PDA

Види ја целата верзија : „Наследникот на Анзак“, од Борче Трајковски - Ексклузивно на Форум Воденица


Администратор
17-08-10, 16:18
Борче Трајковски - Боки е роден 1956 година во Скопје, Република Македонија.
Покрај основното и средното образование, дипломирал на Универзитетот за Транзициски бизнис во Скопје, на катедрата „Дива лига“.
Бил слушател на постдипломските студии од областа на „Шлепер-шверц економија“, но поради неквалитетна изработка на магистерската тема “Измами ги сите и врати се сам“, никогаш не ги завршил.

Поради издавање акцептен налог без покритие, осуден е на дванаесетмесечно пишување на својот автобиографски роман “Од Осака до Дижонска“, во 2003 година во затворот Скопје или популарната Шутка. Романот е објавен во 2005 година и веднаш ги руши сите рекорди на дотогаш продадена книга во Македонија, а читателите го нарекоа македонски бестселер.

Понесен од жарот на успехот на првиот роман, продолжува со раскажување и досега има напишано пет романи: “Од Осака до Дижонска“ прв и втор дел, автобиографски приказни, и три фикциски транзициски приказни, „ФИРОМ - Карамбол“, „КЛУЧОТ“ и „Наследникот на Анзак“. Сите се испечатени во тираж од по 500 примероци и веднаш распродадени. Второто издание од овие три фикциски приказни е во подготовка.
Од јули 2010 година, сите пет романи се ставени во електронска форма и за прв пат ексклузивно се објавуваат на Форумот „Воденица“.

Покрај сопругата Тања, синот Томе и ќерката Ивана, од пред три години, највеќе им се радува на внучињата Андреа и Максим, по едно од двете деца, сега за сега.
Слободното време го минува во консултации и контемплации во биртијата „Розева Лименка“ и на Форумот „Воденица“.
За себе вели дека е среќен човек.
Треба да му се верува...



НАСЛЕДНИКОТ на АНЗАК

Борче Трајковски



Што, кога ќе се открие дека татко ми бил кодош, криминалец, насилник?
Што може тоа да промени во мојот живот?
Ќе имам ли и јас право да ја прифатам вистината, да се гнасам од реалноста, и да продолжам со мојот живот?
Ќе имам ли таква шанса?

Или ќе морам, гордо и самоуверено да се истопорам и пред сите вас, како што тоа го сторив пред себе, и да рикнам како ранет лав во полноќна преријска тишина:
„Па што?“
„Што ако татко ми бил тој и тој?“
„Каква врска може да има тоа со мене, со мојот живот?“
„Кои сте вие што го вперувате прстот и кон мене?“
„Кој ви го дал правото да ме осудувате за туѓи недела?“
„Мојот живот е мој и само јас решавам на каков начин и во кој правец ќе се развива!“
„Само моите дела се критериуми за оцена или осуда кон мене, но дури тогаш, откако ќе ги направам, а не делата на кој било друг, па макар и на мојот роден татко!“

Сега, кога пред вас е мојот врисок, не ми преостанува друго освен да се надевам дека сум оставил трага која не исчезнува, глас кој ќе одѕвонува низ просторот на времето како ехо на мојот последен повик, како порака за идните генерации, да останат нескршлив столб во бедемот на човечките доблести: добрината, чесноста, искреноста, скромноста, сочувството, љубовта...


(0)

***

Има ли вистински живот?

Кога почнува животот? Кога почнува вистинскиот живот? Ако има вистински, тогаш мора да има и лажен живот? Има ли вистина во лажниот живот? Ако има, тогаш сигурно има лажна вистина и во вистинскиот живот? Каква е таа вистина, ако животот е лажен? Каков е тој живот?

И се согласувам, вистина е дека кога оној гение, невидлив за човечкото око, нервозен, леплив, со опашка, агресивен микро створ, наречен сперматозоид, ќе се пробие во погенијалниот микроорганизам наречен јајник, во матката на жената, всушност од тој момент почнува животот. И точно е, така почнуваат сите човечки животи, шашаво (што би рекол Ѓорѓе), ама навистина функционира. Арно ама, знаеме и тоа дека тој нов живот поим нема каде се наоѓа? Можеби е во утробата на некоја принцеза, славна актерка, политичарка, некоја многу богата наследничка, можеби во матката на некоја сосема обична, ниту богата ниту сиромашна жена, можеби во некоја слугинка или просјачка, која „штанца“ секое летенце детенце, а пораѓањето и е како одење по голема нужда во некоја картонска куќичка под мостот на новата железничка станица во Скопје. Како и да е, и каде и да е, животот е зачнат и се развива некаде, веќе почнува да ги презема генетските карактеристики и од мајката и од таткото, ама сеуште незнаеме на кого ќе личи, чиј карактер ќе наследи, можеби ќе биде различен и во ликот и во карактерот и не можеме да речеме дека тој е вистинскиот живот.

Потоа чекаме девет месеци, таа генијална спојка од невидливи суштества да формираат човек: со раце, нозе, глава, тело, органи и доаѓа моментот кога ќе се роди. Всушност кога ќе излезе од утробата на мајката и како формирано човече ќе врисне и ќе го најави учеството во новата животна арена. Без разлика на полот, затоа што тоа формирано, врескаво, замижано, крваво човечко суштество, не знае дали е женско или машко, и уште помалку знае каде е. Дали сега можеме да кажеме дека почнал вистински живот? Да, формално го евидентираме, му даваме име и презиме и почнуваме да го негуваме. Потоа се радуваме кога самостојно ќе го направи првиот чекор и го бележиме тој датум како нов почеток, но сеуште не можеме да кажеме дека тој момент е почеток на вистинскиот живот. Сеуште е рано нели, допрва го очекуваат предизвиците на реалниот живот.

Значи, човечето зачекори, па почнува да трча, веќе ги изговара првите зборови, стокмува реченици, па како расте се запознава со сé живо и мртво околу него, ги распознава предметите, ги изговара по име, знае што несмее што смее да чепка, дознава која му е мајка, татко, дедовци, баби, другарчиња, соседи, роднини, ги памети нивните имиња, па млечните ги фрламе на покривот и ги најавуваме правите заби, по што доаѓа уште еден значаен момент од новиот живот, училиштетото: прво, второ, трето, четврто,...осмо, потоа уште еден: прва, втора, трета, четврта, и уште еднаш: прва, втора, трета, четврта, и диплома. И ајде овде да застанеме и повторно да се прашаме, дали сега можеме да речеме дека човечето, пардон човекот, стана свој човек, академски граѓанин и од овој момент почнува да го живее вистинскиот живот, својот живот? Знам, размислувате како да одговорите, така? Да ви кажам право и јас размислувам, поточно се двоумам и повеќе ми претежнува она прагматичното дека сеуште е рано да се каже дека почнува да го живее вистинскиот живот.

И ај да речеме дека човекот еве, се вработил и почнал да заработува. Не е повеќе финансиски и материјално зависен од родителите, и размислува да формира свое семејство. Верува и сигурен е дека тој може, а и време му е да создаде и одгледува семејство. Повторно нов почеток. Сега ли почнува вистинскиот живот? И добро, овде ќе прекинам заради тоа што, сеуште се двоумам да потврдам, дали од овој момент на овој мој пример од човек, му почнува вистинскиот живот.

Најверојатно и одговорите се различни, па дефиницијата за постоење на вистински и лажен живот, можеби ќе се претура во филозофските дискусии, како лошо поставено прашање, или во најмала рака како прашање кое единствено заслужува токму филозофски одговор, кој пак е различен за сечиј живот.

Токму затоа, после тоа што ми се случи, ме натера да го прераскажам мојот живот. Ги пронајдов одговорите на сите оние прашања од почетокот, барем во примерот на мојот живот, па колку и да тврдам дека тоа што ми се случи беше реалност, морам да признаам дека истовремено е и чудна вистина, несекојдневна, невообичаена, и за вас, можеби неверојатна. Како и да разберете, јас веданаш сфатив дека како единствен сведок, имам задача да одговорам не само на оние прашања, туку и на многу други. Имам задача да тврдам и да се колнам дека тоа се случило и дека постои. Враќањето го разбрав како единствена обврска која морам да ја исполнам, дека штом сум повторно тука, со вас, покрај вас, тогаш морам да го сторам тоа. Таа моја приватна борба, да се биде или не во сопствената кожа, но, ако се биде тогаш да се биде човек, ја разбирам како скапоцен екстракт кој само еднаш се вбризгува во секој од нас и трае додека трае животот, но, со вистинското значење на зборот живот, на зборот човек. Со оваа исповед на огорчен и гневен грешник, кој за делото „Обид за ...“, може да одговара само пред себе и пред Господ, решавам да го поделам тој екстракт и да ви ја пренесам сопствената борба онака како лично ја доживеав и така како што ним им ја раскажав, заради тоа што злосторникот и жртвата се веќе на чисто пред самите себе, и не се сомневаат во сопствениот успех.

Сакам да го поделам со сите оние, кои за себе сметаат дека се самостојни, а свесни се дека се лажат и немаат храброст да признаат, па како растат сé повеќе се убедуваат дека таа е реалноста, го прифаќаат животот како судбина, и сé посилно почнуваат лажно да се однесуваат и кон сите други, кон своите, кон околината, па не се осмелуваат да направат свој чекор, монументален чекор кој ќе го означи почетокот на вистинскиот живот, онака како што тие го разбираат и така како што тие замисуваат да го креираат и развиваат. Чекор кој ќе го означи почетокот на новиот живот. Тоа е огромен напредек во зреењето на личноста, па токму заради вербата дека не сум бил осамен во лажниот живот, дека и сега постојат такви луѓе, дека можеби сега во овој момент се раѓаат, го пренесувам ова мое искуство, за сите кои ќе се препознаат во него. Оваа приказна можеби ќе ги охрабри.

Како што е мојот живот мој, вашиот е ваш, и убедени сме дека секогаш само ние сме одговорни и за добрите и за лошите случувања во нив, па обидувајќи се да ја прикриеме вистината продолжуваме да се убедуваме дека таа филозофска мисла е единствено точна, веднаш ќе ви кажам дека мене ми се случи да откријам дека токму таа мисла е можеби најголемата заблуда во животот, затоа што нешто друго се случува во и со нашите животи до оној момент кога ќе се осмелиме, кога ќе имаме право самите да повлечеме црта на самостојност и сосема сигурно ќе изговориме: „Од сега натаму, само јас решевам како и каде ќе се развива мојот живот, никој друг!“, и ја отфрлив теоријата дека само јас сум виновен или заслужен за случувањата во мојот живот.

Да, признавам дека ми потроши значаен период, но, откако смогнав храброст да се соочам со виновникот, тогаш успеав и да го совладам. Токму тоа искуство, таа радост задоволена после долги искушенија, после напорна и долга трка кон крајната цел, која ја закитува душата со медалот на смислата на животот, дека човекот е создаден да ужива во светот, да го споделува тоа задоволство со најблиските, со пријателите, со сé што го опкружува, таа длабока воздишка на олеснување која во истиот миг нуди слобода на духот и телото, животот ви го исполнува со триумфално чувство на победа, самостојност и сигурност, е највозвишената работа во сечиј живот.
Ова пред вас е гола вистина за еден лажен живот. Сé друго, разберете го како лажна вистина за еден друг, гол живот. И не само тоа, туку и следново добро запаметете го: секоја сличност со кој било лик, настан или опис, со денешницава, е проклета случајност. Јас сум Илија Ивановски...

***

...Наследникот на Анзак

„Ќе ни кажете ли како се чувствувате?“ ме праша еден од тројцата. Стоеја построени еден покрај друг, на неколку чекори од овде. Исправени и оптегнати на трон со погледи вперени кон мене, како да сум дел од спектакуларна парада и во овој час поминувам пред главната ложа. Очигледно бев збунет. Сите блештеа во млечно бели костуми и наметки кои им паѓаа врз стапалата, а и просторијава чиниш сместена на врвот од највисокиот облакодер во светот, помеѓу светло сините бои на небото со овде-онде снежни облаци и невидливите но цврсти темели закопани некаде далеку на дното од ова импозантно небесно здание. Чиниш сиот простор лебди во облаците. Од никаде допир на цивилизацијата. Воздухот со вкус на послепролетен дожд. Вдишував длабоко затоа што верував дека брзо ќе исчезне, кратко ќе трае, дека за час преку отворените прозорци ќе навлезе друг мирис, измешан со мирисот на издувните гасови од моторните возила. Но, овде не ме обзема само мирисот на воздухот, туку и спокојот на монашка тишина. Никакви вознемирувачки гласови, тонови, звуци. Навистина волшебен амбиент. Немав чувство на физички замор, иако бев свесен дека после сé што ми се случи во најмала рака треба да бидам барем психички истоштен. Напротив, се осеќам ослободен од товарот на досегашниот живот. Овој мора да е некој друг свет, за момент си помислив, или мене така ми се присторува, заради тоа што конечно го симнав долгогодишниот јарем. Имам чувство дека од овој момент почнувам да живеам нов живот и со насмевка кусо им одговорив:

„Прекрасно!“

„Знаете ли што сторивте г. Илија?“ повторно прашање, но не со заканувачка интонација. Сите тројца беа возрасни, стари луѓе, ама неможев да им ги одредам годините од прва. Беа постари од мене, за тоа сум сигурен, но најверојатно негувани. Не верувам дека и некој друг ќе може точно да им ја одреди возраста, затоа што ликовите им блештеа со невообичаен сјај, а и од очите зрачеше чудесен спокој. Ако не сум пред некои светци, тогаш сигурно сонувам. И навистина, ништо не ми наликуваше на реалност. Но, како и да е, си реков, кои и да се и каде и да сум, важно е дека не сонувам и дека навистина убаво се чувствувам. Овој пат повнимателно ги разгледав и самоуверено одговорив:

„Знам, знам што сторив, но морам да ви кажам дека имав сериозна причина!“ како кабаетлија во суд каде заклетвата за вистината е единствена работа, веднаш признав, обидувајќи се истовремено да се оправдам. И мојот глас одѕвонуваше во просторијава. Како да се наоѓам во некое тонско студио, па и од овој мој распукнат глас извлекува пријатна интонација, неверојатно.

„Тогаш да ја чуеме причината. Почнете да раскажувате!“ ги погледнав и го поставив можеби единственото логично прашање:

„Од каде да почнам?“

„Од каде Ве држат сеќавањата, за нас е сеедно!“ ниту се обидов да дознаам кои се, зошто ги интересира тоа и сл. Знаев дека не се полицајци, ниту судии, а не ми личеа ниту на доктори. Овие се некои нови ликови во мојот живот, но пријатни и мили. Не забележав строгост, лутина, а ниту гримаси на закана, демек, ако не сакаш да зборуваш, тогаш одговорот ќе го издејствуваме на друг начин. Напротив, веднаш ги почувствував како мои блиски луѓе, пријатели, заштитници, добронамерници и почнав да им раскажувам.

Претходно, морам да ви напоменам дека пријатно ме изненади и ненадејното, неочекувано чувство на неверојатна бистрина во главата. О Боже, зарем е можно? Се сеќавам на сé. Никаква стега, никаков грч или најава за мигренозна болка. И не само тоа, туку осеќам дека никогаш повеќе нема ниту да ги почувствувам, сигурно ќе биде така, чувствувам дека од сега натаму така ќе биде. Ослободена ми е главата од страшните натрапници кои само до прееска ми го загорчуваа животот. Веднаш ја почувствував таа слобода и знаев дека сите податоци се веќе тука, средени и достапни. Треба да помислам и веднаш ги прелистувам како детска сликовница, каде и фотографиите и буквите се крупни и разбирливи. Педантно средена библиотека во мојата меморија, во мислите, во сеќавањата, неверојатно. Исчистен секстиум, кој до вчера беше блокиран од наездата на различните вируси, па хаотичноста и тромоста ја заменува со неверојатна брзина, прецизност, точност, и станува употреблива кутија, корисна машина и ве прави среќен. Воскликнувате: Податоците се неуништени! Одеднаш ми се вратија сите сеќавања, настани, дејствија, и се нижеа во речениците кои ги стокмував со чудесна леснотија. Напред-назад, горе-долу, дијагонално, како ќе посакате, сега и веднаш ги извлекувам. Самодоверба, сигурност, самоувереност, и веднаш знаев од каде ќе ја започнам приказната:

***

Работите почнаа да земаат замав откако татко ми го назначија генерален директор на комбинатот во нашето мало гратче во источниот дел на Македонија, од каде што потекнуваме, но се случија дури кога навлеговме во овој т.н. период на транзиција, во новото политичко уредување. Во почетокот од тој период не се обидував да разберам што се случува, а ниту имав желба да анализирам какви промени доаѓаат. Не ме интересираа случувањата, си имав личен и сериозен проблем. Проблем кој од поодамна ми ги ангажираше сите расположиви сетила и сили, а сите останати промени во општеството, па и надвор од него, ги забележував единствено преку реагирањата и однесувањата на татко ми Анзак.

Паметам како силно ги пцуеше Словенците затоа што напуштиле некаков конгрес на Сојузот на Комунистите на Југославија, па потоа ги пцуеше и Хрватите, па како збеснато викаше во телефонската слушалка дека Македонија мора да остане во Југославија, дека не смееме ниту да помислиме да ја набркаме југословенската војска, да се издвоиме од политиката на Милошевиќ, дека Милошевиќ е вториот Тито и.т.н. Тие периоди беше многу нервозен, лут, бесен. Ги кинеше весниците, стануваше и веднаш го креваше телефонот:

„Уапси го копилето, ти наредувам! Лустер да го ишишаш, мамицу му врховистичка, зандана да го видам, неранимајко! Такви лудаци несмеат да се појават, ме слушаш ли? Македонија ќе имала своја војска, свои пари, своја држава, еееј?! Глупост до глупост!“ и така, не помина многу време, Анзак мораше да се соочи со друга вистина, па иако многу жалеше, сепак го доживеа и тој момент. Македонија стана независна држава, а Анзак, познатиот социјалист, сега стана пратеник. Регистрираше своја партија и како реформиран комунист влезе во новата државна политика. Мислам дека уште жали за тие времиња. Сакаше, и така продолжија да го нарекуваат колегите од новите политички кругови, другарот Анзак, а новата држава навлезе во периодот наречен транзиција. Демек, преоден период од оној, во овој политички систем на уредување.

Овој период всушност беше подземен железнички тунел, во кој се склопи композицијата од дваесетина луксузни вагони и нова но сепак моќна политичка локомотива која заради сопствениот интерес, заради горивото со кое требаше да се полни, бесрамно го селектираше и бројот на патниците и бројот на послушните сопственици во луксузните вагони, па откако цврсто застана на шините, излегоа на виделина и се претставија на јавноста. Веќе беше доцна за било чија реакција. Тој воз остави многу патници покрај шините, кои безглаво мавтаа, викаа, се бунеа, пцуеја, вреѓаа, креваа навредливи транспаренти, па подоцна, кога веќе беше предоцна, молеа за сопствената иднина, за обичниот живот, за парче леб, за регистриран стаж, за лекови, за пензии, за работни места и повеќе наликуваа на помочани булки покрај напуштена пруга, одошто на луѓе кои до скоро беа рамноправни сопатници.

Тој период ќе го паметам заради повикот на Анзак да се појавам во неговиот директорски кабинет овде во Скопје. Незнам точно колку години поминаа, можеби три или четири, не повеќе, како државата беше навлезена во овој транзициски тунел, а ова беше првата покана од татко ми да појдам кај него. Почнав да претпоставувам зошто ме бара. Можеби има нешто значајно да ми каже, да ми пренесе важна порака или можеби ќе дремам пред жолтата линија додека не стане и не се нафрли на мене како крвопиец и ја истресе сета лутина и бес што ги насобрал во текот на денот, па откако не нашол друга жртва, ја повикал резервната? Ништо не се случи од очекуваното, но, најнапред неколку зборови за жолтата линија.

***

Имав седум кога го назначија генерален директор на Комбинатот. Се сеќавам како да беше вчера. Дојде дома таа вечер, ме крена високо над себе и гласно ми викаше гледајќи ме право во очи:

„Од утре си синот на генералниот! Од утре сите ќе ти се плашат, сите ќе ти се тресат, ќе видиш!“ здивот му труеше на лук, вино, ракија и кој знае што друго, ама се смеев и кимав со главата за да му докажам дека сум го разбрал, па штом тој се радува како дете, тогаш морам да се радувам и јас, а да бидам искрен, сакав што поскоро да ме спушти долу. Неможев да го издржам тој гериз од неговиот здив, ме гушеше. И навистина, од наредното утро, бев синот на генералниот. Никој не смееше да ме чепне. Дури и оние кои претходно ме ѕенѕаа наваму натаму, ме шутираа, ме тепаа, повеќе не ме закачаа. Сите се ставија во моја заштита. За наставниците од основното што да ви кажам? Недај Боже некој да се осмели да ми пише четворка. Бог да чува и да брани, ама кај смее да има заебанција со синот на генералниот, нели? Тој мора да е одличен ученик, знаел или незнаел. И така, го завршив осмото со сите петки.

Во дирекцијата на комбинатот направи огромен кабинет, па две секретарки во различни простории преку кои моравте да поминете за да се легитимирате, и да чекате да ве најават, па неколку ходници кои водеа до него, налик на поврзани тунели, лавиринт, а на ѕидовите во ходниците големи фотографии со ликот на Анзак и само една од другарот Тито. Да те фати страв додека да стигнеш до неговата врата со крупни кожни баклави и златна рачка. Грозоморна тишина владееше во тие простории. Само намрштениот лик на Анзак од фотографиите постојано ве следи до неговиот кабинет, намуртен и строг поглед со кисела насмевка. Уште пред да влезеш кај него, веќе знаеш дека за нешто си виновен. Подоцна разбрав дека сето тоа било намерно правено така и со таква цел, за да се внесе стравопочит кај секој кој се движи по тие ходници.

