барем пет минути да одморат, по што следи правењето топчиња, или она вирклање на тестото... Овој чекор при работата на тестото, таканаречен вирклање, е неизбежен при подготовката на каков било вид на тесто, и никогаш не смеете да го заборавите но и да се обидете со тркалање на парчето тесто да направите што е можно помазно топче од тесто...

***
Сега ми се потребни две тепсии... јас ги користам истите тепсии од шпоретот во кои печам... Во едната сипам масло за јадење, ама внимавајте..., сипам поголема количина масло, заради тоа што топчињата треба да ги измрсам од сите страни... Отприлика во тепсијата треба да има барем три милиметри зејтин... Ги ставам топчињата тесто во маслото и со рака, вртејќи ги , (не превртувајќи ги), значи ги вртам во десно и ги мастам секаде... Треба да светат од што се намастени и да лизгаат една од друга, значи не се притегајте гога ги мастите убаво... Другата тепсија само ја намачкувам со зејтин, па откако во оваа со повеќе зејтин ќе ги намастам топчињата тесто ги ставам во другата тепсија, но, едно оставам во оваа тепсија со многу масло... Со шака го притискам тестото до момент додека не направам од него питулица со дебелина од, да речеме два до три милиметри и пречник од можеби дваесетина сантиметри... Не се притегајте или не се гадете од тоа што притискајќи постојано ќе ви “жврчка“ зејтинот, така треба..., па откако ќе ја исплескам ја земам внимателно и ја ставам на страна во тепсијата кај топчињава... Земам друго топче тесто и го сплескувам исто... Оваа питулица ја преклопувам малку врз онаа првата... и така, сите шест питулици ги редам во другата тепсија, но, откако ќе ги наредам, сега една по една питулица ги враќам во тепсијата со повеќе зејтин, и тука повторно ги мрсам и ги преклопувам сосема малку, по што добивам редослед онаков каков и што треба, зошто...? Првата питулица што ја сплескав сега и навистина ми е најодозгора, значи неа прво ќе почнам да ја растегнувам, така...?

***
Дојдов до моментот кој е можеби најзначаен во оваа процедура, времето колку треба да одморат питулиците во зајтинот... Точно триесет минути, не помалку, не повеќе, ова запаметете го... Во меѓувреме, во метален сад растопувате на шпорет половина килограм путер и го тргате настрана... На масата каде ќе ги тегнете корите постилате стар ама чист чаршаф..., јас користам некои стари чаршафи за спиење, кои се надвор од употреба, ама тоа нека биде по ваш избор... Намастете ги прстите со зејтин и внимателно одлепете ја првата питулица... Овде морам да ви напоменам една работа... Веднаш ќе забележите дека питулицата ќе почне да ви бега во дланката, да се растегнува ко ластик, па ставета ја брзо дланката во средината на питулицата и превртете ја на средина од чаршафот...

***
Сега, протнете ги прстите од двете дланки под питулицата и внимателно развлекувајте ја кон себе, по што ја оставате и истото го правите подесно, па подесно, додека не ја заобиколите питулицата која полека станува проѕирна кора... Значи, прво морате средината да ја развлечете да стане прозирна, па се повлекувате кон краевите на кората... Што повеќе ја растегнете толку подобро, а сигурен сум дека добро измесената кора ќе се растегне охохоххоооо..., без страв дека некаде ќе ви пукне, но и да пукне не се плашете, продолжете таму каде што можете да тегнете... Ако на краевите ви остане прстен од тесто кое веќе не можете да го развлекувате заради тоа што на чаршафот веќе имате доволно голема кора, слободно откинете го, стуткајте го и ставете го во тепсијата кај питулиците... Мене секогаш од краевите на корите ми излегуваат барем две банички... И, ајде сега ќе замислиме дека кората е доволно растегната на чаршафот по што, го зимаме растопениот путер и со лажица ја прскаме кората... Сипаме додека не ја исшараме доволно со путерот... Сега внимателно ја фаќаме кората од адната страна на краевите, и, ја преклопуваме до средината... Всушност, треба да ја преклопиме од четири страни, ама да внимаваме дека преклопеното парче, (правоаголник), ќе ја има приближната димензија на тепсијата во која ќе се пече погачата... Откаско ќе ја преклопиме ја зимаме внимателно од едната страна и ја ставаме во онаа малку намастената тепсија... Веднаш ја ставаме на чаршафот втората питулица и од неа развлекуваме кора, ја попрскуваме доволно со путер и пред да ја здиплиме во средината ја положуваме првата кора од тепсијата... Значи, ја вадиме првата кора внимателно од тепсијата и ја ставаме во средината на оваа растегнатава, по што и оваа ја преклопуваме врз првата... Двете преклопени кори ги враќаме зо тепсијата... Врз секоја развлечена кора ги ставаме преклопените кори од тепсијата се до последната шеста кора... При преклопувањето ќе ви се појават балони, меури од воздух, но, додека ги редите не ги дупчете, остајте ги... На крај, откако ќе ги преклопите сите шест кори, целата погача ја враќате во тепсијата и преостанатиот путер го сипувате врз погачата... Онаа тепсија со повеќе зејтин, каде киснеа питулиците, јас ја ставам на миење... Вооптшо не се притегајте ако видите дека погачата плива во путер, па да, токму тоа треба, и, тргнете ја настрана...

***
Вака, погачата треба да одмори најмалку 40 минути. Путерот ќе се стегне, ама затоа рерната ќе се загрее на 250 степени, па откако ќе поминат тие 40 минути ја ставаме тепсијата во рерна а потенциометарот го враќаме на 200 степени... Печењето треба да трае додека видите дека погачата е добро испечена од горе, а мене ми е знак, кога ќе видам дека горните кори веќе почнуваат да црнеат на некои места, или, со шпакла ја подигам и долната страна за да водам дали долу е печена, дали е зацрвенета... Тука јас не мерам време, самите процените, ама не брзајте... Подоборо испечена одошто жива...

***
Ја вадам тепсијата со погачата, а додека таа се печеше ги отворив симитките од онаа рамната страна, не од кружната, а погачата со две шпакли, веднаш ја превртувам на грб во истата тепсија... Ја поткревам од едната страна за да го исцедам путерот на едната страна од тепсијата, и, фала му на Бога почнувам да сечам парчиња ко за дома и ги полнам симитките со вруќа погача...

***
Што да ви кажам за вкусот на тоа што ќе го гризнете...??? Само тој што ја пробал симит-погачата Ала Боки, симнува капа, па макар тој бил и врвен пекар, да цркнам..!!! Наздравје...

intel
23-01-11, 12:02
Boki si pravel boza ?

Трајковски Борче
23-01-11, 12:22
Boki si pravel boza ?

Не. Инаку мајка ми беше стара скопкса лимунадџика, од 1961 година, а првата лимунадџилница и беше лоцирана на кејот на Вардар, наспроти стариот влез на сегашна Комерцијална Банка, меџу “Еврејско“ и “Пајко“ маало. Тогаш таму застануеа аутобуси, за каде поим неам, ама мислам дека беа меџуградски. Не знам како се викаше тогаш банката, ама ги паметам оние пет динарчиња на неонска реклама, (мислам дека беше првата подвижна неонска реклама у Скопје), горе на кровот на банката, како се палеа еден по еден и оп, во касичка... Инаку, во лимунадџилниците, напред имаше, ако ги паметиш оние “штендери“ ги викаа, со стаклени епрувети, гравирани со цртки и доле чеп, од каде се дозираше сируп од сок, сакаш малина, сакаш лимон, вишња, портокал, Шилото обожаваше мешана, демек, малку портокал малку малина или вишња, па после се појавија боровници, ананаси и так даљше, кои се вртат на никлована осовина, а доле, под епруветите, од страните, две чешми, лаво и десно, од каде се сипаше сода под притисок, CO2+H2O... Јебоме благи Бог и слатки римски Папа, понекогаш ми доаѓа да го вратам тој бизнис под некој изнајмен шанк некаде на плоштад, упм... После земјотресот се лоциравме во населба кај мене и таму работеше се’ додека татко ми беше жив, значи до 1993 година... Сега киоскот е трафика, а го наследи сестра ми... и така... Значи, за оранжади, клакери, сирупи, сода-вода, сум генетски експерат, а за боза, јок...!!!

Трајковски Борче
23-01-11, 13:05
КОЛКУ И ДА Е РИЗИЧНО ПРАШАЊЕТО, ПОРИЗИЧНА Е КОНСТАТАЦИЈАТА КОГА ВКУСОВИ СЕ ВО ПРАШАЊЕ, АМА МОРАМ ДА ВЕ ПРАШАМ...: ЗНАЕТЕ ЛИ ДА ИСПЕЧЕТЕ СВИНСКО БУТЧЕ...?

ПА ДА, МНОГУМИНА ЌЕ РЕЧАТ ЗНАЕМЕ..., И ВО РЕД, ЗНАЕТЕ, ЗНААТ МНОГУ ДОМАЌИНИ И ДОМАЌИНКИ, АМА, НЕ ЗНАЕТЕ КАКО ТОА ГО ПРАВИ БАТО БОКИ...ТАКА...? ЗАТОА, СЛЕДНАТА НЕДЕЛА, НЕКОЈ УБАВ ДЕН, ЌЕ ВИ ИСПЕЧАМ СВИНСКО БУТЧЕ АЛА БОКИ, БЕЗ ЗАЕБАНЦИЈА, МАЈКА ДА ЈЕДЕ, ЧЕРКА ДА ГЛЕДА, НА ЧЕРКУ ДА НЕ ДАЈЕ, Е ТАКОВ...!!!

factotum
23-01-11, 13:38
Боки бе, ќе помине зимава а ти воопшто нема да се осврнеш на подварокот како локален кулинарски специјалитет...

Трајковски Борче
23-01-11, 13:45
Боки бе, ќе помине зимава а ти воопшто нема да се осврнеш на подварокот како локален кулинарски специјалитет...

Од една страна ми викаш полека, а сеа ме туркаш... Вака сеа... “Доолма сарма сос кисел купус“, “Раштевски подварок у трето крчкање“, и “Качамак сос кисела урда и чварак“, завршуем у рок од 14 дена... Значи, ќе има време, ама и овие шо ги пишав до сеа се зимски рецепти, а зимата уше не дошла, не заебаај...!!! :D:D:D А каде се “Коленица у несвес сос“, па “Пунета кокошка на путер“, па “Калајџиско мезе“, “Од куде ви се греди?“ “Шило ала Боки“, и да не ги редам... Ќе остајме нешо и за наредна зима...!!! :D:D:D

Ченто
23-01-11, 14:10
А каде се “Коленица у несвес сос“...
Е каде се де?
Тури ја коленицава троа погоре на списокот!;)

Него Боки... Имам некои рецепти кои што сакам да ги ставам на форумов... Да ги ’турам’ овде, или да отварам друга тема?
Нема правила... Само кажи како ти би сакал?

factotum
23-01-11, 14:15

Отвори нова да не ја загадуваме неговава, пошто се гледа дека е експерт во материјата....

Трајковски Борче
23-01-11, 14:16

Реков на почетокот, секој кој сака да сподели рецепат, нека стави овде, а што се однесува до насловот на темава, моеш да го мењаш, или да го мењам ја, например... “Хммм - Гурманска Воденица...оф оф!!!“

Ченто
23-01-11, 14:58

Не, не... Насловот си е супер... Без оглед дали и некој друг ќе става рецепти!

Отвори нова да не ја загадуваме неговава, пошто се гледа дека е експерт во материјата....
Ајде де... А ти можеш да ставаш рецепти? Како тој вчера!:)))
Ми остана од вчера тавче-гравче па ќе направам омлет (кајгана) и ќе го турам гравчето во неа, а потоа ќе ја затворам како палачинка, или поточно како калцоне...

Ченто
23-01-11, 15:02
*****************************************
Оригинални рецепти - ЃЕВРЕЧИЊА АЛА ШИЛО
*****************************************

Потребни продукти:
- 1 кг. брашно
- 1 стасан квасец
- 1 лажиче сол
- 1 лажиче шеќер

Начин на приготвување:
Брашното, квасецот, солта и шеќерот се замесуваат со вода за да се направи средно меко тесто, кое потоа се дели на 12 еднакви делови. Од секој дел се обликува по едно ѓеврече.
Се вари еден литар вода со три лажици мед. Во зовриената вода се спуштаат ѓевречињата. Штом се кренат над водата, се вадат со решеткаста лажица, се валкаат во доста сусам, се редат во намастена тепсија и се печат на појак огон за да поруменат.
Препорачуваме да се јадат веднаш со овчо сирење или со џем од кајсии.
На здравје!

Ченто
23-01-11, 15:08
*****************************************
Оригинални рецепти - ПИРОШКИ АЛА ШИЛО
*****************************************

Потребни продукти:
- 50 г. квасец
- 1 лажица брашно
- 2 жолчки
- 50 г. маргарин
- 1 лажиче сол
- половина литар млеко
- малку сол
- малку шеќер

Фил:
- 500 г. рендан кашкавал
- 500 г. салама (мартадела) сецкана на мали коцки
- 500 г. кечап, или сос за шпагети
По желба можат да се додадат и други работи како: печурки, сирење, маслинки итн.
(Сите овие состојки се мешаат во еден длабок сад).

Начин на приготвување:
Квасецот се раствора со 3 лажици топло млеко, малку сол, малку шеќер.
Се бијат две жолчки со 1 лажиче шеќер, се додава стасаниот квасец, размешаниот маргарин, па му се додава млако млеко и брашно.
Тестото се меша со лажица додека се појават меурчиња, потоа се меша со раце и се остава на топло да скисне тестото.
Кога се’ е готово, на масата која е попрскана со брашно се тура тестото и се меша повторно и се шири со сукало (или оклагија дебела половина см).
Тестото се сече со чаша или со калапчиња за пирошки, кои се полнат со филот.
По 1 голема лажица не преполнета од филот (ако ги сечете со чаша тогаш ќе го преклопите тестото да добиете месечина и со вилјушка ќе ги притискате краевите).
Потоа се пржат во врело масло (потребно е масло исто како за пржење компири).
Се пржат од двете страни додека не заруменат, се вадат, се цедат од маслото и се сервираат по избор, топли или ладни.
Добар апетит!

Ченто
23-01-11, 15:12
*****************************************
Оригинални рецепти - ПИЦА-ПИТА АЛА ШИЛО
*****************************************

Замислете дека меѓу мажот и жената, во едно неделно претпладне започнала кавга. Жената за ручек тој ден сака пита, а мажот сака пица. И има ли решение? Секако! Решението е во рецептот на Шило, наречен ’Пица-пита’.

Потребни продукти:
- 500 г. кори за пита
- 300 г. ситно исецкана салама
- 200 г. рендано овчо сирење (не многу солено)
- 150 г. сецкани шампињони
- Кечап
- Оригано
- Сусам

Начин на приготвување:
Корите се делат на два дела за да се добијат два ролата.
Секоја кора се премачкува со малку кечап и врз кечапот се става по мала количина од претходно направената смеса од сецкана салама, сирење, шампињони и оригано. Кога ќе се направи истото со сите кори, сето тоа се замотува во ролат, кој од горе се премачкува со многу тенок слој кечап, а потоа се попрскува и со сусам.
Истата постапка се применува и со другата половина од корите.
Ролатите се печат во добро загреана рерна и кога ќе бидат готови се сечат на малку подебели кругови.
Ете така... Ем спречивме кавга, ем ќе кркаме нешто вкусно!

Ченто
23-01-11, 15:16
И да ја завршам мојава ’монодрама’ со информација дека на новиот портал кој што е во подготовка, ќе има и секција ’Воденичарски рецепти’, која што па ќе има и две потсекции... Едната ќе биде наменета исклучиво за рецептите ’Ала Боки’, а другата ќе биде наменета за сите останати... Без ’калцонето’ на Фацтотум!:)

intel
23-01-11, 16:09
Не. Инаку мајка ми беше стара скопкса лимунадџика, од 1961 година, а првата лимунадџилница и беше лоцирана на кејот на Вардар, наспроти стариот влез на сегашна Комерцијална Банка, меџу “Еврејско“ и “Пајко“ маало. Тогаш таму застануеа аутобуси, за каде поим неам, ама мислам дека беа меџуградски. Не знам како се викаше тогаш банката, ама ги паметам оние пет динарчиња на неонска реклама, (мислам дека беше првата подвижна неонска реклама у Скопје), горе на кровот на банката, како се палеа еден по еден и оп, во касичка... Инаку, во лимунадџилниците, напред имаше, ако ги паметиш оние “штендери“ ги викаа, со стаклени епрувети, гравирани со цртки и доле чеп, од каде се дозираше сируп од сок, сакаш малина, сакаш лимон, вишња, портокал, Шилото обожаваше мешана, демек, малку портокал малку малина или вишња, па после се појавија боровници, ананаси и так даљше, кои се вртат на никлована осовина, а доле, под епруветите, од страните, две чешми, лаво и десно, од каде се сипаше сода под притисок, CO2+H2O... Јебоме благи Бог и слатки римски Папа, понекогаш ми доаѓа да го вратам тој бизнис под некој изнајмен шанк некаде на плоштад, упм... После земјотресот се лоциравме во населба кај мене и таму работеше се’ додека татко ми беше жив, значи до 1993 година... Сега киоскот е трафика, а го наследи сестра ми... и така... Значи, за оранжади, клакери, сирупи, сода-вода, сум генетски експерат, а за боза, јок...!!!

Jebote slatkiot, ne mozam da gi zaboravam tie limunadi. Ako postoi reikrarnacija zimi se prvo sto posakuvam e da se rodam malku porano :)
Potocno da imam pak 26-7 godini koga kje postoi onaa poslednata limunadgilnica kaj Drvodekor.
- Da idam u Pobeda na corba.
- Na muzika vo Grand
- Da smekam devojcina sto mirisaat miskoina od prigradskite naselbi
- Da se kurcam vo Panorama so Badel.
- Da idam u Tomas kaj Goca na sank.
Postov kje produzi na sindromot...so ve vrtam :)

concrete
23-01-11, 20:14
Не. Инаку мајка ми беше стара скопкса лимунадџика, од 1961 година, а првата лимунадџилница и беше лоцирана на кејот на Вардар, наспроти стариот влез на сегашна Комерцијална Банка, меџу “Еврејско“ и “Пајко“ маало. Тогаш таму застануеа аутобуси, за каде поим неам, ама мислам дека беа меџуградски. Не знам како се викаше тогаш банката, ама ги паметам оние пет динарчиња на неонска реклама, (мислам дека беше првата подвижна неонска реклама у Скопје), горе на кровот на банката, како се палеа еден по еден и оп, во касичка... Инаку, во лимунадџилниците, напред имаше, ако ги паметиш оние “штендери“ ги викаа, со стаклени епрувети, гравирани со цртки

Мора да имам рупетина у кора на мозок.....почнала калцификација...никако да се сетам на таа лимунаџилница, од кај театарот под мост аута поминуваа, имаше тука пред банката на страната на кејот паркче со една камена пирамида..па пајтони, тука беше аутобуска, аутобуси-кљунасти Пионир, па ФАС автобуси од типот Охрид, после земјотрес ја преселија понатака, каде сега е холокаустот....но лимунаџилницата ..јок..имаш некоја фотографија ???
Инаку, не верувам дека некој се сеќава на онаа ГЛАВНАТА на плоштад каде долго беше она штендерот на Кино Култура ко Лондонска телефонска говорница, кај што долго...после беше Кенан...?????

Трајковски Борче
23-01-11, 20:31

Под еден лак од камени, поминуваа и автобусите и колите... Лимунадџилницата беше точно наспроти стариот главен влез на банката... Паркчето позади лимунадџилницата. Инаку, повеќе ја посетуваа провинцијалциве од автобусиве одошто скопјани, и понекој од службениците од Банката, а таму беше до земјотресот... После ја зема некој друг не му го паметам името, инаку стоеше и после земјотресот... Ебиго, и мене ми е ко у магла, ама гарант ако има некоја стара фотографија, од таа страна на кејот на Вардар мора да ја има и лимунадџилницата... Таа кај Кенан беш најјаката лимунада у тоа време, а покрај мајка ми имаше уште пет шест фамилии.. Го паметам Цане, во Стара чаршија карши Слога, па татко му на Жабарот на кеј, Благоја кај Градежен факултет, Кочкови од Пајко маало, па овие кај Кенан не им ги знам имињата, ама сигурно ја паметиш онаа можеби најстарата лимунадџилница карши Бристол..., уф каква малина правеа таму упм...

После, во шеесетите, бизнисот се разви со клакерите и оранжадите па дома имавме цела опрема со машини за рачно полнење затварање на капачиња, мора да ги паметиш оние алуминиумски капачиња со ушка на едната страна, ја тегнеш и ја кинеш, па на стадион во корита со мраз, на Илинден на Чардак и то... Мислам дека во седумдесетите со отворија многу содаџилници..., а со пјавата на Јупи, Кокта, Синалко, полека замре тој бизнис... Јас немам фотографија од ниту еден дуќан на мајка ми, а пет пати се дислоцираше низ градов...

concrete
24-01-11, 00:33
http://ute2.webs.com/photos/1/79.jpg

Трајковски Борче
24-01-11, 08:38
Од овде му доаѓа позади паркчето. Некаде на почетокот кога гледаш од овде од десна страна на паркчето, абе наспроти влезот на Банкава, тука имаше и други киосци, билетара, трафика...

intel
24-01-11, 09:52
Za malku :)

http://i53.tinypic.com/jkg2h2.jpg

Трајковски Борче
24-01-11, 10:49
Оваа е постара фотографија од претходната. Не ја гледам калдрмата од подвозникот...!!! Ама се гледа нешто ко киоск, ебемлига, а лимунадџилницата е лево, поооолево...!!!

intel
24-01-11, 11:09
Тоа е пајтон бе, каков киоск :):)

Трајковски Борче
24-01-11, 11:15
Тоа е пајтон бе, каков киоск :):)

Јеботе пајтон, кажи од која година е оваа фотографија!!!

intel
24-01-11, 11:51
Јеботе пајтон, кажи од која година е оваа фотографија!!!
1930-ти
еве ти ја зумирана
http://i53.tinypic.com/29pav6b.jpg

Трајковски Борче
24-01-11, 12:02
1930-ти
еве ти ја зумирана
http://i53.tinypic.com/29pav6b.jpg

А бе барам стари фотографии од Скопје од 1961 па до 66, ама на интернет нема фотографии од тој дел кај банката, за да докажам дека тука имаше и киосци меѓу кои беше и лимунадџилницата на мајка ми...!!! Остај пајтоните..., тогаш мајка ми имала една година и живеела во Радовиш, ЕТБЕ!!!

Ченто
24-01-11, 13:48

И секој ден патувала од Радовиш до Скопје???
Браво... За едногодишно девојче тоа е голем ПОДВИГ... Па уште и бизнис да води!

Трајковски Борче
24-01-11, 14:05
И секој ден патувала од Радовиш до Скопје???
Браво... За едногодишно девојче тоа е голем ПОДВИГ... Па уште и бизнис да води!

Ти моеш да сведочиш од 1964, мислам, за квалитетот на мешаната, ако си бил роден тогаш, а тоа шо го праела мајка ми, ниту Чак Норис може да го напраи на таа возраст, у денешно време, а камо ли 1930..., јави му одма...! :D:D:D

Ченто
24-01-11, 14:23
Боки, ми текнува дека неколку пати како дете немав доволно пари за малина или лимун, а камоли за мешана... И сум купувал сода... ’Дај шта даш’ работава!:)
Инаку, мајка ти секогаш ми делуваше најфина и најкротка од сите вас... И тураше по некоја капка повеќе од епруветите отколку ти!:) Ти шибаше од тоа сифонот!:)
Него нешто си мислев, ама уште ми е како во магла... Пред да се постави киоскот кај автобуската станица (неколку метра подалеку), нели пред тоа беше до слаткарницата на Чичко Ганчо? На самиот агол?

Трајковски Борче
24-01-11, 14:41

Првата лимунадџилница у населба беше до трафиката на Тутун, од другата страна на слаткарницата, а шалтерот гледаше кон градинката, а во трафиката на Тутун работеше чичко Рамче, со дрвена нога, ако паметиш... На мајка ми секогаш нешто и сметаше заради малиот промет, па успеа да ја донесе од преднава страна до киоскот на Нова Македонија, па после ни ибаа мајката дојде некој паметен и не сруши сите, и Станко шнајдерот и Емин берберот и Кирпи семкарот и Ганчо и нас, и го растурија центарот на населбата. Е од тогаш се преселивме од каршија до автобуската станица, а после неколку години, ај да речам трајно, коа моравме да купиме од оние зелените кенои од Струга, се лоциравме на самата автобуска пред СП Маркет... Овде зборувам за првата лимунадџилница на мајка ми, пред земјотресот, значи пред да ја доднесеме во населба... Сеа без да се фалам, али, боља сода-вода, немало у Скопје од нашата, мислам, има живи сведоци...нали...!!! :D:D:D

intel
24-01-11, 14:47
Имам неколку сифони. Да не шиткаш партони со ЦО2 ?

Трајковски Борче
24-01-11, 15:15
Имам неколку сифони. Да не шиткаш партони со ЦО2 ?

Не знам која година се случи, кога на некој функционер од врвот на СФРЈ, му пукнал сифон на маса и под итно се донесе закон за забрана на сифони, као демек опасни по живот, а тамам почнавме да пласираме по илјада комада дневно... УПМ, да потраеше барем уше некоја година ??? А вакви сифони со патрони, обложени со заштитна челична мрежа, со мали патрони CO2 се Руска направија. Кај нас доаѓаа преку Бугарија...!!! Мртва е таа работа Интел, сеа за сеа...

intel
24-01-11, 16:25
Многу беа мерачки. Тетин ми ги донесе од Полска ама не знам каде купуваше овде патрони.
Знам сипаше виски во широка чаша и го шприцаше од сифон. Шприцер од виски ахахаха. Само изводеше нешто тој човек.
Ние имавме две прекрасни вишни во двор. Беа зрели некаде јуни. Од нив мајками правеше по 100литри сок за растварње и се утепуев ко копиљ правејки со сифоните сок.
Тогаш со стрвост гледав како некои купуваат кока кола и синалко.
Сега би дал 10 кока коли за литро од тој сок :(

concrete
24-01-11, 16:38
Боки, ми текнува дека неколку пати како дете немав доволно пари за малина или лимун, а камоли за мешана... И сум купувал сода... ’Дај шта даш’ работава!:)
Инаку, мајка ти секогаш ми делуваше најфина и најкротка од сите вас... И тураше по некоја капка повеќе од епруветите отколку ти!:) Ти шибаше од тоа сифонот!:)
Него нешто си мислев, ама уште ми е како во магла... Пред да се постави киоскот кај автобуската станица (неколку метра подалеку), нели пред тоа беше до слаткарницата на Чичко Ганчо? На самиот агол?

хмммм, уште еден со тешко детство???? кога планираш Порше??? според нивната статистика , такви им се 85% купци???:D не заебаај, немаш појма за просторот , тој е во светот пред тебе.....:cool:

concrete
24-01-11, 16:39
Не знам која година се случи, кога на некој функционер од врвот на СФРЈ, му пукнал сифон на маса и под итно се донесе закон за забрана на сифони, као демек опасни по живот, а тамам почнавме да пласираме по илјада комада дневно... УПМ, да потраеше барем уше некоја година ??? А вакви сифони со патрони, обложени со заштитна челична мрежа, со мали патрони CO2 се Руска направија. Кај нас доаѓаа преку Бугарија...!!! Мртва е таа работа Интел, сеа за сеа...

CO2 патрони ???
http://www.tyrerepairkits.co.uk/images/CO21-3AT.jpg
мислам уште ги има по свет.....:zbunet:

Трајковски Борче
24-01-11, 21:41
Мислев, сифоните ко сифони се мртви кај нас од поодамна, инаку, немаше кафана, ресторан без сифони, а немаше ни маса со гости без еден или два сифони на неа...!!!

Трајковски Борче
25-01-11, 10:07
**************************
СВИНСКО БУТЧЕ АЛА БОКИ
**************************
Сингапурско-македонска варијација

***
У подлабок метален суд стаам полоина кило свинска маст, па сецкам т’нки кришки од едно пешес, море седум осум, чешњиња лукче, бутам едни прсти ситно сецкан магдонос, две глаици покрупно сецкани коцки бел кромид, рендам еден морков, дробам десетина суи сливи, и џиткам убаи пешес лажички сол и обавезно две лажички пченкарна сол, (онаа кафена со вкус на чубрица)... Стаам на шпорет и коа че се растопи мас мешам... Тргам на страна суд и остаам на ладно пак да стврдне, може и у фриз...

***
Вадам свинско бутче (3-4кгр) на астал и по дужина му отварам три џебои, не мора до коска, по едно два три сантима дубина, (а може ако сакате и попреку на три четири сантима да му напрајте резои), па зиам у рука од стврдната смеса у мас, и убо премачкуем унутрашњост од џебои..., па премачкуем цел бут од сите страни, тоа шо остануе од смеса пунам у џебои и со готврастки конец врзуем бутче, затварам џебои, мотам у фолија и го остаам да лежи вака до утре...

***
Рерна на шпорет загревам на 180 степени, а у подлабока тепсија стаам прстипол вода, подебели кришки од два компира, една глаица кромид исечена на четири, покрупни парчиња морков, еден деци соја сос црвен и два деци пиво (скопско, разбирасе)... Положуем бутче сосе фолија у тепсија, стаам у рерна, а потенциометар врачам на 150... Па да ви кажам прао, едно саат време не отварајте рерна, без гајле... После саат, извадете тепсија и внимателно тргнете фолија од бутче, вратете пак у рерна... Од сеа па даљше, одвреме навреме со четка премачкујте бутче од горна страна со маснотија од тепсија, ама никако не го превртујте, и само брцање на оштар шпицаст нож, и поглед у бутче, решаат до кога да го кречкате, печете... Па да, ако не го напраите вака по овие упуства, од кај на кај че знаете шо вкус има ова шо ви го кажав, а ова да не се проба, да ви кажам прао, греота... Хмммм... Наздравје...!!!

Зарија
25-01-11, 15:17
Ме потсетивте...

Прашање на квизот Најслабата алка: Газирано бело вино?
Одговор: Шприцер

:haha::haha::haha::haha::haha:

Thunderbird
25-01-11, 20:15
Прв домашен леб преку барата.... Не е најдобиот шо суго јадел воопшто ( тој у фуната од земја е незаменлив) ама е најдоборот од леб што сум го јадел преку барата... може сум малце и пристрасен ( од мама е :D) ама научив да месам и јас :)

Денес е пилешка чорба и сутлијач на менито :)

Трајковски Борче
25-01-11, 20:44

Крв да ви се стори, и на тој што донел и на тој што ќе крка..., ама и на тебе што ме натера одма да го стаам млекото на шпорет, а Танјушка ена ја, го требе оризот... Ми потекоа лиги кога прочитав сутлијач, и шо да ти кажуам брате... До полноќ до полноќ ама ќе го праам па мајка Јана да е...!!! Поздрав до сите таму околу тебе...!!! :):):)

Thunderbird
26-01-11, 01:49
Можеби знаете дека сум воденичарски внук... ова е рецепт кој со децении е присутен на нашата софра. Прадедоми кој живеел на воденицата го пренел на дедо ми. Бидејќи пред воденицата имавме градинче со секаков зеленчук... ова е една моја омилена и брза за прготвување закуска.

И да, ова е мојот ручек за утре за работа !
Сигурен сум дека ќе биде спекаткал кога ќе го видат јадењево :)

**************************
Воденичарски Брашнени Пиперки
**************************

Состојки:

5 Зелени пиперки
1 Филџан Брашно
1 Коцка Масло (Путер)

Приготвување:

1. Испечете ги пиперките ( на рингла или плотна)
2. Задушете ги во кеса околу 10-15 мин;
3. Излупете ги пиперките и исчистет ги од семките ако сакате (лично сакам со семчиња и рачки)
4. Стопете го маслото;
5. Ставете го филџанот со браш да се пропржи – внимавајте да не го изгорите, треба да биде убаво исцрвено но не изгорено;
6. Ставете ги пиперките во брашното и измешајте ги;
7. Дополнете со топла вода колку да ги прелие пиперките и да се направи смеса како каша;
8. Пржете ги околу 10тина минути на силен оган;
9. Зачинете ги со сол по сопствен вкус;

Се севираат со секаков тип на свинско месо – јас ги обожавам со ребро на жар или со клиси ( свинско рамо исецкано на коцки и пропржено со кромид) а утре ќе биде со кременадла.

Пријатно јадење!

http://img825.imageshack.us/img825/7409/vodenicarskipiperki.jpg

concrete
26-01-11, 08:44
znaev...piperkar....:D so zaprska....., a si probal li suvi crveni piperki, potpeceni na ringla, pa iskrseni, pa butnati u: voda,sitno kinet magdonos, ne mnogu sitno seckan luk,zejtin ,ocet i solca (vo kolicini po zelba) prethodno drzeni nekoe vreme na temperatura pred vrienje......pa se vrijat piperkite u toa, nekoja minutka ...pa posle so toplo lepce izmacani................u slast?????

Трајковски Борче
26-01-11, 09:05

...и, ако на сето тоа без оцет и вода, му бутнеш шака дробени ореви и прсипол маслинов зејтин, па го фрлиш сето тоа у таа, каде више фатиле боја ситни прележани коцки мефце и го испржиш до емекнуење сува пиперка, до пукање на орефчиња... излегуе “Калајџиско мезе Ала Боки“... Фала ти Конкрете...!!!

concrete
26-01-11, 09:35

јеби га ...сељачаана со вода праи адитив за да не биде сув лебот.....калајџии се чаршиски луѓе, друг свет ..со мевце и оревчиња:D

Трајковски Борче
27-01-11, 17:34
Има ли некој гладен на Воденицава...??? Шо да ви напраам...???