Откако ќе влезете таму, на два чекори од дуплата кожна врата имаше жолта линија. Тој се гледаше некаде во далечината позади големото работно биро со купишта хартии на него и ако евентуално ја држи главата наведната, а секогаш ја држеше така, божем нешто работи, тогаш ќе морате да застанете пред жолтата линија и да внимавате да не ја прегазите, да чекате да ја крене главата и да ви каже дали смеете да пријдете. Некои чекаа пред таа жолта линија повеќе од половина час. И на тој начин им влеваше страв на помалите директори. Ако не ве повика, тој ќе ви пријде и очекувајте пцости, омаловажувања, навреди, дерење и на крај шлаканица. Слушнав и една анегдота за некој раководител кој бил повикан на „пеглање“ кај татко ми Анзак, и после речиси два часа стоење пред жолтата линија кутриот се помочал врз паркетот. Откако смрдеата стасала до носот на Анзак, овој станал, му пришол и му залепил силна шлаканица навредувајќи го. Цела година му одбивал од платата како надомест за промената на паркетот во тој дел од кабинетот на Анзак. Подоцна разбрав дека тој раководител си нашол друго работно место и го напуштил комбинатот, ама каде можев и дали можев јас да најдам друг татко?

***

Застанав пред жолтата линија, молчев и чекав да ја крене главата. По десетина минути ми пријде и почна да ми говори. Зборуваше сериозно и со изненадувачка смиреност. Сето време го гледав во очите, морав, така тој бараше.

„Слушај ме внимателно. Ќе те назначам директор и слушај ме добро. Со овој народ не треба многу да се зближуваш, да ги тинтраш, туку строгост, камшик, ништо друго, разбираш! Како земља се глупи и мораш постојано да им даваш на знаење дека ти си тој кој држи висак, а тие мешаат малтер, инаку сите ќе отидеме јабана. И ти и јас. И не само тоа, туку и сиот имот и капитал што макотрпно го создавав сиве овие години, може да пропадне, да го изгубиме и да се најдеме на улица. Дојдоа други времиња, еби му мајката, ама дојдоа. Така решија и така се случи, туку, сега доаѓа времето кога сиот овој имот ќе треба да го префрлиме на наше име, на име на нашата фамилија. Затоа, од овој момент ќе играш така како јас што ќе кажувам и ниту влакно несмееш да отстапиш од тоа, јасно, никако другачие, јасно ли ти е?“

„Јасно ми е!“ прошепотив, всушност ми се исуши грлото и немав глас, а тој овој пат рикна:

„Јасно ли ти е бре морону!“

„Јасно ми е!“ прво се штрецнав, па потоа викнав колку што можев и фала му на Бога следеше силна заушка. Ја наведнав главата и тивко шепотејќи, како скиснат стаорец, го напуштив кабинетот. Тогаш, поим немав што ќе се случува, и уште помалку како сето тоа ќе заврши?

***

(продолжува)

Администратор
18-08-10, 13:46
(1)

***

И така, и јас и сестра ми станавме директори во неколку од многуте фирми во состав на комбинатот на Анзак. Сестра ми извршуваше повеќе функции од мене. Таа покрај тоа што беше комерцијален директор на комбинатот, управуваше и со банката на комбинатот, а јас раководев со еден друг, сосема нов сегмент од империјата на Анзак. За сестра ми можам да ви кажам само една работа. Таа го имаше карактерот на големиот Анзак, па можеби затоа, кога доволно израснавме, почнав да ги избегнувам средбите и со неа и со нејзиното семејство. Во многу ме потсетуваше на него.

Да ви кажам право, јас во мојата работна единица, немав потреба да ги терам луѓето да ми се плашат. Уште кога ќе ме видеа, кутрите почнуваа да се тресат, да се задскриваат, да избегнуваат блиска средба со мене. Пусти беа просториите кога доаѓав на работа. Сите беа убедени дека штом сум го наследил ликот на Анзак, сигурно го имам и неговиот карактер, ме разбирате? Крушата под круша паѓа, или, кај се видело од џукела шарпланинец да се роди? И навистина ми пречеа таквите споредби и озборувања. Неможев дури ни да ги убедам дека јас не сум таков, дека го имам неговиот лик ама карактерот и гледањата на животот ми се сосема различни, дека сакам да се дружам со луѓето, да организирам забави, да одам на забави. Не ми веруваа. Темелите на Анзак беа нескршливи, а јас ја имав судбината да го носам неговиот лик, ебати судбината.

Значи, само после пет шест години независна држава, Анзак веќе не беше генерален, туку стана сопственик на имотот со кој до тогаш управуваше. Стана газда, а нашето семејство богато. Брзо почна да ме гуши таквото богатство.

***

Сега, ќе ви кажам дека многу обиди претходно ми пропаѓаа, и секогаш заради нерешителноста, колебливоста, предизвикани од преголемиот страв, од тие снажни сопирачки на прерано вбризганите комплекси, кои како неизбришливи лузни ги запечати зажарениот жиг на татко ми Анзак, во мојата глава, во мојата душа, чинам од оној момент кога, ниту знаев кој сум ниту каде сум, како врескаво човечко суштество го најавив доаѓањето на овој свет како негов син. Сопирачки кои во останатиот дел од животот секогаш беа блокирани и ми ја сопираа дури и простата помисла за обична средба со родителот, за татковска прегратка, засолниште, помош, совет и сл. Стоеја длабоко некаде во мене и ми ја арчеа сета друга енергија, сé до овој момент, кога осетив дека нешто се прекрши во мене.

Одеднаш почувствував дека сопирачките се деблокирани и самоуверено и лесно се движам, а нешто со сигурност ме турка накај него. Незнам како да го објаснам тоа нешто, ама додека одев натаму, нешто постојано ме полнеше се чудесна енергија и ми ја зацврстуваше намерата, решеноста за последното соочување со мојот татко. Сé поцврсто чекорев со крената глава, ова е последната битка, си велев, и без разлика на тоа што однапред го знаев исходот, овој пат морам храбро да застанам пред него и да ги побарам одговорите на неколкуте прашања. Да, веќе ги имав од едната страна, ама несакав да ги прифатам туку така, ме разбирате? Само тој можеше да ги потврди или негира и да бидам сосема на чисто дали тој или тие се во право, никој друг. Тоа ми беше повеќе од потребно, неопходно.

Таа огромна потреба да го слушнам тоа лично од него, можеби беше невидливата енергија која ме туркаше напред. Гордо и самоуверено чекорев и на крај застанав пред неговиот лик, овој пат без трошка страв, а знаев дека со навреди и пцости ќе ме пречека. За мене тоа беше вообичаена работа, така го паметам откако се паметам себе, така го паметам сиот живот поминат со него, но овој пат можев да претпоставам со колкава огорченост ќе излегуваат од неговиот глас тие мрачни зборови. Имаше сериозна причина да ги извлекува најпогрдните клетви и пцости, а ги имаше на претек во неговиот речник, затоа што знаеше дека јас сум виновникот за најголемата несреќа што воопшто можела да го стрефи животот на моќниот Анзак. И веднаш ќе ви се извинам за сите вулгарности во оваа приказна, псовки и навредливи метафори, но морам и сакам да бидам колку толку автентичен.

Инаку, Анзак беше спој од посебни камења, наредени во природна големина на неговата глава. Никој не се обидел да ги исклеса, да ги стави во некаков размер, па да заличи на нешто. Не, челото во бранови и остра косина се спушташе кон веѓите, кои пак како шилести карпи надвиснуваа над длабоките очни пештери од каде тешко може да се види сјај од темните и ситни зеници, под кои речиси веднаш се испакнуваа две големи, крупни, снажни и нерамни јаболчници, а помеѓу нив грбав нос, широки усни, пространа и пресечена брада, левото чиниш поспуштено од десното уво, а на главата разретчена коса која исцртува длабока синусоида, речиси до половината од черепот, и навистина сето тоа наликува на природен одрон кој ете, направил тврдина само нему својствена. И не велам дека таков како што го опишувам бил осамен на овој свет. Кога го опишувам него и самиот се опишувам.

Бев плукната слика и прилика на мојот татко и во ликот и во ставата, но, тоа по што тој беше редок примерок на специфична градба, многу поразлична од онаа со која јас сакав да ја уредувам мојата внатрешност, беше неговиот карактер. Тој, за да ја комплетира сликата за себе, прави неред и во сопствената душа, па прифаќа да ги користи само лошите беседи, кои за жал, одлично се вклопуваа и во строгиот поглед и во намуртениот лик, па воедно станува дрзок, вулгарен, лош човек и користи само нему својствени навредливи зборови, псовки и навистина од далеку сее страв. Изгледаше страшно и звучеше страшно. Еве како ме пречека:

„И тука ли ќе ми го е.еш мирот, шупелко неиздупчена? И тука ли ќе ми го креваш притисокот до бесконечност, магаре неизрикано? Мани ми се од пред очиве, суратот неможам да ти го гледам! Како можеше и ликот и ставата да ми ги земеш, мамицу ти моронска, а од акалот ништо?“ се смешкав и смирено седнав наспроти него. Луѓе, прв пат седнав пред Анзак со чувство дека сум свој човек, ослободен од долгогодишен терор. Успеав да станам Илија Ивановски, не сум повеќе Илче, Ика, Илченце, синчето на Анзак. Сега имам и јас нешто да кажам. Можете ли да замислите какво е тоа чувство?

„Нема враќање“, самоуверено му реков, „помина тоа време Анзак!“

„Од кај се појави, од кај изникна, мамицу ли ти расквакана?“

„Само мајка ми не ја ставај в уста!“ строго и заканувачки му реков, „Остави ја кутрата барем да почива во мир! Дојдов со тебе да разговарам, да те прашам нешто, па откако ќе ми одговориш, веднаш ќе си одам. Еве ти се колнам и во нејзиниот гроб и во двете дечиња, дека така ќе направам!“

„Ти ја умре глупаку! Заради тебе умре, тарабуко дупната, душата и ја раскина на парчиња, затоа бегај навреме и враќај се таму од каде што си дошол инаку ќе станам и ќе те исушам!“ не беше во право.

***

Мајка ми почина пред десет години. Ја нападна болест за која немаше чаре и полека, но сепак брзо ја изгори, ја исцеди, ја стопи како восок од запалена свеќа и почина. Тој жар тлеел некаде во нејзината душа и чинам одеднаш збукти во силен оган, неизгаслив оган, неизлечива болест. Ја запали за час, и брзо го најави крајот на тој достоинствен и истовремено, тежок живот. Името и беше Марија, а сите и се обраќаа со Маре. Таа беше моето засолниште, поткрепа и љубов, искрена мајчинска љубов која со ништо не може да се одземе, оттуѓи, пренесе, предаде во наследство. Местото каде се чувствував безбеден, сигурен, кога бев дете, беше нејзиното здолниште. Да, доволно беше да се фатам за ткаенината и веќе го чувствував штитот на неосвоива тврдина. Лавица која ќе ве раскине ако се доближите со некаква зла намера кон нејзиниот род, штит кој е спремен да ги одбие сите удари, да ја поднесе сета болка и без чувство на колебливост и двоумење, секогаш да застанува во одбрана од наездата на какви било напади упатени кон нејзиниот род. Висока, јадра жена со лик кој опоменува, предупредува и го отсликува карактерот. Лик кој веднаш го сопира сечиј обид за мајтапење, несериозност, озборувања, празни муабети, псовки, непристојни зборови и сл. Молчелива, сериозна и горда жена, писмена домаќинка.

Беше олицетворение на спротивноста на Анзак, во карактерот, но никогаш не изустила лош збор за него. Бракот во нејзино време не само што обврзувал туку, вистинската смисла на заклетвата дека само смртта е таа сила која ќе ја натера да ја раскине дружбата во таа заедница биле неприкосновени. Среќата и задоволството при венчавањето, кои со веселба, песни, зурли и тапани, солзи радосници и нескриено задоволство, ја најавува разделбата од родителите и ја внесува невестата во сосема нов почеток од нејзиниот живот, воедно биле застрашувачки, непрекинати звуци на закана и предупредување во понатамошниот живот, дека од овој нов момент, нема враќање. Само смртта може да биде таа која ќе го означи крајот пред огромниот и нескршлив бедем на срамот, дури и од прикриената помисла дека ете, можеби погрешила во изборот, се кае, не може да издржи, се откажува, потклекнува пред новиот предизвик, сака да се врати. Не, тие весели звуци кои се испреплетени со судбоносното ДА пред свештениците, пред родителите, пред сведоците, мора да бидат единствениот напиток за смирување на болката што евентуално следува, на бришењето на помислата дека погрешила, на заморот, болеста, да го користи како мевлем на сите рани и модринки, како средство за влевање храброст и оптимизам во моментите кога ќе биде навредена, понижена, потценета, како стимул за долевање на снага и разбирање, и на крај, кога конечно ќе ги исцеди и последните корисни сокови, да го испие остатокот како смртоносен отров кој ќе ја одврати од најбаналната помилса за враќање, за развод.

Често ја затекнував како плаче. Во почетокот ја гледав и молчев, не ја прашував зошто, но кога потпораснав, не требаше ниту да ја прашувам. Како во магла ми стојат некои слики, кога јас и сестра ми ќе се стуткавме под трпезериската маса, а тој, татко ми, ја тепаше. Ја пцуеше, ја навредуваше и ја тепаше.

Потресни беа тие сцени, ама не се обидов да ја одбранам, да дознаам зошто, да и помогнам, и навистина се чувствувам виновен. Чинам сиот живот во срам го живееше, па можеби затоа ретко се појавуваше во јавноста, а притоа да е сама, без Анзак. Веруваше дека сите знаат каков живот живее, какви малтретирања мора да поднесува и затоа можеби и одговараше да не се појавува никаде. Можеби сакаше да ја избегне љубопитноста од соседите, од роднините, од кој било друг, од непријатните прашања кои ете, може да ја натераат да се пожали од животот или од нешто друго, па ќе предизвика поголема несреќа. Навистина не знам дали во младоста Анзак бил љубоморен, па не и дозволуваше да излегува, да се дружи, да оди нагости, да покани гости, но знам дека ги избегнуваше тие работи.

Ниту на пазар сакаше да се појави сама. Не знам колку таквиот живот имаше заслуга за нејзината болест, но, да живеете во постојан стрес и страв, од помислата дали после првата лажица од манџата пред Анзак, чинијата ќе летне некаде, заради тоа што е пресолена, или ќе слушнете десетина рафални псовки, ако евентуално мора да ја пружи раката кон соларникот затоа што не е доволно солена, постојано да внимавате на секое ќоше од семејната куќа кое според страшните и прецизни војнички правила мора да биде постојано беспрекорно чисто, облеката испрана, испеглана, педантно здиплена и наредена, да почнете да плачете кога сосема ненамерно ви се лизнала чашката во мијалникот и се скршила, па уште пред да ја пријавите штетата знаете што ве очекува, да се подготвувате со часови и да треперите пред да ја спуштите пеглата врз неговите кошули, и повеќе пати да си ги изгорите прстите од рацете за да бидете сигурни дека сега е доволно топла, за да испегла, а не да ги пожолти реверите, постојано да стравувате, да внимавате на начинот на упатениот збор кон него, да го бирате моментот кога во сосема природната комуникација со сопствениот сопруг, треба да му пренесете дека ви недостасува прашак за перење, сапун, паста за заби, можеби брашно или дека на децата треба да им се обнови гардеробата, чевлите на пример, па да се радувате како дете, ако евентуално сето тоа помине со мирно одобрување, без навреди, да не смеете да се разболите, да настинете, да кивнете, вешто да ги криете, малаксаноста, исцеденоста, заморот, разочараноста и така со години, не би рекол дека не се причини кои одненадеж се престорија во таква страшна болест. Најверојатно, само силниот карактер на таа горда, храбра и достоинствена, традиционална македонска жена, можела да поднесе токов живот и при тоа никогаш да не се пожали од истиот. Нека и е лесна земјата и нека почива во мир.

***

Разберете го ова единствено како глорификација на ликот на мојата мајка, на нејзината издржливост и истрајност, никако поинаку, најмалку како намера да го обвинам Анзак за нејзината болест, за нејзината смрт, арно ама, неговата констатација дека јас сум виновен за тоа, сигурно не е точна. Овој пат можеби затоа јасно му одбрусив:

„Не се сили Анзак, и слушај што имам да ти кажувам и да те прашувам!“

„Ти мене не се сили, а? Да можам да станам сите ѕвезди ќе ги изброиш на ова ведро небо, ама ме начека и ти се може! Сега ти си силниот така? Кај беше до сега? Сега ли најде да се чаталиш токмаку!“

„Сега Анзак, токму сега“, цврсто, отсечно, сигурно и јасно продолжив да говорам, затоа што не беше во право, „ додека не ги чујам одговорите на неколку прашања немој да помислуваш дека ќе си одам, дека ќе ме уплашиш и ќе избегам како порано! Овој пат ќе одиме до крај, така да знаеш!“ претходно се потресував уште кога ќе го видев, а камо ли кога ќе почневме муабет. Значи не се силев, туку ја искажував сериозноста на намерата, ништо повеќе, и тоа не беше резултат на тоа што знаев дека неможе да ме удри, дека неможе да се помрдне. Чудно ме погледна после последната реченица, тешко издиша и ниту се обиде да ми врати. Чинам дека и тој овој пат ја забележа во мојот поглед решеноста за последното соочување, па можеби затоа премолчи. Кога му кажав дека сум дојден да ги отвориме картите и да видиме конечно дали тој или тие биле во право, подрипна:

„Е навистина се прашувам дали си моја семка, лудаку! И мајка ти не покажала вакви аномалии во акалот бре Иљо! Кои ти се тие, проклетнику? Па и друг да те пљукнал, јас те одгледав, те израснав, те школував! Четириесет ги стокми, а паметот ти го снемува, пи..а ти мајчина!“

„Четириесет и две Анзак! Незнаеш колку години има твојот единец! Камо среќа да ги доживеам твоите, ама...!“
„Што ама бре идиоту? Се потресувам уште името кога ќе ти го чујам, суратот кога ќе ти го видам, а камо ли годините да ти ги паметам! Ме уништи, ме сроза, ме дотолчи ајвану! Бегај ми од пред очиве!“ овој пат беше во право, но, како и да е, кога се доближував на кај него сé повеќе си велев, кој го е.е, извинете на изразот, и Анзак и сите слични. Еднаш мора да се погледнеме во очи како вистински мажи, како возрасни луѓе. Кога се осмелив и ова да му го кажам, почна да се кикоти како нездрав. Да, неприродно, поточно од бес, дека неможе да ми врати:

„Кој го е.е Анзак? Кој го е.е Анзак?“ повторуваше, „ Ха ха ха, па ти не само што си излудел туку почнуваш да наликуваш на мене, а? Кој ѓавол те натера да дојдеш?“

„Те сонував сношти Анзак, а чинам јаве беше, па затоа дојдов! Ме викаше во сонот и просто ме проколнуваше да дојдам и еве ме. Си имал нешто важно да ми кажеш, па штом и двајцата имаме нешто да си кажеме, тогаш без размислување кинисав!“

„А бе празноглевецу, немам јас ништо да ти кажувам, а ниту сакам да слушам нешто од таа твоја шуплива тиква!“ овој пат јас се насмевнав иронично и сакајќи да ја одбегнам оваа почетна канонада од навреди, го понудив цигара. Ме погледна, ја пружи раката и во молк зема. Го потсетив на некои ретки моменти од минатото:

„Понекогаш сакаше да запалиш од моите, така? Ретко беше во арните, ама знаеше да ми речеш, дај по една од тие твоите. И замисли Анзак, тогаш се радував. За момент помислував дека ете конечно татко ми решил да го поправи односот кон мене, кон единствениот син, ама не поминуваше долго време и сфаќав дека сум се зезнал, сум се излажал!“ овој пат не изусти ништо, најверојатно заради тоа што цигарата му беше в уста, па откако му ја запалив, предложив, „Слушај Анзак, ајде да се договориме вака: Додека јас зборувам да не ми влегуваш во муабетот, а кога ти ќе зборуваш тогаш ќе те слушам, важи?“

„Каков договор бре глупаку? Сé ми се размрда уште кога те видов, мајмуне! Како што си дошол така да си одиш, слепец непрокопсан, бегај ми од пред очиве!“

„Џабе си ги арчиш бисерите, овој пат сакам да се гледаме во очи кога ќе ми кажуваш дали тие биле во право, и додека не го чујам тој одговор, не си одам и не запнувај повеќе, оди си, па оди си! Сиот живот си бил маж, мажиште, биди и сега, мајка му стара!“ и чудно ме погледна. Ја заврте главата лево десно, и пак ме праша:

„Кои ти се тие, скапаницо? Тие ли ти го испија мозокот, па исправаше криви дрини, се правеше месија, а? Погледни се каков си, мистријо искривена, погледни на што личиш, како и каде заврши? Што ти недостасуваше, за ваков да се сториш?“

„Ова Анзак, токму ова, разговор со мојот татко како човек со човек, ништо друго!“

„Ти за човек ли се сметаш зелко скисната? Требаше да те издркам и никогаш никаде на не се зачнеш. Види каков си се направил!“

„Сега сум супер Анзак, одличен сум и затоа обиди се да ме сослушаш и дај конечно и јас да кажам некои работи кои сум ги собирал сиот живот!“

„Тој собирал, ама во распарана вреќа, во тенџере дупнато, туку, ме начека вака па можеш да кажеш што сакаш, инаку, ехеее!“ и овој пат беше во право. Сепак, морам да ви кажам и тоа дека сé до овој момент, мојот страв од средбата со него беше толку набиен и силен што ме принудуваше дури и фотографиите од семејниот албум каде беше тој, да ги вадам и да ги ставам на други места, за да не го гледам, а тешко ми беше кога и самиот морав да се погледнам во огледало. Маја, мојата сопруга, се чудеше во почетокот, но и таа подоцна разбра дека не само што не го поднесувам, туку дека тоа го правам од огромен страв, набиен комплекс, кој ме тера на несогласувања со татко ми и ме турка во друг правец, да му се одмаздам, а не да станам наследник и соработник, ме разбирате?