Ченто
27-01-11, 18:17
Има ли некој гладен на Воденицава...??? Шо да ви напраам...???
Ем црвено, ем болдирано!:)
Избери самиот едно од тие три работи што ги назначив долу!
Значи, ќе ви ја откријам тајната, како Боки ја прави највкусната плескавица у свет, најквалитетната мекица, пастрмајлија, највкусниот бурек, специјалитети Жуле ала Боки, сезонски Макала ала Боки, Баба Ески салата ала Боки, Калајџиско мезе ала Боки, Доолма сарма ала Боки, месо на скара у најнеобични варијации на саламури ала Боки, Шашлик ала Боки, сезонска лутеница, летна Манџа ала Боки, Сом, Пастрмка, Ослич, Октопод, Лигњи, Шкампи на кинеско македонски варијации, па домашно лепче, симит и погача ала Боки и мнооогу други рецепти ала Боки...

Трајковски Борче
27-01-11, 19:08
********************
МЕКИЦА АЛА БОКИ
********************

Шило, мекиците ала Боки ти се докажано најквалитетната тестенина у цел свет на Република Македонија..., да цркнам. Глеј сеа ваму: Да речеме зимаш кило брашно 400-ка, таму не верувам дека има Жито Лукс, ама најди некое подобро, земи една коцка свеж квасец и нишо друго... Сеа шо праиш... Нели, прво стааш брашно у подлабока пластична посуда, покриваш горња површина со сол, стааш лонец со вода на шпорет и загреваш у издржујуча топлина за дланка, па у помало лонче стааш коцката квасец и сипаш од водата. Убао размешуеш квасец да се растопи у вода, и пази сеа, ова никако немој да го забраиш: У истото лонче сипаш еден деци зејтин и една лажичка сода бикарбона, мешаш мешаш, стааш тенџерето со млака вода до судот кај ќе месиш тесто, па истураш тоа шо има у малото лонче прао у брашно и почнуеш со месење...

Одма му досипуеш вода зашо овде ќе праиме ептен меко тесто, нешо ко ко, ко јебемлига, не ми текнуе ко шо, ама треба да ти се закачуе на рука со која месиш, и да ти поминуе низ прсти коа ќе го стиснеш, разбираш...? И ич не му ја мисли шо ќе окапеш месејќи, така се размесуе меко тесто, да цркнам, ама не остаај грутчиња. И сеа, иде една мала тајна. Ако немаш наша ракија таму, тогаш че стајш некој бренди, коњак, и тоа, тачно коа мислиш дека си при крај со месење му сипаш цела чашка, 0,5 разбирасе и домесуеш. Вадиш залепено тесто со шпакла или нож од рука, покриваш суд со најлон и остааш да стаса... После игра само око, мислам поглед у тесто, за да осетиш коа ти е стасано, ама еве, ти коа че помислиш дека е стасано, ја ти викам да го остајш тачно уште 10 минути, важи...без заебанција??? Поминуат и мој 10 минути вадиш најлон и пак брцаш рука у тесто... Овој пут не месиш туку го издишуеш и го врачаш доле на место. Пак му стааш најлон и го остааш уште еднаш да порасне, да стаса... У меџувреме на маса посипуеш брашно, и, коа овој ѕверов од тесто че сака да истече од суд, кинеш парче и стааш на брашно... Го вртиш док не напрајш топче... Тргаш на страна топче и зимаш друго тесто, пак стааш на брашно и праиш топче. И така док не испразниш тесто... Како стааш топчиња на брашно ги притискаш со прсти да станат ко мали лепчиња и ич не му ја мисли коа добро ги сплескуеш на маса, тие пак че скокнат, да цркнам... На шпорет стааш длабоко тенџере и го пуниш три прста зејтин, коа дооообро ќе се загрее зејтин стај едно од овие питулициве у зејтин и глеај сеа... ооооооооп, ко балон че стане... со лажица му фрлаш вруч зејтин и од горња страна да фати малку кора и боја, па превртуеш на друга леџа и допржуеш и таа страна, вадиш и стааш на салфета, на кант, да се цеди зејтин... Ако имаш младо сирење, маштеница или турски ајран, брате мили брате, шо да ти зборам...? Ако не е најбоља мекица шо си ја пробал у живот, одма кажуј, да мењам формула, да цркнам...!!!

concrete
27-01-11, 19:13
Neznam za vas, ama jas denes...prvpat posle poise trieset godini...mavnav gravce so PASTRMA !! :).

Трајковски Борче
27-01-11, 19:18
Neznam za vas, ama jas denes...prvpat posle poise trieset godini...mavnav gravce so PASTRMA !! :).

Значи најде пастрма, тибам штркот...!!! Барем кажи добра ли е, мислам пастрмата, за да нарачаме, ако може, не само лиги да ни течат...!!! Птичурино, само едно ме интересира, дали му стај црвена везенка на гравчето..., па да идам да се замијам??? :D:D:D

concrete
27-01-11, 19:22

Idi!!:D

Thunderbird
28-01-11, 00:38
Домашно лепче и Баничка со урда преку бара :)
АКо некој го сака рецептот нека каже ќе го ставам но мислам дека ова е релативно едноставно!

http://img143.imageshack.us/img143/9334/sukano.jpg

Ченто
28-01-11, 01:11
Домашно лепче и Баничка со урда преку бара :)
АКо некој го сака рецептот нека каже ќе го ставам но мислам дека ова е релативно едноставно!
Плиз!:)

Трајковски Борче
28-01-11, 19:46
Заријаа...., Заријаааааа...!!!! Јадеш ли баклава...??? Македонска баклава од готови кори и лимунов шербет ала Боки...???

lofdzijata
28-01-11, 20:13
kako da go prasham kinezot, dali ima urda u negoviot dukjan?:molitva:

Трајковски Борче
28-01-11, 20:21
kako da go prasham kinezot, dali ima urda u negoviot dukjan?:molitva:

На прозорецот на оној дуќан каде јас купувам урда уште стои натписот:
“ОВДЕ СЕ ПРОДАВА УРДА ЗА БУРЕК СО СИРЕЊЕ!“ Тоа му е бренд веќе дваесет години... :D:D:D

factotum
28-01-11, 21:02
“ОВДЕ СЕ ПРОДАВА УРДА ЗА БУРЕК СО СИРЕЊЕ!“

:hihi: Максимално е....

concrete
28-01-11, 21:23
На прозорецот на оној дуќан каде јас купувам урда уште стои натписот:
“ОВДЕ СЕ ПРОДАВА УРДА ЗА БУРЕК СО СИРЕЊЕ!“ Тоа му е бренд веќе дваесет години... :D:D:D

naprail li voopsto nekoj BUREK SO SIRENJE???? :)

Трајковски Борче
28-01-11, 21:26
naprail li voopsto nekoj BUREK SO SIRENJE???? :)

Во бурекџилнициве ЈОК..., никогаш...!!! Ама сите, и го продаваат и оние што го купуваат го нарекуваат бурек со сирење!!! Така им стои и на ценовниците, во менијата...!!!

concrete
28-01-11, 21:29
Во бурекџилнициве ЈОК..., никогаш...!!! Ама сите, и го продаваат и оние што го купуваат го нарекуваат бурек со сирење!!! Така им стои и на ценовниците, во менијата...!!!

ne znaam toa, tuku dali nekogas nekoj gricnal BUREK SO SIRENJE??? ili so MESO???

Трајковски Борче
28-01-11, 21:59
Јас дома го правам со дробено сирење мешано со јајца и јогурт...!!!

Зарија
28-01-11, 22:09
Заријаа...., Заријаааааа...!!!! Јадеш ли баклава...??? Македонска баклава од готови кори и лимунов шербет ала Боки...???

Јадам, давај рецепт да видиме :jadam:
Сакам благо http://i266.photobucket.com/albums/ii269/theogrit/cake.gif

Трајковски Борче
28-01-11, 22:38
Јадам, давај рецепт да видиме :jadam:
Сакам благо http://i266.photobucket.com/albums/ii269/theogrit/cake.gif

Иста ќерка ми...!!! Утре имаш баклава и ресана со природна мандарина и стопено тоблероне..., хммм...!!!:D:D:D

Ченто
29-01-11, 13:47
Специјално за една Еми, на нејзино барање...
(испробан рецепт - супер е!)

Panna Cotta - How To Make Panna Cotta

1 envelope of unflavored gelatin (approx. 2 teaspoons)
1/2 cup milk
2 1/2 cups heavy cream*
1/2 cup granulated sugar
1 vanilla bean or 2 teaspoons pure vanilla extract
1 cup fresh berries, gently washed, drained, and sweetened to taste**
6 sprigs fresh mint

*Half & half, buttermilk, whole milk, and/or sour cream may be substituted for part of the cream.
**Any assortment of fresh, seasonal fruit may be served with panna cotta, but berries are especially nice. To use other ripe, soft fruits, such as cherries, peaches or apricots, just remove the stones and peels as necessary and cut them into thin slices or bite-size pieces.

In a small bowl, sprinkle the gelatin over 1/2 cup milk; let stand until the gelatin is softened, about 5 minutes.

In a large saucepan, combine heavy cream and sugar. Add vanilla extract or vanilla bean. If using a vanilla bean, slice the bean lengthwise and scrape out seeds into cream (add whole bean to cream for additional flavor). Bring cream just to a simmer (do not let it boil), whisking occasionally until sugar has completely dissolved; remove from heat and remove vanilla bean pod. Add the softened gelatin mixture and whisk to completely dissolve the gelatin.

Strain hot cream mixture into a large glass measuring cup with a pouring spout; pour into ramekins or custard cups. NOTE: Don't skip the straining step as it removes any bits of undissolved gelatin and insures a nice smooth dessert. Also, don't let the cream mixture cool before straining. If using a vanilla bean, lightly swirl the cream to distribute the seeds evenly. Refrigerate for at least 3 hours or overnight.

To unmold and serve, carefully dip bottom of each ramekin in a baking pan of hot water briefly. Run a thin knife around edge of each ramekin to loosen it from the inside of the bowl. Wipe the outside of the mold dry and place on individual chilled serving plate (topside down). Invert the custard onto the plate and carefully lift off ramekin (shake gently to release). Garnish with berries or fruit of your choice. See Topping Variations below.

Makes 4 to 6 servings (depending on size of the custard cups).

lofdzijata
29-01-11, 20:15
dve gajbi so mandarini sum zel od kaj kinezot... pochnaa da skapuvaat .. pljus... sum ishel duri u etobiko kaj Mima da zeam tableroni...ni recepta ni butur....

Трајковски Борче
29-01-11, 21:19
dve gajbi so mandarini sum zel od kaj kinezot... pochnaa da skapuvaat .. pljus... sum ishel duri u etobiko kaj Mima da zeam tableroni...ni recepta ni butur....

А јас помислив дека по урда си отишол, беш ми матер, а тебе благичко ти се пријало...??? Се извинувам, денес Боки имаше други обврски, па не можев да седнам и да напраам баклава и Ресани ала Боки. арно ама..., глеј за ресаниве утре да имаш дома, еден прашак за печење, (Србиве го викаат “пециво“), по нашки печиво, три јајца, чаша брашно, цимет, млеко, кафеав шеќер, па ќе ти кажам како ќе напрајме основа за Ресана ала Боки..., тоблеронето у фриз, а мандарини кркај полека, шо да ти кажам, ако една почне да скапуе у гајба, отиде цела гајба...!!!:D:D:D

Зарија
30-01-11, 01:00
dve gajbi so mandarini sum zel od kaj kinezot... pochnaa da skapuvaat .. pljus... sum ishel duri u etobiko kaj Mima da zeam tableroni...ni recepta ni butur....

:hihi::hihi::hihi:

Трајковски Борче
30-01-11, 18:40
Отидоа мандарините...!!!

lofdzijata
06-02-11, 16:34
Boro be.. a be imash li derman....kje pocrkame za resana....imaj isaf malce za napatenite dushi...

Трајковски Борче
06-02-11, 17:45
Boro be.. a be imash li derman....kje pocrkame za resana....imaj isaf malce za napatenite dushi...

Еве ти даам збор дека утре имаш и Ресана и баклава со лимунов шербет Ала Боки... Вчера и до сега брате пуна куча гости, мекици ала Боки, 12 кгр брашно отиде да цркнам, пола канта сирење... за здравје на Анушка... разбирасе!!!

lofdzijata
06-02-11, 17:55
da e zhiva i zdrava vnukata i da dochekash resani da ti prai

kaj bilo sto dena pa za ushe eden den kje se strpime

marsovec
07-02-11, 20:52
Си напраив проја и сега со пивче, после 10 дена( грипосан), си разгледуам Воденица и воденичари...Ај ако одиме во лименка, носам некој мој специјалитет...

Зарија
08-02-11, 01:43
Ооооо Борче, ти внучка си добил! Нека е жива и здрава. :)

Ресани, баклава, проја,... http://l.yimg.com/us.yimg.com/i/mesg/emoticons7/38.gif
Кој ми е крив, не се отвара оваа тема во ова време :ne:

Трајковски Борче
08-02-11, 09:01
Еј Зарија, арно ти ти текна, хе хе хе, а тамам помислив, ова девојчево ми се налутило заради ресаниве шо не и ги пуштив, па ни внучка не ми честита..., благодарам па да си дочекаш и на твоја глава, прво момче по мерка, па едно пешес дечиња, па сурија внучиња и так даљше...

*******************
РЕСАНА АЛА БОКИ
*******************

***
Лоффдзија извини брат, морално беше... Нејсе... Зимај у рука еден длабок суд и бутај у нутра ова, не е битен ред, значи, буташ: девет филџани брашно тип 400, (слушај брат, ја турам од рука, ама морав да мерам со филџани да не те заебам, ме разбираш, ама филџани оние стандардни, наша македонска мерка, не многу големи не многу мали, средни), па стааш четири филџани шеќер, е тука ако имаш кафеав шеќер бутни еден филџан од него, а три од белиот, овој му даа малку карамелкаста жичка на пандишпанот, па бутни еден филџан какао, четири филџани зејтин, едно пециво, две кесички ванилин шеќер и четири јајца комплет, мислам без љушпа, и една кафена лажичка путер...

Е сеа, коа си стајл све ова у посуда, зимаш миксер у една рука, брцаш у суд, а у друга рука држиш смлачено млеко... Миксаш док не добиеш густина на мед..., може и малку погуста од мед, знаеш брат каква густина, да не се раскашауе, ме разбираш, ко смола брат, значи, ако треба да разредиш малку смеса, капнуеш млекце у нутра, а ако не, остааш така како е, разбираш... Значи, тука око ти решаа за густина на смеса... Вадиш миксер, исцедуеш мешаљки, а у тава ставаш специјална мрсна хартија на дно, да не ти се залепи смеса, па подмачкуеш артија со путер, ама т’нко, ептен т’нко... Е сеа пази шо праам... Ја зиам од смеса у лажица, онаа за супа, пунам со смесава и сипам на едно место од крај на тава, и док ми се исцеди смеса од лажица држам на едно место, ме разбираш. Таа смеса доле си праи крукче, нели, па остаам растојање до друго исипуење на смеса и пак сипам у една тачка и пак праам крукче... Пуниш тава со крукчиња од смеса, (тава се бира според количина на смеса, нели), и стааш у загреана рерна на 180 степени...

Отприлика после едно пол саат ѕирнуеш да видиш дали се испечени таканаречени пандишпан крукчиња за Ресана ала Боки, и откако глеаш дека се готои вадиш тава од фурна. Остај на страна да се олади убао...

У меџувреме стааш тенџере со вода, до пола, на рингла, а од горе стааш друг суд кој ќе виси над вода, мислам над пареа коа ќе зоврие водава у долново тенџере. У тој горњи суд стааш Тоблероне, (количина според смеса, ја бутам три комада од оние малите, не знам по колку грама се, јебем ли им матер), и остааш полека да се истопи на пареа... Ти, у меџувреме, одлепуеш од хартија крукчиња и редиш у друга посуда, едно до друго крукче, а ваму сечеш крукчиња од мандарини, толку, колку шо имаш крукчиња од пандишпан... Стааш врз секое по едно крукче мандарина, зимаш растопена смеса од Тоблероне и пак со лажица сипаш тачно у центар на мандарина док не се покрие мандарина ама да фати и на пандишпан, да залепи... Бутај одма у фриз да стврдне чоколадо, па вадиш на маса, сервираш, и стај едно у уста ако смееш...??? Е тоа шо ќе го к’снеш се вика Ресана ала Боки, ЕТБЕ... Нема утка брат, наздравје...

Трајковски Борче
08-02-11, 22:55
Лоффдзијата ми е лут, знам...! За мандарините..., затоа го нема ни фала да каже...!!!

lofdzijata
09-02-11, 00:30
a be ostaj se'... kaj kinezot na red ne mozhe da se doe da se zemat mandarini... neznam zosho...samo sho stignav doma...

sho kje recheshe eden pejach : Thank You, Thank You Much

Трајковски Борче
12-02-11, 20:19
Добро бе луѓе, штом никој не се јавуе да каже, ало Боки, напраив вчера плескаица, мекици, погача, шашлик, бифтек и так даљше, значи цврц... Ви сте ми само по читањето... И шо да ви напраам за утре, коа не готвите ЕВБЕ...??? Малку стимул за маестро Боки вибам штркот, де напрајте нешто од приложеното...???

marsovec
13-02-11, 14:10

Еве јас направив ќовтиња со сос, малку помфритче за внукот ...и пивца ...дали ќе бидат доста незнам...имам само 7 флашички...Вчера ржан леб...но баниран...што да правам...упорит НЕКОЈ...ко мене...Нека му е...Немам КОЗА...а и кучето ми умре од старост пред година дена...Единствено НЕ СУМ БРИЧЕН...тоа е...на посебно место...нели...:psst::psst:

concrete
13-02-11, 15:48

Не сум знаел дека и на Марс има врапци........:cool: по мениво биле бетер и од нашиве овде...:D

Ченто
15-02-11, 18:44
************************
КОКА КОЛА АЛА ШИЛО
************************

вода
карамела
ортофосфорна киселина
природни ароми
кофеин
јаглерод диоксид

Ова досега не е никаква тајна и се работи за артикли кои што ги има во секој т.н. ’кола’ производ...

Арно ама...
Тајната состојка која што никој досега не ја знаел, а која изнесува само 1% од пијалакот содржи:

236 милилитри алкохол
20 капки масло од портокал
30 капки масло од лимон
10 капки масло од оревчиња
5 капки коријандер
10 капки масло од цветот Citrus vulgaris
10 капки масло од цимет

Извор (http://www.whatsonxiamen.com/news17458.html)

Трајковски Борче
15-02-11, 21:50
***************************
ЛЕТНО МАНЏИЧЕ АЛА БОКИ
***************************
Специјално изндание, за Лофџијата..., па и за вас, разбирасе, хе хе...

***
Лофџија, иди кај Кинезот и зимај четири црвени патлиџани, десет широки пиперки, една павлака, бел бибер, црн бибер, маслинов зејтин, 250 грама овчко сирење, малку Кари, а ако кај Кинезот има пченкарна сол, тогаш заеби Кари, суво нане и враќај се дома. Ставај пиперки да се испечат у фурна..., па откако ќе се испечат ставај у најлон да спурат, да можеш полесно да ги излупиш. Откако ќе ги излупиш, вади дршки и сечи на покрупни парчиња... остај ги на страна... Можеби знаеш ама ја да ти кажам како се сече патлиџан... Со шпицаст нож кружно сечеш кај дршка и вадиш корен. Го ставаш на даска со дупката горе и сечеш на пола. Легнуеш на рамна страна и сечеш ленти од сантим, па после го вртиш и правиш коцки исто од сантим... Кога ќе ги исечеш сите домати, стај ги на страна... Пази сега, ако немаш длабоко земјено грне, (Бугариве ги викаат ѓувеџиња), може и во стаклен, и, почнуваш да редиш... Немој тука да напраиш грешка у редење, важи...? Прво премачкуваш сад со маслинов зејтин, па доле редиш парчиња печени пиперки, посолуеш, забиберуеш, колку црн толку бел бибер, по малку се разбира, па редиш коцки патлиџан. Врз него редиш пак пиперки, пак малкуцка посолуеш, забиберуеш со два бибера, и попрскуеш со маслинов зејтин... Нареди толку реда, колку имаш масраф. На крај издроби сирење и покри цела горња површина ко за шопска, ти текнуе, и, на крај покри со кисела павлака... Врз павлака ќе посолиш суво нане, ако немаш пченкарна сол, стави Кари, и, ја го стаам у микро, арно ама, вака... Значи потенциометар на микро на најјако, а саат ТАЧНО на 14 минути, повторувам, 14 минути... Извади, измешај со дрвена лажица, вади леб, крши и мацни... Кога ќе го изедеш јави ми се, да ти кажам наздравје и да ти шепнам нешто... Тоа што ќе го пробаш, се вика “Летно манџиче Ала Боки“... хмммм

Alain Delon
15-02-11, 22:06
@borche
".....длабоко земјено грне, (Бугариве ги викаат ѓувеџиња), може ..."
A be ti si nekoj "Leonardo da Vinchi" be choveku Bozii!!!!Pa i znaje da gotvi mandzi...Pa gledam znajesh i 'tugji' 'termini' -gjuvedze...
Jasnoooo,naj sakash UBAVO JADENE,UBAVA PIJACHKA I....nekoja 'biljanka' da ti sviri na 'piano' "Son vo letna nokj"...
Ejjj,'tabietlija' si be Borche...

Трајковски Борче
15-02-11, 23:10

Често пати сум бил во “Езерото“ во Самоков. А бе ми сервираа можеби седум осум вакви ѓувеџиња, со најразлични манџи и макала... Е од таму немаша враќање домна... Добра музика, убави бугарки, добра пијачка, кревет, масажи и так даљше... А Боровец се смее наутро со сета своја убавина... Таму си купив за дома од сите тие мали земјени садови,имам преку петнаесет...

factotum
15-02-11, 23:34
...Лофџија, иди кај Кинезот и зимај четири црвени патлиџани, десет широки пиперки, една павлака, бел бибер, црн бибер, маслинов зејтин, 250 грама овчко сирење, малку Кари,....

Дедо ми Трајче велел: „Со шеќер и со масло - и орео`шума!“ :D Ај` кажи нешто поскромно мајкуму!

Alain Delon
16-02-11, 09:11
@borche

"А бе ми сервираа можеби седум осум вакви ѓувеџиња, со најразлични манџи и макала... "
Jas imam zborano so mnogo stranci(e ti bash ne te mislam kato stranec),jas zboram za VISTINSKI stranci,koi ako ne mu otkradat kolata ili parite vo hotel,INAKO JE KATO GRMNAT OD IZNENADUVANJE kolku ubavo si pominuva vo Blgarija za 1-2 nedeli...

Ne te li zaprea (ako si bil so kola) patnite policajci(KAT)da te prashat -"AKO ODISH NA SKIJANE,KADE SA TI SKITE"...I konechno da ti barat 'parichna kazna'...Toa go vidov vo nekoje mak.show kako dvajca makedonci bugarite im sakale pari zoshto se DVAJCA,PA IMAT EDNI SKI SAMO.."Beshe so nekoj debel makedonec kato policajac,mnogo smeshen...

Ajde begaj da gotvish...

Трајковски Борче
16-02-11, 09:52
Дедо ми Трајче велел: „Со шеќер и со масло - и орео`шума!“ :D Ај` кажи нешто поскромно мајкуму!

Баба ми викаше, без масло зелник не се прави ЕТБЕ...

******************
БУРЕК АЛА БОКИ
******************

Специјално за Фактотум... 0,5кгр брашно “500“-ка, зејтин, свинска маст, сол, вода и троа урда...

Ставаш брашно у пластичен суд, посолуеш по површина док не го обелиш, смлачуеш вода, брцаш шака у брашно сипаш вода преку дланка и месиш... Тестово го месиш на потврдо, се’ дедека не ти се одлепуе од шака и од суд. Го вадиш тестото на рамна маса и продужуеш да го месиш док не му извадиш зврцки, значи, доообро го измесуеш... Правиш цилиндар и од цилиндар сечеш четири еднакви парчиња... Ги остааш да одморат околу 5 минути, а во тепсија стааш дватри милиметри зејтин... Парчиња тесто ги вртиш у место на астал, (вирклаш), док не станат мазни и ги стааш у тепсија со зејтин... Значи сите четири топчиња ги стааш таму и убаво ги премачкуеш со зејтин... На една страна од тепосијата почнуеш да ги стискаш док не напраиш питулици, тука треба да жврчкаат коа ги стискаш у зејтин... Тргаш питулица у друга помалку намрсена тепсија, и, така правиш со сите четири питулици... Сеа ги враќаш назад у оваа тепсија шо има поише зејтин и ги остааш да одморат најмалку 40 минути...

У меѓувреме во урда сипаш малку јогурт, ако немаш јогурт сипи малку водичка и бутни едно јајце ако сакаш, мислам ако имаш, а не мора... У посебен суд стааш едно три лажици свинска маст и троа зејтинче и стопуеш на шпорет... Постилаш чист чаршав на астал, и после 40 минути земи една питулица и ја истегнуеш од средина док не прекриеш чаршаф на астал... Попрскуеш со маст, ја преклопуеш на четири колку што ти е тепсија за печење и тргаш на страна... Зимаш втора питулица исто ја растегнуеш до даска, попрскуеш со маст, па ја зимаш онаа првата, ја стааш у средина на оваа истегнатава, и пак преклопуеш. Враќаш две преклопени кори у тепсија... Зимаш трета питулица ја истегнуеш, ја попрскуеш со маст и у средина ги стааш оние двете преклопени... Пред да завиткаш, мислам, пред да преклопиш, врз овие две кори стави ја урдата, толку колку имаш... па преклопи го филот... Сите три кори ги ставаш на страна... И на крај ја истегнуеш последната, ја попрскуеш со маст, ги стааш овие трите сосе филот у средина, преклопуеш и сите ги стааш у тепсија тнко подмачкана сос маст... Најгоре исто така попрскуеш бурек сос маст... Остај го едно саат време, а рерна загреј на 200... Бутај у рерна и испечи... Ете ти бурек Ала Боки, ЕТБЕ... поевтино здравје, наздравје...

concrete
16-02-11, 12:27
Баба ми викаше, без масло зелник не се прави ЕТБЕ...

******************
БУРЕК АЛА БОКИ
******************

Специјално за Фактотум... 0,5кгр брашно “500“-ка, зејтин, свинска маст, сол, вода и троа урда...

Ставаш брашно у пластичен суд, посолуеш по површина док не го обелиш, смлачуеш вода, брцаш шака у брашно сипаш вода преку дланка и месиш... Тестово го месиш на потврдо, се’ дедека не ти се одлепуе од шака и од суд. Го вадиш тестото на рамна маса и продужуеш да го месиш док не му извадиш зврцки, значи, доообро го измесуеш... Правиш цилиндар и од цилчиндар сечеш четири еднакви парчиња... Ги остааш да одморат околу 5 минути, а во тепсија стааш дватри милиметри зејтин... Парчиња тесто ги вртиш у место на астал, (вирклаш), док не станат мазни и ги стааш у тепсија со зејтин... Значи сите четири топчиња ги стааш таму и убаво ги премачкуеш со зејтин... На една страна од тепосијата почнуеш да ги стискаш док не напраиш питулици, тука треба да жврчкаат коа ги стискаш у зејтин... Тргаш питулица у друга помалку намрсена тепсија, и, така правиш со сите четири питулици... Сеа ги враќаш назад у оваа тепсија шо има поише зејтин и ги остааш да одморат најмалку 40 минути...

У меѓувреме во урда сипаш малку јогурт, ако немаш јогурт сипи малку водичка и бутни едно јајце ако сакаш, мислам ако имаш, а не мора... У посебен суд стааш едно три лажици свинска маст и троа зејтинче и стопуеш на шторет... Постилаш чист чаршав на астал, и после 40 минути земи една питулица и ја истегнуеш од средина док не прекриеш чаршаф на астал... Попрскуеш со маст, ја преклопуеш на четири колку што ти е тепсија за печење и тргаш на страна... Зимаш втора питулица исто ја растегнуеш до даска, попрскуеш со маст, па ја зимаш онаа првата, ја стааш у средина на оваа истегнатава, и пак преклопуеш. Враќаш две преклопени кори у тепсија... Зимаш трета питулица ја истегнуеш, ја попрскуеш со маст и у средина ги стааш оние двете преклопени... Пред на завиткаш, мислам, пред да преклопиш, врз овие две кори стави ја урдата, толку колку имаш... па преклупи го филот... Сите три кори ги ставаш на страна... И на крај ја истегнуеш последната, ја попрскуеш со маст, ги стааш овие трите сосе филот у средина, преклопуеш и сите ги стааш у тепсија тнко подмачкана сос маст... Најгоре исто така попрскуеш бурек сос маст... Остај го едно саат време, а рерна загреј на 200... Бутај у рерна и испечи... Ете ти бурек Ала Боки, ЕТБЕ... поевтино здравје, наздравје...
РОКФЕЛЕРУ, знаеш ли ти колку пара е "троа" урда??????..., дај нешто со сушен камен од езеро, вода и пепел од буково дрво.....за денешна сиромаштија...:)

factotum
16-02-11, 13:07
РОКФЕЛЕРУ, знаеш ли ти колку пара е "троа" урда??????..., дај нешто со сушен камен од езеро, вода и пепел од буково дрво.....за денешна сиромаштија...:)

:D Јаболка „А ла Фактотум“! Чекаш есен да узреат, кинеш од дрво, бришеш од блуза и јадеш!!!!

Alain Delon
16-02-11, 16:44
@borche

"У меѓувреме во урда сипаш малку јогурт, ако немаш јогурт сипи малку водичка ...."

"Jogurt"-ima li drugo ime vo Makedonija,zoshto ova je angliiski zbor mislam od turski ili arabski...Nije mu vikame KJISELO MLEKO(MLJAKO),so unikalniot 'bulgarikum bacilikum'...Pa so edna lazica visoko masleno mleko,MOZESH DA ZAKVASISH 5-6 LITRA PRESNO MLEKO.
Prosto me interesira,dali nema i drugo ime kaj vas?

"Urda"-baba mu vikashe urda vo Pirinska,a baba od Egejska mu vika 'izvara',kato vo pogolem del od Blgarija...Urda-dali je pa 'turcizam'...

Трајковски Борче
16-02-11, 17:24

Кисело млеко го викаме она што и ти го објаснуваш и се јаде со лажичка, а јогуртот се пие. Турците го викаат Ајран, а кај нас не знам од каде е преземен зборот, но највеќе би личело на автентичниот збор Маштеница, која се прави со мешање на кисело млеко и вода... Инаку сега пак ме потсети на киселото млеко на Рилските манастири, ЕТБЕ, да го сечеш со нож и ептен вкусно... Калуѓерките сами го киселат... Кај нас слично закиселено млеко се прави во Трница, Дебарско... Јас самиот знам да си закиселам пресно млеко со “маја“ од кисело млеко, ама сега имаме ептен добри произведувачи на такви млека и не вреди да се закиселува... “Бучен Козјак“, од Куманово, се шампиони за производство на Јогурт и Кисело млеко, на светско ниво... А урда си е урда, знам дека се прави од скиснато пресно млеко, да не речам од расипано пресно млеко...

Трајковски Борче
16-02-11, 17:27
:D Јаболка „А ла Фактотум“! Чекаш есен да узреат, кинеш од дрво, бришеш од блуза и јадеш!!!!

Зар ќе пружиш рука да береш, не заебаај, па чини тоа, зглоб рука истегнуење, хе хе хеее... Чекај нек падне доле, па некој копиљ шо поминуе да ја избрише од твојата блуза, и нек ти ја даде... Поевтино здравје...!!!:D:D:D

lofdzijata
16-02-11, 18:58
braos be Boro na motoro...

edna rabota me zamisli... pishuesh letno mandziche...
namesto da chekam leto da dojde, dali mozhe u medzuvreme toa mandziche da se naprai?

concrete
16-02-11, 19:19
Кисело млеко го викаме она што и ти го објаснуваш и се јаде со лажичка, а јогуртот се пие. Турците го викаат Ајран, а кај нас не знам од каде е преземен зборот, но највеќе би личело на автентичниот збор Маштеница, која се прави со мешање на кисело млеко и вода... Инаку сега пак ме потсети на киселото млеко на Рилските манастири, ЕТБЕ, да го сечеш со нож и ептен вкусно... Калуѓерките сами го киселат... Кај нас слично закиселено млеко се прави во Трница, Дебарско... Јас самиот знам да си закиселам пресно млеко со “маја“ од кисело млеко, ама сега имаме ептен добри произведувачи на такви млека и не вреди да се закиселува... “Бучен Козјак“, од Куманово, се шампиони за производство на Јогурт и Кисело млеко, на светско ниво... А урда си е урда, знам дека се прави од скиснато пресно млеко, да не речам од расипано пресно млеко...
...ќе се распрашам, ама мислам дека маштеница т.е. муќенца не се праи со разблажување на кисело млеко...тоа е нешто друго има врска со остатокот од сирење на млекото..кога бев дете, кај баба ми на Гоце Делчев ,карши Димче фурнаџијата....на сабајле поминуваше чичкото со извикот мууќќќенцааа, си купуваа литро две во лето.......инаку , се сеќавам на едно кисело млеко , кое се соли и остава во ќупови за зима ...во Маврово....ама таа Маврово што знаеше да го спреми одамна спие на гробиштата десно од патот...:(

concrete
16-02-11, 19:21
braos be Boro na motoro...

edna rabota me zamisli... pishuesh letno mandziche...
namesto da chekam leto da dojde, dali mozhe u medzuvreme toa mandziche da se naprai?

ај не зезај...коа имаш такво манџиче пред тебе е ЛЕТО..., а не обратно:D
и да не си му кажал на кинезот како се прави...немој .....ке одјаде скакулци и поховани скорпии.........што праиме тогаш, ќе не поплават после...

Alain Delon
16-02-11, 19:32
@borche

"но највеќе би личело на автентичниот збор Маштеница...."Da,v Blgarija mu vikame Matenica(nema буква 'ш',като кай вас),no i ajran ot turski...Jas se obrkah so 'jogurt'-zoshto na angliiski je NASHETO KISELO MLEKO-'YOGURT'...Duri imat eden yogurt 'BalkanStyle',koje je VISOKO MASLENO i mozesh da 'kvasish'-zakiseluvash so nego...