***

(продолжува)

Администратор
19-08-10, 10:05
(2)

***

Кога ми кажа дека ќе ме назначи директор, па дека доаѓа времето да се префрли сиот имот со кој до тогаш управуваше, на наше име, на име на нашата фамилија, имав 28 и смеев само да размислувам, ништо друго. Тогаш не знаев што ќе се случува, што следи, како тоа ќе го изведе, но, како одминуваше времето ги дознавав сите мајмунлаци, па за да ги добијам одговорите за кои сега бев дојден кај него, почнав со тоа прашање:

„Како бре Анзак веруваше дека сите тие фабрики ти си ги создал, или уште полошо дека сиот тој имот си го наследил од дедо ми, од татко ти? Како можеше тоа да го помислиш?“

„Со овие десет прсти и со оваа глава го создадов тоа, токмаку!“

„Точно е Анзак, беше генерален и го работеше тоа за што беше платен, така? Платата ти беше три или четири пати поголема од другите директори, па црн мерцедес со бели пердиња на задните прозорци, демек да не те гледаат кога си внатре, па возач, две секретарки и огромна моќ. Подрумите ни беа полни од разни понадици за генералниот: Канти со првокласно сирење, кашкавали, пршути, вреќи со компири, брашно, шеќер, небаре за војна се подготвуваме. Шест сандаци за ладење, еееј шест, а во нив, тазе заклани половинки, сакаш свински сакаш телешки, а јагниња и прасиња кога и да посакаш. Што да ти зборувам за тарифникот на Анзак? Кој смееше од тебе да побара услуга и за тоа да не плати? Побогатите со пари, а посиромашните со тоа што им дал Господ, така ли беше? Па надомест за секоја седница на ЦК, дневници, ноќници, купишта пари. И нив ги криеше во подрумот, ама кога станаа многу ги однесе некаде. И пак не беа доволно за да го купиш сиот оној имот бре Анзак, ама беа доволно за да си живееме спокојно. А тоа што го градеше, го изгради со парите на комбинатот и со државните кредити, со парите на народот, па откако станавме плуралистичка држава, одеднаш стана твое, наше. Бог да чува и да брани, ама такво нешто не можеше да влезе во мојата глава!“

„Во таа твоја дупната лејка неможеш ниту вода да наполниш, а камо ли нешто друго да ставиш, тенекијо р’ѓосана! Ако си дошол за тоа да зборуваш, станувај веднаш и бегај, инаку цревата ќе ти ги извадам, тезгере искршено! Ти мене ќе ми кажуваш чиво било сето тоа!“ ми го кажа ова со наведната глава, не многу гласно, како да си брбореше на самиот себе, пред сопствениот нос, ама сепак го изусти строго, со стегнати заби и со изразен бес. Знаев дека тешко ќе ги извлекувам одговорите на моите прашања, но несмеев да се откажам и продолжив без пардон:

„Добро Анзак, знаеш ли колкав имот, пари и капитални објекти си присвоил, ај да не речам си украл од државава, а?“

„Глупав се роди и глупав ќе умреш, пи..а ти мајчина!“ љуто ми одбруси, „Анзак присвоил, украл! Е море скеле расклатено, сето тоа беше стекнато и заработено ајлазу белосветски! Сé беше приватизирано на законски начин, тапану исчукан!“

„Не те прашав на каков начин си дошол до тој имот Анзак, туку ме интересира дали знаеш колку и што си присв.., опс пардон, си стекнал во транзицијава? Дали знаеш со што си располагал? Тоа ме интересира! Си грабал бре човече и здраво и р’ѓосано, и искрено да ти кажам, не верувам дека знаеш што сé си грабнал, овај, стекнал!“

„Да те грабнат мршојадци да даде Господ, да те исколваат трулежу, и коските да ти ги здробат, мамицу ли ти расипничка, трага да нема од тебе! Бегај ми од пред очиве, инаку ќе станам ѕверу, ќе те раскинам, ме слушаш ли?“

„Полека Анзак, смирено, нема потреба да се нервираш!“

„Немој ти мене Анзак, јасно!“

„Цела држава те нарекува Анзак, така? Дури и ти самиот знаеше покрај потписот да напишеш Анзак!“

„Ти немаш право така да ме нарекуваш, а за другите ич да не ти чуе, простак белосветски!“

„Ај да запалиме уште по една, што велиш?“

„Дај пи..а ти мајчина!“ и се насмевнав. Откако и двајцата длабоко повлековме од никотинот, се замисли, но дури откако го постави прашањето знаев дека се обидува да ја сврти темата и одненадеж ме праша за Маја, мојата сопруга, за децата. Веќе поодамна знаев дека не сака да ја види, да ја слушне, а откако се случи тоа со Маја, знам дека ниту сакаше да ја спомене, па затоа сега ме изненади:

„Каде е таа твојата курвештија Маја? Каде ми се внучињата? Да ги донесе, да ги видам, да ги погалам пи..а им мајчина, барем тоа да го направи мамицу и ороспијска!“

„И кај мене не доаѓа од поодамна Анзак, а камо ли кај тебе! Еби му мајката, така ни било пишано!“

„Да те запишат во црниот тефтер, ете таму да те запишат! Ти си виновен твору усмрден! Да беше маж, ќе и наредеше, ало, ајлазу, тенекијооо,...!.. ќе ја треснеше по таа ороспијска лејка, па да видиш како ќе трча и кај тебе и кај мене!“

„Кај кого и каде да трча бе Анзак? Кај тебе? Кај мене? А да ти кажам право и поарно ми е кога не ги гледам, кога не ме гледаат, верувај ми!“

„И во право си, што ќе видат, мамицу им га набием?“ и ја крена главата нагору па викна, „Еј Анзак, црни Анзак што доживеа? Како не те пљукнав во некоја канализација, и тебе ќе те спасев, и целиот свет ќе го спасев, мршо усмрдена!“

„Завршена е таа работа Анзак, не викај толку, нема кој да те чуе овде. Не се сили и не се арчи без потреба! Туку, ќе ми одговориш ли тоа што те паршав прееска? Навистина сакам да знам дали знаеш што сé си префрлал на твое име?“

„Во пеколот да те префрлат, џукело, таму да изгориш, да прокопсаш, пепел да се сториш, трага да не оставиш!“ и можеби ќе се повторам, ама сакам уште еднаш да ви напоменам дека се обидувам да не претерувам кога го цитирам, напротив, се трудам да бидам автентичен, колку што можам. Како и да е, се насмевнав и на овие клетви, па ја пружив раката во кесата што ја носев со мене, го извлеков шишето комова ракија, го купив одејќи натаму, па две пластични чашки, ги ставив на импровизираната дрвена маса, една пред мене, друга пред него, и ги наполнив. Замолкна. Видов дека ги оѕари очињата. Му беше забрането да пие, ама сакаше пустиот. И да ви кажам право, после првата голтка, разговорот продолжи со друга интонација. Го погодив со ракијата, ако може така да се каже.

„Добро бе Иљо, што сакаш да дознаеш? Што те интересира биволе блатски, а? Или сакаш да дознаеш дали останало нешто, па и тоа да го раскрчмиш, така?“

„Не Анзак. Знаеш дека повеќе неможам да направам такво нешто, туку ме интересира од проста љубопитност, да видам дали ти знаеш што сé си стокмувал на твое име! Пак ќе ти кажам, си грабал бре човече без усул, без мерка. Ај што си грабал си грабал, ама барем нешто да си плател, да си обесштетил некого, па и другите да биле задоволни, и државата нешто да ќарела? Тоа сакам да го чујам од тебе!“

„Сакат цел живот да одиш, ах Господе го слушаш ли? Можно ли е од мене да излетал ваков сперматозоид? Чешки да те издував како мрсул од ноздрва и да се исушеше на некој камен, па камен да се стореше! Другите да биле задоволни? Слушате ли бре луѓе? Државата да ќарела нешто? Боже мили Боже! Еј Анзак црни Анзак, синот те прави криминалец!“ и повторно потегна од чашката, ја наведна главата и ми ја поддаде, „Сипај мамицу ти расипана!“ а јас продолжив да се смешкам и го гледав во веќе светнатите зеници. Знаев дека на подобро ќе тргнат муабетите, без разлика на тоа што првично покажа бес. Откако се напи уште една голтка, тешко издиша и со плачлив глас продолжи:

„Многу сум разочаран од тебе бре Иљо. Како можеше да ми го направиш тоа? Ме скрши, ме уништи и ми нема чаре. Ниту Анзак повеќе може нешто да исправи, да врати, кај се видело и чуло такво нешто, тамбуро неиздлабена? Таа твоја Маја внесе некој ѓавол кај тебе и почна сé да се распаѓа.“

„Остави ја Маја, јас сум виновен за распадот на твојата империја, не таа. Не ја споменувај неа, знаеш дека тоа најмногу ме боли!“

„Па таа курва ти го уништи животот, море Иљо! Кој знае со кого легнувала во кревет, а кој знае и децата дали се твои, слепецу заслепен, ќоро ќоросан! Ајван си беше и таков си остана, пи..а ти мајчина! Кај ја најде кај се зацрни?“ и да ви кажам право кога слушав како ме пцуе и како ја нарекува Маја, ми се превртуваа цревата и малку недостасуваше да се престорам во Анзак и на истиот начин да му возвратам. Сепак, во овој момент јас бев потенцијалниот победник во овој двобој, и оној, за кој можеше однапред да се каже дека последен ќе се смее, без разлика што нашата приказна е семејна трагедија. Се воздржав, затоа што знаев дека неговиот бес кон мене е оправдано засилен после сето што му го направив. Му го зададов најболниот удар. Тоа не можеше да му го направи никој друг, освен јас. Ја плати цената за погрешното воспитување, за дрскоста, за лакомоста, за себичноста, за расипаниот до коска егоизам, за сите пцовки и ќотеци од чиста мира, и за сите останати кои пропателе заради него, а не беа малку. Се обидов да ја смирам ситуацијата:

„Добро, ајде да не ја заоструваме, туку ќе ми одговориш ли тоа што те прашав?“ осеќав дека сум на добар пат да го извлечам одговорот на моето прашање и разговорот да продолжи во тој правец. Одговор за кој сум можел само да сонувам во минатото, а сега ќе ме донесе до целта, па затоа го потсетив, за да не заборави што сум го прашал.

„Се нервирам бре Иљо, многу се нервирам, а веќе немам ниту сила да зборувам. Што ако ти кажам дека многу стекнав? Многу, ама што кога не било судено да остане кај мене, кај тебе, кај сестра ти, кај внучињата. Цел живот за тоа се борев, успеав, за одеднаш, преку ноќ, да се стопи како пролетен снег!“ ова го изговори со наведната глава. Да можеше да ја спушти во скутот, таму ќе ја потпреше. Не од срам, туку од мака. Како и да е, интонацијата на кажаното веќе наликуваше на разговор, нормален разговор. Знаев дека ракијата е заслужна за ова, па сипајќи му, го охрабрив:

„Така бе Анзак, еве уште малку ракиичка!“ овој пат ја зема чашката и одеднаш ја истури во устата. Се намртши, ги затресе усните и забележав како му се насолзија очите, а и гримасата што ја стокми наликуваше дека еве сега, ќе заплаче. Одеднаш мислите ме вратија на призорот од едно подамнешно време.

***

Во 1979-тата, имав четиринаесет и сеуште не ме обземаше возбуда, нервоза, ниту пак покажував изразена лутина со стокмена гримаса на омраза кон некој кој ќе ме наречеше Илче. Таа година Анзак ме донесе во Скопје и ме запиша во гимназијата Јосип Броз Тито, во центарот на градот. Но, веќе од наредната 1980-та, сериозно знаев да забележам кога некој ќе ми се обратеше така. Таа година ќе ја паметам и по веста за смртта на другарот Тито. Сите жалеа, и учениците и професорите, и оние кои ги сретнував на улица, плачеа шепотејќи, но тоа што за мене беше шокантно, и заради што ја задржав таа година во сеќавањето, беше моментот кога во “мојот“ стан го затекнав татко ми како плаче. Само тогаш, ниту претходно ниту потоа, сум го видел во такво издание.

Не ми беше за верување, арно ама, откако забележав и сега дека му светнаа очите, дека му се наполнија солзи, ми стана верно дека воопшто не е за чудење и Анзак да заплаче, дека и тогаш плачел. Овој пат не бев сигурен дали ќе пушти солзи пред мене или ќе се воздржи, или можеби голтката ракија само му ги светнала очињата и ништо друго, но како и да е, од овој момент настана очигледна трансформација и во обраќањето и во речникот, и во сéто останато кај Анзак. Прв пат го слушнав како ми се обраќа со Илија, и не само што се изненадив, туку и авторитетно се почувствував. Тој комплекс го носев оддамна и навистина ми пречеше кога некој ќе ми се обратеше со Илче. Се чувствував како недораснат, како мало дете, како замрзнат во седмата осмата, ме разбирате? Овој пат, со внимание го слушав.

***

„Е мој Илија, кога ќе ме врати умот наназад, брзо почнува да ме напаѓа нервот и ако нема никој покрај мене, почнувам самиот да се пцујам и да се навредувам, и чинам побрзо се распаѓам. Ти никогаш нема да можеш да разбереш накои работи. Не заради тоа што си исчукан како бакарна тепсија, туку заради добрината. Не виреат овде таквите Илија! Абдалите и добрите отсекогаш исто тежеле на овие простори. Што мислиш, зошто морав да бидам лош? Заради тоа што навистина сум таков? Не Илија, и јас сум човек, и јас имам душа, ама животот рано ме научи дека ако не бидам таков, никаде нема да стасам. Ако не бев строг, дрзок, вулгарен, тикви што ќе ме назначеа генерален во комбинатот. Уште помалку дека ќе ме оставеа толку години. Како што ме назначија така ќе ме сменеа, преку ноќ!“

„Големо чудо,“ му влегов во муабетот, „ама семејството ќе останеше. Можеби ќе живеевме малку поскромно, ама барем ќе живеевме мирно, спокојно!“

„Ако сакаш да слушаш, тогаш не ми ја еби мислата!“ рече Анзак сосема смирено и веднаш му се извинив. За момент се уплашив дека ќе престане да зборува, можеби ќе ме отера во мајчината и кој знае уште колку време ќе ми треба за да го одоброволам да зборува. Прв пат ми се случува да слушнам како спојува три реченици, во кои нема вулгарности, пцости, навреди „Дај да запалиме уште по една од твоите!“ прошепоти, а јас радосно подрипнав и набрзина му подадов цигара, па откако му ја запалив, по сосема кусо молчење, ме погледна и продолжи:

„Многу крупни работи направив, ама најважната ја испуштив од раце. Тебе синко. А замисли, бев убеден дека штом го имаш ликот и ставата, сигурно и во акалот нема да се разликуваш од мене, арно ама, не било така! Е тука се заебав како никој, е.и му мајката. Тој комбинат ми го одзема и животот и многу други работи. Сé што правев, правев за да го кренам, да го направам престижен комбинат и што ако успаев, кога ослепев и син ми отиде у ку.ац! Те испуштив, а бев убеден дека сите ве контролирам. Да ти кажам право, гледав како расте комбинатот, а сето останато не ме интересираше. Со него растеше и мојата моќ, па дојде време кога почнав со право и јас да се плашам! Сега ќе речеш Анзак и страв, два различни поими, ама така беше.

Многу се раширив и веќе почнав да им бодам очи на овие овде, мислам на овие од ЦК. Триста мајмунлаци се обидуваа да направат за да ме сменат и несмеев да им дозволам. Морав да си обезбедам помоќни заштитници, па среќа што на време ги намирисав и успеав да го направам тоа. Сега ќе ти кажам дека и таму, во Централниот Комитет, бев страв и трепет, а знаеш зошто? Затоа што мојот вистински столб беше во Белград, па кога ќе се јавеше човекот од горе, а бе сите летаа околу мене како пердувчиња на ветер. Не ме интересираше ништо друго. Ни ти, ни сестра ти, ниту мајка ти. Имавте доволно пари, имавте храна и за кој ѓавол ви требав? Само да ве малтретирам, да ве тепам, да ве тормозам и да си го трошам бесот на вас. Немој да мислиш дека мене ми било лесно. Сега ќе ти кажам нешто што никому не сум кажал: И Анзак некаде се лигавеше, се местеше како дисциплиниран комунист, јасно! Е море синко, тие сите мислеа дека сељакот Анзак не е заштитен, па кога сакаат ќе го шутнат. Така да знаеш.

Значи, и јас некаде морав да стојам мирно и да слушам што ми наредуваат. Еби му мајката, така беше поставена хиерархијата. Тогаш барем се знаеше кој е кој? А сега, откако дојде оваа лигава, дркаџијска, повеќепартијска политика, демек демократија, а бе сé се заврте само во една насока, само во еден правец: да се превземе имотот на државата, и не само да се превземе, туку и брзо да се направи тоа, да се ослободи државата од општествениот имот. И фабрики, и земја, и патишта и вода, сé, разбираш? Е тогаш немаше место да се мисли и на народот, туку само на себе и на врхушката, на ништо друго. Сега самите решававме кога и колку богати луѓе ќе направи државата. И почна бркотница, расипана и немилосрдна бркотница у пи..у мајчину. Порасипана да не може да биде.

Е тој период беше решителен, да се биде или не! Откако се дефинира купчето, тука мислам на луѓето кои ќе го наследат имотот на Македонија, почнаа најрасипаните големи задкулисни игри што воопшто ги паметам. Бевме четиринаесет. Само ние добивме дозвола, право, да го пренесеме имотот и капиталот од фирмите кои ги раководевме до тогаш, на наше име, а потоа, останатото да го приватизираме во наредните години, и за сето тоа новата врхушка мораше да си добие соодветен надомест. Државата мораше да подготви закони зад кои ќе се задскрива, ако утре некој се побуни против неа. Таа исто така мораше брзо да се ослободи од државниот и општествениот имот, заради директивите на Европа и така направи. Значи сето беше аминувано од државата. И штом семафорот светна зелено, трката почна. Тука немаше правила.

Настана борба за приграбување на што поголем дел од имотот на државата. Борбата почна и се одвиваше помеѓу нас и сеуште трае. Сеуште има работи кои се интересни, кои треба да станат приватни. Кој знае до кога ќе трае? И, ако не го задржев комбинатот, биди сигурен дека некој друг од овие 13 ќе омрсеше мустаќ со него. Пробаа и тоа да го направат, и него го ставија на нишан. Сакаа да ме заебат, знаеш, Анзак е глуп човек, не ги разбира работите. А бе се расчепија од понуди да ме убедат да станам, министер, па амбасадор, претседеател на парламент, па вице премиер, па гувернер, дека јас сум тооолку способен што немало други, ме разбираш, а мислеа да ме тргнат од комбинатот. Беа убедени дека со ајлаз имаат работа. И ги заебав.

Ем бев во политиката, ем го задржав комбинатот, ем го приватизирав подоцна, ем земав и многу други работи, за кои јајцата ќе си ги гризнеа, ама Анзак стана голем газда, поголем од кој било од нив, а речиси никој не ме спомнуваше, барем во првите години не ме пердашеа во весниците како ним што им правеа. За мене долго време не бев слушнал, дека ме нарекле Тајкун, Олигарх, криминалец. Арно ама, што, кога не ми било пишано?“ и застана за момент. Прво погледна надолу, па брзо ја крена главата нагоре, тешко издиша и ја подаде чашката, „ Сипи уште малку!“

„Те смири пустава?“ тивко го прашав. Бев шокиран од муабетот и сакав брзо да продолжи.

„Навистина ме смири. Ех ракија ракија! Не ја пиев често, ама понекогаш знаев да се начукам како ѕвер. Тогаш не се враќав дома. Спиев или во кабинетот или во некој хотел. Кога ќе се напиев убаво, одеднаш гледав друг човек во мене. Замисли, станував добар, фин, милозлив, чувствителен и несакав никој да ме види таков. Затоа се криев. Анзак мораше да остане страв и трепет, инаку ќе му се е.еше мајката. Уште од дете ми се плашеа, сите. Бев силен и крупен, како тебе, и навистина ми се плашеа. Сите ги тепав, па така продолжив и понатаму да живеам. Дружби, никако! Ниту приватни ниту службени, со никого! Секое зближување, кога тогаш носи кавга. Ако станеш газ и гаќи со кој било, ќе дојде време кога едното ќе засмрди, или гаќите или газот, и готово е. Батали тоа, туку ај да ти кажам за една моја неостварена желба: Кога би можел да го вратам времето, знаеш ли што прво ќе направам, ќе исправам?“ ме погледна, се замисли и чекаше да го прашам:

„Што ќе направеше Анзак?“ и шок. Што да ви кажам. Таман се опуштив, и се израдував на моментот. Луѓе, за 42 години, татко ми никогаш не врзал повеќе од две реченици со мене, ме разбирате? Никогаш не ми се обратил со Илија, а ваков говор? Бог да чува, ниту на сон. И таман помислив дека ќе продолжи на истиот начин, со истата смиреност и можеби ќе слушнам некои зборови на покајување, тој викна на сиот глас:

„Ќе те ликвидирам прво тебе, идиоту! Ете тоа ќе го направам, пи..а ти мајчина! Ми го растури животот, ме направи никој и ништо, а бев најголем, најјак! Со пиук ќе ти ја дупнев главата и око немаше да ми трепне! Толкаво богатство да уништиш преку ноќ!“ речиси станав од клупата, помислив дека навистина ќе ме тресне, се врати ѓаволот на неговиот лик, од очите молњи, од гласот камшик. И можеби затоа овој пат му возвратив на начин кој сеуште неможам да го препознаам. Дали ракијата, дали стресот од неговиот последен настап, ме натераа да се исправам и да му викнам:

„Што ти стана бе Анзак? Што се силиш, пи..а ти мајчина, а? Кај к.р рипаш како збеснат, алоо, кај се наоѓаш? Мислиш дека уште ти се плашам, а? Седи таму, прибери се и зборувај како нормален човек инаку ќе си добиеш по муцката! Големо ти било богатството, пи..а ти мајчина? Па што? И навистина беше големо, ама како дошло така и отишло! Што мислеше ти, дека лесно ќе го задржиш? Е море ајдучиште белосветско, седи таму и затни ја муцката. Тоа богатство ми ја еба мајката, ме излуде, семејството ми го растури. А кога дознав на каков начин станало твое, тогаш се шекнав саможивнику! Ниту можев да заспијам после тоа, ниту можев да се смирам! Затоа не се сили туку кажи ми дали знаеш што сé си префрлал на твое име и не скокај?“ и седнав. Одеднаш се сменија улогите на актерите во оваа наша семејна трагедија. Тој почна да се кикоти на сиот глас. Неможев да го разберам, ме збунуваше, признавам. Всушност неможев да забележам некаков знак, сигнал, гримаса на ликот, трепкања, мимика со кои ќе најави дека од овој момент ќе биде лошиот, или дека сега ќе почне да се смее, да се кикоти и ќе биде добриот. Бог да чува, ама навистина, не само што ме шокира, туку и ме уплаши. Еве, ќе признаам, незнаев дека сум го опцул, верувајте ми. Најверојатно тоа сум го направил рефлексно, да се одбранам, од страв. Не бев при себе, навистина не се сеќавам дека сум го опцул.