"...да не речам од расипано пресно млеко... "..Bash taka,od toa se prait-'urda' ili 'izvara'...vo Blgarija..Ama ako ja naprai majstor,nekoi po go sakaat i od ubavo sirene...A i je podobro za ljugje so visok holesterol...

Трајковски Борче
16-02-11, 19:54
...ќе се распрашам, ама мислам дека маштеница т.е. муќенца не се праи со разблажување на кисело млеко...тоа е нешто друго има врска со остатокот од сирење на млекото..кога бев дете, кај баба ми на Гоце Делчев ,карши Димче фурнаџијата....на сабајле поминуваше чичкото со извикот мууќќќенцааа, си купуваа литро две во лето.......инаку , се сеќавам на едно кисело млеко , кое се соли и остава во ќупови за зима ...во Маврово....ама таа Маврово што знаеше да го спреми одамна спие на гробиштата десно од патот...:(

Маштеница, муќеница, ја шиткаа и на улица, а јас ја паметам на Руска плажа у лимени канти со чупурка, ако ти текнуе, а горе имаа капаче... Исти такви лимени чашки, па чекаш еден да испие, и да ти сипаат тебе, упм... Обавезно добивав како следовање од татко ми... Иначе, маштеница се прави од кисело млеко, се разредуе се соли и се пие, а она цеденото, е братче тоа ти е цедено кисело млеко, во газа, а тоа што останува братче, тоа е нешто, нешто , нештооо... јебемлига, Космос... Баба ми Дроцка, порасната на мавровските бачила го викаше солено цедено млеко... Од каца кисело млеко излегувале две тегли...

Трајковски Борче
16-02-11, 19:57
braos be Boro na motoro...

edna rabota me zamisli... pishuesh letno mandziche...
namesto da chekam leto da dojde, dali mozhe u medzuvreme toa mandziche da se naprai?

Умреа летата Лофџија, ама у лето е поевтино, па затоа така го викам, а на брзински се прави, лесно е за желудник и затоа... Иди ти кај Кинезот слободно и бркај работа...!!!:D:D:D

intel
16-02-11, 23:31
......тоа е нешто друго има врска со остатокот од сирење на млекото..
Цвик.

Маштеница, муќеница, ја шиткаа и на улица, а јас ја паметам на Руска плажа у лимени канти со чупурка, ако ти текнуе, а горе имаа капаче... Исти такви лимени чашки, па чекаш еден да испие, и да ти сипаат тебе, упм... Обавезно добивав како следовање од татко ми... Иначе, маштеница се прави од кисело млеко, се разредуе се соли и се пие, а она цеденото, е братче тоа ти е цедено кисело млеко, во газа, а тоа што останува братче, тоа е нешто, нешто , нештооо... јебемлига, Космос... Баба ми Дроцка, порасната на мавровските бачила го викаше солено цедено млеко... Од каца кисело млеко излегувале две тегли...

Маштеница се лупа у бутим, барем во Дебарскиот крај е остаток од путерот.
Некаде за маштеница го викаат остатокот од млеко кога ќе се расипе, нели од згурата се прави урда а водичката сиромаштија со солца и леб попара ја праи.
Баба ми ако беше редок јогуртот од дуќанче викаше..мх маштеница :(

Трајковски Борче
18-02-11, 12:41
*****************************
ШКЕМБЕ ЧОРБА АЛА БОКИ...!!!
*****************************

***
Прво мора да се разбереме за три работи, море за четири, и четвртата ја стаам прва. Тој шо не јаде Шкембе чорба, туримуку*о. А, тој шо ја пробал шкембе чорбата во скопскиве ресторани “Победа“, “Бристол“, “Букет“, “Национал“ и “14“-ка, ја пробал истата, или речиси истата, заради чираците на стариот и надалеку познат чорбаџија, мислам, шкембаџија, мајстор Боге од Победа, (Бог да му душа прости), кој ја оддржа традицијата на старите скопски мајстори за подготвување на највкусната шкембе чорба во цел свет на Република Македонија. Нека ми простат Битолчани, тие се познати Чкембари, ама, скопското Шкембе, според мене, е далеку попознато и повкусно од нивното Чкембе. Сум ги пробал и едните и другите. Значи, од сега ќе зборам за скопска шкембе чорба, подготвена во кујната на Боки, па затоа и ја нарекувам, Ала Боки...

***
Кај Кинезот, мислам, кај месарот, сега можете да најдете чистено шкембе а бе путерка, бело, бело, најбело... Ја зиам кило... Од кај него идам прао кај Мила на пазарче и зиам вака: две глаици кромид, две глаици лук, една китка магдонос, два моркови, два компири, еден целер, една главица цвекло, и, коа иам пари плаќам, коа неам, Мила ме запишуе, хе хе хеее... Од тука идам у СП Маркет и таму зиам вака: морска сол, црн бибер, бел бибер, една кисела павлака, и, пази сеа, најскапиот вински оцет. Зошо најскапиот? Да се разбереме, со шкембе чорба ала Боки, нема заебанции и експерименти, јасно, значи, треба да одберете доообар вински оцет. Ја морам да ви признаам дека користам домашен, го кваси дедо ми, ама уше не ми ја кажал формулата, мислам на дедо ми, таткото на жена ми, да се разбереме..., уште е жив, упм? Иначе, опасен мајстор за оцет, да го пиеш, да цркнам... Нејсе. Доаџам дома. Мијам на чешма се по ред, осим кромид и лук... На Шкембето посебно му обрачам внимание, и не зарад мене, туку зарад Тањушка. Таа јадната се гади коа че спомнеш шкембе, а камо ли коа че го види, а камо ли коа че и засмрди у кујна, ама, газда си е газада у куча и тука нема други закони, така...??? А покојни мајстор Боге ми рекол вака: “Боки, заеби шкембе чорба ако нема брбушки, брат, туриику*о...“, да цркнам... Добро, ја важно го мијам шкембето прд Тањушка, доообро и темелито, и одма го сецкам на одговарајучи парченца, па да речеме на коцки два на два сантима, може и дваипол на дваипол, накај три, и стаам у лонец... Да, го зиам најголемиот лонец шо го иам у кујна. Добро, сеа, прво шо праам, посолуем шкембе, го побелуем, па го посипуем сос црн бибер, па му стаам троа бел бибер, и... Зиам глаици кромид, љупам и одма сечам на четири и фрлам у лонец. Па зиам глаица лук, чистам чешњиња и така цели ги фрлам у лонец. Љупам цвекло, сечам на четири и фрлам таму. Моркови сецкам на одговарајучи крукчиња од околу три, накај четири милиметра, и ги стаам на место, па целер сечам на четири, пешес, како ви дое, и нив ги стаам у лонец, па пола китка магдонос сосе дршки, не сецкан, бутам у лонец, љупам компири и сечам на четири и ги фрлам пак таму, попрскуем сос Зачинал, зејтин Брилијант и вински оцет, па едно дванајс поминуања низ показалец док затнуеш дупка на шише сос оцет, се разбираме...? И на крај, сипам вода одно четири прста над материјал у лонец, море пунам лонец, чорба праам или ташак, така...??? Стаам на шпорет, покривам сос капак и вртам потенциометер на 6-ка, значи, најјако...

***
Коа че почне вода да клокоте, стаам потенциометар на 3-ка, и, не дигам капак, најмалку саат, море саатипол. Па глеам дали иам вода или неам... Ако нема досипуем, ако има брцам виљушка у шкембе... Кога ќе влага виљушка у шкембе ко у мек путер, е тогаш, шкембе е варено. Ја вадам едно парче шкембе стаам на даска, спуштам туп нож на шкембе, па, ако ми поминуе ко шо реков, ко низ путер, тргам лонец од шпорет... У меџувреме, сецкам остала половина од магдонос и друга глаица лук, на ситни парчиња, стаам у зејтин и вински оцет, покривам и бутам у фриз...

***
Пази сеа...! Цедам чорба у друг лонец, а у големиов ми остануе тоа шо ми остануе, шкембиња, кромиди моркови целери, цвекла, лукои, гранчиња магдоноси и други тракатанци, и на шпорет стаам тава да напраам запршка за чорба... Полесно здравје. Шо праам? Замрсуем тава со зејтин, сипам три четири лажици за супа брашно, па по малку, сос кутлача, сипам од чорбата од другиот лонец, мешам, мешам, мешам, док ми стане иста густина, и, пак полека врачам запршка у чорба, ама, мешам постојано док и у лонец не ми стане иста густина... Сеа, тој лонец сос чорба го стаам на шпорет и мешам док не зоврие убао и добие одговарајуча густина, арно ама, сеа, док крчка, стаам павлака у чорба и мешам мешам док не стане чорба бела... Од друг лонец, вадам сос лажица се’ шо не ми треба... кромиди, цвекла, моркои, целери, компири, гранчиња магдоноси и так даљше док не ми остане само шкембе... Стаам шкембе у зовриена и запржена чорба у друг лонец и остаам на рингла со потенциометар на 3-ка да крчка. Ја, ја остаам да крчка едно триес минути, не можам поише да издржам, да цркнам... Ај сеа, сипајте сос кутлача у дубок тањир, закиселите сос спремно лукче од фриз, и сркајте, доста ви течат лиги... Наздравје...

factotum
18-02-11, 13:00
*****************************
ШКЕМБЕ ЧОРБА АЛА БОКИ...!!!
*****************************

:uchitel:

:sepoklonuva:

Трајковски Борче
18-02-11, 13:14
:uchitel:

:sepoklonuva:

И ти ко НЦД си станал ЕТБЕ... Сеа коа ќе те види Алаинчо, шо ќе си помисли...???:D:D:D:D Аааа ха ха ха хаааа....

factotum
18-02-11, 13:46
И ти ко НЦД си станал ЕТБЕ...

Што има тука.... Кој си заслужува - си заслужува!

П.С. Па и N.C.D. си е во право! Посебно кога ми аплаудира мене! :D:D:D

Позз N.C.D.! Јаааависееееее........

Трајковски Борче
19-02-11, 19:58
Еднаш многу оддамна, во еден хотел на Јадранот, имав уплатено полн пансион за годишен одмор и се сеќавам на тој хотел по една за мене тогаш не вообичаена, ама за хотелот многу практична работа, кога пансиони се во прашање, па, можеби нема да кажам ништо ново, ама тие практикуваа на секоја вечера да го понудат менито за утрешниот ручек и вечера, обично имаше по три, и, секој гостин од вечерва си одбираше мени за утрешниот ден, и секој си знаеше што ќе јаде утре за ручек и вечера. Сега шарам по овие моиве специјалитети и решив да направам една таква анкета, всушност, да ми олесните и да ми кажете што сакате да ви измучка бато Боки за утрешниот ден, недела. Ви нудам три работи:

1). Раздрнкани свински клиси сос прас, ала Боки?

2). Пица - Којама ала Боки?

3). Пастрмајлија сос свински клиси ала Боки?

Барем тројца... инаку ќе добиете цврц...!!!:D :D :D

lofdzijata
19-02-11, 20:13
pod prvoto....

KorisTnik
20-02-11, 00:44
pod prvoto....
ама дивите свињи сам ќе треба да си ги уловиш инаку ќе добиеш црвци...!!!:D:D:D

Трајковски Борче
20-02-11, 12:22
**************************************
РАЗДРНКАНИ СВИНСКИ КЛИСИ СОС ПРАС...!
**************************************

Специјално и само за Лофџијата. Другите може само да гледаат, не да јадат, хе хе хе...!

***
Лофџија, трк кај Кинезот и зимај едно пешес шарени свински кременадли... Знаеш шо се шарени кременадли, така? Околу коска и на почеток да има бели прстени, е такви... Ако има и свинска маст, одма зимај му пакетче од 200 грама, ако нема барај на друго место, ако нема ни на друго место, ебиго, ќе ги дрнкаме само у маслинов зејтин, шо да праиме? После, ќе му земеш два стапа кумановска трева, прас де, нели? Иам еде пријател ако му спомнеш прас, одма те прашуе, шо шо...? Нејсе, зачини имаш дома, знам, па затоа трк одма дома... На даската со оштриот нож вади кременадли од коска, стаај коска на една страна, месо на друга... Сеа слушај добро... Насоли парчиња месо од две страни и остај ги едно петнајс минути да дремат така, едно врз друго. После, зимај месо и сечи на четири парчиња... Месо одма ставај у поголема стаклена тегла и покри го сос маслинов зејтин. Остај тегла со месо на страна, па одма зимај следеќи ујдурми, по ред: две суви везенки, (немој да си ми кажал дека немаш таму суви везенки), ако немаш тогаш гарант имаш буковец, благ или љут по избор, сеедно, три лажички буковец ти мења две суви везенки, сецкај на покрупни парчиња и стај у тегла. После, зимаш само една четвртинка лимун сосе кора, и неа стај ја у тегла, па еден филџан кафе пуниш сос бело вино, кое го имаш, не е битно, сипај у тегла, па тури бел бибер, онака по твоја мерка, ја му стаам малку поише, околу една кафена лажичка, па троа зачинал, две лифчиња ловор. Растопуеш свинска маст и сипаш у тегла... Затвараш тегла сос капак, и иде прво дрнкање... Почнуеш да нишаш тегла горе доле, док не фати пења... Е сеа, смлачуеш вода и тегла стааш у млака вода у тенџере, да не стврдне маст... Коа ќе видиш дека збистрила издрнкана течност у тегла, пак вадиш и дрнкаш док не запењи... Вака праиш нон стоп док, сечеш прас до кај шо се сече, па дробиш на покрупни парчиња, ја го сечам еднаш уздуж на пола и после сечам на тричетири милиметри... У подлабока таа сипам три капки зејтинче, знаеш колку да има, може и обично, а послем три четири дрнкања на тегла сос месо, зиам виљушка и вадам само мевца и фрлам на тава, а у тегла бутам прас, набијам до даска и продрнкуем тегла, демек, да фати и прас мирудии... Коа клиси ќе фатат боја у тава од сите страни исто, мислиш само шо не се испржени, сипаш цела тегла у тава... Мешаш мешаш док не зацрвени мефце, а прас не смекша... И да ти кажам право ја не ги стаам у тањир коа почнуем да јадам... Стаам тава на астал, кршам лепче брцам у тава, фаќам мефце сос лепче и палец и кркам... Ебиго друже Лофџија, пробај па кажи нешто..., ако смееш...хе хе хее Наздравје...!

intel
20-02-11, 16:17
Море Боки, денес џитнав џезве у лонец, лонец на тава, тава у фритеза и на крај нарачав пица онлајн. Че те скапам у тоа лименката ко че те најдам.

Thunderbird
20-02-11, 16:26

Малешевски рецепт :)

lofdzijata
20-02-11, 21:12
braos be Boro za receptot...

se si e ubao arna ama... toa sfinska mast u Kanada... koa pochaf da objasnuam sho mi treba, za malce kje me odnesea u klinika na posmatranje... toa sfinskata mast da ti bila mnogu opasna.. pritisak, srchka..

Трајковски Борче
20-02-11, 21:24

А бе и вода ако претераш ќе ти се слоши, ама една работа морам да ти кажам што ја прочитав во еден гастроносмки учебник, па ќе ја карикирам. Вели вака, маслиновото рафинирано масло, е одличен копмензатор на сите штетни маснотии кои се ставаат во рецептите кај одредени јадења, и е секогаш прифатливо и корисно да се додава дури и таму кај што мислите дека не треба. Ти реков, може и без маст, значи само со маслиново масло, па коа че доеш тука, че ја наредиме сос маст, ама малкуцка... Шо да праеме ние на Балканите, притисак ни дига влада, а срчки не удираат од немаштија... Туримукуро...:D:D:D

марсовец јуниор
22-02-11, 10:48
Поздрав до Борче од татко ми...

Трајковски Борче
22-02-11, 12:00
Поздрав до Борче од татко ми...

Фала ти јуниор, и кажи му на татко ти да не се туфка многу, оти годините му се зезнати... Нека олабаи малку...

П.С. Ракијата му е ТОП... така да му кажеш!