***

(продолжува)

Администратор
20-08-10, 19:22
***

„Ха ха ха хааа, видете го мојот Иљо како станува Анзак, луѓе! Станува прав Анзак маму му га набием, ха ха хаа! Е море Иљо, мотико искршена, доцниш како Југословенска Железница, пи..а ти мајчина, ама добар си, ха ха ха! Е сега, штом толку си запнал, ајде ќе ти кажам, мамицу ли ти га набием, само да не помислиш дека Анзак излапел и незнае што имал. Па пола од државата беше мое, токмаку! Ај да не претерувам, ама третина сигурно беше моја: фабрики, погони, рудници, фарми, хотели, ресторани, ноќни клубови, спортски клубови, стадиони, бачила, плантажи, банки, телевизии, осигурителни компании, згради, станови, куќи, хациенди, стотина возила, камиони, шлепери и пари, многу пари! Сакаш имотни листови, сакаш акции, хартии од вредност, сметки, договори, сите нишани ги имав и никој несмееше ниту да ме праша од каде и како сум го стекнал сето тоа, токмаку неисчукан, никој! Ниту тебе некој ќе те прашаше за потеклото на тој имот! Сé беше регуларно и на законски начин приватизирано, вампиру! А башка што сите копиљаци од новиве политичари ги имав веќе спакувано во малиот џеб и никој несмееше ниту да помисли да го контролира Анзак! Како можеше да бидеш толкав слепец и да не видиш дека и останатите директори така направија и дека ништо не им фали, а? Погледни, погледни како нивните синови живеат денес, а каков си и каде си ти? Синот на Анзак во Демир Хисар, еееј Иљооо крвопијо, знаеш ли каква казна е тоа за мене, за тебе!“
„Господ нé казни Анзак, и тебе и мене! Само тој можеше на ваков начин да ти ја пише казната, никој друг! Тој те остави сведок на несреќата на единецот, ама и тогаш не ја постигна целта. Око не ти трепнуваше, уво не те болеше. Напротив, беше задоволен. Живееше сам во свој сопствен свет. Со никого не делеше, споделуваше, даваше, и затоа тој ти ја пиша таа казна, а мене ме натера да ти го одземам украденото богатство! И не се кајам, ниту барам прошка, напротив, што ако завршив таму, кога се чувствувам среќен, задоволен. Успеав, дали ме разбираш?“
„Ова ли го сметаш за успех, гнасо белосветска? Сите ги осакати во семејството, пи.ка ти мајчина, сé уништи. Без жена, без деца, без родители, другари, пријатели! Тоа ли го сметаш за успех?“
„Да Анзак, ова е огромен успех за мене, ама ти никогаш нема да го разбереш тоа, затоа што твоите критериуми за успех се различни од моите, затоа што сé што правеше во животот не го прифаќав како мој начин на живеење. Се ослободив од менгемето кое ми ја притискаше главата сиот живот и конечно станав свој човек. Налет и на фабрики, и на хациенди и на пари, кога требаше во страв да го живеам животот!“
„Добро бре мајмуне, што требаше да направам? Да се правам добронамерник и сето тоа што со оваа глава и со овие раце го создадов, сега да и го вратам на државата? Тоа ли требаше да го направам? Па таа ги донесе законите за да можеме да станеме газди, суровицо неизделкана! Државата ни го овозможи тоа идиоте! Или ти живееше во некоја друга држава, ти не си од овде, така? Што мислиш, зошто бев во политиката, зошто ги финансирав значајните политички партии? Па сите што станаа газди, го правеа истото, Иљо мој забеган! И сега ќе ми кажуваш дека јас не сум требал да го направам тоа, нели? Дека јас сум требал сето тоа да го поделам со народот, со граѓаните, или во најмала рака сум требал да и го платам на државата? Тоа ли сакаш да ми го кажеш, а? Па затоа си таму каде што си, црвеницо криволачка! Ниту тула може од тебе да се направи, а камоли да се насади нешто на тебе! Толку ти собира црпката, Иљо!“ и за момент ми се пристори дека Анзак можеби е во право кога го кажува ова, па почнав да се прашувам: Зошто морав да му се противставам? Зошто го направив тоа? Дали воопшто направив нешто што промени некаде, во државата на пример, или во мојот живот, во животот на останатите? И навистина, ништо освен гордоста од тоа дека успеав да му се одмаздам, ништо друго значајно не се промени, никаде! И во право беше. Навистина, сите директори на успешните компании станаа газди преку ноќ, ама баш исто како и татко ми Анзак, и ништо не им недостасува. Нивните синови ги прифатија наследствата од татковците и сега тие управуваат и го собираат кајмакот од наследените бизниси. Еби му мајката, јас неможев да прифатам такво наследство, несакав, ме разбирате? Дали погрешив? Незнам, кога на моменти го слушав Анзак и кога ги гледам работите, тогаш може да се рече дека сум погрешил, но,...!

***

Но, сега морам да ви кажам и нешто друго. Видете, јас самиот си овозможив прилика да видам на каков начин Анзак го купувал, го приватизирал, го одземал, го присвојувал, и за некои работи можам да кажам и дека перфидно го крадел сиот оној имот со кој располагаше. Откако го открив тоа, несакав да верувам само во вистината дека доволно е тоа што таквото префрлување на капиталот од општествен во приватен било законско. Имаше таму работи и надвор од законот, но, како и да е, несакав да изигрувам чесен полицаец или уште помалку праведен судија, кој барајќи незаконитост во начинот на кој татко му станал голем газда, да изигрува Робин Худ и да им го враќа украденото на сиромашните, па иако на крај испадна токму така, сепак, тоа не беше вистинската причина. Тоа што вистински ме турна во таа потрага беа силните несогласувања со неговиот начин на разбирање на животот, на воспитување, грижа, и на крајот, како капка која навистина ја прелеа чашката, беше мојата сопруга Маја. Да, да не се случеше тоа, сигурно немаше да тргнам во таа потрага, сигурно немаше да дознаам за најстрашната моќ на Анзак, за која вие ќе дознаете подоцна, и сигурно ќе го оставев да си го турка животот на начин како тој што сакаше да живее, а јас ќе се обидував да го фатам својот колосек, да навлезам во својот живот, различен од неговиот. Барем ќе се борев да го пронајдам сопствениот животен пат, но, така требало да биде, судбина што би рекле луѓето. И пред да ви објаснам како Анзак го приватизирал државниот имот, да ви кажам како, кога и зошто се прелеа чашката?

***

Со Маја, мојата несудена сопруга, се запознавме една година пред да се венчаме. Ја познавав од порано, живееше две згради подалеку од мојата, па често се сретнувавме. Во паркчето, на патеките, во најблиската продавничка, и секогаш се возбудував кога ќе ја видев. Секогаш се вртев да ја видам уште еднаш одзади. Беше неверојатно привлечна. Свесна за своите вредности и несебично ги истакнуваше и ги покажуваше. Долга, темна, рамна и густа коса, па незнаеш кога е поубава или поатрактивна: Дали кога е во плетенка, или кога е собрана во опашка, или можеби кога е распуштена и разиграно подрипнува на плешките со секој чекор на оние величествени, долги и правилно извајани нозе. И веднаш да ви кажам, бев свесен дека шансите не само што ми се минимални кај ова атрактивна и привлечна девојка, туку дека ми се никакви, па освен што ја прифаќав како олицетворение на сексипилноста, на онаа најпосакувана машка работа кога ќе се соочи со голи оптегнати бутини, испакнати цврсти гради и очи кои фрлаат искри на строгост и одбивност, гримаса на одвратност кон секој кој ќе ја погледне на таков начин и уште повеќе станува привлечна. Колку повеќе зрачи со одбивност, толку повеќе ја посакуваш. Заради неосвоивоста, заради нејзината свесност дека токму тоа го посакува. Да биде забележана, да го привлекува сечиј машки поглед, да застануваат кога таа поминува, и уште повеќе да ве провоцира да и пријдете. Ако се осмелите, тогаш ќе се соочите со уште еден ѕид на срамот, станувате уште позбунет и изгубен. Таа ќе ве навреди, ќе ве омаловажи и ќе ви се закани, ако се осмелите уште еднаш да и пријдете, да и се додворувате. Така и мене ми се случи кога решив да и пријдам. Не беше тоа приоѓање, туку-така, имав причина, бев повикан, ама незнаев на што ќе налетам.
Купував леб и млеко во продавничката, а таа стоеше пред благајната, кога кусо ме погледна и се насмевна. Се вкочанив и неможев да поверувам. Морници ми поминаа низ цело тело, земав млеко, но не земав леб, и застанав до неа. Неможев да изустам ништо, а сакав. Ми исчезна гласот. Ја зема својата кеса со намирници и пред да ја напушти продавницата уште еднаш ме погледна и ми се насмевна. Овој пат многу поубаво, мило, предизвикувачки, едноставно ме повика да и пријдам. И што да ви кажувам после тоа. Од тој момент мислев и размислував само на Маја. Пак одев во истото време во продавничката, со часови дремев на прозорецот да видам дали ќе се појави од некаде, постојано нешто заборавав да купам од истата продавничка, и веќе ми се гледаше секаде дека сум вљубен до уши, изгубен, занесен. Десет дена поминаа од таа насмевка, од тој јасно упатен сигнал со кој ме повика. Толку денови собирав храброст, вежбав, тренирав пред огледалото, барав вистински зборови, гестикулации со кои ќе го започнам муабетот и ќе оставам впечаток. Дојде и тој миг. Беше сабота, крајот на Јули, неколку минути пред 11 часот наутро. Јас кон, таа од продавничката. Овој пат ни се разминуваа правците на тесната патека. Од далеку се насмевнав, а тврдам дека и таа ми се насмевна и ја сопрев:
„Јас сум Илија!“ и очекував барем името да ми го каже, па да продолжам. Празно ме погледна и откако изусти, „Па што?“ си замина. Прво, подрипнаа камените плочки под стапалата, па земјата под нив почна да се изорува и отвара голема дупка, потоа гранките на дрвјата силно се завртеа со силен шум и одеднаш се најдов осамен во вртлогот на торнадо. Пропаѓав во дупката и гледав како самоуверено чекори кон нејзината зграда. Речиси потонав до половината завртен кон неа, кога сопре, се заврте и гласно викна:
„Јас сум Маја!“ и широко се насмевна. Брзо, во истиот миг се врати и земјата и плочките, сопре торнадото, дрвјата престанаа да се вртат, и прашав:
„Кога ќе се видиме повторно?“
„Јас ќе те побарам!“ и ајде сега кажете ми како да ги објаснам овие брзи шокови, кои од жив прават мртовец, од мртовец жив човек. Да, во неколку секунди, умирате и повторно оживувате. Таа волшебна моќ која си поигруваше со мене ја поседуваше оваа девојка.
Ми се јави вечерта, истиот ден. Појдовме на вечера, и ги направивме првичните запознавања. Истиот ден се договоривме заедно да заминеме на одмор во Грција, во луксузните апартмани на Порто-Карас, се разбира на моја сметка, а таму падна и договор за венчавка. Се течеше како на филмска лента до оној момент.
Точно е, сé што ќе посакаше добиваше и не ми беше ниту криво ниту мака, напротив. Искрено ме држеше таа првична љубов кон оваа жена се до тој момент. Тоа не можев да го забележам тогаш. Кој знае дали ќе го забележев и сега, ако не ми го напоменеше јасно и гласно. Гледав како почна алчно да троши уште од првиот ден после венчавката и не се противев: готвачка, чистачка, негувателка, педикири, маникири, фитнес клубови, седенки со другарките, шетања по белиот свет, а плакарите со нејзината гардероба брзо се стеснуваа. Беше вработена во мојот сектор и земаше одлична плата, ама се појавуваше како манекенка, тогаш, кога таа ќе посакаше. Знаеше да потроши по неколку плати во месецот. И не ми пречеше, сé и беше дозволено.
Инаку, потекнуваше од средно, скромно скопско семејство. Татко и поранешно војно лице, сега пензионер, мајка и службеничка во комерцијалната банка и брат кој пред четири години заминал во Франција и се обидувал да ги истакне своите сликарски способности. Како и да е, требаше да поминат осум години, да ми роди два сина и да реши да ме напушти, да ме остави. Да ви кажам право, ме зачудуваше, ама не се обидував да го анализирам тој потег или неа лично, и освен што го сфатив како нејзин интерес, лакомост, егоизам или моја неизживеаност, несакав да барам друго објаснување. Тој момент највеќе ме погоди заради децата.
Кога се земавме, имав триесет и една. Сé беше договорено за големата свадба, ама смртта на мајка ми ја одложи таа веселба. Никогаш подоцна не се обидовме да ја одбележиме таа венчавка со свадбена веселба. Јас веќе бев директор, одлична плата, простран стан во центарот на Скопје, два нови автомобили, Ауди за мене и Голф за Маја. Во период од три години ми роди два сина, Мартин и Игор. Анзак ми се налути зошто барем еден не крстив со неговото име, дека сум ја нарушил традицијата, дека јас сум го носел името на неговиот татко, мојот дедо, па демек и јас сум требал да го крстам Мартин, Љубо, и во тие моменти се вадев на Маја, а јас бев тој кој инсистиреше да не се викаат по него. Маја, сакаше или барем велеше дека и е сеедно, па мене ми ја препушти таа работа околу изборот на имињата на нашите синови. Пред Анзак морав така да се вадам, инаку што ако бев возрасен, пак ќе јадев ќотек. Како и да беше, и тој беше среќен кога се оженив, кога се родија синовите. За Маја знаеше да рече дека е пчеличка, за моите синови арсланите на дедо Анзак, дека во нив ги гледа наследниците и така сé до моментот кога и тој разбра дека Маја била со мене од други побуди. Не сакаше ниту да ја погледне после тоа. Дури и внуците не сакаше да ги гледа. Постојано ме убедуваше да ја оставам, да си најдам друга, дека имам избор, која ќе сум ја посакал сум можел да ја имам и сл. Несакав да го послушам, а и немав потреба. Ја сакав, искрено ја сакав и Маја и синовите.
Веста дека татко ми се откажува од мене и дека ме исклучува од наследството, ја прочитав во еден дневен весник, а ја кажаа и на телевизија. Се смеев, слатко се смеев додека луѓето околу мене со чудење ме гледаа, да неречам ме сожалуваа, или можеби ме правеа нетокму. Демек, како можам да се кикотам на веста дека останувам без огромно наследство? Арно ама, тие не знаеја дека само јас и уште еден човек знаевме од што ме исклучува, и навистина ми беше смешно. Но, после само неколку денови разбрав дека и Маја заедно со синовите си заминала. Иако очекував такво нешто, ме погоди тој момент, морам да признаам. Не заради Маја и нејзината лакомост, за нејзиниот брак од интерес, за егоизмот, туку за децата, за синовите. Сета оваа разделба се случуваше пред истекот на затворската казна во траење од три години. Тогаш имав четириесет. Ми останаа уште само шест месеци, кога забележав дека Маја повеќе не доаѓа да ме посетува, ниту ми одговараше на телефонските повици. Втор пат почувствував неред во мојата глава. Првиот пат беше после сознанието дека полицијата во нашиот стан открила хероин, ни помалку ни повеќе, точно 980 грама чист хероин. И веднаш да ви кажам дека тогаш почувствував и нешто друго. Моќта на татко ми Анзак не беше до толку голема за да ме извлече од таа каша. Не ми вредеше и што се колнев во синовите, во мојот живот, дека тој хероин не е мој и незнам како се нашол во станот. И Маја се колнеше, дури плачеше и се чудеше. Верувајте ми, јас незнаев од каде дрога во нашиот стан. Дури откако излегов од затвор, го добив и тој одговор. Тогаш го почувствував најсилниот удар, и тој мислам беше конечен, па ете, завршив каде што завршив.
Како и да е, недоразбирањата со Маја почнаа од оној момент кога и кажав дека јас не сум подготвен да го прифатам наследството на татко ми. Во доверба и кажав дека неможам да живеам и управувам со нешто што е откраднато, ме разбирате. Сум читал различни приказни за судбините на богаташите кои на нечесен и валкан начин се збогатиле, дека нивните семејства ги следат несреќи, семејни трагедии и речиси секогаш тие несреќи и трагедии ги погодувале следбениците, а не правите сторители, вистинските ајдуци, и сл. Е тогаш, прв пат забележав дека Маја ме погледна како никогаш дотогаш. Несакаше да поверува, но, откако неколку пати ја повторив истата констатација, ме прострела со погледот и почна гласно да зборува:
„Ако овој месец не ги видам тестаментите, ги зимам децата и си заминувам!“ се вкочанив, неможев да поверувам дека ми го кажува ова, „Сé ќе и препише на сестра ти, и таа сељанка ќе стане побогата од мене, а јас и ти ќе останеме голтари! Мораш сé да му земеш додека е време, јасно ли ти е! Зарем не гледаш, Анзак е готов, ќе умре!“
„Ама Мајичке, зарем не ти е доволно ова што веќе го имаме, зарем не е доволно тоа што се сакаме, искрено се сакаме, си ги сакаме и дечињата? Ајде да се обидеме самите да создадеме повеќе, ќе успееме, верувај ми! Не ни треба колнето наследство, проклето е, верувај ми, а тоа што за мене е најважно и што постојано ти го кажувам е дека ве сакам моја Мајичке, и тебе и дечињата!“ и тоа што следеше беше удар, гром од ведро небо:
„Сакај си го ти татко ти и другите ропаци од твоето семејство, ама мене ме интересира наследството, твоето наследство, ништо друго! И, ако не ги видам тестаментите, ти кажав, си заминувам, а ќе осетиш и нешто друго!“ почнаа да ми зујат ушите. Во главата, неред, хаотичен неред. Несакав, а и неможев да поверувам. Маја, мојата сакана Мајичка стапила во брак со мене заради моето наследство? Зошто толкава алчност? Имаше сé што ќе посака, луѓе мои! Мора да сонувам, ова не може да биде вистина и несмее да е вистина. Ако ме земала од интерес, тогаш зошто ми роди два сина? Каков е тој сокриен егоизам, таа алчност кај луѓето кои и покрај тоа што имаат сé, бараат уште? Не се заситуваат и со сето светско богатсво да располагаат! И планетата да им ја подариш, ќе посегнат по месечината, по ѕвездите, универзумот? Неможев да поверувам дека судбината си поиграла со мојот живот, дека тоа што највеќе го мразев, карактерот на татко ми Анзак, сега го имам во сосптвениот дом. Го напуштив станот и не се сеќавам каде се упатив. Дури откако успеав да се приберам, видов колку далеку сум стасал. Одев пеш, а зуењето во главата и ушите не ме напушташе. Се затекнав како стојам на кејот на Вардар, во близина на паркот. Знам дека дишев длабоко, па погледнав во матната вода и пресеков: „Ќе ја послушам, несмаем да дозволам да ги загубам синовите!“ и се упатив назад. Ја затекнав како пие кафе, а на ликот сеуште строгост и јасна дефинираност дека нема да отстапи од намерата, од желбата да располага со сето богатство на Анзак, со моето наследство. Така и ме погледна, строго и заканувачки. Седнав до неа, ја прегрнав и самоуверено ветив: „Од утре почнувам да работам на тој случај! Ќе го добијам тоа што го бараш, ќе ги добијам тестаментите, ти се колнам! Еве, ти давам збор, ти ветувам и верувај ми дека ќе се изборам да го добијам целото богатство на Анзак, ниту на сестра ми ќе и оставам нешто, ниту нему ќе му оставам нешто! Да не се викам Илија, ако не му го земам сето богатство!“ таа почна да трепери, се потпре на моето раме и очигледно беше задоволна од тоа што го слушна. Ја кренав главата нагоре и колку што можев сложив оштар поглед во таванот, поглед на цврста решеност да го направам тоа што го планирам од поодамна. Морам да успеам.
Да ви кажам право, тој момент на понижување чинам ми го зацврсти карактерот кој иако нудеше многу различности од оној на татко ми, меѓу останатото му недостасуваше решителност. Мислам дека овој момент од мојот живот беше клучен, па од сега станувам комплетна личност. Како одеднаш да се најдов во стара зачадена ковачница и во главата ми одѕвонуваа звуците на чеканот одбиен од жешкото железо, кое пак весело потскокнува на наковалната и со двојното звецкање му кажува на ковачот, дека уште треба да се удара, и повторно и повторно, да се искали, да стане цврсто, еластично, нескршливо. Ова е страшно животно искуство. Да се слушнат онакви зборови од саканата личност, после 8 години, после две здрави машки дечиња, обезбеден и комфорен живот, не е возможно? Зарем можела Маја свесно да ги лаже и свештениците и матичарите кога свечено се заколна на верност додека смртта не нé раздели, во добро и во лошо, во болест и во здравје, во мир и во немир, во богатсво и сиромаштија? И ја ставив сопствената душа на наковалната и барам со цврсти и отсечни удари да ја калат, да ја зацврстуваат, да ја челичат мојата решителност. Чувството дека сум измамен од саканата, дека сум бил до толку лековерен, во истиот миг ми го направија срцето цврсто како челик, како жилав, нескршлив меч. Како што вистинскиот меч има две сечива, си реков, така и мојот карактер од сега натаму ќе мора да биде дволичен. Само помислата за одмаздата од овој момент ќе ми го грее срцето, ништо друго. Морам да го скршам бедемот на непријателите, да се пресметам со неистомислениците кои ми го свртуваа животот во правец во кој несакам да се движам. Не можев да поверувам дека само во еден единствен ден, во еден секавичен момент од тој ден, ќе научам многу повеќе одошто научив во месеците и годините зад мене. Каква грешка била да се биде лековерен, искрен со лажливците, поштен пред грабливците, пред човечки суштества кои и пред Бога и пред луѓе, пцујат, лажат и сакаат да го грабнат и тоа што не е нивно, тоа што не им припаѓа. Затоа, од овој момент и јас ќе се преправам, ќе глумам, ќе се откажам од моите вистински чувства, да им се одмаздам. Ми беше потребна сила за да ги прикријам вистинските сетила, и ете, сега ја добив и реално ја чувствувам во себе таа сила. Затоа сум благодарен на тој момент. Тој беше одлучувачки да тргнам во таа борба. Ви кажав прееска, кога се вратив, таа незнаеше дека кај мене настанаа значајни промени. Точно е, му го одземав сето богатство на Анзак, ама и нејзе не и оставив ништо. Тогаш јас одглумив, и ветив, а сакав да остане тука и да ја гледам во очи кога ќе разбере што се сличило со богатството на татко ми. Чувството дека и се одмаздив, во тие моменти беше многу посилно од сета онаа искрена љубов која и ја бев подарил, во која можеше слободно да ужива, повеќе од скромно, до крајот на животот.
Искрено, незнаев што ќе ме очекува, па додека размислувам после сé, кој знае што ќе се случеше ако знаев каде ќе ме однесе таа потрага. Еве, незнам, можеби немаше да тргнам, кој знае? Двоумењето, колебањето, нерешителноста, беа моите најголеми маани кога требаше да тргнам во таа работа, па еве и сега откако сето тоа заврши, повторно ги чувствувам и навистина не сум сигурен дали ќе тргнев. Но, морам да ви кажам дека на сето ова претходеше и воспитувањето од еден друг човек. Мојот најверен пријател од гимназијата, Злате. Тој беше мојот идол, па желбата и постојаната борба на самиот со себе, да го следам во однесувањата, после оваа случка со Маја, конечно ми се остварија и навистина се почувствував свој човек. Злате го поседуваше сето она што мене ми недостасуваше: решителност, храброст, сериозност, самодовербата.

***

Но, најнапред да ви објаснам како татко ми Анзак станал голем газда, или, како ја направил трансформацијата на Ком-бинатот со кој раководеше, од општествено претпријатие во АД-Комбинат?

***

(продолжува)

Администратор
21-08-10, 09:20
***

Точно е, моделот на таа трансформација беше усвоен од тогашната Влада, и точно е дека важеше за сите менаџери кои како што кажа и Анзак, веќе биле селектирани како идни газди. Веднаш да ви кажам дека тие менаџери кои ги споменува Анзак беа директорите на успешните компании во државата. Оние пак, кои беа прогласени за загубари, тие имаа посебна судбина, проклета судбина, која остави на улица голем број граѓани и сеуште неможат да си го најдат чарето. И тие компании подоцна ги откупуваше Анзак, а и другите т.н. успешни менаџери. Токму со тие никакви, лихварски, безвредни трансакции е направен најстрашниот грабеж, а и ги создадоа најголемите жртви на транзицијата и никој не се обидува да им помогне, ниту државата ниту кој било друг. „Кој им е виновен“, ќе речат успешните, „кога не успеале да се снајдат?“ Добро, да се вратам кај успешниве, кај Анзак. Значи, државата во договор со таа одбрана директорска елита направила модел за трансформација таков каков што ним им одговара, па штом е нешто предложено од државата, тогаш сета таа постапка на трансформација сигурно била и законска, па колку и да не се согласувам со таквиот модел кој директорите ги направи газди, не сум во право ниту јас, ниту сите оние кои се обидуваат тој процес да го квалификуваат како криминален процес. Но, повторно тоа “но“, после кое следат барем две прашања кои заслужуваат одговор. Првото е следно: како се правеше проценката според која се одредуваше бројот на акциите и нивната вредност? И второто прашање: на каков начин тие исти акции дојдоа најнапред на управување кај директорите, а потоа станаа нивна сопственост? Природно, јас ќе го објаснам примерот на татко ми, а вие самите заклучете дека во распределбата и преселбата на акциите, имало или немало измами, закани, криминал, грабеж? Тоа што јас го открив беше следново: Комбинатот на Анзак бил проценет на 100 единици, распоредени во сто акции. Иако тука се појавува првиот сомнеж, заради тоа што државата не реагирала на намалувањето на вредноста на нејзиниот имот, ниту помислила на такво нешто, туку молчејќи го прифаќала тоа што државните проценители го одредиле во согласност со директорите, кои пак најверојатно немале друга задача освен да го обезвреднат државниот имот за да може потоа лесно да се откупи од нивна страна, па нешто што вредело милион, од нив било сосема логично да се процени на 100, и на тој начин брзо и безболно да се откупи. Е сега, штом државата не реагирала, тогаш кој сум јас, кои сте вие, да навлегуваме во тие нивни проценки и математики и на сиот глас да трубиме дека тоа е криминал. Не сме во право, затоа што тие биле подготвени од државата, како и на кој начин да го направат тоа и така направиле, но, повторно се судрив со едно друго, “но“! Навлегов во нешто друго, во нешто што следело како чекор подоцна, нешто што поставува други прашања. Значи, и покрај констатацијата дека државниот имот бил смешно обезвреден, сепак, и од таа никаква проценета вредност, државата ја следувале 59 акции од Комбинатот на Анзак, а останатите 41 требало да се распоредат кај вработените по систем на математичка формула која на едноставен начин одредувала кој вработен, на кое работно место, години на стаж, образование и коефициент на тежина или одговорност на работното место, колкав процент од тие 41 акции му припаѓаат. Анзак ги повика раководителите, тројцата со највисок процент акции, значи, мене, сестра ми и уште еден наш роднина, па без размислување, без прашања, потпишавме согласност со која му ги предадовме нашите акции на Анзак, всушност му дозволивме да прави со нив што сака, му ги подаривме. На вработените им подметнал, поточно ги присилил со закани дека ќе ги избрка, ако не ги потпишат истите изјави, затоа што истовремено им покажувал и отказни решенија, и да ви кажам право само еден не се согласил и добил отказно решени и јадникот сеуште си ја бара правдата по судовите, ама залудно, и така, Анзак станува сопственик на тие 41 акции. Фалсификатот се случил во кабинетот на Анзак, кога се впишувал бројот на акциите на сите потпишани изјави, кој е сосема различен со бројот на акциите кои произлегле од формулата. Сосема накусо: според формулата, 38 акции припаѓале на вработените, а само 3 на генералниот директор, татко ми Анзак, а во изјавите кои ги потпишувале вработените сé на сé биле впишани само 8 акции, па Анзак подоцна им ги откупува на безобразен начин, зголемувајќи им ја платата за период од една година за само2%, значи со парите од комбинатот, и без да ги праша дали сакаат или не, да ги продадат, после една година Анзак станува сопственик на нивните акции. Изнудените потпишани изјави, биле сосема доволен доказ дека тие се согласни од сега натаму генералниот со нив да прави што сака. Стравот кај вработените во тие тешки времиња, да не останат на улица, заради некаква маргинализирана вредност на сопствените акции, бил огромен, па на сето тоа кога ќе го ставиме и набиениот страв од Анзак како од моќен човек со кој никој несмее да помисли да си поигрува, тогаш и не им останувало ништо друго освен да молчат и да се прават дека ниту гледаат ниту слушаат. Ова е начинот на кој Анзак ги добил акциите од вработените и останале да се откупат од државата барем уште 10 акции и Анзак да стане доминантен сопственик на комбинатот, газда. Е тука следела друга мајсторија. Незнам дали ви кажав претходно, ама Анзак во новото општествено уредување на државата беше секогаш на страната на власта, освен еднаш, ама сосема кусо време, па воопшто не му беше тешко да се договори со државата да добие дисконт, намалување на ионака срамно намалената вредност на државните акции на комбинатот, и за смешна сума пари ги откупува и тие акциии, и повторно со парите од профитот на комбинатот. Е за овој дел има сериозни докази дека е направено на коруптивен начин. Некои политичари кои управувале со државата биле солидно нафатирани од страна на Анзак. Имено, покрај тоа што Анзак прифатил да ја финансира кампањата на владеачката партија, прифатил да префрли еден милион долари на тајни сметки на Кипар, а за возврат да го добие дисконтот на државните акции кој им дава вредност од само 100 илјади долари, па така и се случило. За сите овие разговори, договори, трансакции има доволно материјални докази, но што вреди, кога никој од надлежните несакаше да ги третира. Зошто, ќе дознаете подоцна. Значи, од тој момент, откако Анзак конечно стана вистински и единствен сопственик на комбинатот, тој почнува да ја добива реалната вредност. За само една година проценката на сето тоа што во периодот на трансформацијата вредеше 100, одеднаш стана со вредност од многу милиони. Само ова ќе ви го кажам, стануваше збор за капитал вреден повеќе стотини милиони евра. Анзак стана моќен милионер, го поседуваше комбинатот и сé друго што тој носеше со себе, највеќе профитот, а за оние други малверзации не ми се зборува, мислам дека ова е доволно. Зошто го правел сето тоа? Па бил на местото и го направил тоа што според неговите убедувања требал да го направи, затоа што и сите други така направиле, а кој знае дали и некој од нас на тоа место во тоа време, не би постапил на ист начин. Тука треба да бидеме фер и така да размислуваме, но, тоа што мене ме измачуваше, беше неговиот нечовечлук, егоизмот, алчноста, себичноста и безобѕирноста кон останатите. Разбирам дека секој сака да биде богат или спастрен што би се рекло, ама и богатсвото нема вредност ако наоколу блика сиромаштија, ако на секој чекор се соочуваш со крици за обичен живот, за корка леб. Каква вредност може да има таквото богатство, освен да буди силен и искрен револт од оние кои само до вчера беа речиси на исто рамниште, а сега станаа обични смртници. Што може да ви понуди таквото богатство освен омраза, гнасење, клетви и закани, па почнувате да се плашите, да се задскривате, да живеете во блиндирани ѕвона, да се правите наудрени кога гледате како некои буричкаат низ контејнерот пред вашата зграда, да се гнасите од глетката, да ги потценувате, да ги навредувате, и почнувате да бегате од сопствениот живот, од самите себе. Каков е, и на што личи таквиот богат живот? Доволно ли е само јас да имам? Какви се тие луѓе кои можат да поднесат и да живеат со такво богатство?

***

Сега, сосема накусо за неколку моменти со Злате. Тој беше првиот кој ми пријде во гимназијата во Скопје и веднаш ме прими искрено, а и јас него. Долги години се дружевме, па иако од поодамна не живее во Македонија, и ден денес го чувствувам како многу близок човек, вистински пријател. Во доверба знаеше да ми шепне на увото дека во нашиот клас седат децата на значајни чауши, или како тој што велеше, децата на “мој до мојега“, дека оваа гимназија е позната токму по тоа, па затоа не треба да ме изненадува што не реагираат на предупредувањата, на моите забелешки дека не сакам да ми се обраќаат со Илче, туку продолжуваа и понатаму да ме нарекуваат така. Ме убедуваше дека треба да се откажам од упорното барање да ми се обраќаат со Илија, дека тие, после секоја моја акција го засилуваат таквиот однос кон мене, и дека тоа им причинува поголемо задоволство. И навистина, Злате беше во право, а покрај за претходното, беше во право и за тоа, дека сите во нашиот клас бевме децата на “кој до којега“.
Откако ја завршив гимназијата, имав голема желба да продолжам на Правниот факултет, ама кога рикна Анзак дека јас морам да станам технолог, како и тој, дека морам да се подготвувам да го наследам “неговиот“ комбинат, немав ниту милиметар простор за какво било дообјаснување, разговор или било што слично, за да му дадам до знаење дека имам свои планови. Дека и јас имам право на свои одлуки во мојот живот, свој избор, дека сум веќе возрасен, ме разбирате? И така, без поговор се запишав таму. Морав, инаку ќе наебев. Прееска, кога во еден момент му кажав дека многу му се налутив затоа што ме направил неспособен и не заминав на отслужување на воениот рок, во тогашната ЈНА, знаете што ми рече?
„Е море зелко неизлупена! Па ти беше сиот исчукан уште од дете, ајлазу! Кој доктор ќе ти дадеше лекарско уверение, семко неиз’ртена?“, а ви кажав, разликата беше само во тоа што имавме различно мислење за животот, ништо друго. Бев здрав како дрен, тогаш и ментално трезвен, мислам стабилен, ама штом не размислувам како него, тогаш што ми вреди сé друго кога за него, не сум нормален. Од многу оддамна почнав да размислувам на друг, за мене нормален начин, и на сосема друг начин го разбирав животот, а се гадев од неговите потези, за на крај, кога го дознав и тоа, конечно да се скршам како огледало фрлено од десети кат, и навистина да збеснам, да побудалам. Од моментот на тоа сознание, единствено за што расмислував беше одмаздата кон сопствениот татко. Што ако бевме јајце на јајце во изгледот, кога во сето останато тој не ми беше татко, родител, другар, пријател, заштитник, туку насилник и непријател. И не претерувам, верувајте.
Значи, на факултетот се појавив едвај десетина пати, за сите четири години, а некој ми ги пишуваше оценките. Ниту имав желба да ги слушам предавањата, ниту пак се појавував на испити. Дури не се појавував и на шалтерот за студентски прашања, за да заверам семестар, година, да пријавам испит, ме разбирате. И тоа некој друг го правеше за мене. Да бидам искрен, не ми пречеше, затоа што знаев дека и поголем број на другарите од гимназијата го завршуваа факултетот на сличен начин.
Андреа на пример, синот на тогашниот декан на медицинскиот факултет и реномиран хирург, дипломираше медицина, а знам дека сакаше да стане полицаец-агент, и тој имаше сериозни проблеми со татко му. И тој по директива запиша медицина, за подоцна и тој да стане хирург. Кога ќе се соберевме некаде на гости, после третата ракија знаеше да ни подели совет, демек, ако некој од нас настрада и му треба хируршка интервенција кога тој е дежурен, да си бараме друг хирург, дека јадникот е лош касап, а не добар хирург. Како и да е, постојано шеташе по разни семинари низ светот, се разбира на државен трошок и на инсистирање на татко му, и пак ништо. Разочарано ни велеше:
„Кога нешто несакам, не ми оди, колку и да го учам, џабе ми е. А замислете, оние кои навистина треба да одат по тие светски конгреси и семинари, чмаат овде само заради тоа што мојот татко не им е татко!“
Потоа Драган, синот на Претседателот на Основниот суд во Скопје, стана правник, па брзо го положи и судискиот испит, па по две години неуспешна адвокатура, не го биваше јадникот иако татко му му намести неколку предмети кои добро ги наплати, и тој мораше да стане судија, а сакаше да биде пилот, ме разбирате? Малку недостасуваше да избега во Белград каде имаше таква Академија, ама стравот од Претседателот на Основниот Суд беше преголем и одлучувачки и за неговата кариера.
Е Злате беше посебна приказна. Тој беше мојот херој. Вистински бунтовник, ама со причина, и навистина му се восхитував на храброста. Како што ви кажав, тој беше син на генералниот на Стопанската банка во Скопје и мој најверен пријател. Дипломираше економија, а беше талентиран музичар, гитарист, и сакаше да студира Музичка Академија. Често го имитираше татко му:
„Ќе станеш економист и точка, а со музика ќе се занимаваш кога и да посакаш. Тоа е хоби, дарба, тоа не е професија, тоа е вештина! Ќе те пикнам во банката и ќе станеш угледен банкар како мене, ќе станеш директор, а не тапанџија!“
Навистина имавме слични судбини, и да ви кажам право, си наоѓав некаков спокој кога гледав дека не сум осамен. Можеби затоа, ние четворица интензивно другарувавме. Злате, иако дипломираше економски, не се вработи во банката на татко му, туку продолжи да се занимава со музика. Се сеќавам кога ме повика да појдеме заедно до економскиот факултет каде требаше да ја подигне дипломата, па потоа со неговиот “101 медитеран“, се упативме кон семејната куќа на Водно. Излезе од автомобилот и почна да труби со сирената. Кога татко му се појави со насмевка на ликот гледајќи во раката на Злате како го држи цилиндерот со дипломата, овој замавна и преку оградата му ја фрли пред нозете и гласно му извика:
„Стави си ја во задникот директоре, мене нема да ми треба!“ и со шкрипење на гумите заминавме.
Во тие периоди имаше жестоки дискусии помеѓу него и татко му. Овој му се закануваше дека преку весници ќе се откажел од него како од син, дека ќе го исклучел од наследство и други закани, а на мое големо запрепастување, Злате му возвраќаше на ист начин. Е тоа за мене беше непоимливо, фантастично, неверојатно, ама лично ги слушав кога се расправаа и преку телефон и во лице. Се чудев и се ставав на негова страна. Ме восхитуваше таквата храброст, го куражев и му давав сесрдна подршка, затоа што јас ја немав, ме разбирате? Злате му велеше дека ако овој го направи тоа, тој веднаш ќе пошол во милицијата и ќе им кажел колку станови и викендички имал украдено од државата, по што директоров се повлекуваше, како најобичен преплашен стаорец. Одеднаш гледав како моќниот директор станува никаквец. И во ставата и во бојата на ликот. Му се стеснуваа рамениците, образите му црвенеа. Се разбира, заканите останаа голи закани. Тој не успеа да го исклучи синот од наследството, а овој не го пријави во милиција, туку, неколку години подоцна директорот го стрефи инфаркт и почина, а Злате знаеше да каже:
„Го удри срчка, пи.ка му мајчина ајдучка! Кај може нормален човек долго да живее со откраднат имот?“
Имено, татко му уште од она време имал “купено“ седум станови во строгиот центар на градот, и тоа по стотина и кусур квадрати, како оној во кој ме смести Анзак кога ме донесе во Скопје, потоа викендичка на Маврово, па една во Лагадин, па куќа со простран двор на Водно и една викендичка на Брач, во Хрватска.
„Ако со пот и од плата си ги зароботил, тогаш зошто ги криеш, мамицу ли ти комунистичка, а? Откажи се од мене, па ќе видиш што ќе те снајде?“ му велеше Злате во оние периоди на расправии.

***

Подоцна разбрав дека комунистите дерман немале од сопствениот режим, од моќта со која располагале, дека пред народот морале да се прават еднакви и чесни, а поголеми ајдуци немало од нив. Воспитувани во режим дека се под постојана закана, во постојана војна против надворешните непријатели, па во борба со внатрешните непријатели, секогаш со немир околу себе, во себе. Па наместо да станат најверни, станале најневерни кон сопствената земја, кон сопствениот народ. Мрачни и истовремено снажни, диви, лакоми. Имено, ја пљачкосувале државата на различни можни начини, но тајно и организирано. Станувало збор за искусни и добро позиционирани криминални функционери од највисоките позиции. Самите ја креирале арамијската мрежа со поставување дисциплинирани, послушни директори во општествените комбинати, во претпријатијата, кои ако не делеле со врхушката, тогаш следело разрешување без објаснување, можеби обелоденување на криминалот и не само што ќе ја изгубеле позицијата туку и робија ќе окркале. Кога за замавот на комуњарскиот криминал разбрал и другарот Тито, следела наредба во една реченица: “Имаш куќа, врати го станот!“ Косата им се кренала од возбуда, па од тој ден криминалниот змијарник морал да пронаоѓа разноразни чариња, со кои ќе докажеле дека становите што се нивни, всушност не се нивни, па ги префрлувале на непостоечки имиња и презимиња, на починати, на печалбари, или на изнемоштени стари лица. Биле принудени да го сокријат украдениот имот. И, како и што обично бива, акцијата на другарот Тито доживеала неуспех, затоа што комуњарите требале самите да се уништат враќајќи го украденото. Такво нешто за тоа време било утопија, па освен кратка возбуденост кај нив, која не можела да се нарече страв, немала други ефекти. Народот се израдувал, ама и таа радост кратко траела.

***

Злате, од тогаш живееше сам во еден од становите на татко му, ама самиот си заработуваше за живот, свирејќи по ресторани, барови, свадби, самиот си ја креираше иднината и стана свој човек. Имавме едвај по 25. Ужасно сакав да го достигнам неговото ниво, арно ама прекарот на мојот татко беше Анзак.
Значи, со Злате и другиве што ги споменав, нé разделуваше само ноќта, па точно знаев дека и тие како мене, не се појавуваа на факултетот, а сепак дипломираа навреме и со добар просек.
Знаете што ме зачудуваше во тие периоди? Ние, синовите на кобајаги значајните личности, како да бевме предодредени да станеме тоа што се и нашите татковци. Бог да чува и да брани, ама така беше. Инсистираа на тоа. Еве, завртете се лево десно, напред назад, ќе се соочите со вистината дека местата во значајните институции на државата и ден денес, се пресадуваат, не се пополнуваат, значи битно е семето, не квалитетот, и воопшто не е битно дали тие изроди од “квалитетно семе“, сакаат или несакаат да станат тоа, имаат или немаат афинитет. Која е гаранцијата ако таткото бил добар хирург, судија, политичар, писател, актер, менаџер, дека и синот мора да биде таков? После Цацко ни бил виновен што немаме квалитетни кадри, а државата ни тоне во корупција и криминал.
Ете, затоа ви велам дека не ми пречеше тоа што не се појавував на факултетот, арно ама, кога почнаа да ме озборуваат заради воениот рок, е тогаш сериозно размислував и навистина сакав да си ја завршам таа обврска кон државата и да си го кренам авторитетот пред другарите.
Убаво се сеќавам на оној ден кога Злате дојде на отсуство, војничко отсуство. Само малку беше понизок од мене, ама ми ја даде униформата. Ја облеков и прошетав кај неколкумина други другари од гимназијата. Тогаш сеуште имаше корзо. Веќе наголемо ме озборуваа дека нешто не е во ред со мене, дека сум болен недај Боже. Само неспособните, болните, педерите и психички пореметените не заминуваа на остлужување на воениот рок, а јас бев ем крупен ем здрав, жените ги сакав премногу, па ако ги исклучев комлексите наметнати од траумите преживеани со татко ми Анзак, тогаш според мојата проценка бев и психички стабилен човек, ама и покрај сé, не добивав покани за да заминам во војска. Два пати појдов на шалтерите пред војниот референт во моето родно место, па иако кутриот мирно застануваше пред мене, лигаво ќе ми се насмееше и преку раме ми дофрлуваше:
„А бе иди бркај млади пи..ња, што ќе ти е војска? Бегај таму во Скопје и уживај!“ многу подоцна разбрав што вистински се случило, ама почнав да стравувам дека нема да можам до девојка да дојдам, ако продолжат таквите озборувања, ме разбирате? Затоа се појавив во униформа, и откако ме видоа решив да се изгубам. Ја напуштив Македонија и заминав на неколкумесечен одмор во странство. Од мај до септември таа година, шетав низ Европските метрополи. Си направив приказна дека сум се вратил од војска, и така, а Злате, веднаш после воениот рок замина за Канада. Секој ден се слушавме телефонски додека не се случи тоа со мене. Сигурен сум дека е сé во најдобар ред со него, дај Боже да е така.
Да се вратам на Анзак.