Thunderbird
25-02-11, 04:38
Само да се пофалам што до сега е направено преку Барата со локални состојки :)

1. Пржени свински клиси со праз ;
2. Чварки –сланина купена од локална фарма, ја обработив ( иссецкана и одрана кожа) и подварени па испжени за да не бидат многу мрсни
3. Свинска маст
4. Урда – за чудо излезе многу убава од 3.25% млеко, два дена “чекано” и сварено. 500 грама урда од 3 литра млеко излегува.
5. Сирење ( во план :) )
6. Зелник со праз, спанаќ, сирење и урда – месено на рака тесто, киснато 3 пати и сукано со македонско сукало на голема маса
7. Кифли од киснато тесто
8. Домашен леб
9. Брашнени/ Воденичарски пиперки ( ова е спцијалетот од Баба ми)
10. Јајца со урда
11. Кисело Млеко
12. Јогурт
13. Баница
14. Месо во тегла ( старински начин на трајна конзервација месо без конзерваси- месото се облева во сопствена маст и создава нешто слично на пача- извонреден вкус)
15. Ошаф – варено овошје

Bon Appetit!

intel
25-02-11, 16:23
14 со колку сол на кило ?

factotum
13-03-11, 15:42
Го нема Борче да даде некој пролетен рецепт... Борче, денеска за ручек имав посен ѓувеч - со бамја и модер патлиџан (од замрзнувач:D)!

marsovec
13-03-11, 16:35
Ако го нема Борче да ви дадам за едни едноставни кифлички а многу добри...секој може да ги направи...
Слушај сега...Земаш банатско брашно , млеко ,квасец(две пакетчиња, 60 гр),едно јајце и еден маргарин кристал...Значи го ставаш квасецот посипан со малку шекер и полиен со млеко за да стаса...Кога ќе се растопи и малку ќе нарасне, го ставаш во брашното ( 1 кгр)и додаваш една кашика сол.Потоа како што вели Борче убаво се тепа тестото и се гмечи.Значи се додава млеко, повеќе од 1/2 литар, и се меси средно цврсто тесто.Се меси се додека тестото не почне да се одлепува од рацете.Потоа се остава за да стаса...околу 15-20 мин.Потоа тестото се дели на два дела.Едниот дел се дели на четири топчиња од кои се сукаат четири корички( околу 30 см, во дијаметар).Се зема маргаринот и се дели на 6 дела.Со трите дела се премачкуваат корите(од пола тесто) кои се исукани, истите се редат една на друга.Најгоре е ненамачканата кора со маргаринот.Наредените кори во едно ,стокмено парче од 4 парчиња, се става во поширок тањир и се става во фрижидер, за да се лади.Од врориот дел на тестото истото се повторува.И тој дел се става во фрижидер.Се вади првата кора( од 4 парчиња нели) и се става на маса.Се сука што потенко( и не мора)...Потоа се сече како бурек но на 20 парчиња, како бурек.Сега секое парче се истенчува со сукало, се смотува во кифла и се фрла во тепсија,,...Така 20 комада во едно тавче и 20 во друго.Се мати јајце и со добро матено се премачкуваат кифличките...Се остава да постаса ( не мора многу)околу 1/2 час а потоа се печат на 200 степени околу 20 минути...Одлични се за пиво и со сиренце, кашкавал и слично.Може и да се полнат...Поздрав...Тука сум...

marsovec
14-03-11, 22:36
П.С. се разбира тавчето, тепсијата - премачкана со масло...

Goran-MyMacedonia
14-03-11, 23:59
Темава е топ, денес цела ја прoчитав...Борче, чоек со тебе 10 кила ќе стави :))..., него ме занима...никад не сум имал добар рецепт за телешка чорба и лукче со оцетче...абе побудалев...знам дека ќе ме просbлетлиш, те чекам...:)

lofdzijata
15-03-11, 14:15
Boro se si e arno, arno ama...

edna rabota fali

kako spremash bajche u proleche?

Трајковски Борче
15-03-11, 15:09
Boro se si e arno, arno ama...

edna rabota fali

kako spremash bajche u proleche?

Мислам дека најубавото што во живот го имам вкусено е варено бајче во казан на дрва, ама замисли, на стар традиционален начин во Лазарополе, и како второ рангирано, имам уште еден рецепт до стара гостиварска традиција. Ги имам двата рецепти, ама никогаш не сум ги правел самиот, па се плашам да не ја утнам, и да ојде Боро сосе моторо упм...!!!:D:D:D

lofdzijata
15-03-11, 16:10
ako ne se pogodi receptata,
mnogu teshko kje bide tek taka da se otarasime od bajcheto...sto posto kje se najde reshenje

KorisTnik
19-03-11, 18:49
Боро, пали моторо и правац во кафана 3 фазана на печени пајчина.

Трајковски Борче
19-03-11, 18:56
Боро, пали моторо и правац во кафана 3 фазана на печени пајчина.

Ај не заебаај..! Сеа ли ме најде ЕТБЕ, коа се нафукав ко ѓаол кај ќерка ми, едвај дишам. Друг пат, :D:D:D:D

KorisTnik
19-03-11, 19:01
Другпат дали ќе му се погоди денот на лофџијата.:) Обично се враќа ко голтар од лов и стрела питом дивеч во кафез.

Трајковски Борче
19-03-11, 19:08
Другпат дали ќе му се погоди денот на лофџијата.:) Обично се враќа ко голтар од лов и стрела питом дивеч во кафез.

Туримукуро на таков лофџија, ќе рече нашиот лоффџија, и тој ко рибарите шо ги празнат рибарницине откако ќе окапаат цел ден до кукои у Врадар...:lol2::lol2::lol2:

lofdzijata
19-03-11, 19:49
kako be ne vi e stram be vakvi muabeti da terate be
ja batka, zhiveam u takvo mesto, ako ne ulovish za jadenje, gladen kje ostanesh ....

marsovec
23-03-11, 15:43
Predlagam, sobir vo limenka za razmena na recepti...a i razmena na pijachka...Moze???

Трајковски Борче
26-03-11, 14:02
*************************************************
СЕЗОНА НА МИМОЗА – ЗНАЕТЕ ЛИ ДА СВАРИТЕ ЈАЈЦЕ...?
*************************************************

***
Пролет. Сезона на марула. Најконзумираната пролетна салата, и највкусната за овој период. Пролет без марула на трпеза, тури и’ пепел на трпезата. Една од варијациите на салатите од марула е таканаречената Мимоза. Се’ е исто како и во оние другите, само што во оваа се сечат крукчиња од варени кокошкини јајца. Ова “кокошкини“ морам да го потенцирам, како образование научено на долгогодишниот курс со еден актуелен гранапчија у мое маало, пред кој нема шанса да споменеш јајца, а да не те праша какви јајца, покажувајќи со ишарет надолу, према неговите јајца, или, недајбоже некоја жена муштеријка да го праша, имате ли јајца. Прави сурат со специфична насмевка, со која веднаш ти станува јасно дека не си смеел така да го прашаш, затоа што веднаш паметот му лета на друга страна, мислам, на други јајца, и одговара со ситиот сурат, демек, како можеш да ме прашаш такво нешто комшике, кога цело маало знае дека моите јајца се најквалитетните јајца. Да ви кажам право, нему не смеете ниту да му кажате например, де придржи ми малку, а да речеме сечете со пила некоја иверка и слично, а тој да не ти врати, нека ти го придржи жена ти, и слично. Недајбоже да сте на местото на неговата сопруга. Таа ги има исклучено од употреба прашањата или муабетите во кои се употребуваат зборови од кои може да се очекува невкусна мрсна реплика од гранапчијава, како например: Седиме на софра кај него у двор, а жениве се размуабетиле со женски муабети, ние маживе со други, ама овој наслушнува и во нивните дискусии и муабети, како едвај да чека оваа да испушти нешто со што ќе ја нападне во негов стил. Оваа неговава се пожалила дека сака да го стави телевизорот на оваа страна од салонот, па на прашањето од другиве жени зошто не го премести, дека навистина така ќе добиела поголем простор и порационално решение, оваа одговара со обвинение дека од поодамна го моли да и’ го стави таму, ама овој немал време и слично. И, можете да замислите каков одговор добива...

***
Нејсе, ајде да ви објаснам како се вари кокошкино јајце. И, воопшто не е битно дали ги варите за во пролетна салата Мимоза, или за некаква друга прилика, зиме или лете, пролет или есен, овде или во Франција и Канада, сеедно. Сум ги варел и во Сингапур, и во Јапонија, и овде разбирасе, морам да прецизирам дека сум варел кокошкини јајца, па тврдам дека хемискиот состав на кокошкиното јајце, секаде исто се однесува кога се вари. Пред да ви го кажам упатството за варење кокошкини јајца, ќе ви кажам дека јас ги обожавам, ама вистински ги обожавам, оние кои во средината на жолчката се речиси течни, слузави, варени недоварени жолчки, а како што знаеме има и таканаречени тенковарени, под кои се подразбираат варени кокошкини јајца со стврднат сосема тенок ѕид на жолчката и течна жолчка, па оние како што ги опишав претходно со слузава жолчка, и разбирасе, со варена жолчка, со централна живост, а тоа значи, дека само во средиштето на жолчката ќе има боја која дава до знаење дека не е до крај варена. За оние тврдине Велигденски јајца, друга е приликата, мислам, тие се тврдо варени јајца. И, од ова што следи, како упатство, бидејќи не е рецепт, нема отстапување, ама ни во секунда, да се разбереме, затоа што само во тој случај ја губите гаранцијата “Ала Боки“:

1. Тенко варено јајце: Откако водата ќе почне да врие во лончето каде ги варите јајцата, значи, морате да внимавате и да гледате, кога водата ќе го фрли првиот кљомбурец, за тогаш, да погледнете во часовникот. Од тој момент, обидете се следните четири минути и триесет секунди, да не ве деконцетрира некоја друга обврска, значи, после точно 4’ и 30“ тргнете го лончето и веднаш ставете го под млаз ладна вода. Оваа адијабатска промена на температурата, од многу топло во многу ладно, ја ослободува кошулката од јајцето и лесно се лупи. Значи, нема да се нервирате барем при лупењето. Тоа што ќе го видите во внатрешноста на јајцето, ќе биде тенок ѕид на сварена жолчка и речиси течна во внатрешноста. Белката се разбира, мекичка... хммм...

2. Варено јајце по вкус Ала Боки, значи, со средно варена жолчка, слузава жолчка. Наполно истото само, што лончето го тргате од шпорет точно после пет минути, запаметете, после точно 5’, ни секунд напред или назад, ви се молам...

3. И на крај, варено јајце со средишна точка на неварена жолчка: За вакво јајце лончето се трга од шпорет точно после пет минути и петнаесет секунди, значи, тргнете го лончето после точно 5’ и 15“, и, не се заебаајте со секундите, ако сте мераклија на вака варени јајца, мислам, кокошкини...ЕВБЕ..., инаку ја губите гаранцијата...

Како додаток, јас во Мимозата освен што дробам на ваков начин варени јајца, дробам и три млади кромитчиња сосе перца, едно младо лукче без перца и една глаица ротквица, на крукчиња... Е уште ако здробите и Путерка марула, онаа со меки листои и путер срцеина, ко топка у резедо боја, хммммм... Наздравје...

Трајковски Борче
29-03-11, 20:43
Некој нешто нарача или...???:D

marsovec
29-03-11, 21:09
Јас би организирал "неки уранак", некаде во природа, секој со некој свој специјалитет, а кој нема нека понесе пијачка, па ние воденичари да извршиме дегустација и кркација на рецепти на воденичари...Еве пролет, трева,природа и апетит и жед...Само организација и време...и дружење во природа со специјалитети...Ако се има ерлан....и воља....

factotum
29-03-11, 21:54
Уранак за Први Мај, Друже....

marsovec
29-03-11, 22:01
Уранак за Први Мај, Друже....

Што му фали(ло)...одлично беше...:psst:

factotum
29-03-11, 22:37
Муабетот ми беше - за овој Први Мај...

marsovec
29-03-11, 22:45
Муабетот ми беше - за овој Први Мај...

Па и за овој е убаво...да го биде...:)

Трајковски Борче
29-03-11, 22:46
Муабетот ми беше - за овој Први Мај...

Добар тие муабетов Тотуме, ама баш за први Мај, тешко дека ќе се организира нешто. Жени, деца, внуци и бизниси, коркачи, папучари и так даљше, ме разбираш... ама дека доаѓа време за специјалитети на скара, Хммммммммммммммммм....!!!:D:D:D

factotum
29-03-11, 23:01
Само онака нафрлив, чисто да се најдам во муабет. Имам работа а не ми се работи па гледам да изврдам некако.... Воденици, скајпови, qрац-палац. Ги дозијанив сите пари па немам ни за покерица на ц4а....

А некој викенд да се направи пикник во природа, некаква планинарска маршрута што би финиширала со печено јагне... Само кажете термин!

lofdzijata
29-03-11, 23:25
kadaif ili baklava??

factotum
30-03-11, 08:33
Шеќерпаре...

Трајковски Борче
30-03-11, 11:26
Шеќерпаре...

Дојрански “Грклани“..., а...???

П.С. Најголемата тајна при подготовката на кадаиф, баклави, шеќерпаре, грклани, татлии, тулумби, (јебоме слатки Бог, се’ турцизми), е во подготовката на шербетот, (пак турцизам)... Хе, некои етимолози го тврдат спротивното, дека токму овие изрази, Турците ги имаат преземено од овде, како и рецептите... Кога ќе ги видите нивните образложенија, и вие како и јас, ќе им поверувате...!!!

Трајковски Борче
04-04-11, 21:15
*************************************************
“ВАКА ПОИШЕ НЕ ЈА БИВА“ – ЈАГНЕШКО БУТЧЕ АЛА БОКИ...!!!
*************************************************

***
Се сечаам на еден Мај, пред тричетири, коа ме тераа другарите да им спремам јагнешко бутче и коа почнаа да ми зборат. А бе знаеш шо Боки, ги праат вака, па так, па онака, па знаеш, има одличен рецепат у “Храна и вино“, па оној Џејми Оливер као имал уше подобар, Код Ане, најдобар, и, застануем и им викам. Вака поише не ја бива. Ја праам бутче само по мој рецепат и кој ве ебе? И стварно. Зиам јагнешко бутче и го праам ала Боки. А бе луџе, знаете ли шо излезе? Да се најежиш, брат, ма каки Храна и вино, Џејмиевци или Ани, да цркнам ако ве л’жам, а полесно здравје. Уствари марифетите се у саламурата за шпикуење, а тука сум Цар, да цркнам. Па иако “Вака“ на цинцарски значело крава, од тогаш, другар ми Таки цинцарот, тој рецепат го нарече, “Вака поише не ја бива...“ И док го кркавме, само тоа го повторуеше, демек хммм... И прееска ми се јавуе на телефон, и ми вика, Боки, вака поише не ја бива, иам два комада нарачано путерки братче, одиме у Чардак, стара скупина, таму цинцаров има убаа куча, и му викам штом е така одиме. Па си викам, ај да им кажам уше еден доообар и ориџинален мајски рецепат Ала Боки, на воденичариве, зашо сварно, вака поише не ја бива, од коа неам напраено нешо асално тука, нали...???

concrete
04-04-11, 23:53

смисли нешто со овчји бут, јагнешки колку за у зуб да остане!!!:)

Трајковски Борче
05-04-11, 08:28
смисли нешто со овчји бут, јагнешки колку за у зуб да остане!!!:)

Точно така, ама кога викаш јагнешко бутче, поубаво звучи, исто како кога бараш телешко во месара, а знаеш дека добиваш јунешко...!!!:D:D:D

factotum
05-04-11, 13:25
смисли нешто со овчји бут, јагнешки колку за у зуб да остане!!!:)

Чоекот мислеше за секого по еден....

factotum
15-04-11, 12:00
Одговор на прашањето од „Вицови и хумор“ (http://macedonians.tv/showpost.php?p=169748&postcount=88):

http://i.ytimg.com/vi/slx8L7Odtyw/0.jpg

Итар Пејо
02-05-11, 05:38
Леле, Борче Трајковски, ти си бил гурманиште! Браос! Поштуем! Да знаеш дека ќе зготвам многу од овие рецептиве. Ама прво што ќе направам се оние плескавицине, ако најдам џимиринки(чварки, пршки). Ме бендиса рецептот.

Е, убаво, ама ме научи мене, цепидлака, шо велет Србине, па да подобјаснам некои работи. Не сум и јас толку многу стар, ама и не сум и во цутот, а бидејќи има помлади па не виделе некои нешта, греота е да не кажеме, и да не знаат. Ич да не ми се лутиш, најубава ми е намерата.

Урда и изварка. Има разлика. Сега сите ги мешаат, ама и по состав и по вредност се различни. На некој што готви не му е сеедно, нели. Во Струшко, Охридско, западот и југот, се разликува што е што. Урда се добива кога ќе се свари исцедокот при правењето сирење и кашкавал. Таа течност, особено ако е од овци, е масна се врие на оган, се цеди и се добива урда. Малку по вкус е покисела, заради мајата со која е квасено млекото и не е толку здрава и вкусна како изварката.

Изварката се прави на тој начин што прво млекото се вари, па се кваси кисело млеко. Потоа пак се вари киселото млеко и се цеди. Се добива полномасна изварка која е поблага(ако е не е киселото млеко толку кисело) и која е покорисна. Препорачувам ваква да си користите. Остатокот (исцедокот) пак е богат со аминокиселини ратворливи во вода. Така велат. Го пијат некои дијабетичари и др. болни. Поим немам.

Ајде сега за јогурт, кисело млеко и матеница/маштеница.
Различна бактерија е таа на јогуртот и на киселото млеко. Ако квасите со јогурт, добивате јогур, ако квасите со кислемо млеко - соодветно. Да си кажам, оти има луѓе што ги мешаат (да ме ме прочита некој технолог, па ко ќе ме збере по тимба оти вакви работи овјаснувам!).