***

(продолжува)

Администратор
22-08-10, 11:39
***

Знаете, кога веќе доволно израснав, кога за себе можев да кажам дека сум и образован и доволно искусен, кога почнав дури и да критикувам, да наоѓам одговори и објаснувања за некои туѓи проблеми, за околината, кога и јас во мојот живот почнав да наидувам на разноразни нечовечки однесувања од страна на некои многу помлади од мојот татко, Маја на пример, тогаш навистина се обидував да најдам оправдание и за него. Размислував и се прашував: Што ако и неговиот татко, мојот дедо, бил таков како него, па така и овој се однесувал од мал, или можеби е во прашање такво генетско наследство од некој подамнешен предок на баба ми и дедо ми? Човекот пораснал во сиромашно семејство, бил дете кога се соочил со крупните предизвици на животот. Сигурно не му било лесно кога морал истовремено да се образува и да се грижи за семејството, за мајка му и за браќата. Само Господ знае со какви препреки се соочувал, што морал да одобрува, што не, што да прави, а што да не прави, кој пат да го фати, а кој не, па сите тие искуства го исклесале во камена грамада, во човек без крвоток, без срце, без чувства? И откако ќе завршев со тие мои сопствени потраги по зрак за оправданост на сите негови невообичаени, за мене нечовечки постапки, застанував пред бедемот на фамозното и волшебно, “но“, после кое следеа нови прашања.
Верувам ќе се согласите и вие дека слични животни судбини од тоа време имале и многумина од неговата генерација, неговите браќа на пример, моите чичковци, потоа и многумина други кои можеби имале и пострашни судбини од неговата, што е исто така за верување, а сепак, не беа такви! Што го дефинираше Анзак ваков каков што го опишувам и дали сум во право? Различен е со многумина од неговата генерација, речиси со сите од мојата. Несвојствен и за неговото и за моето време, некомпатибилен, ме разбирате? Каков отров е вбризган во него, тече ли крв во неговите вени? На првите соработници да им удирате шлаканици со сета сила, на што личи тоа? Да, тоа го правеше не само пред мене, туку и пред други, познати или непознати сеедно. За него воопшто не беше важно каде и пред кого ќе ве нападне. Тие беа ем возрасни ем образовани луѓе, тој ги назначил за раководители на сектори, директори на некои работни единици во комбинатот, и не се осмелуваа да му забележат, да му вратат. Дури не се ни жалеа на таквиот однос, а на Анзак, пак, воопшто не му беше битно и кога ќе разбереше дека тие биле во право, а не тој. Не, ниту се обидуваше да им се извини. Тие и понатаму мораа да бидат виновни за сé, а јас кутриот, иако се чудев, сé повеќе се убедував дека можеби Анзак е во право, дека така треба и јас да се однесувам. Штом овие возрасни не му враќаат тогаш кој сум јас да му се противставувам? А чувствував такви моменти дури од тогаш, иако бев мал, навистина понекогаш посакував да му с’ржам. Си велев, што ако ми е татко, кога гледам дека греши, дека сите проблеми, постоеле или не, со ќотек ги решава? Кришум го пцуев и се гадев на таквиот однос, ама ги пцуев и оние кои јадеа ќотек и молчеа.
Воспитување ли е тоа да му кажувате на единствениот син дека со овој народ така треба, дека се глупи како земја, дека несмее човек да ги опушти, затоа што можело да биде употребено против него, против некој од нашето семејство, а така се однесуваше и дома? Каква опасност гледаше во мене, во сестра ми, во мајка ми, па и кон нас да се однесува насилнички? И ајде кажете ми како да останам рамнодушен? Еве, дури и сега кога зборувам за тие негови однесувања, затреперувам. Се вознемирувам, се јадосувам и чинам веднаш се враќа ѓаволот во мене. Каква е таа логика луѓе мои, пријатели мои, дека сите околу него мораат да мислат како тој што мисли? Дури и тогаш кога гледаат дека не е во право, ме разбирате? Зошто сите мораат да станат негови слуги? Зошто само тој да има право да ве прогласи злосторник, ако недај Боже се осмелите само едно слово од неговите беседи да не ги испочитувате, не намерно, туку, заради тоа што во нив гледате неред и нечовечност? Од каде правото дека само неговата Библија е вистинската книга на смерници за сите останати? Кој му го дал таквото право на обичен земски смртник? Самиот? Како може луѓе мои, кога во неговиот поглед нема зрак на милост, љубов, сочуство? Ги нема, ме разбирате? Ниту траг на добрина можете да најдете во неговите зборови, а во гласот, само звуци на камшик, молњи, грмотевици, величенствени и мрачни тонови со кои постојано се заканува сеејќи страв. Тој е убеден дека е единствениот кој може да наредува, никој друг! Просто ве турка да клечите пред него, да влекачите, да прелетувате како пеперутка, а тој да станува сé повообразен за сопствената моќ, сé потврд, како камена грамада на тврдоглава самобендисаност, која со невиден инаетчиски пркос го здробува речиси сечиј обид за разбирање, за разговор, за дијалог, за компромис, и самиот ви кажува дека само со еден единствен вид на оружје можете да му се противставите, со неговото!
Но, и покрај сето претходно, имам ли право само него да го прогласам виновник? Што со сите оние кои се тресеа пред него? Има ли вина во нив? Колку се тие заслужни за неговиот однос? Што ако еден, неколкумина, стотина, му се противставеле? Што ќе се случело тогаш со Анзак?
И токму затоа многу рано почнав да размислувам како да му кажам дека јас не го прифаќам таквиот начин на живеење, на комуницирање со останатиот свет, дека јас ќе бидам првиот кој вистински ќе му се противстави и ќе му даде на знаење дека постојат и други на овој свет, дека тој не е единствениот кој е предодреден од севишниот и на ваков начин да ги спроведува правилата и принципите во животите на останатите. Но, да бидам искрен дури откако ја завршив гимназијата, повторно со сите петки, почнав интензивно да размислувам кога ќе го сторам тоа. Од тогаш постојано ме оптоваруваше само таа помисла, па и покрај тоа што младешката бунтовоност веќе се претвараше во реална сила од која влечев голема самодоверба, сепак, неуспеав да го пронајдам вистинското оружје, сé до онаа случка со Маја. А сакав многу порано да му дадам на знаење дека Илче конечно стана Илија. Искрено, тогаш не знаев дека ќе морам да се престорам во Анзак, за да му го зададам најсилниот удар.
Да ви кажам право, многу ќе ми беше важно прееска, ако откриев дека ракијата го натерала да проработи некаков сокриен човечки инстикнт длабоко во него, па почна да ме нарекува Илија, да разговара со мене како со човек. Барав и во минатото, верувајте ми, постојано барав барем тронка човечност, макар и сокриена, ама кога и да е, си велев, некогаш сигурно ќе излезе од него, мора да излезе и да ја покаже и таа страна, барем кон мене, кон семејството, а често пати се затекнував како самиот се прашувам: Кој сум пак јас? Негов единец, роден син, негова крв, негова семка, плукната слика и прилика, па ако некој треба да го напаѓа тогаш по следот на природните околности тогаш јас би требало да бидам последниот во тој низ, или во најмала рака треба да бидам последен, а не прв, кој и покрај сите притисоци и закани, несака да изусти никакви лоши беседи за сопствениот татко или да каже нешто што ќе го осуди, на крај, и покрај сé, само со молчење да ги потврдува евентуалните напади и критики изнесени против родениот татко, но дури тогаш кога ќе заклучи дека нема шанси да го одбрани, а не како мене да труби со сите расположиви фанфари и уште да биде најстрог во пресудата, како единствен негов судија? Кој ми го дал мене тоа право? Дури и таков каков што е, ме школувал, ме одгледал, ме израснал, ме обезбедил, ме разбирате? Што барам повеќе и зошто го барам тоа? Претерувам ли кога со чиста интонација и разбирлив збор го претворувам во ѕвер, во олицетворение на ѓаволот, кога велам дека во неговиот поглед нема зрак на милост, добрина, сочуство? Дали грешам кога велам дека долината на неговите човечки доблести е голема празнина, црна, мрачна и страшна дупка и имам ли јас право да кажам такво нешто за мојот татко? Кој сум јас? Како воопшто си дозволувам да бидам дрзок и безобзирен? Се претворив ли и јас во Анзак, во ѓаволот, па во сопствениот гнев наоѓам оправдание и потоа свесно ги извлекувам најпогрдните зборови за опис на ништожноста, за тежината на мрачните облаци, за стравот во ноќта без ѕвезди, за ливадите без цветови, за небото без сонце, за шумите без дрвја, за реките без вода, мирисот без мирис, вкусот без вкус? Зошто другите молчат? Што е тоа што мене ме сопира да продолжам да си го живем животот онака како што го замислувам, онака како јас сакам да го живеам? Зошто морам да го спречувам неговиот начин на живеење, за јас да продолжам со друг? Што е тоа што е толку моќно и силно ме турка да му возвратам на негов начин, да му се противставам на таинствен и дрзок начин, само за да му докажам дека сум различен од него, а знам и свесен сум дека можам на многу поедноставен начин да го разрешам тој проблем? Едноставно, треба само да се тргнам настрана, никој не ме спречува во тоа, и, тој по својот, а јас по мојот пат. Зошто првото е посилно од ова второто, поедноставно решение, зошто? Дури е и сосема логично, нели? Каква е таа сила, и кој ја контролира таа сила во мене? Ако не е логична, нормална, тогаш мора да е црна, мрачна сила, контролирана лично од ѓаволот, па ако е така, тогаш и јас сум истиот како Анзак? Само таа сила цврсто ме турка и ми кажува дека злото само со зло може да се победи, никако другачие. Таа е единствената патека кон конечната казна на сите оние кои се однесуваат на нечовечки начин, дека друг не постои. Значи ли ова дека и мене ме стаса казната, токму заради тоа што свесно го следев ѓаволот во мене, и се престорив во Анзак. Ќе успеам ли барем со зло да го сопрам злото тука, кај мене, кај него, за останатите од лозата да продолжат на друг нормален начин да си го живеат животот, и следејќи го примерот на претците да си овозможат друга, нормална иднина? Дали таа поставена цел беше толку моќна, за да ме внесе во оваа пресметка со родениот татко. Ако е така, тогаш како ќе дознаам дека сум успеал?

***

И навистина, несакам сега да ме разберете дека се обидувам да филозофирам. Но, има многу вистинкси примери кои ја опишуваат судбината на ваквите богаташи, па сега слободно можете во тој низ од трагедии да ја вклучите и оваа, мојава судбина. Во сите се зборува за чудните, необјасниви и секогаш страшни семејни трагедии. Не стасуваат далеку оние кои на нечесен начин се збогатиле. Сеедно дали тоа го направиле во согласност со законот или пак законот не успеал да ги стигне, тие секогаш се соочуваат со казната која во многу примери удира таму каде највеќе боли, кај наследниците, кај децата, кај внучињата. Не се обидувам да бидам кобец, ама не верувам дека и тие далеку ќе стасаат, мислам на останатите наследници во оваа македонска транзиција. Допрва ќе се пишува за нивните судбини. Дај Боже да туркаат спокојно. Не фолирам, искрено им го посакувам тоа, ама морам да ви кажам дека длабоко во мене има нешто што ме тера да не верувам. Нивната судбина нема да им донесе добро во животот, впрочем како и оваа на Анзак, ама неговата барем ме погоди мене, не моите деца, неговите внуци, ме разбирате? Тука можам да бидам пораат, ама во една работа сум сигурен: Еве, и да поверувам дека можеби останатите наследници ќе продолжат да живеат спокоен живот, можеби и ќе создадат нешто, ама темелите на нивните бизниси секагаш ќе бидат натопени со солзи, пот и крв, туѓи солзи, туѓа пот, туѓа крв. Тоа нема да можат да го избришат, никогаш. Тие, секогаш доаѓаат да си ги наплатат долговите, некогаш порано некогаш подоцна. Не е едноставно да се живее и привредува со украден имот. Куќа изградена на туѓ имот, кога тогаш, ќе ја урнат, или самата ќе се урне, без разлика на цврстината на темелите. Има куп примери низ светот, каде се зборува за таа казна, дека, кога тогаш доаѓа, тогаш кога најмалку очекуваш, кога мислиш дека си најмоќен, нескршлив. Така било, а најверојатно така и ќе продолжи. Затоа не се разочарував што Анзак го изгуби имотот, а казната го стигна преку мене, напротив. Имаше доволно заштеда, со која и јас и сестра ми можевме да бидеме спокојни за подолг период. Требаше да покаже само малку скромност. Во време кога луѓето се бореа за гола егзистенција, за корка леб, кога одеднаш останаа на улица без трошка вина, јас и сестра ми можевме да бидеме спокојни од таа гледна точка. Ама на Анзак, малку ќе му беше и цела држава да ја земеше. Ако тоа го стореше, немаше да сопре, туку ќе посегнеше кон соседните држави, па и таму ќе почнеше да чепка. За кого, за каде му требаше толкаво богатство? Ај тоа, ама како можеше да живее со помислата дека огромен број луѓе ги остави на цедило. Без трошка надеж, без корка леб, без егзистенција, на улица, дали ме разбирате? Само таквите како Анзак, можеа да се прават и слепи и глуви на маките на останатите, на оние кои некогаш привредувале за нив, а покрај тоа и си дозволуваа да играат мајтап со нивните судбини. Демек, кој им е виновен кога не успеале да се снајдат во новото уредување? Луѓе, знаете што ми велеше Анзак:
„Капитализам се прави Иљо, мисиру! Мораш да се промениш, инаку ќе те потроши добрината! Тука ќе опстанат само дрските, себичните, лакомите, безобѕирните и лошите! Нема место за душа, еснаф, инсаф, сочуство!“ ме тераше да станам ѕвер, а бев човек, бев среќен човек. И немав шанса да му кажам дека јас неможам и несакам да бидам таков, ме разбирате, дека тоа ме побудалува. Кога ми дозволи прееска да му го раскажам сето ова што пред малку ви го кажував, рече:
„Човештината те излуде идиоте, добрината и еснафлукот ти ја ебаа мајката и те однесоа во лудница, не Анзак!“
„Да Анзак, еве прифаќам дека тие ме однесоа таму, ама не ме однесоа за само мене да ме казнат, туку и тебе Анзак. Те казни Господ заради твојата себичност и алчност, заради твојот свиреп егоизам, бесчувствителноста, дрскоста. Ти многу добро знаеш што значи тој твој прекар Анзак, така? Ама знам и јас. Сега ќе се смееш како недоделкан кога ќе ти кажам дека и тие таму знаат што сте направиле. Знаеш ли што велеа кога ќе се појавеше некој од вас на телевизија?“
„Што?“
„Сé по ред ви пцуеја! Го плукаа екранот кога ќе се појавеше Премиерот, Претседателот или некој друг познат, ама недокажан арамија. Пцуеја и плукаа жими здравјево ако те лажам! Дури и конкретни работи кажуваа, одеднаш нормални стануваа!“
„Ако ти ги оценуваш, тогаш не ме чуди што за нормални ги прогласуваш? Туку да ти кажам Иљо, навистина пријатно ме изненадуваш! Што е работава, да не ти го нашле чарето, а? “
„Терапијата Анзак, квалитетна терапија, па додека држи во ред сум, ама после кој знае што ми се случува во главава? Еби му мајката, и со неа ќе завршам денес!“
„А колку време ќе те држи и можеш ли да ја мешаш со алкохол?“
„Не е препорачливо, туку дај да продолжиме со разговорот, немам многу време!“ и тоа што следеше, предизвика кај мене најнапред чудење, а потоа гнасење:
„Слушни ме бе Иљо, синко мој! Ајде барем еднаш послушај ме, и врати се! Можеби ќе ти го најдат чарето, што знаеш? Гледај колку убави муабети правиш и навистина не ми личиш за таму! Да бидам искрен од дамна не сум разговарал вака со некој друг! Не го очекував ова од тебе!“ се замислив, се вкочанив, го гледав со презир и неможев да поверувам. Замислете, Анзак во овој момент се престори во грижлив родител. Како да поверувам дека е искрен? Оној дрзок Анзак, оној набиен со алчност, оној Анзак кој на далеку шири загадочна реа, страшна смрдеа и ви дава на знаење дека е неосвоива тврдина која ве турка од бедемите и ја заобикулувате од далеку, од многу далеку, затоа што ве гуши, како густ чад од запалена депонија, како мирис на леш во распаѓање, и сега, одеднаш се обидува да се престори во нешто друго, а неможе, не му личи. Станува лигав, леплив створ и се приметува од далеку дека тоа не му е својствено, дека никогаш во животот не го применувал, тоа се туѓи зборови за неговиот карактер, како див израсток на усните, како рак на јазикот, и одеднаш се претвара во уште погадно нешто, заличува на свеж утрински, светлуцаво зелен шлаем тукушто исплукан од страствен пушач, залепен како пифтија на асфалтот по кој поминувате, па откако ќе го видите ви ја блокира меморијата и ве тера долго време да се потсетувате на тиј призор, додека желудникот постојано ви подрипнува и ве тера на повраќање, како некој слузав полжав кој не се осмелувате да го допрете, а камо ли да го припиете кон телото, да го прегрнете, ме разбирате, да почувствувате нешто топло, питомо, живо. Така и го погледнав после оваа негова “загриженост“. Претпоставувам дека ми ги прочита мислите, па самоуверено продолжив:
„Сега Иљо стана нормален така? Што знаеш, можеби е и паметен, а заборави како до пред малку ме нарекуваше? Заборави како ме нарекуваше сиот живот? Пак ќе ти кажам Анзак: за мене нема чаре и не го барај. Затоа не се враќам таму, а единствено што може да ми помогне е овој разговор. Откако ќе ги добијам одговорите на некои прашања, мислам дека ќе се осеќам многу подобро! Како велат старите, од што си се разболел со тоа лечи се, така?“
„Ако ти велиш така, тогаш ај нека ти биде, ама морам да ти кажам дека не ми е јасно, како ќе ти помогнат тие одговори?“
„Ти реков, сакам да ги споредам работите и да видам дали тие или ти си бил во право, ништо повеќе! Прво, кажи ми каде да ја завршам онаа работа, ме стегна бешикава?“
„Кај сакаш, погледни, никаде жив човек. Чекај! Појди кај оној третиот од овде надолу. Завчера дојде мами цу му га набием. Е тој е еден од ретките кои му останале должни на Анзак. 150 илјади евра ме закрпи тој идиот!“
„Ова прв пат го слушам! Зарем и тебе некој успеал да те закрпи, ха ха ха...? А бе Анзак, како рече, третиот надолу?“ и смеејќи се, заминав да се испразнам. Го видов човекот, познат бизнисмен, ама се фатил со Анзак да сади краставици, и нешто друго му се родило. Знам дека се препукуваа преку медиумите, се обвинуваа, ама незнам како заврши таа работа.

***

Кога се вратив кај Анзак, прво тоа го прашав. Почна да ми објаснува, ама повеќе го колнеше, го пцуеше, го навредуваше, за на крај да ми признае дека не само што му ја земал фабриката, туку и приватниот имот успеал да му го земе, па откако го исцедил до гола кожа, пак му останал должен. Заради каматите од лихвата на Анзак. Кога го изблефирав дека јас не сум знаел за таа фабрика, се пресече:
„Уште за тоа требаше да знаеш па и таа да ја раскрчмиш! Таа фабрика веднаш ја продадов, а со парите подготвив терен да се купи нешто многу повредно. Сестра ти треба да ја доврши таа работа!“ брзо го кажа ова. Се уплаши. Имаше и зошто, сепак, го прашав:
„Што треба да купи сестра ми со тие пари?“
„Ич да не ти чуе што ќе купи! Такви работи не ме прашувај, знаеш дека дерман немам откако го направи тоа!“
„Што можам сега да направам Анзак? Ниту ме интересира повеќе таа работа. Опушти се пи..а му мајчина и кажи што треба да купи со тие пари?“ се замисли и како да му стана жал. Така ме погледна. После неколку чашки ракија, навистина се смени сјајот во неговите очи. Жален поглед сложи и почна полека да говори:
„Сé беше договорено да откупи дел од акциите на гасоводот кој поминуваше низ мое земјиште. Околу стотина километри поминуваа низ мое земјиште, па ако успее да присобере уште некоја паричка и ја заврши таа работа, тогаш нема да има зима. Таму на саат течат долари. Ќе видиме!“ и сега ќе ви кажам дека знаев за тој таен проект на Анзак, само што тој и сестра ми незнаеја една друга, многу важна работа. Имотните листови од тоа земјиште веќе поодамна не беа на нивно име, туку таму каде што вистински припаѓаа. Му кажав и пак се врати во старата форма:
„Што трескаш глупости бре ајвану? Таа работа јас лично ја подготвив, и готова е таа работа, завршено е тоа!“
„Таа работа сестра ми ќе ја заврши никогаш, дури ни тогаш Анзак! Заборави како ја присвои таа земја, а? И згора на тоа со лихварски пари сакаше да ги откупиш акциите од гасоводот. Илјадници клетви ти пристигнуваа секој ден само заради таа земја идиоте! Кој знае колку те има колнето оној твој сегашен сосед што го нарекуваш криминалец? Барем некоја пара да им дадеше на сопствениците, барем нешто да им дадеше!“
„Иљо, тебе ти откажува терапијата и почнуваш да стануваш безобразен, ама и големи глупости трескаш! Што сакаш да ми кажеш, дека и тие тапии ти дошле до рака и дека си ги вратил кај сељаците? А бе Иљо, за инает ми го кажуваш ова, сакаш да ме извадиш од кожа и да почнам да викам, така? Не наседнувам на такви евтини провокации. Те читам како селски буквар и знам дека не е вистина тоа што го кажуваш!“ сега веќе можев да констатирам дека ракијата направи друг Анзак. Овој веќе не е истиот. Не е можно со волкава смиреност да ја пречека оваа информација. Знаев дека таа работа му значеше многу. Но, сега морам да ви признаам дека и кај мене ракијата си го направи своето, само што кај мене долеваше самодоверба, сигурност. Продолжив да му објаснувам, за да ме разбере сериозно:
„Сé вратив Анзак, сé им вратив на луѓето на кои вистински им припаѓаше таа земја. Зашто ти велам, барем малку инсаф да си имал, барем малку пари да си им дал? Ама Анзак не е Анзак, ако даде пари, ако не земе за џабе? На дрзок и безобѕирен начин им го одзема бре парчето леб кое и онака тешко го заработуваа! Како можеше да бидеш толку алчен?“
„Иљо, чекај малку! Слушај ме внимателно: Еве, сега те молам како човек, кажи ми дека ова не е вистина? И уште еднаш ќе те замолам!“
„Види како Анзак одеднаш стана љубезен? Па ти навистина си стоел мирно пред оние во Белград? Па ти си бил најобичен буљаш бе Анзак? Видете од кого сум се плашел цел живот? Од Анзак, пушачот, ама пушач на значајни к..ови! Сега ми се пали сијалицата кога и баба ми, мајка ти велеше: “Луѓе, овој е спремен и децата да си ги продаде само да го добие тоа што го наумил, подалеку од него!“ Еј родената мајка го кажуваше ова за тебе себичњаку, ајдучиште белосветско! Сé што си украл вратив, егоисту расипан. С’ржта коскена ти е затруена со идиотизам, крвта расипана до клетка, ропачиште неизживеано!“
„Иљо, ти откажува терапијата. Бегај, да не направиме поголема беља. Бегај и враќај се во лудница, лудаку, инаку џигерите ќе ти ги извадам! Ти мене ајдучиште, мамицу ли ти идиотска. Бегај ми од пред очиве!“
„Те заболе тебе за мојата терапија Анзак! Се виде колку те болело за мене, за сестра ми, за сите други. Самиот кажа прееска, старо вампириште!“
„Е сега од гроб ме извади мамицу ти га набием! Доаѓај ваму и застани мирно! Доаѓај кога ти кажувам! Сега ќе видиш кој е Анзак, пи..а ти мајчина! Што се занесуваш лудаку тапијски? Што мислиш, со кого зборуваш?“
„Ајде бре сокриј се таму и превртувај се, ти ќе се тепаш сега со некого! Седи таму и затни ја муцката!“
„Еј Анзак, црни Анзак, како сега неможеш да станеш?“
„Ќе станеш кога ќе си го видам тилов, ете тогаш ќе станеш! Што мислеше? Дека вечно ќе живееш, дека нема да има смрт за тебе? Колку пари потроши за ревитализација, за подмладување, за бесмртност? Се влечеше во парламентот до смрт бесрамнику. На носила те извлекоа од таму! Мислеше дека си незаменлив, така? А се плашеше, се плашеше да станеш обичен човек, за да не го изгубиш тоа што си го крадел сиот живот. Надвор те чекаа безброј опасности. Уште си дозволуваш криминалец да го нарекуваш оној обичен смртник. Колку луѓе имаш закопано како него, а? Засрами се и покриј се да не те гледаат, несреќо светска! Уште имаш смелост и да се оправдуваш!“
„Ти откажува терапијата Иљо! Истури ја ракијата и пак ќе ти кажам бегај од овде. Стануваш дрзок, агресивен и не оди на добро муабетов. Ако не си одиш, многу лошо ќе заврши?“
„Не се грижи за мојата терапија Анзак. Сега ти мене ми го проработе нервот и затоа сум ваков. Уште три животи да имам никогаш нема да правам работи кои ти си ги правел. Па зарем навистина можеше да веруваш дека и јас и сестра ми ќе можеме да живееме со наследство во крв и солзи натопено? Дека лесно ќе ги арчиме сите оние проколнати милиони?“
„И што очекуваш да ти кажам мешино издишана? Пак да се повторувам? Пари со крв и солзи натопени, ееееј Анзак, слушаш ли? Анзак се потеше и крв плукаше додека го создаде тоа богатство идиоте! Со мојата крв и со мојата пот сето тоа беше создадено, тикво распукана! Гледај овој живот истуркај го некако и немој да бараш други животи! Се виде твоето!“
„Тебе газот ти се потеше од кожните фотелји, а дека си плукал крв и пот, кој знае? Ако не тогаш, сега сигурно плукаш?“
„Иљо, ај оди си, жити здравјето! Ти се исполни желбата, така? Ме навреди и ме направи од ништо подоле, како никој никогаш! Сакаше да се покажеш маж пред Анзак? И се покажа! Бегај сега!“ и одеднаш нешто ме натера да се замислам. Сакав да го привршам разговорот, ама ја почувствував и мојата оштрина, знам дека заслуга за ваквиот мој настап пред Анзак, највеќе имаше ракијата, па се обидов да го смирам и да го довршиме разговорот:

***

(продолжува)

Администратор
23-08-10, 12:53
***

„Ајде да ја спуштиме топката и да го продолжиме муабетот така како што доликува на двајца возрасни мажи, вистински мажи!“
„Вистински мажи? Па пред малку ме нарече педер, арамија, криминалец, ајдучиште, и сега бараш машки муабет! А бе мани ми се од пред очиве и оди кај сакаш, само тргни ми се од тука. И не доаѓај повеќе на ова место!“
„Реков буљаш, а не педер Анзак! Има голема разлика помеѓу двете работи. Првото е карактерна особина, а второто деформација. А, дека беше познат е.ач, беше, признавам. Некои жени раскажуваа дека си бил опасен во кревет, дека плачеле, дека неможеле да те издржат, магаре велеа!“
„Па таков бев, зар не? Сипај уште малку пи..а ти мајчина!“ и видов како се насмевна. Најверојатно во вистински момент му ја погодив машката гордост, а навистина за него се зборуваше дека во лет, стоејќи ги напаѓал женските. Некои потклекнувале на нападите од страв, некои други можеби за парична награда, а некои трети од љубопитност, за да проверат дали муабетите за Анзак се вистинити. Се насмевнав и му реков:
„Повели Анзак, старо курвариште, ха ха ха!“
„Уште се смееш, убаво ти е, а? Слушај ме сега внимателно, знам за многу твои будалштини со кои му еба мајката на сето мое богатство, па ако ова што го кажа прееска е вистина, да знаеш дека и сестра ти кај тебе ќе заврши! Тоа беше сé што можеше да остане!“ и повторно ми се врати немирот:
„Па цел живот за таму не подготвуваше Анзак! Каде можат да завршат децата на немилосрдните саможивници?“
„А бре лудаку, џабе ми е што ти зборувам, кога тебе сите заштити ти се изгорени од поодамна, пи..а ти мајчина. Како не се засрамиш така да ме нарекуваш, Иљо? Туку, или одговори ми на прашањето или станувај и крши ја главата каде било, само бегај од тука!“
„Пред да ти одговорам да те прашам нешто. Ако оној твој сегашен сосед го нарекуваш криминалец, измамник, а велиш дека сé си му земал, тогаш ајде кажи ми за што се сметаш ти? Или до тебе не стасуваше ехото на народот дека си криминалец со тапија, дека си недопирлив тајкун кој на штета на народот и државата се стекнал со неограничено богатство. А уште имаше смелост па од говорницата во парламентот зборуваше за некаква војна против криминалот, без око да ти трепне! Како можеше бе Анзак да го правиш тоа и уште да бидеш еден од најгласните?“
„Јас му поставувам прашање, а тој си тера со тоа што него го интересира! А бе бегај ми од пред очиве, навистина ќе ја оплескаме работава до даска, бегај!“
„Ќе ти одговорам Анзак, не се секирај, затоа сум дојден! Сакаш ли уште малку ракија?“ не изусти ништо овој пат, само ми ја подаде чашката, па дури откако се напи тивко рече:
„Сé што стекнав, стекнав чесно и макотрпно, ама на магаре се докажува ли?“
„Мене не ми го кажувај тоа. Знаеш и самиот дека знам како си го стекнал сето тоа, затоа, барем мене не ми продавај гачки!“ и се штрецна, се поднамести, љубопитно ме погледна и смирено ме параша:
„Иљо, почекај малку! Ајде кажи ми жити здравјето, кој ти помагаше да ги извадиш парите од банките без мое полномошно и како влезе во приватниот трезор без мое одобрение за да ги земеш сите документи? Не верувам дека сам си го направил тоа! Многу работи ми се јасни, ама ова сакам да го слушнам од тебе. Ти си единствениот кој може да ми го каже тоа!“
„Така бе Анзак, ете глаедаш! И тебе те интересира нешто да чуеш од мене, и мене од тебе. Јас ќе ти кажам ама и ти ќе ми кажеш некои работи, важи?“
„Добро, ајде сега кажи ми кој ти помагаше?“
„Тајната полиција Анзак! Јас им помагав, а таа го направи тоа што требаше, и во право си: Да не беа тие, јас никогаш немаше да успеам да ти го земам богатството!“
„Ха ха хаа! Е навистина ти откажува терапијата Иљоо! Па јас бев еден од главните играчи токму во тајната полиција, глупаку! Уште од она време, а и потоа!“ и овој пат беше во право.

***

Не очекував дека ќе го издејствувам овој одговор, на волку едноставен начин. Верував дека никогаш нема да признае пред мене и пред кој било друг за таа негова тајна и срамна работа. Речиси бев убеден дека тоа негово признание ќе биде најтешкиот дел од оваа моја последна битка и навистина ме запрепасти леснотијата со која го потврди тоа за што дојдов. Ви кажав на почетокот дека подоцна ќе дознаете за најстрашната моќ на татко ми Анзак. И точно е, тој бил еден од најценетите соработници на тајната полиција, еден од најпривилегираните, уште од она време, а со тие активности продолжил и потоа. Таа негова позиција, всушност била најзастрашувачката, најмоќната и најопасната. Но, сега останаа уште неколку прашања на кои морам да го добијам одговорот, за да бидам сто насто сигурен дека тоа е така како тие што запишале, како и одговорот на прашањето, што го натерало да стане врвен кодош. Речиси сум на целта, уште неколку чекори и готово е. Знаев дека се ближи крајот, па после ова негово, да неречам наивно признание, сигурно ќе ги добијам и тие одговори.

***

И продолжив смирено:
„Е па токму тие те растурија Анзак. Си му погрешил нешто на шефот на тајната полиција и тој лично ти ја е.а мајката. Сé ти одзема!“
„Богдан?“
„Да Анзак, лично Богдан! Тој ти ја уништи империјата. Јас му помагав и знаев зошто го правам тоа, ама кога го прашав зошто тој го прави тоа, ми рече дека еден ден ќе дознаам ама не од него!„
„Можно ли е тој да ми ја скроил капата?“
„Тој, лично тој го заврши лавовскиот дел од таа акција, ама зошто, незнам!“
„Јас знам Иљо! Значи таму лежел зајакот!“
„Ама таму ти лежел зајакот за да станеш и голем газда, така? Како инаку би го направил сиот оној дрзок грабеж, а за тоа да незнаела тајната полиција, државата?“
„Така е Иљо, еби му мајката, сега немам што да кријам повеќе. Точно е, тие знаеја сé за секого, па и за мене! Е сега можам да прогласам банкрот. Штом тие ми се намерачиле, нема спас и нема излез. Еј, Богдане Богдане, а јас направив да стане прв човек таму. Кој би рекол? Го издржував, го финаснирав, нов автомобил, па викендичка во Охрид, стан во Скопје, а тој?“ и овој пат беше во право.
Богдан стана шеф на тајната полиција со огромна подршка и помош на Анзак, но откако Анзак ја направил можеби најкрупната грешка во животот, со која лично го повредил Богдан, овој постојано барал начин како да му се одмазди. Знаеше и тоа, дека ако почне сам да се пресметува против моќниот милионер Анзак, дури и од позиција на прв човек на тајната полиција, нема далеку да стаса, па познавајќи ја мојата релација со татко ми, ме повика, и срамежливо, со голема доза на претпазливост се осмели да ми каже што планира, па ако евентуално се решам на таков чекор тогаш да сум го побарал. Долго време размислував, но, веднаш после оној разговор со Маја, го побарав. Неговата позиција, ни овозможи на многу лесен но истовремено и конспиративен начин, најнапред да го подготвиме теренот, а потоа и да го зададеме најболниот удар за Анзак. Двајцата бевме едногласни во заклучокот каде да удриме, за да ја постигнеме целта. Точно е, јас не ќе можев ништо да сторам без него, но, и тој без мене. Нешто не спои. Дури откако прочитав некои работи за татко ми, разбрав каде ја оплескал и со Богдан, па иако во тој период не контактиравме, сепак, ја оправдувам и неговата желба за одмазда. Сега, сакав да се обидам да го чујам одговорот од Анзак па неколку пати го прашав:
„Мора нешто да си му погрешил Анзак? Мене ми личеше дека со сласт ти се одмаздува, со поголем мерак од мојот?“
„Иљо, кажи ми тој да не ги зема парите од банките? Многу пари имаше таму?“
„Не Анзак. Сите пари јас ги земав. Човекот ниту помисли на такво нешто. А дека беа многу пари, беа!“
„И нив ли ги поеба пи.ка ти мајчина!“
„Откако ги имав на располагање, почнав да ги откупувам твоите акции, обврзници и имотот, и го враќав на вистинските сопственици. Со украдените пари го откупив откраднатиот имот. Всушност, ограбените си ги враќаа имотите, акциите и обврзниците, а најголем дел зема државата. Богдан ја среди работата со државната администрација, а успеа да го издејствува од тебе и полномошното, без кое не ќе можевме да го направиме тоа. Всушност ти го подметна, а ти како најголем слепец го потпиша. Е море Анзак, самиот си ја потпиша пропаста, а дури и на нотар го заверивте тој документ!“
„Кога се случило тоа бре Иљо?“
„Се сеќаваш кога дојде Богдан во твојот кабинет во Скопје и кога ти побара да потпишеш изјава со која наново ќе ја потврдиш понатамошната соработка со тајната полиција? И порано си потпишувал такви изјави, а откако овој стана шеф, те убеди дека ќе мораш повторно да го направиш тоа, а ти, поверува и ја потпиша. Е тогаш самиот си ја потпиша судбината!“
„Значи прикриен текст! Да да се сеќавам. И јас носев такви документи кај некои луѓе. Читаш едно, а всушност потпишуваш сосема друго. Со мојот камен по мојата глава, браво Богдане! А се дружевме, се мајтапевме и му помагав, секогаш му помагав. Значи, го открил тоа! Ништо друго неможе да биде, само тоа!“
„Што си му погрешил Анзак?“
„Неможам да ти кажам, ама успеал на силен начин да ми се одмазди, пи..а му мајчина! Не требаше таму да му чепнам!“
„Каде си му чепнал Анзак?“
„Таму кај што не треба, пи..а ти мајчина, ете таму! Туку, кажи ми ти кажуваше ли нешто друго за мене?“
„Прво кажи ми каде си му чепнал, па потоа јас ќе ти кажам што прочитав во твоето полициско досие!“ ја пружив раката во кесата и го извлеков тешкото досие на Анзак, па го треснав на масата пред мене. Се вџаши во истиот миг кога слушна дека го имам неговото досие, и гледајќи во купот хартија викна:
„Што, Богдан ти го дал моето полициско досие?! Па знае ли тој што направил, мамицу му хохштаплерска?!“
„Богдан важи за писмен, образован, ем за паметен човек, па неверувам дека не знаел што прави!“
„Чекај Иљо, чекај малку! Сигурен ли си дека тоа е моето досие? Тој лично ми го врати и се заколна дека друго нема во кој било архив во државата!“
„Тебе ти ја дал копијата, а оригиналот бил кај него и откако излегов од затвор ме повика и ми го даде, еве го!“
„Ајде кажи ми под која шифра се води тоа досие?“
„Овде пишува досие “Бела Мечка“!“
„У пи.куи мајчину, зарем е можно? Да не си го дал некому да го прочита?
„Не Анзак. Само јас го читам и како го читам се повеќе побудалувам!“
„Слушај ме Иљо, запали го тоа купче хартија веднаш, и ослободи се од него! Направи го тоа и за мене и за сестра ти и за тебе, те молам!“
„Значи требаше на почетокот да ти кажам дека го имам твојот живот во ова досие, така? А бре Анзак, што можеш понатаму да ми кажуваш за твоите големи способности, за твојата невидена ангажираност, за твоето регуларно богатство, за стекнатиот имот, за сé? За што можеме сега, после твоето сознание дека го имам ова пред мене, да разговараме?“
„Иљо, морав да го правам сето тоа инаку отидов јабана! Ќе ме ликвидираа ако ги одбиев, ќе ме отруеја, ќе загинев во сообраќајка или ќе паднев по скали, сеедно, ама ќе ми ја ебеа мајката ако ги одбиев. Тоа мораш така да го разбереш и никако другачие!“
„Си се плашел за сопствениот живот Анзак? Заради тоа си станал врвен кодош? Е мој Анзак црни Анзак, а што ќе кажеш за оние животи кои ти лично си ги испратил во смрт? Или тие се туѓи животи, тие не заслужуваат да живеат, да просперираат, а Анзак? Те заболе тебе за нив, така? Е мој Љубо, можев и можам да разберам многу работи, ама имам три прашања на кои ќе ми одговориш, па дури после тоа, ќе го запалам?“
„Овој пат од петици ќе те замолам Илија, не ми поставувај прашања! Знам што ќе ме прашаш и затоа те молам, запали го и оди си!“
„Види Анзак, џандариве можеле да напишат и тоа што било и тоа што не било, нели? Така правеле, прават и ќе прават, тоа им е работа, ама овие три прашања морам да ти ги поставам, па дури потоа ќе си одам!“
„Иљооо...!!!... ме слушаш ли бре токмаку! Запали го веднаш и бегај побргу идиоте!“
„Што ти стана бре Анзак? Полека мајка му стара! Еве ајде, штом така сакаш нема да те прашувам, туку ќе ги прочитам тие делови од тука, а ти сослушај па сакаш одговори ми, сакаш не!“
„Запали го веднаш тоа купче хартија и не ми читај ништо од таму, јасно! Ослободи се од тие глупости веднаш, ти наредувам!“
„Знечи ли ова тврдоглаво инсистирање и наредување да се запали ова, признание за некои работи што овде ги пишува или можеби каење, а Анзак?“
„Анзак, никогаш не се покајал за тоа што го сторил! Така требало и така сум направил, ниту некогаш ќе се покајам. Сега запали го тоа и да не разговараме повеќе за тоа досие!“
„А што мислиш, за што сум дојден овде? Па токму за ова да разговараме бре Анзак, ама штом вака реагираш можеби и нема потреба повеќе да разговараме, туку сега само сослушај ме убаво! Оваа твоја реакција сé ми кажува! Сега барем знаеш кои ми се тие, така? Ниту имам потреба да те прашувам ниту повеќе имам желба да зборувам со тебе, егоисту безмилосен! Дојдов да ти плукнам во лице, да ти се измочам врз гробот, саможивнику! Родениот брат си го накодошил, гробот незнаеш каде му е!“
„Иљооо!!!“
„Молчи, ќут расипана душо! Соседите си ги кодошел, пи..а ти мајчина и зошто? За да им ги е.еш жените, а? Стотина настрадале заради тебе бре кодошу белосветски! А се силеше во парламентот дека лустрацијата мора да се спроведе без пардон, брзо и за сите! Беше најгласен мамицу ти усмрдена. Без срам, без трунка чувство, трулежу изгниен! Колку лажни досиеја имаш напишано, а Анзак, и зошто? За да си го заштитиш газот, позицијата, да бидеш успешен соработник, квалитетен кодош, за да останеш генерален во комбинатот, така? Ако немале ништо сторено, тогаш кодошт Анзак ќе измислел нешто!“
„Илијаааа!!!“
„Ти реков да молчиш! Гласот да не сум ти го слушнал повеќе, сега само молчи и слушај! Родениот син ти ја чита конечната пресуда, ѓубре контејнерско! Сиот живот си го поминал кодошејќи пи..а ти мајчина, за да можеш да правиш што сакаш, а никој ништо да не ти може. Безобѕирно си подметнувал работи кај секој во кој ќе си видел опасност, конкуренција! Ти егоисту, само за тебе бил создаден светот, само ти си можел да бидеш најпаметен, најспособен, нај нај! Не поминаа ниту пет години од тразницијата влезот пред мојот стан труеше на урина. На вратата пораки со измет испишани. Баздеше просторот. Пред да влезеш во автомобилот, полицијата мораше да проверува дали има некоја бомба. Истото го правеа и со мене и со моите деца, со жена ми! Почнаа да бегаат луѓето од мене како од црн Ѓавол. Постојано ми се закануваа, постојана опасност демнеше врз секој од моето “ценето“ семејство и постојано моравме да имаме обезбедување и надзор. Секаде, на прошетка, на работа, дома, на гости, навечер или наутро, сеедно, секогаш и секаде обезбедување. И замисли, генијалецот Анзак имаше и генијален одговор на прашањето зошто толкаво обезбедување? Демек, заради тоа што сите богати луѓе така живееле! Транзицијава создала многу апаши и криминалци кои постојано ги напаѓале богатите, капиталистите, па им ги киднапирале членовите на семејствата, нив лично и сл., и затоа мораат квалитетно да се заштитат! Алармни системи, детектори, идентификатори, локатори, свирчиња, ѕвончиња, спрејови и разни други тракатанци за семејството на Анзак да биде безбедно! Почнавме да личиме на мафијашка фамилија која се плаши и од народот и од законот, од државата. Се плашевме од обичниот живот Анзак, се плашевме од нормалниот живот. Сиот живот во страв го имаш поминато, кодошу! Направи куќа небаре тврдина, бедем, затвор, државен трезор. И кога одбив кај мене да се постави сета онаа безбедносна опрема, пак на сцена стапил генијалецот Анзак. Ме разреши од директорската позиција, ми се закани дека јавно ќе ме исклучиш од наследството и ако недај боже ми се случи нешто, како киднапирање на пример, ќе си се оградел од мене и нема да си прифател каков било преговор за откуп! Арно ама, за да биде Анзак сигурен дека такво нешто нема да му се случи на синот, не се задоволил само со тоа, туку генијалецот пронашол уште погенијална идеа и му подметнал хероин на единствениот син и средил да окрка затвор од три години! Браво бе Анзак, браво! Ме направи нетокму, будала, растроен и дека не те чудело што сум се вплеткал и во дрогата. Таква изјава имаше од тебе во дневниот печат. Значи, според проценките на Анзак, најбезбедно место за синот, било затворот. Таму немало кој да ме грабне, а Анзак ќе бил раат! Еј Анзак црни Анзак, сосптвениот син, единствениот син го прати во затвор и го побудале пи.ка ти мајчина расипана, само за да си ги заштитиш украдените пари! Сé е запишано овде во оваа дебела книга, и како си дошол до дипломата во Белград, и како си станал генерален, и како и кого си подмитувал за да те задржат, па како и кого си подмитувал подоцна за сето тоа да стане твое, па кого си клеветел и многу други работи! Сега барем сите ќе дознаат кој бил Анзак, оној правиот Анзак, мојот татко, мојот родител, мојата несреќа, и сакам да дознаат, и треба да дознаат. Знаев дека си лош, дрзок, безобразен, ама дека и вакви работи си правел немаше да поверувам, ако сам не ги прочитав. Анзак, можеш ли да ми кажеш какво е чувството на татко кога го праќа сопствениот син на робија? Можеш ли да ми кажеш како се чувствуваше кога си го кодошел родениот брат дека работи против тогашниот систем? Какви се тие луѓе што можат да направат такво нешто и да живеат со такво нешто, а Анзак? Каква крв може да тече во таквите?“
„Иљоо, прекинииии Иљооо...!“
„Ќе прекинам скапаницо! Мислиш дека можам вака да продолжам да живеам? Дека со овие сознанија ќе можам да станам нормален човек? Со каква течност беше наполнет вреќо ѓубреџиска? Богдан ти бил близок пријател, зошто? За да му ја силуваш ќерката, а? Е море себичњаку безобѕирен, му се пикаше во семејството само за да дојдеш до ќерка му, ороспијо машка! Уште си и се заканувал, ако каже некому! Затоа сега и тебе ќе те силуваат мајку ти дивјачка! Ме бараше сношти да дојдам, и еве ме Анзак, доаѓам! Бегај Анзааак!“ и толку. Потоа, се сеќавам дека го префрлив јажето преку гранката на дрвото над гробот на Анзак и одеднаш се најдов овде, пред вас.