Е за матеницата, бравос за Интел! Видел и знае како се прави. Ќе се дрзнам да објаснам (заради помладиве, де) како се прави. Многу одамна сум гледал ама убаво се сеќавам. Има еден сад, кажа веќе Интел, се вика бутин/бутим. Дрвен сад долг едно 130-160 см во висина. Како пресечен конус изгледа.(повеќе кон цилиндрично, пресек долу 40-50, горе околу 30см) Со метални обрачи како качињата. Ако најдам слика некаде ќе става. Има една мотка/една рачка со долу едно крушно тркалце со дупки. Се става пресно млеко, а може и кислео, но вообичаено е пресно и долго се мати(се лупа, што вели Интел) затоа е матеница, некаде маштеница. Се добива кравја маст - путер, а обезмастената бела водичка се пие. За греота е, не би пробал ни сега, како ни тогаш, ама таква ладна си пиеле луѓето. Крпен живот!

Се надевам дека не ви збоктиса. Не сакав да бидам досаден. Проштевајте и купувајте само изварка. Нека не ве лажат. Каква урда, какви бакрачи!

intel
02-05-11, 18:23
Бутим имам ќе го сликам сега.
Најдов на нет :
http://www.limundo.com/slika-Stara-buckalica-za-maslac-stara-oko-130-god--34996x640.jpg

Итар Пејо
02-05-11, 23:35
Браво Интел! Па така те сакам! Ама и јас верно го опишав! Само што тој јас што го имам е повисок. Од причина за да не прска надвор ако силно се мати.

Можеби не е лоша идејата да научиме некои вакви древни алатки. Да научиме и како се викаат во различни делови од Македонија. Па кој ти знае денес што е фурка или вретено? Ете идеја за една нова тема. Па ова е таа материјална култура на нашиот народ, која заедно со духовната е нераскинлива за нашиот бит. Не е лошо да има едно место каде со слики, со објаснение за употребата, за различните термини ќе може да покажеш на некое дете.

Да си жив и здрав за сликава на бутинов/бутимов!

афион
02-05-11, 23:36
Тоа треба да оди на историја, за етнологијата на Македонците :)

Итар Пејо
02-05-11, 23:45
Тоа треба да оди на историја, за етнологијата на Македонците :)

Етнологија и антропологија е. Се разбира, дел и од историјата на нашиот народ. Не е битно каде е, само да ги има таквите теми. Ајде да не му ја упропастуваме темава на Борче, ќе не прегази со моторот! Бегај во наше село весело, таму ќе ја уредиме.

Трајковски Борче
04-05-11, 19:16
Добро бре луѓе мои, темава е отворена 4333 пати, а еден не се најде да каже - Боки, според твојот рецепт го направив тоа и тоа и испадна вака и вака. Испаѓа дека џабе сум пишувал, не ја бива така... Немам стимул ЕВБЕ!!!:D:D:D

герасим
04-05-11, 20:39

И шооо........... после да им се налутиш зш не те поканиле на дегустација.....
http://www.tiptopglobe.com/skin/smile/s1518.gif

Трајковски Борче
04-05-11, 20:46
И шооо........... после да им се налутиш зш не те поканиле на дегустација.....
http://www.tiptopglobe.com/skin/smile/s1518.gif

Не бе Герасиме, гурманите како мене не се по јадењето, ама не верувам дека некој не подготвил ништо од моите рецепти, ме разбираш...??? А, ако пак, не подготвил, тогаш нема што да пишувам понатаму, а доаѓа време летни манџичиња, салати “Боли-глава“ ала Боки и так даљше...:D:D:D

герасим
04-05-11, 21:03

Боки ти само терај... и ич не му ја мисли...ако не се заблагодаруват овде на форумов, биди сигурен дека така на софра уз чашка и добро мезе,или добар залогај, ке те спомнат како добар мајстор за во кујна како Македонски Карапанџа........

lofdzijata
04-05-11, 21:28
Boro na Motoro,

najbolji recept shto si go napisahl tuka e toj za vinoto...

nikad ne omanal.

Zhiveli

Трајковски Борче
04-05-11, 21:52
Boro na Motoro,

najbolji recept shto si go napisahl tuka e toj za vinoto...

nikad ne omanal.

Zhiveli

Тој рецепт е уникатен, мислам, единствен, без заебанција!!! Туку, да ти пуштам еден пакет, ако се потрошиле кај Кинезот...???:D:D:D

Трајковски Борче
05-05-11, 12:55
Кога сме веќе кај салатата, ред е да викниш на една ракија и салата.....
:tapani:

ТУНА САЛАТА АЛА БОКИ

Тотуме, туна салата, пази сеа - Само срцевина од марула, па три млади кромитчиња, па две јајца варени на слузава жучка, па едно младо лукче, па пола крставица на крукчиња, па една ротквица и пола конзерва туна сецкана на парче. Засолуеш по желба со морска јодирана, закиселуеш, пази, искључиво со сок од лимун, ако треба и два лимуна цедиш, и замрсуеш со маслинов зејтин... Хмммммммммммм... Без да те провоцирам, ама само што се вратив од медитација у Лименка. Два саата покрај излог, две ракиијки парче сиренце овчко, и сега, Тањушка ми направи ваква салата, се разбира по рецепат ала Боки. А бе да се најежишшш...!!!:D:D:D

Кери
13-05-11, 18:44
Боки царпиевода си бил бе ти :aplauz: за рецептиве

Трајковски Борче
13-05-11, 19:10
Боки царпиевода си бил бе ти :aplauz: за рецептиве

Царпиевода, их мами цу им ибам не сум ги видел од копиљ, жими све. Жути крилја со црни тачки, коа ќе ја рашириш абе вистински цар на пеперутките. Додуша сеа у градов не сум видел ни бела, обична пеперутка, ама тоа е тоа...

Туку, како беше онаа -Седи бе не ме знаеш- :D:D:D Фала ти Кери, иначе, нема кој да ме онгажира, да цркнам, а бе каки Оливери и други чипкини димови, цар сум у кујна братче, најсериозно. Уште ако имам добри асистентки околу мене, да лепршаат ко бели пеперутки, абе тек тогаш збеснуем, мислам, ги праам најдобрите јадења...:lol2::lol2::lol2:

Поздрав...

Кери
13-05-11, 19:47

Абе каков лептир со години само оси ...кременадла да ти изеде ебати инсектот :D
Абе каков Оливер гробот да му го ебам неископан ,стерилна домачица е типот .....седи не ме знаеш за терање мераци,кога ке се укотвам некаде поред Вардар во клисура ,или на Црна уџум под Витолиште ......загревање со ракиика и салата ... понатака зависи кој е во друштво не ретко во котле се крчка и нешто диво :)
Него Боки оние плескавицине во Дојран икра од крап, празче се осеќа дека има ама и други марифетлуци ,што вино пие тоа нездрава работа..:D

Трајковски Борче
13-05-11, 20:20
Абе каков лептир со години само оси ...кременадла да ти изеде ебати инсектот :D

Хе хе, откачено типче. Знаев, моја крван група, само бајаги помлад... Нејсе, за осиве си ептен у право, се лепат на месо фрлено на скара ко муви на гомно, упм...:D:D:D

Туку, штом си гурман, “велкам ту клаб.“ Тука нема политики и други споредни заебанции, па те стаам на список за воденичарски пикник летово, и, се знае - Главни и одговорни уредник на скара маестро Боки звани Бургија!!!:D

Кери
13-05-11, 20:45

Фала Боки ....каква политика на софра ни коска не им фрлам ...за помлад не се знае ,може сум јадел рапуш по уши, или бирал прст за ластик у тиква ,ама може и обратно било мајсторе :).На 6 ти јуни се враќам дома ,после во јули пак туѓина па планирам цел август доле да бидам .....запишиме за полутка француска обработка :lol2:

Трајковски Борче
14-05-11, 11:39

Запишан си лично и персонално од Боки звани Бургија. Тамам ќе бидеш тука за дешафката. Иначе, Кери, ја шибам 56-ката турбо инџекш’н, ама не се даам, и док сум ја на нога братче ич чур да не ти куе за мезиња и трпези...!!! А у политикава ќе са мааме, и биди муж, не плачи и трпи заебанции ЕТБЕ...!!! Ко на т’нка жица да ми одиш понекоаш... :D:D:D

Кери
14-05-11, 12:10

56-ка ,тогаш било :копиљ 2 кутии сараевска Дрина без филтер...сум трчал изгледа :lol2:. Ти стара коска си бил ,порано имаше една “народна“ :
...50 години е пола век ,курот мек....нема лек:lol2: ама сега има 300 салтанаци и тоа пу-пу не важи па верувам дека си ТДИ :) ...малку шала:D
Не разбрав кога точно ви е дешавката ,ама ако се утнеме по некој случај останува резервна варијанта...јас обавезно тепам време кај другар ми Жабар у ќумез ,па може и некоја вечер да го киднапираме Живко ставиме клуч на врата и имаш скара голема колку Маракана за утакмица :lol2:...
За политиката...не можеш да се маваш ако некој ти ги врзе рацете и нозете и ти пушти некој ретардиран копиљ да ти мава заушки ...е на тоа се жалам , не може некој да те провоцира и никој ништо не му кажува а кога ке го плеснеш со сељачки шамар ....онака со шаката наопачки опуштено преку муцка ,одма да те избришат и бан за тоа...Во мое маало таквите ги викаат буљаши :)
Него заеби политика овде ...кажуј дали те бива за чорби :)

Трајковски Борче
14-05-11, 12:28

Ко копиљ, коа ми кажуева “вампириве“ ко ја сеа, дека маале редовно и так даљше, сум паѓал од смеење.. Е, сеа гледам дека у прао биле братче, ама сеа нема кој мене да ми веруе. Нејсе, за Жабарот ич да не му се секираш, ќе му го извадиме апаратчето од уво и готово, цела кафана е наша, ти текнуе? Курназ, а сака да слушне нешто слуша од Влада МММЕ, а нејќе, чекај да го засилам апаратчето, хе хе!!! И татко му беше лимунадџија и татко ми, па се знаеме ехехехееее...!!! Викаш дали ме бива за чорба? Имаш некаде во темава чкембе ала Боки братче, да се најежиш, и, друг пут немој да поставуеш “глупи“ прашања, демек, дали те бива за тоа и тоа? Од Осака, па преку Азија и Европа, низ бифша Југа, се’ до Дижонска, сите чекмеџиња, од најскупи до најефтини биртии, бато Боки ги знае, да цркнам. Ја у чкембе се давам Кери, ти мене дали се разбирам у чорби...??? :D:D:D

Кери
14-05-11, 13:04

Чим е ваков моабетов за глуфтарот Боки јас и ти мора да се знаеме..
Баба Донка (бог да ја прости) секогаш ме рачунала за домашна софра надвор од кафанското мени .Си се знаел со стариот ,па може си од стара скопска фамилија ....Ке ти пишам јас на п.п. мој маил за секој случај затоа што твоиве ми фрлаат дебел мерак за перманентен бан од форумов..ептен им рушам концепт.:D

Трајковски Борче
14-05-11, 14:50

Иди во темата “македонски саиндром“, и ќе видиш ептен тазе, вчерашни мои фотографии, па може ќе ти текне кој сум...??? :D

concrete
14-05-11, 17:27
Чим е ваков моабетов за глуфтарот Боки јас и ти мора да се знаеме..
Баба Донка (бог да ја прости) секогаш ме рачунала за домашна софра надвор од кафанското мени .Си се знаел со стариот ,па може си од стара скопска фамилија ....Ке ти пишам јас на п.п. мој маил за секој случај затоа што твоиве ми фрлаат дебел мерак за перманентен бан од форумов..ептен им рушам концепт.:D

....koj be ban sto se zanesues...., a vikas na 6-ti si ovde???? na denot POSLE??? eskiviras demek:)

Кери
14-05-11, 18:25
....koj be ban sto se zanesues...., a vikas na 6-ti si ovde???? na denot POSLE??? eskiviras demek:)
Тогаш можам....се мислев да сменам карта за 4-ти ама ми го фатија Угро дека ја зиркал Дулич во соблекувална на СЛЕТ 25 мај 82-ра и ме оставија без фаворитот..:D
А мора и некој трезен да биде на 6-ти ,ке има многу што нема да сакаат да се отрезнат :hoho:

Кери
17-05-11, 23:21
Боки мајсторе ...гледам некако со марифетлуциве како да ми забушаваш кога риба е во прашање :D
Кажуј дали имаш шема да набавиме од тие дојранските кострежи ...ама поголемки парчиња па да видам како ке ги џитнеш на скара ..
Порано имаше во Аеродром во рибарница ама ако не лупнеше некој лакт у ребро немаше да стигнеш до нив.Последниот пат кога бев во Скопје 2 месеци не можев да начекам таква лепота..:)

Трајковски Борче
17-05-11, 23:37

Па јас сум си крвно врзан со Дојран братче, сопругата Тањушка ми е по татко Дојранчанка, така да, ако се појавил кострежот во езерото, тој ти е највкусната риба во цел свет на Република Македонија, а има и специјален начин на јадење, мислам, не само што треба да знаеш да го спремиш, треба да знаеш и како да јадеш костреж. Највкусен е печен на трска во колибите на езерото на стар Дојрански начин. Нејсе, ќе пишам два рецепти за дојрански крап во тава и за кострежот печен на трска, а сега една вистинска приказна за дојранскиот костреж...

Имено, во убавите времиња на езерото, најбарана и со часови очекувана езерска риба, во долги редици, дојранскиот костреж, веќе во 9 часот, секое утро, во количини од дветристотини килограми, секогаш се наоѓал во само една рибарница во Париз. Секогаш продаван однапред. Во париските ресторани е поскап од кавијар. Како доаѓал до таму секој ден? Грчките рибари, ноќеска го ловат во мрежите на нивната страна, го сортираат, го ставаат во гајби, и во 5 и 30 часот утрината, кострежот веќе бил на солунскиот аеродром во авионот за Париз, а во 9 истото утро во познатата рибарница. Поздрав...

intel
18-05-11, 12:32
Море и пржен не е лош, само што треба да се изренда прво.
Алчно рипче маму му.на Тиквешко најмногу ми јадел костреж на костреж или на око од костреж, милина ем не паѓа дури ни по 10-тото парче ем јаде ко луд на себе.

Кери
18-05-11, 16:32

Ке ти кажам да пробаш 3 работи за крупен костреж ..
1.rapala rattlin
2.cikada
3 ruzno pace 3 ka -отежнато со сачма од 1 грам
Испробано на тиквешко со гаранција.
Јас сум повеке за вода што тече и тоа колку што може побрзо ...мрена и бојник најчесто ,имаат многу коски ама мајка ми ги знае така реш да ги испржи ...:D

Сепак Боки во право е ,дојрански костреж е еден и единствен за јадење...ке те викаме ако си ЗА

Трајковски Борче
18-05-11, 17:41

Кери, тогаш гарант си јадел и преспански “нивички“, ти текнуе? Добри се и тие упм...!!!:D

Кери
18-05-11, 18:14
Кери, тогаш гарант си јадел и преспански “нивички“, ти текнуе? Добри се и тие упм...!!!:D
Абе ми текнува како не ми текнува, ама на шприцерот со нив ми остава впечатоци дури до другиот ден сабајле :)
Во Охрид....дудук јаде охридска пастрмка а јас нарачувам тава ситна риба реш ...или белвица.....пастрмката нема шанса со белвицата :D

Thunderbird
22-05-11, 03:06
Чика Боки - да ме потсетиш да ти кажам како се праи Удон Нудлс Теријаки со Пан Ејжн Сос :)

Кери
03-06-11, 01:49
Боки мајсторе се изгуби на темава..
Деновиве све наешто ми се вртат изнутрици во главата ,кој знае зашто:D
Пукни нешто за добра шкембе чорба ,кукурек или џигерче,гарант не е у шема Љуц ,Победа ,Пивница или Бристол ,тежок ликсур сум станал во ебаниов стерилен запад :D

Трајковски Борче
03-06-11, 23:32

А бе арно ме потсети. Не знам дали овде сум напишал рецепт за највкусниот телешки џигер на скара, ала Боки. Беш ми матер Кери, какви Љуц какви други бакрачи чоече, прсти да полижеш. Утре приквечер го праам тука пред сите вас. Тоа е космос од вкусови, да цркнам. Ќе видите...

Кери
04-06-11, 00:05

Абе нели ти пишав дека сум ликсур .....ке правиш без мене а ? Ке ти дадам остав за некој ден ...ај ке видиш :D

THE_CHOSEN_ONE
04-06-11, 00:32
Костреж???
Нели тоа беше една зелена мутант риба со многу коски?

Знам дека русите ја создале во лабараторија за време на WWII за да го прехранат гладното население.
Кострежот е риба која се множи со неверојатна брзина и за мене е најодвратната риба која некогаш сум ја видел како на лик така и на вкус.

А вие за пастрмка да не зборите?

Кери
04-06-11, 01:51

:nemiseveruva::nemiseveruva::nemiseveruva: каква незналица :nemiseveruva::nemiseveruva::nemiseveruva:....бати логиката ....ти мајсторе ако си лизнал некогаш си отворил ли очи да видиш како изгледа ??? :D
Па кострежот е “принц Валијант“ за таа наказа од 200 грама смрдливо месо.... а што е повкусно ??? е тоа ствар на укус :lol2: .... сакав да ти раскажам нешто за бели бубрези ама изгледа ке се откажам :nemiseveruva:

lofdzijata
06-06-11, 14:59
Boro na Motoro,

Aj ako ne se stramish, daj kazhi mu na puchanstvo, kako spremash Sharsko Jagne ?