***

Претпоставувам дека сум во некаков друг свет, така ми личи местово, а и вие сте ми чудни, и просторијава. Да ви кажам право, откако се најдов овде, одеднаш ми се избистри главата и разбрав дека одговорите на сите оние прашања од почетокот, па и на прашањето за причините што беше тоа што ме натера на одмазда кон сопствениот татко, ги пронајдов тука, кај вас, и со оваа моја исповед всушност се чувствувам ослободен од сопствените кошмари. Верувајте ми, веднаш штом се појавив овде ја почувствував таа бистрина во мојата глава. Знам дека од сега натаму ќе останат само како горчлив спомен од еден минат и лажен живот. Само тие можеле да бидат вистинска причина која ме натера на одмазда, антагонизам, непријателство, омраза кон татко ми Анзак ! Кошмари кои детството прерано ми го созреаја, мрачни сили кои младоста ми ја извитоперија и немилосрдно ми ја одземаа сета бунтовност, а на нејзино место нанижаа брда од комплекси. Наместо младешка сила, сериозен страв, наместо самоувереност, срам и понизност, претпазливост. Кошмари кои ме внесуваа сосема осамен во огромна пустина, полна со стапици, пепел, песок, отровници, бесилки, прашина, смрдеа, ветер, силен ветер кој со себе носи гадна, неподнослива реа и ме загушува. Реа од лешеви во распаѓање, трулеж од експлодирани човечки утроби, кои ме будеа со широко отворена уста, без глас, без сила за врисок. Ме внесуваа во величествена арена на стравот со безброј невидливи противници и ме будеа во дудуле постела, а јавето ми го изобличуваа во немир и хаотичност. Кошмари кои одненадеж ме туркаа во залутана гладијаторска борба на живот и смрт, каде телото ми е единствениот и заеднички штит, кога левата се бори со десната рака, десната со левата нога, а главата неконтролирано ми шета лево десно, устата сé посилно испушта неразбирливи бунтовни зборови, против морничавиот рој од отровни пајаци кои тукушто го започнуваат смртоносниот марш од петиците кон лицето и откако ќе стасаат до зинатиот отвор на усната шуплина, следи неконтролиран врисок и скок од постелата. Одеднаш се будам на неколу чекори од сопствениот кревет, задишан и мокар како после маратонска трка. И да ве прашам: Знаете ли какво е чувството кога осеќате како секое влакненце од вашето тело одделно се крева и пркосно се издигнува во божемна одбрана од наездата на тие црни, гадни, влакнести, отровни пајаци и сите се со ликот на Анзак? Таа спектакуларна морница која немилосрдно започнува да се издига од стапалата и во налет на страотна и бучна лавина поминува под кожата низ секој дел од телото и во миг ве прекрива, рацете немоќни, нозете во олово оковани, и одеднаш нешто ве исфрла како катапулт од сопствената постела? Ниту креветот може да ве поднесе? Знаете ли какво е чувствотот дење да се живее во страв од средбата со него, а ноќе во страв од наездата на некои нови натрапници со неговиот лик? Дали знаете какво е чувствотот така да се живее со години? Дали кога го опишувам, ја раскажувам сопствената борба, постојаната борба на сам против себе, борба во која секогаш сум поразен, понижен, навреден? Дали тој е единствениот виновник за овие кошмари и неспокој, па кога тоа го потврдив, бесрамно тргнав во пресметка со вистинскиот непријател, со родениот татко? Дали стравот од ништо, стравот од нешто, стравот од себе, од него, ме натераа на ваков чекор? Така живеев, така растев, зреев, без пауза, без голем одмор. И немам друго објаснување, неможев да најдам друго објаснување, освен да констатирам дека само неговиот однос кон мене и кон останатите ме натераа на ваква одмазда, дека тој самиот го одбрал патот во таквиот начин на живеење, каде само материјалното има вредност, не духовното, каде позицијата, капиталот и парите се вистинските вредности, каде сето останато е речиси ирелевантно, маргинализирано до таа мерка дури и да го нема. Тој беше убеден дека живее правилен живот, а всушност живееше замрзнат живот. Беше ледена санта која смрзнува сé живо околу себе, дури и на најблиските не им дозволуваше да созреат, затоа што немаше зрак на топлина во негова близина, немаше љубов, задоволство, немаше сила ниту за последниот шепот во амбисот пред смртта, каде само воздухот од усните пред увото на свештеникот, со последните атоми на душата во издишување, малаксано, ама сепак, ќе каже: доста беше, доволно беше, прости ми Господе. Тие волшебни зборови кои можеби ќе му ја отвореа рајската врата, можеби ќе беше прифатен од светците, исповедан, исчистен од земските гревови. Не, такво нешто во животот на татко ми Анзак не можеше да се очекува, а камо ли да се чуе, да се осети, да се види.
И на крај, повторно ќе ви кажам, не го зборував ова со цел да се осветлам, да ме разберете дека претерувам во оцрнувањето на ликот на мојот татко, и на тој начин сакам да го обелам мојот лик, мојот живот, да се оправдам за стореното, за одземањето на сопствениот живот. Напротив, освен искреноста, која во вакви моменти сигурно има субјективност, сепак, немав намера да бидам пристрасен, туку, реален, па и од оваа едностраност, да се изборам и колку можам да го игнорирам гневот и да ги презентирам сопствените факти. Не велам дека немало други излези, други решенија, напротив, овој го сметам за кукавички чин на тотално беспомошен, напуштен, осамен и ментално несреден човек, кој ете, дури откако дојде овде пред вас, разбра што се случило. Неверувам дека со овој бистар мозок и овие средени размислувања би го направил истиот чекор, никогаш. И покрај цврстото убедување дека мојот живот беше во заточеништво на неговиот, сепак, од оваа позиција неможам да бидам сигурен дека единственото исправно решение во ваква ситуација е да се прекине лажниот живот, но верувам дека приложив доволно аргументи за да докажам дека бевме едно до прееска. Бевме две различни нешта, неспоиви лего коцки, две неподносливи нешта на едно место, ама така бевме научени да живееме, и јас, а најверојатно и тој, па затоа мислев дека и овде треба да бидеме заедно, а како ќе ме разберете, тоа е ваша работа, но, како и да решите, мирисот на воздухот во вашава просторија е прекрасен, чист е и трае, па затоа ќе ве замолам, дозволете ми барем да го дишам и понатаму.
„Тоа е вкусот на чистиот кислород од медицинската опрема на лекарите од итната медицинска помош. Овој воздух овде нема мирис г. Илија! Се враќате таму каде што припаѓате, кај вашите синови, кај пријателите. Од овој момент ќе можете да живеете по вашиот терк. Рано е за вас помеѓу нас!“ ги отворив очите, ја слушав сирената на возилото и ја видов докторката како ми ја држи маската преку носот и устата. Ми се насмевна, и веднаш ме праша:
„Како ви е името господине?“
„Илија, јас сум Илија Ивановски!“ чисто и јасно одговорив иако осеќав болка на вратот и во грлото. Повторно ме праша:
„А знаете ли каде живеете, на која адреса?“
„Живеам на оваа адреса!“ течно, разбирлиово, и со голема сигурност јасно ја изговорив адресата, „Таму ми се синовите и ве молам однесете ме таму!“ се насмевнав, а и таа се насмевна:
„Сé ќе биде во ред г. Илија, негрижете се!“ ми рече и како да констатира дека со мене навистина е сé во ред, се насмевна и штотуку сакаше да ми ја врати маската на ликот, ја замолив:
„Не ме враќајте таму ве молам! Не сум јас повеќе за таму, дали ме разбирате, излечен сум, го осеќам тоа, одлично се чувствувам, врувајте ми знам што зборувам! Сакам дома да појдам, да си ги видам синовите!“
„Негрижете се г. Илија. Најнапред ќе појдеме во градската болница, таму ќе ве прегледаат детално, па потоа сé друго! Сте имале голема среќа што навреме ве забележале гробарите кои копале гроб во непосредната близина, а и гранката не можела да ве издржи. Среќа, навистина голема среќа!“
„Не се тие гробари, млада г-ѓице!“ и чудно ме погледна, па морав да повторам, „Не, не се тие гробари, верувајте, знам што зборувам!“ и ја фатив за дланката, ја стегнав и повторно се насмевнав. Сомничаво ме гледаше, ми ја врати маската на носот и неверувам дека помисли нешто лошо. Напротив, забележав дека е среќна што успеала да ме спаси. Како и да е, за мене беше повеќе од јасно дека кој било обичен смртник нема да ми поверува кога ќе се обидам да му кажам дека сето ова што го прочитавте, се случи, дека е вистина. Најважно за мене беше фактот дека бистрината и јаснотијата во мојата глава останаа и немав никаква причина да бидам разочаран. Конечно, успеав и среќен сум.
Јас сум Илија Ивановски и мојот живот почнува од сега, ама оној, кој јас го нарекувам вистински живот. Така барем јас мислам, па иако имам 42г., добро е тоа што од сега само јас ќе решавам како и во кој правец ќе се развива мојот живот.
Конечно!

************************************************** *****

Zakat-Zekat (Закат или Зекат)
Препорака од Коранот за Божји благослов, кон сите оние кои имаат повеќе, за побогатите: ако секоја четириесета пара, стока, живина и сл., ја дадат на некој што нема, на некој посиромашен, сигорно ќе бидат благословени од Господ.

Zak-Zek (Зак или Зек)
Човек кој ја почитува таа препорака од Коранот.

Anzak-Anzek (Анзак или Анзек)
Човек кој не го почитува тој дел од Коранот. Антизакијат. Егоист, лаком, себичен, дрзок и лош човек, кој го предизвикува животот да го соочи со Божја казна.
АНЗАК, прочитан наопаку, КАЗНА!
Божја казна!

(крај)

Chemerko
25-08-10, 00:09
Редовно ги следам продолженијата на „Наследникот на Анзак“.Во основа расказот ми се допаѓа.

Борче има невероватни способности за раскажување,но и премногу настојување да направи нешто „од црно поцрно“ или обратно ,што води во крајност,да се предизвикува замор кај читателот.

Имено на некои места се чувствува преголемо „ротирање во суштина на едно исто“ особено во описите на карактерните особини на Анзак.Вероватно тоа Борче го прави нешто во раскажувањето да биде што понагласено,а расказот да добие во должина,но затоа пак запаѓа во желба кај читателот да прескокне некои работи кои повеќе пати се веќе прочитани

Борче неми забележувај на обидот да укажам на само единственото нешто што при читањето на овој расказ можам да го кажам како моја добронамерна забелешка

Напротив Chemerko, секоја критика ќе ја примам искрено, а бидејќи станува збор за меѓу првите обиди за фикциска приказна, твоите критики се издржани и верувај дека само ќе ме стимулираат да бидам подобар во иднина! Веќе во следниот роман, кој најверојатно ќе оди на форумов, насловен како “Клучот“, се осеќа тој мал напредок. Ти кажав, за ваквите раскажувачи, како мене, вистинските писатели велат дека можно било да се очекува квалитет дури во десетиот или единаесетиот роман, ако не се откажат во меѓувреме! Ти благодарам уште еднаш и можам да ти потврдам дека јас нема да се откажам до петнаесетиот роман, па после што биде нека биде.

Знаеш, Борче, кога на читателот му е интересна содржината на некоја книга,па нека добар дел биде и фиктивна, сака „да оди напред„ во осознаањето на дејствието на романот,а задржувањето во место со веќе предходно познати моменти, влијае на впечатокот и ја намалува вредноста на целата содржина.
Незнам колку сум во право но, тврдам дека на добар пат си читателската публика да добие еден мајстор на расказот со современа тематика,кој кај нас се уште нее застапен во доволна мера.

Ова искрено, посебно ќе ми значи! Ти благодарам за довербата, а и за трпението! Денес треба да се поајви последното продолжение, па би сакал на крајот повторно да ги прочитам твоите критики! Се најдобро Chemerko.
По презентацијата на целиот расказ за Анзак, мислам дека ликот на Анзак,преставува монструм , преку кој Борче на еден многу импресивен начин го искажува бесот што му се насобрал како резултат на сознанијата и претпоставките за делувањето на тајните служби, на кои можел да биде само интерес во обид за ангажирање како нивен сорабвотник.Не гледам други причини зошто тајната служба би била заинтересирана да го уништи бизнисот на Борче.Него ,ако не се лажам, го „уништува’“ Пивка.

Трајковски Борче
25-08-10, 07:55
По презентацијата на целиот расказ за Анзак, мислам дека ликот на Анзак,преставува монструм , преку кој Борче на еден многу импресивен начин го искажува бесот што му се насобрал како резултат на сознанијата и претпоставките за делувањето на тајните служби, на кои можел да биде само интерес во обид за ангажирање како нивен сорабвотник.Не гледам други причини зошто тајната служба би била заинтересирана да го уништи бизнисот на Борче.Него ,ако не се лажам, го „уништува’“ Пивка.

Да, Анзак е олицетворение на карактерните особини на “луѓето“ кои бесрамно ги присвоија народниот капитал и пари, и сеуште продолжуваат, и заради тотално црната слика на нивните карактери, во тој гнев набиен кај мене, се обидував да ги пронајдам најпогрдните зборови со кои ќе ги опишам, како што всушност може да се опише “монструмот“ на нашата транзиција.
Епилогот за моќта на тајните служби, е мое лично убедување дека без нивно знаење ниту некој можел да стане тајкун, ниту пак можел да опстане како таков, па според таа моја лична убеденост, на тој начин и ја завршувам приказната.
Инаку, што се однесува до интересот на тајните служби кон мене, според моите заклучоци после нивната речиси четиригодишна обработка, е извлекување информации, а дури потоа можеби проверка на мојата способност за анимирање и вклучување во пренос на одредени нивни информации, користејќи ги добро познатиот мафијашки метод со, “понуда која тешко се одбива!“ Реков неколку пати и ќе повторам, за мојот крах во бизнисот е виновен само еден човек, ЈАС!

concrete
29-08-10, 16:36
Да, Анзак е олицетворение на карактерните особини на “луѓето“ кои бесрамно ги присвоија народниот капитал и пари, и сеуште продолжуваат, и заради тотално црната слика на нивните карактери, во тој гнев набиен кај мене, се обидував да ги пронајдам најпогрдните зборови со кои ќе ги опишам, како што всушност може да се опише “монструмот“ на нашата транзиција.
Епилогот за моќта на тајните служби, е мое лично убедување дека без нивно знаење ниту некој можел да стане тајкун, ниту пак можел да опстане како таков, па според таа моја лична убеденост, на тој начин и ја завршувам приказната.
Инаку, што се однесува до интересот на тајните служби кон мене, според моите заклучоци после нивната речиси четиригодишна обработка, е извлекување информации, а дури потоа можеби проверка на мојата способност за анимирање и вклучување во пренос на одредени нивни информации, користејќи ги добро познатиот мафијашки метод со, “понуда која тешко се одбива!“ Реков неколку пати и ќе повторам, за мојот крах во бизнисот е виновен само еден човек, ЈАС!

Мислам дека грешиш. Прво она што го наркуваш ТАЈНИ СЛУЖБИ ќе испадне, а и спред муабетите на некои други претежно кажувани од јужните падини на алпите, или од преку океан, дека тоа не е ништо друго туку едно крдо на примитивни животињи со садистички порив да малтретираат народ и невидената грамзивост за пари :)
И дека тоа во принцип се поистоветува со комунистичкиот т.е. социјалистичкиот поглед на свет и дека се тоа е една невидена багра споредена со капиталистичките СВЕТЦИ????:)
Однесувањето на една релативно мала група, која прво регрутирана од неколку невидени багабонти...кои криејќи се зад фамата на ТАЈНОТО..тотално ја усраа работата не се меродавни критериуми за проценка. Наголемиот дел од тие луѓе беа и се уште се збунети како и сите други, иако и тие полека си одат во заборавот на годините. Приказната ВОЛК,ВОЛК сега доведе ВОЛКОТ да е не на врата, ами сред соба...тие навистина станаа ГОЛЕМА КАПИТАЛИЗИРАНА БАНДА...:sarkazam:

Но нешто друго се сетив:...каде и како се сега оној твојот пријател/партнер од фурната и оној кој ви ја инвестираше...оној со преубавото момиче??????

Трајковски Борче
29-08-10, 16:58
Мислам дека грешиш. Прво она што го наркуваш ТАЈНИ СЛУЖБИ ќе испадне, а и спред муабетите на некои други претежно кажувани од јужните падини на алпите, или од преку океан, дека тоа не е ништо друго туку едно крдо на примитивни животињи со садистички порив да малтретираат народ и невидената грамзивост за пари :)
И дека тоа во принцип се поистоветува со комунистичкиот т.е. социјалистичкиот поглед на свет и дека се тоа е една невидена багра споредена со капиталистичките СВЕТЦИ????:)
Однесувањето на една релативно мала група, која прво регрутирана од неколку невидени багабонти...кои криејќи се зад фамата на ТАЈНОТО..тотално ја усраа работата не се меродавни критериуми за проценка. Наголемиот дел од тие луѓе беа и се уште се збунети како и сите други, иако и тие полека си одат во заборавот на годините. Приказната ВОЛК,ВОЛК сега доведе ВОЛКОТ да е не на врата, ами сред соба...тие навистина станаа ГОЛЕМА КАПИТАЛИЗИРАНА БАНДА...:sarkazam:

Но нешто друго се сетив:...каде и како се сега оној твојот пријател/партнер од фурната и оној кој ви ја инвестираше...оној со преубавото момиче??????

Прво, мојот тогашен партнер од фурната со прекар Брле, вистинското име му е Љупчо, се врати на полиестерската смола и сеуште работи со тоа. Не му е сјајно, ама турка. Инаку тој остана еден од петтемин кои неможам да ги тргнам од себе. Ретко се гледаме ама искрено се почитуваме, научивме некои работи двајцата.
Благоја или Баже, си ја зема за жена преубавата Марина од Козле и знам дека имаа три дечиња, нека им се живи и здрави, па Благоја опреми некој погон во Скопје (незнам точно каде) со италијански современи машини за преработка и оформување на дрво, и управуваше со тој бизнис некое време, изработувајќи ентериери, во познати кафулиња и ресторани, а мислам дека произведуваше и уникатни парчиња мебел. На местото на баракта во која живееше Марина (пред единствените семафори во Козле, направија прекрасна куќичка и знам дека си живееја таму, претпоставувам среќно и весело, заради тоа што двајцата ги знам како добродушни луѓе. Дај Боже уште да е така.