Трајковски Борче
06-06-11, 16:47
Boro na Motoro,

Aj ako ne se stramish, daj kazhi mu na puchanstvo, kako spremash Sharsko Jagne ?

Сега дојдов од работа и уз салатичка и ракијка, одма да ти одговорам Лоффџија. Боки и срам, два поими, нејсе, а за шарско јагне ќе почекаш уште некој ден...!!! Многу работи наговестив, а заради кампањава не успеав да ги пренесам, па по ред, нали...!!!:D

Thunderbird
10-06-11, 02:07
Гледам Борче не готви нишо, туку ајде јас...

*******************************
Удон Нудлс, и гарант ви се посречуе :D
*******************************

Тачно , гарант ви с епосречуе али пази, морате све до детали као шо ќе кажам!

1. Прво палиш кола и главиш на некој од краците и ренташ студио со све у него, у мој случај Рај Бич, Апер Њујорк Стејт. Наравно, со лепша половина и без мајка и и татко и.

http://img714.imageshack.us/img714/6789/dsc10551024x653.jpg

2. Додека спие, стануеш сабајле и трчаш на ррибен пазар ( јебига јас се заебав, станав покасно па купив замрзнати шкампи), трчаш до грин маркет да земеш свежи шампињони, кромидчиња едно стракче, Пан Ејзѓн сос ( у МК и Грчка најдете Тобаско, тоа е добра замена) и херба зачин ( лимон и треви, има у секој маркет).
Никао не смеете да заборајте добро црвено вино ( у мој случај Бужуле Вилаж, 2009та [2009 е скупа година маме ми се подра, али све за лепша половина ;)] ).
Нудлс може да ги замените со шпагети (бем ли која марка не се разбирам, ја зиам нудли од чичко Ли у град а овде азијата еден куп така да пак е некој Ли)

http://img29.imageshack.us/img29/3207/dsc12531024x682.jpg

3. Палиш ќумбе и кухаш шпагети у тава не у тенџере. Пази, тој херба зачинот мора да се вари у вода а бутнете и една коцка путер. пред крај некаде коа ќе осетите нудлите сварени бутај кромидчето, шкампите и печурките убаво исецкани.

http://img40.imageshack.us/img40/207/dsc12551024x6852.jpg

4. Од коа све тоа добро ќе се дотера сервираш у рамни големи чинии. Буташ едно 20 минути пред јадење чашите за вино у фризер и отвараш вино наравно.

http://img163.imageshack.us/img163/8251/dsc1261670x10242.jpg

5. Палиш свеќа сервираш и викаш лепша половина. Али пази не смееш да мрчиш шо спиела цел ден, Ќути и сервирај и семшкај се. Глеај да стегна две чаши док ти мааш една.

http://img607.imageshack.us/img607/1681/dsc09531024x6852.jpg

6. Посреќуење.

Овде требаше да има слика .... :D

PS. Наздравје!

Трајковски Борче
10-06-11, 18:17
Громе, абе ГРОМ ти е ова рецепатов, беш ми матер. Да се најежиш...!!! Браво мајсторе, секоја чест и морам да ти кажам ме врати барем едно 17 - 18 години години назад кога ова нудлсов со мали шкампи ми беше главно јадење по Сингапури, Хонг Конзи, Патаји, Јави, Суматри и так даљше. Е сеа, морам да ти кажам дека ми фали на крај нешто. Слика од голо бутче како ѕирка под бел чаршаф, од лепша половина без мајка и’ и татко и’, пред будење разбирасе... Е тоа комплетира рецепат упм!!! Ај уште еднаш браво!!!

Thunderbird
10-06-11, 18:32

Ќе бидели доволно боса нога на штиклица со црвени ноктиња? :)

Трајковски Борче
10-06-11, 18:53
Ќе бидели доволно боса нога на штиклица со црвени ноктиња? :)

Ако не видам зглоб, мислам глужд, ништо не прајме. Таму, во глуждот, е една од тајните за сето она што следи нагоре. Ова е жива истина. Го иам научено кај Гадафи на времето. Таму мажите ги препознаваат убавите жени само по глуждот на ногата, и нема утка, да цркнам!!!:D:D:D

Thunderbird
10-06-11, 19:00

На ова потпис!!!!!!

Ова е и моја теорија и до сеа си ќутев мислев нешо не е уреду со мене... ама тоа ноџиња со убаи ноктиња и глужд е... мммммммммммммм

афион
10-06-11, 19:19
Овде за јадење или за фантазирање :)

Thunderbird
10-06-11, 19:20
Овде за јадење или за фантазирање :)

И ти си у право :D

Трајковски Борче
02-07-11, 20:06
БАБАЕСКИ - САЛАТА

Скопски јабучар тешко се наоѓа ко у некое време, ама сепак, квалитетниот патлиџан, туктам, може да се најде на нашиве тезги. Некои го викаат домат, ама кај мене у маало уште го викат патлиџан.

БАБАЕСКИ?

Сите оние кои излегле од “Капи-Куле“, граничен премин на Бугарско -Турска граница, и фатиле џаде кон Истамбул, првото населено место на кое ќе налетаат е Бабаески. Бев копиљ таа 1966 година, ама никад нема да ја забораам салатата која и ден денес си ја подготвувам на ист начин како и оној возрасен Турчин од Бабески, каде свративме на ручек со моите родители, кој во неговата ќебапџилница не угости со сплескани ќебапи и на прв поглед класична салата од кромид, патлиџан, свежи пиперки, зејтин и сол. Арно ама, во таа негова ќебапчилница ја фативме масата пред витрината каде му беа изложени производите, од каде се гледаше и начинот на кој ја подготвува сега популарната Бабаески салата, која во овој летен период е моја омилена гозба уз ж’та разбирасе. Што се деси тогаш? Ќебапите иако ко мали ќофтенца, беа вкусни, најискрено, арно ама, салатата што ја споменав, ги надмина и ќебапите, вруќите симити. Прво, не’ изненади тоа дека со салатата ни донесе лажици, наместо вилушки, ама не реагиравме, иако коментарот на мајка ми беше тивок и на македонски - Види го овој нема вилушки за салатава... Нејсе, веднаш штом сркнавме од салатата, да извините ама, мамичето мамино и го ебавме док си рекол кекс, да цркнам. И татко ми и мајка ми нарачуат под итно уште една салата, ама овој пат дупла. Па да, нема заебанција, салатава мора да има некоја магија у нутра, инаку, што ако и у Скопје ја прајме истата, кога оваа не е ни од блиску иста, дека е вкусна у пичку матер, значи, има уште нешто, нешто друго? И навистина. Престанавме да јадеме и преку стаклото од витрината го следевме секој чекор на мајсторот кој пред нас ја подготвуваше салатата. Ништо не стај поише од она што го набројав на почетокот, ама сепак, напраи нешто, во што се криеше магијата на највкусната летна салата. Еве ви го рецепатот...:

Два патлиџани, една зелена пиперка, (лута или блага по сопствен избор), пола главица кромид, маслинов зејтин и сол. Патлиџанот се сече на пола, па му се отстрануе корен, дршка, па се легнуе на исечена мазна површина на даска и се сечат коцки на отприлика еден сантим. Коцки од патлиџан се стаат у дубок тањир. Се зима пиперка и се сече по дужина, четири пути, четири ленти, па се сече попреку на ситни парченца, скоро на милиметар и се покриваат коцки патлиџан у дубок тањир. Одма после тоа, на даска се стаа пола главица кромид и се сече на коцки, ко оние кои ни ги даат како прилог уз ќебапчиња, и, со тие коци се покрива пипер и патлиџан. Се посолуе добро. Значи, овој моменат не смее да се испушти - Бабаески салата се посолуе добро, не превише, ама не и нормално, туку, малку поише од нормално, и, врз сол посипуе маслинов зејтин, па ај да речеме пола прст, ако прст ти у нромална дебелина, разбирасе. Сеа следи магија. Стааш чиста рука со цела шака у тањир. Полека стискаш удолу, па после притискаш у шака, ама никако не смееш да гмечиш, туку стискаш толку, док не осетиш дека патлиџан пушта сокои од себе, жврчка. После неколку вакви притисоци со прсти од шака у цела салата, размрдуеш содржина и испаџа ко да не си ја чепнал да цркнам. Знаете што ќе ви кажам? Слободно дајте им виљушки на гости, а за себе земете лажица и сркајте сокои. Без заебанција, еве, нека се јави првиот кој ќе ја напраи салатава, и нек ви каже кој лезет се пружа од сокови на Бабаески салата. Да се најежиш... Наздравје

Трајковски Борче
22-07-11, 17:02
ЛЕТЕН ПИНЏУР, АЛА МАЕСТРО БОКИ - ПИНЏУРОТ НА ПИНЏУРИТЕ...!!!

Знаете ли бре луѓе мои што е тоа - ЛЕТЕН МАКЕДОНСКИ ПИНЏУР...?

Па не занете, затоа што го кркате по разни Лименки, Жабари и так даљше, кај шо никад, ама ни тад, нема да ви го напраат ко шо го прај Маестро Боки... Почекајте да ја бапнам четвртата, сега сум на втората, па ќе ви ја раскажам приказната за “Пинџурот на пинџурите...!“

Арно ама, пред да го напишам рецепатот, барам, барем еден од вас да ми каже што значи зборот „ПИНЏУР“? Етимолози, бујрум..., инаку нема рецепат!!!

N.C.D.
22-07-11, 17:11
..ima przen pindzur ,ima t'lcen pindzur...

concrete
22-07-11, 22:44
ЛЕТЕН ПИНЏУР, АЛА МАЕСТРО БОКИ - ПИНЏУРОТ НА ПИНЏУРИТЕ...!!!

Знаете ли бре луѓе мои што е тоа - ЛЕТЕН МАКЕДОНСКИ ПИНЏУР...?

Па не занете, затоа што го кркате по разни Лименки, Жабари и так даљше, кај шо никад, ама ни тад, нема да ви го напраат ко шо го прај Маестро Боки... Почекајте да ја бапнам четвртата, сега сум на втората, па ќе ви ја раскажам приказната за “Пинџурот на пинџурите...!“

Арно ама, пред да го напишам рецепатот, барам, барем еден од вас да ми каже што значи зборот „ПИНЏУР“? Етимолози, бујрум..., инаку нема рецепат!!!
остај ти етимолози земи напрај 3 кила па донеси у лименка .......;) дај им го таму да го носат на маса , ама да не го крадат....да му течат лиги на N.C.D. таму кај ќумбињата....

lofdzijata
23-07-11, 18:22
da ne znae nekoj kako na kineski se kazhue pindzur?

Кери
23-07-11, 21:23
ЛЕТЕН ПИНЏУР, АЛА МАЕСТРО БОКИ - ПИНЏУРОТ НА ПИНЏУРИТЕ...!!!

Знаете ли бре луѓе мои што е тоа - ЛЕТЕН МАКЕДОНСКИ ПИНЏУР...?

Па не занете, затоа што го кркате по разни Лименки, Жабари и так даљше, кај шо никад, ама ни тад, нема да ви го напраат ко шо го прај Маестро Боки... Почекајте да ја бапнам четвртата, сега сум на втората, па ќе ви ја раскажам приказната за “Пинџурот на пинџурите...!“

Арно ама, пред да го напишам рецепатот, барам, барем еден од вас да ми каже што значи зборот „ПИНЏУР“? Етимолози, бујрум..., инаку нема рецепат!!!
Абе Павароти ке го “отпееш“ рецептот или??? не се прави многу на Оливер...:D

marsovec
23-07-11, 22:42
Јас знам само дека се печат пиперки,повкусни ми се оние слични на каварџик само малку подебели, пола лути пола благи, модри патриџани и домати...се печат, лупат, маваат во ваган, се додаве лук истотака со сол измаван и сето убаво се меша...На крај се полева со загреано масло и се промешува за да го впие...и ете убав пинџур,,,Лапачка со сирење...а може пијачка и ракика а и пивце...ако има убаво домашно тазе лепче...
Боки казвај сега твојот специјалитет...

N.C.D.
23-07-11, 23:44
..modri patlidzani nikako...lukot e prvo pa se dovaga posle nego vo vaganot...
..i najkatastrofalnata greshka e zagreano maslo...nikako...nikako toa ..samo ziv zejtin ,ako sakash da vidish shto e pindzur...
-N.C.D. glavniot kuvar na hotel Meriot...

marsovec
24-07-11, 07:34
Не врел, топол зејтин полесно се впива а модриот патлиџан може малку и не мора, дава ориенталност, мала...Тоа е во суштина пингур...знам само некој го прават лут а некој помалку лут...но сите го прават....

factotum
02-10-11, 13:00
БАБАЕСКИ - САЛАТА

БАБАЕСКИ?

Што тешки ајвани сме, сме се запнале за политика (ѓоа пак ја разбираме) наместо да си прајме домаќински муабети. А ти побратиме си кабает што цела зима кажуваше прикаски за летото што ќе сме праеле и дојде летото и помина а ништо не пробавме од фаленото.

Иначе, тетин ми Пецо-Шварцот, Бог да го прости, ваква салата секогаш јадеше со лажица. Колку вакви салати со ракија имаме изедено во Белград додека бев војник кај него во станот на Мали Калемегдан, и потоа преку лето кај мене во дворот....

Иначе, ја барав оваа тема поради едно прашање од куварската проблематика: Ражниќи од бут правиш или од пафлак? Ако ги правиш од пафлак, како го сечеш пафлакот и како воопшто ги приготвуваш?

Трајковски Борче
02-10-11, 13:44

Чудно како не си прочитал од каков месо правам ражничи, шашлици, па и раздрнкано жуле...??? Само од внатрешниот дел на бутот... Пафлакот го користам за комбинација со мелени јунешки ребра, за плескавица.:D Инаку ова лето и ја правев скара онаа недела на одмор во Рафајловиќи, а овде во Скопје само еднаш. Почнав со работа во Јуни, и се еба летото, ни скари ни бутури, па ни Лименки..., упм

factotum
02-10-11, 15:33

Штета е пафлакот да го трошиш за такви „приземни“ работи како што се плеските. Денеска на старите им напраив скара: ребра и ражниќи од пафлак - јадовме и одма легнаа да одморат....:D Додуше пред ручекот, додека јас ја спремав скарата, стариот ми донесе сиренце и патлиџанче и нормално „палајца“ - за него лоза а за мене, традиционално по кичевски, сливка! Заедно со скарата испековме и пиперки, нормално од нашето бавче! Одам сега и јас да легнам малку...:D

concrete
02-10-11, 18:31

...добро бе имаш ти усул..., па има овде народ на кој вода на уста му извира, читајќи те тебе овде ........:cool:

factotum
02-10-11, 19:07
...добро бе имаш ти усул..., па има овде народ на кој вода на уста му извира, читајќи те тебе овде ........:cool:

Кој има куќа на село да се собереме пак за 11 Октомври? Ионака сме претежно комуњари, па и да прославиме како што доликува...:D

герасим
02-10-11, 20:40
па... идејава не ти е лоша, но дали има место за реализација.....

factotum
02-10-11, 20:51
„Место“ во физичка смисла? Па да видиме другите што ќе речат. Можеби е добро да го поставиме прашањево на „Синдромот“....

афион
02-10-11, 23:21
Кој има куќа на село да се собереме пак за 11 Октомври? Ионака сме претежно комуњари, па и да прославиме како што доликува...:D

А демек само вие , или и за ова ќе се делиме :)

AVATAR
03-10-11, 12:11
ЛЕТЕН ПИНЏУР, АЛА МАЕСТРО БОКИ - ПИНЏУРОТ НА ПИНЏУРИТЕ...!!!

Знаете ли бре луѓе мои што е тоа - ЛЕТЕН МАКЕДОНСКИ ПИНЏУР...?

Па не занете, затоа што го кркате по разни Лименки, Жабари и так даљше, кај шо никад, ама ни тад, нема да ви го напраат ко шо го прај Маестро Боки... Почекајте да ја бапнам четвртата, сега сум на втората, па ќе ви ја раскажам приказната за “Пинџурот на пинџурите...!“

Арно ама, пред да го напишам рецепатот, барам, барем еден од вас да ми каже што значи зборот „ПИНЏУР“? Етимолози, бујрум..., инаку нема рецепат!!!

Зборот “пинџур“ доаѓа од турскиот збор “пинџур“, што значи пинџур.

factotum
03-10-11, 12:34
А демек само вие , или и за ова ќе се делиме :)

Па веќе сме поделени, ние го славиме а вие не...

Зборот “пинџур“ доаѓа од турскиот збор “пинџур“, што значи пинџур.

http://oddlovescompany.com/blog/wp-content/uploads/2011/04/laughing-monkey.jpg

афион
03-10-11, 12:36
[QUOTE=factotum;253633]Па веќе сме поделени, ние го славиме а вие не...

QUOTE]

Па јас ти подавам рака на пријателство а ти не па не. И од каде знаеш дека јас не го славам?